дома блог страница 5213

Донации за поплавените во скопско од општина Кривогаштани

Помош за настраданите од поплавите во скопско денеска се собираше и во општина Кривогаштани во објектот на Територијалната противпожарна одбрана каде имаше поставено пункт за донација. Општината уште вчера испрати свои екипи за помош во Скопје.

 

pomos-humanitarna

-Во текот на вчерашниот ден во комуникација со претставници на Владата и Град Скопје ние како општина веднаш испративме тим составен од членови на ЈКП „Пелагонија“ и ТППЕ Кривогаштани со цел справување и исцрпување на водата од загрозените населени места во Скопско и во таа насока испративме неколку пумпи и една цистерна, колку што ни давата нашите можности. Денеска се организиравме како општина и со пункт за хуманитарна помош и ги повикувам сите граѓани на Кривогаштани да ја покажат својата хуманост и да донираат за настраданите подрачја, изјави Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

Жителите на Кривогаштани донираа вода, храна и хигиенски средства за настраданите од поплавите. Донираат и фирми и организации.

Општината соопшти дека се собрани околу четири тони вода и повеќе килограми конзервирана храна, бебешка опрема и средства за хигиена.

МВР со официјални информации: Ова е листата на загинатите во невремето

poplave-makedonija-skoplje-foto-rojters-avg-2016-1470579709-9645611

Министерството за внатрешни работи попладнево официјално го соопшти идентитетот на 21 лице починати во невремето, по завршената идентификациска постапка. Сите се пронајдени на подрачје на општина Гази Баба:

1. Бајрам Мустафа(1949) – Гази Баба;
2. Енес Мустафа(2014) – Гази Баба;
3. Катерина Митрова (1933) – Гази Баба;
4. Ѓилмаз Мухареми (1940) – с. Сингелиќ – Гази Баба;
5. Наде Илиевска (1955)- с. Стајковци – Гази Баба;
6. Блага Јовевска (1941)- с. Смиљковци – Гази Баба;
7. Мурат Саити (1957) – с. Сингелиќ – Гази Баба;
8. Марина Ивановска-Велиновска(1977) – Крива Паланка;
9. Јован Велиновски (2008) – Крива Паланка;
10. Жаклина Божиновска (1973) – Куманово;
11. Фуркан Фејзула (1987) – Гази Баба;
12. Сашко Митковски (1971) – с. Црешево – Гази Баба;
13. Ќазим Исени (1933)– Гази Баба;
14. Љубица Димчевска (1935) – с. Црешево – Гази Баба;
15. Земрије Синани (1985) – Гази Баба;
16. Ендрит Синани (2010) – Гази Баба.
17. Славка Илиќ (1956) – Гази Баба;
18. Томислав Илиќ (1950) – Гази Баба;
19. Мирче Митковски (1949) – с. Црешево – Гази Баба;
20. Достана Димитриевска(1974) – Тетово;
21. Убавка Јовевска (1965) – Гази Баба.

– По извршениот претрес на терен, а по претходно договорена динамика за работење, од страна на екипите на терен, а во согласност со насоките од дежурен јавен обвинител за подрачјето на Град Скопје, екипа во состав од ЕУМНА, крим полиција-насилен криминал,  од месно надлежната полициска станица и тим од погребално Бутел беа пронајдени и идентификувани 21 починато лице сите македонски државјании. Сите се пронајдени на подрачје на општина Гази Баба, соопшти МВР.

Претресот на теренот бил завршен вчера (7 август 2016)  во 14 часот  при што биле пронајдени неколку лица, како и лица кои настрадале во невремето, а во текот на ноќта биле пронајдени и повеќе тела на лица зафатени со поплавата. Притоа биле  евакуирани околу 2000 лица и им  била укажана  медицинска помош на околу 500 лица.

До денеска во 14 Секторот за внатрешни работи Скопје нема добиено пријава за исчезнати лица

Илјадници верници денеска го посетија блескавиот храм Св.Петка во Прилеп

7

По повод големиот христијански празник Св.Петка, во истоимената црква во населбата Точила, вчера се одржа вечерна архиерејска божествена литургија, а утрово Света Божествена литургија со која чиноначалствуваше ,Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиско-Новозеландски г.Патар. Се одржа и панихида во чест на загинатите прилепски бранители, кои загинаа на 8-ми август, на Карпалак во 2001 година на овој голем христијански ден.

