дома блог страница 5212

Во спомен на Св.Пантелејмон богослужба во ново осветената црква

1

По повод денешниот голем христијански празник Св.Пантелејмон, заштитник на болните и патрон на лекарите, во ново осветената црква Св.Пантелејмон, во кругот на болницата се одржа божествена литургија во чест на патронот, со која чиноначалствуваше прилепското архиерејско намесништво. Храмот беше посетен од стотици верници кои присуствуваа на божествената литургијата. Денеска по повод споменот на големиот исцелител свети Пантелејмон, именден празнуваат: Пантелеј, Панде, Пано, Панка, Панто, Панчо.

4

2

3

Црквата Св.Пантелејмон беше осветена во неделата, во присуство на Митрополитот преспанско пелагониски г.Петар, и денес преставува отворен духовен храм кој ќе биде за молитва на жителите од населбата „Рид“, но и на болните и лекарите.

8

5

6

7

ЕКСКЛУЗИВНО: Како градоначалникот од ЛДП се справува со поплавите на аеродром!?

Додека Премиерот Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ги прекинаа одморите и заминаа на терен помеѓу граѓаните од поплавените подрачја во Скопје, каде ги слушаат барањата и потребите на граѓаните, експресно одговарајќи и солидаризирајќи се со нив, некој сеуште се одмарал или одмара под некоја палма?

13987909_10208743750982611_915337020_o

Загрижени и револтирани граѓани ни испратија фотографии, се со цел да се дознае вистината за лажниот патриотизам и лажната грижа за граѓаните на Скопје.

Доцна синоќа околу 2 часот по полноќ, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, слетал на аеродромот “Александар Велики” во Скопје, врајќајќи се од Барселона, дознаваме од очевидци.

Додека сите градоначалници и директори на јавни претпријатија, ја мобилизираат целата механизација на општините, регрутираат човечки ресурси и се што е потребно за расчистување на теренот од поплавите во Скопје, градоначалникот на Центар кој повеќе време поминува во странство, синоќа се врати во Република Македонија и не сме убедени оти знае дека Скопје го погоди катастрофално невреме.

Ова е уште еден доказ дека опозиционерите кои деновиве се најгласни по социјалните мрежи, обвинувајќи се и сешто и служејќи се со валкан речник, се познати само по парадерство, а не по работливост.

 

Започнува турнирот во мал фудбал во Кривогаштани

gastan1

Традицијата од триесет години продолжува, и оваа година на 10.08.2016 година, со почеток во 21 часот ќе се организира турнир во мал фудбал во Кривогаштани. Натпреварите ќе се одигруваат на новото повеќенаменско игралиште, кое е дел од 100 повеќенаменските игралишта од Агенцијата за млади и спорт.

На 08.10.2016 год се исврши извлекување на групите на екипи кои ќе играат на овај турнир. Годинава ќе учествуваат шеснаесет екипи кои ќе бидат распоредени во четири групи, постои и можност за промена на бројот на екипите, односно може да се пријават уште четири екипи.

Фондот на награди ќе биде за прво место 60.000 денари, второ место         30.000 денари и трето место 15.000 ден. На паузите помеѓу натпреварите  ќе има и помали награди за најмалите учесници кои ќе го покажат својот талент во шутирање на пенали. Организатор и главен спонзор на турнирот е општина Кривогаштани.

Екипите кои ќе се натпреваруваат на 10.08.2016 год, дополнително ќе бидат објавени и информирани преку официјалната Фејсбук страна на турнирот “Турнир Кривогаштани 2016 год”.

gastan2

 

Манастирскиот комплекс Св. Пантелејмон во село Полчиште денеска широко ги отвори портите за верниците

1

По повод големиот христијански празник и заштитник на болните Св. Пантелејмон, денеска манастирот во село Полчиште мариовско, или Полчисшиот манастирски комплекс, широко ги отвори портите за верниците.

На висока надморска површина од 1344 метри, во недопрената природа и зеленило на мариовскиот регион, ова е уште едно светилиште, кое и покрај не толку пристапниот пат е посетено од стотици верници за време на манастирските слави.

Манастирот се наоѓа југозападно од селото, оддалечен околу 1,5 километар во местото односно на самиот врв на гребенот (ридот) Скрка во Мариово. Местоположбата на манастирот е специфична. Изграден е на врвот Панделе на надморска височина од 1344 метри. Св. Вмч. Пантелејмон во Мариово се нарекува со името Панделе, па затоа и местото на кое се наоѓа манастирот го добило името Панделе. До верскиот дом се стигнува по стрмен кривулест пат, каде доминира врвот, што овозможува глетка на цело Мариово како на дланка. Според усните преданија кај народот од овој крај, многупати се вели дека “Панделе е на високо и гледа сé”.

13977952_10207140207039768_993317116_o

13931463_10207140206519755_1601607180_o

Манастирот првпат бил изграден околу 1830 година од Коле Папаров, за кого други податоци не се познати и не се сочувани. Манастирот бил изграден од дрвена граѓа. Така останал до изградбата на црквата од тврда градба. Околу 1938 година, на Тодија Рошков му се претскажало да изгради црква на истото место, од тврда градба. Црквата била изградена под негово раководење со сесрдна помош од луѓето на околните села, претежно од Полчиште. Храмот бил изграден на нова локација да не се урни веќе постојната црква, иако била од дрвена граѓа, и поради новата локација утврдена на гребен од кој може да се гледа од сите страни. Новоизградената црква била поголема, сепак со скромни димензии и архитектура.

