Кога човеков прошета со куп пари на него и знак на кој пишуваше „Земете колку ви треба“, ќе се изненадите од реакцијата на минувачите.
Оние кои беа убаво дотерани и носеа скапа облека лакомо земаа од парите, а кога наиде еден бездомник…
По повод 59-годишнината од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и првиот претседател на Македонија – Методија Андонов Ченто, пред споменикот на Ченто беше положено свежо цвеќе. Делегации од Општината, Советот на општината, претставници од урбаните и месните заедници, здружение на пензионери, граѓаните, претставници од политичките партии му оддадоа почит и на еден од најголемите поборници за независноста на Македонија.
За време на извршување на својата функција Методија Андонов – Ченто бил многу почитуван од народот и се залагал власта целосно да биде народна и да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегуваат и граѓаните во институциите.
Овој човек имал проблем како што и повеќето сопственици на автомобили имаат од време на време. Фаровите на неговиот автомобил биле магловити. Повеќето луѓе купуваат скапи средства за чистење, а овој човек се одлучил да се обиде со нешто сосем поевтино.
Зел спреј против инсекти и чорап, а резултатот многумина ќе изненади:
А.Г.
Многумина тврдат дека наутро добро е да се пие вода со лимон. Чаша полна со витамин Ц која е одлична за здравјето.
Еве за што е корисна таа витаминска комбинација:
-водата ос лимон може да помогне да се излечат акните
-водата со лимон помага да се изгубат килограми
-помага во спречувањето на создавањето на бубрежни камења
-помага да се спречи создавањето на жолчни камења
Изминатите месец се случија премногу драматични настани, кои го потресија и шокираа светот. Тргнувајќи од излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, неуспешниот воен удар во Турција, терористичкиот напад во Ница, немирите во САД. Во оваа листа е ставено уште и освојувањето на Европското првенство од Португалија и успехот на истото првенство на репрезентацијата на Исланд.
Ова е кратка ретроспектива на овие во глобала немили настани кои го згрозија светот:
A.Г.
На една грчка плажа е направено видео кое во моментов е инспирација на Грците за различни шеги.
Имено, едно момче скришно ја снима девојката која отишла чекор понатака и пробала да направи совршено селфи, но не било какво туку „butt selfie“ – фотографија од својот задник.
Таа пробуваше и пробуваше, но на крајот не знаеме дали една од тие фотографии и се допаднала.
На крајбрежјето на реката Нид, кај Нерсбор во Англија, се наоѓа проколнат бунар, чија што вода се што ќе падне внатре го претвора во камен.
Локалните жители веруваат дека бунарот е проколнат и велат дека тоа се гледа по ѕидот кој го опкружува.
Радознали авантуристи често во бунарот оставаат разни предмети: велосипеди, ланци, садови…., кои навистина се скаменуваат.
Најстариот запис за овој бунар е од 1538 година, кога се верувало дека водата од истиот е лековита.
Во 17-от век бунарот станал туристичка атракција. Модерната наука вели дека во водата има толкаво големо количество на минерали, што всушност тоа го предизвикува “скаменувањето” на предметите.
А.Г.
[Best_Wordpress_Gallery id=”327″ gal_title=”ХотелСонце3″]
Руските научници направиле вистинско чудо. Се работи за минијатурен робот кој се движи и изгледа како бубашваба.
Овој минијатурен робот на руската шпиунска техника е опремен со камера, а развиен е на националниот институт “Емануел Кант”.
Работна задача на оваа бубашваба е разгледување и процена на ситуацијата на теренот. Роботот-инсект е способен да носи 10грама, што според тврдењето на научниците е доволно за камера.
Прототипот на овој робот може да се движи само 20 минути, а забрзано се работи тоа време да биде продолжено. Бубашвабата има способност да се движи сама или по однапред зададени инструкции.
Погледнете го видеото:
A.Г.
Деновиве во Кривогаштани завршува асфалтирањето на трите улици во населените места Кривогаштани, Обршани и улицата која ги спојува селата Бела Црква и Воѓани. Инвестицијата за овие три улици чини 200.000 евра, пари обезбедени преку кредит од Светска банка.
„Се работи за улицата „Илинденска“ во населеното место Кривогаштани и уште две улици во населените места Бела Црква и Воѓани, тоа практично е една улица која ги спојува овие села, и улица во населено место Обршани. Се работи за должина од 2,5 км. нови улици, ќе остане да се изработи уште делот на банкините на овие улици кои ќе се изработат во наредните 7-8 дена“, вели Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.
За успешна реализација на проектот општина Кривогаштани добила и грант од Светска банка во висина од 40.000 евра, пари кои ќе ги употребат за асфалтирање на уште една улица во населеното место Крушеани, во должина од 350 метри.
„Моментално во тендерска постапка се уште 2 улици, односно пред се се работи за иста улица која се работи во две фази. Вредноста на проектот е 4 милиони денари, а реализацијата треба да биде крајот на септември или почетокот на октомври. Тоа е улицата „Македонски просветители“ во населено место Кривогаштани, која ќе биде комплетно изработена со атмосферска канализација, тротоарски површини и проширување на улицата до 7 метри“, додаде Заткоски.
Реконструкцијата на регионалниот пат кој се гради во општината од Воѓани до Кривогаштани во должина од 9 км. е во завршна фаза. Остануваат неасфалтирани само уште 1,2 км во селото Крушеани, поради што таму се изведуваат градежни работи за поставување на нова канализациона мрежа. Се очекува и овој дел од патот да биде завршен некаде кон крајот на месец октомври.