5

2

3

4

Илјадници верници денеска го посетија храмот, меѓу кои и градоначалникот на Прилеп и Председателот на Совет, молејќи се на светицата за здравје и благодет. Празнувањето на Света преподобна маченица Параскева – Римјанка, која кај православниот народ е позната како заштитничка од разни несрејќи, но и од болести ги собра верниците кои се радуваа на подигнувањето на овој божји храм, изграден во нејзина чест.

Со изградбата и осветувањето на храмот Св.Петка се задоволуваат духовните потреби не само на верниците од населбата Точила, туку и на граѓаните од Прилеп. Паралелено до фрескоживописот, а по изградбата и на камбанаријата, останува да се доуреди дворот и да се изгради трпезарија.

9

6

8

Инаку, иницијативата за изградба на Св.Петка започна 2005 година во чест на загинатите бранители на Карпалак, а на 8-ми август 2008 година беа поставени темелите на храмот.
10

Со љубов од Прилеп за Скопје: Прилепчани несебично донираат за настраданите во поплавите

13933438_10208737892316148_2063725355_n

Црвениот крст од Прилеп во организирана акција со Локалната самоуправа на општина Прилеп, денес експресно се приклучија на повикот за помош на настраданите во поплавите што завчера го зафатија главниот град.

Голем број на граѓани на Прилеп денес го посетија центарот на градот и донираа: храна, хигиенски средства, вода и други наменски работи што на погодените граѓани од поплавите им се најпотребни во овие тешки моменти.

Градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, информираше дека градот ќе отвори и дополнителни пунктови во одделни населби, за да се олесни собирањето на хуманитарната помош.

Исто така градот стои на располагање, доколку се потребни сместувачки капацитети за дел од настраданите семејства.

Прилепчани важат за доста хуман народ и тоа го покажуваат на дело. Акцијата продолжува и во наредните денови.

13933059_10208737892196145_1264042126_n

13937059_10208737892276147_1557867195_n

A.Г.

Прилеп по 15-ти пат им оддаде почит на десетте херои од “Карпалак” – ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО

_MG_9360

И после 15 години прилепчани емотивно го доживуваат 8-ми Август, денот кога животот го загубија десетте млади резервисти од Прилеп. Во нивна чест денеска беше одржана панихида во црквата Св. Петка во населба Точила на која присуствуваше и градоначалникот Ристески, претседателот на Советот на општина Прилеп, Димески, како и семејствата на загинатите прилепски бранители и нивните соборци.

[Best_Wordpress_Gallery id=”335″ gal_title=”Karpalak”]

Воедно делегации од здруженијата на бранителите ја посетија и месноста Карпалак каде на 08. Август 2001 година се случи подмолниот масакр.

Централната манифестација се одвиваше пред спомен- обележјето „Карпалак“, каде свежо цвеќе положија делегации од општина Прилеп предводена од градоначалникот Марјан Ристески, од Владата на Р. Македонија, делегација Министерството за одбрана, предводена од Министерот Зоран Јолевски и Генералштабот на АРМ, делегации од здруженија на борци од Прилеп и Македонија и семејствата на загинатите бранители. Градоначалникот Ристески, најпрвин изрази сочувство и со едно минутно молчење и им одаде почит на загинатите во поплавените подрачја, што ја зафатија скопскиот и тетовскиот регион, а потоа истакна дека тагата за загинатите прилепски бранители, заедно ја делиме сите, иако таа најдлабоко ја чувствуваат семејствата.

„Најмалку што може да направиме е да го негуваме и да го почитуваме нивното херојско дело. “, рече тој.

Во оваа пригода, претставниците од здружението „Карплак” му подарија плакета на благодарност на градоначалникот Марјан Ристески. Инаку, пред неколку години во чест на херојството што е синоним за ова поднебје, беше откриен и споменикот „Прилепски бранители“ кој се извишува среде кружниот тек на булеварот „Гоце Делчев“ и преставува едно модерно стилизирано решение и своевиден симбол за вечноста на прилепските херои.

Трагедија во Прилеп: Тригодишно дете загинало играјќи си со магаре

Вчеравечер во 19.30 часот во ПС Прилеп било пријавено дека во Општа болница Прилеп било донесено починато тригодишно дете од с.Десово, прилепско.

received_10208736841289873

Детето од страна на родителите бил оставено со магаре со кое си играл. Во еден момент се сплеткало со оглавникот на животното, при што бил влечен од истото. Притоа детето се здобило со тешки телесни повреди од кои починало.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Се одбележува 15-годишнината од трагичниот настан кај “Карпалак”: Прилеп се сеќава! Хероите живеат вечно!

