Облачно, нестабилно, со пороен дожд и грмежи- еве какво време не очекува до петок

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно, со пороен дожд и грмежи, особено во првата половина од денот и во западните делови. УВ-индексот ќе изнесува 7, а температурата ќе се движи од 20 до 31 степени.

poroen-dozd

Во Скопје ќе биде променливо облачно, нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 29 степени.

Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со пораст на температурата, но до петок во попладневните часови не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.