1

Со положување на свежо цвеќе и поклонение пред споменикот во кругот на касарната „Мирче Ацев“, изграден во чест на загинатите десет прилепски бранители, започна одбележувањето на 15 годишнината од трагичниот настан кај месноста „Карпалак“, каде во конфликтот 2001 година, животот го загубија десетте припадници на безбедносните сили.

4

2

3

По тој повод делегации од АРМ, Општина Прилеп, семејствата, здруженија на бранителите положија свежо цвеќе и ја посетија спомен собата во нивна чест. Во таа пригода, на присутните им се обрати мајорот, Славчо Кузманоски, заменик командант на касарната „Мирче Ацев“, кој истакна дека врската и споменот за овие херои ќе останат и нема да бидат заборавени, но напомена дека треба во иднина да се залагаме никогаш тоа да не се повтори .

7

5

6

По повод одбележувањето на 15-те години од трагичниот настан кај месноста Карпалак вчера доцна попладне беше положено свежо цвеќе и пред споменикот во село Лениште. Делегациите го посетија и манастирот Св.Петка во близина на ова село каде се служеше вечерна богослужба.

Кожувчанка утринава повторно со донација за настраданите од поплавите со нови 25.000 литри Изворска

По вчерашната донација од 25.000 литри Изворска, рано изутринава компанијата Кожувчанка повторно го испрати својот камион со новите 25.000 литри Изворска за да барем малку им помогне и им го олесни секојдневието на луѓето погодени од природната непогода.

voda6

Како општествено одговорна компанија, Кожувчанка ќе продолжи да донира во моментите на потреба и ги повикува сите да ја покажат својата хуманост со донирање на телефонскиотброј 143 400.

До кога ќе имаме нестабилно и врнежливо време?

received_10208735787703534

Уште во раните утрински часови понеделник ќе ја продолжи состојбата со нестабилно време, овој пат позастапено во источниот регион, локално, информира метеопро.

Наутро се очекува претежно облачно време со повремен дожд и грмежи низ земјава, додека попладне нестабилноста ќе биде полокализирана, со услови за почести врнежи во западната половина, односно повеќе во југозападниот крај.

Вечерта ќе донесе одредено „смирување“ на атмосферата.

Повторно ќе биде спарно. Максималната температура ќе има вредности помеѓу 28°С и 31°С во најголем дел од земјата, односно околу 33°С на југоисток.

Во скопската околина се очекува облачно време наутро со услови за повремен дожд, а попладне е можна краткотрајна нестабилност. Температурата ќе достигне максимални 30°С.

143 400 – да донираме на настраданите во поплавите

received_10208735669540580

На отворениот телефонски број 143400 сите хумани граѓани со едно јавување преку сите мобилни оператори, можат да донираат по 100 денари за помош за  жителите во подрачјата погодени од невремето.

Средства може да се донираат и на жиро сметката на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, додека во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8:00 до 18:00 часот може да се предава помо во храна, вода, пелени, средства за хигиена и дезинфекција,…

Вчера и Сојузот на стопански комори ги повика компаниите да се вклучат во обезбедувањето помош за настраданите.

Поддршка пристигнува и од повеќето општини, како и од државите од соседството.

На социјалните мрежи од синоќа ресторани од Скопје нудат топли оброци за жителите од погодените подрачја, а приватни хотели сместување.

И Универзитетот ФОН се приклучи кон акцијата за бесплатно сместување и згрижување на лицата погодени од елементарната непогода.

Во завчерашното невреме најпогодени беа Сингелиќ, Стајковци, Црешово и Арачиново. Животот го загубија 21 лице, голем број се повредени, а неколку се водат за исчезнати. Причинета е и огромна материјална штета, дворовите и домовите на семејствата во најкритичните подрачја се полни со вода, немаат струја, храна и вода, поради што надлежните институции во соработка со војската и полицијата се постајано на терен за санирање на состојбата.

Од поројните дождови, прекинат е и делот на скопската обиколница пред клучката Стајковци – Црешово наместо по асфалт, на дел од патот се вози по наноси земја. Прекинот ќе трае до целосно расчистување.