13978022_10207140206599757_120198487_o

13978152_10207140206559756_1923350086_o

Покрај славата на денот посветен на Св. Вмч. Пантелејмон, 9 август, се слави и денот на осветувањето на црквата 11 октомври и денот посветен на Св. Вмч. Георгиј, Ѓурѓовден на 6 мај.

Во манастирскиот двор се наоѓа и истоимениот археолошки локалитет (Свети Пантеле), кој претставува кастел од раноантичко време.

Сите добронамерници во текот на денешниот ден се поканети, на молитва и оброк.

За многу години!

 

МАЈСТОРИШТЕ! Дали е ова најдоброто излегување од паркинг на сите времиња? (ВИДЕО)

Screenshot_2-25-640x336

Возач во Виетнам ги одушеви сите, со неверојатно излегување од паркинг. Младиот Виетнамец го покажал целиот раскош на својот шоферски талент.

Иако целосно блокиран од два автомобили, успеа да се извлечи од наизглед невозможна  ситуација, и да ја изнесе својата Тојота од паркингот. За тоа му биле потребни 3 минути, а како тоа изгледало погледнете во видеото:

А.Г.

Прилеп ја покажа хуманоста на дело:Стотици прилепчани заминаа да помогнат на регионите зафатени од поплавите

1-_MG_9720

Општинскиот кризен штаб и локалната самоуправа од Општина Прилеп, рано утринава упатија помош до зафатените подрачја од поплавите во скопско, во човечки ресурси и механизација. Во акцијата се вклучија над 150 луѓе од јавните комунални претпријатија од Прилеп, ЈП ПУП, ЈП Македонски шуми -Црн Бор Прилеп,  екипи од противпожарната единица, од Македонија пат – подружница Прилеп, од брзата медицинска помош и работна сила од АД Турунски комбинат – Прилеп. Воедно, со овој конвој во два камиони од Македонија пат – Прилеп, беше испратена  и хуманитарната помош во вода, храна, средства за хигиена и детски памперси, која вчера прилепчани ја собираа на пунктот кој го постави локалната самоуправа во организација со ОО на Црвениот крст – Прилеп.

1-_MG_9746

1-_MG_9725

1-_MG_9743

Градоначалникот на Прилеп истакна дека во координација со Центарот за кризи – Скопје доколку е потребно и во наредните денови Прилеп ќе помага со човечки ресурси и механизација и ги повика сите оние кои сакаат да помогнат да се пријават во локалната самоуправа.

Граѓаните можат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 400.

 

1-_MG_9769

1-_MG_9749

1-_MG_9752

1-_MG_9758

1-_MG_9767

Регулаторна ги намали цените на бензините

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 1,50 денари, па со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит.

 

1

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за два денари  и изнесува 46,00 ден/лит, односно 34,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1НС се намали за 1,592 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 25.07.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,171 ден/кг.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалија во просек за 4,20%.

Среќни три знаци: Еве на кои хороскопски знаци до крајот на август им се враќа старата љубов

2

Жешкиот август донесува и жешки заплети, барем за некои од знаковите на Зодијакот!

Ако се верува во хороскопот и ѕвездите, за поединци, овој месец на планот на љубовта ќе биде навистина бурен – ги чекаат тешки одлуки и пресврти.

Никогаш не е лесно да се одлучите дали старата љубов да ја исфрлите од вашите животи, но сега ќе морате да пресечете!

ЛАВ

Лавовите ќе можат да бираат ова лето  – на нивните врати ќе тропнат неколку добри прилики… Венера е во Лав, а се знае што значи тоа – повеќе шарм, повеќе харизма, повеќе љубов! Дамите особено ќе бидат магнет за мажите! Затоа ни бившите партнери нема да останат имуни на вас. Меѓутоа, два пати размислете пред некому  да дадете втора шанса, ѕвездите ве  советуваат се добро да изанализирате. Можеби е подобро да запловите во нешто непознато и неиспробано.

ВАГА

Ако сте слободни и не сте во долга и стабилна врска, очекувајте скоро па сигурно враќање на некоја стара љубов. Со оглед дека вам ви недостига љубов, можно е да се обидете повторно, дури и ако не сте екстремно “загреани” за таа личност. Од 9 септември имате добри аспекти на емотивно поле, па е сигурно дека вашата одлука ќе биде добра.

СТРЕЛЕЦ

Веруваме дека зад вас е неколку стресни месеци на поле на љубовта, но конечно дојде подобро време. На почетокот на август Марс влезе во вашиот знак, а тоа значи само едно – извинување од личноста која неодамна ве повредила на љубовен план. Со извинувањето воглавно се бара и втора шанса, но никому не простувајте доколку максимално не се потруди. Старата љубов има шанси одново за сјае, но само ако двете страни се спремни на компромиси.

Крадците ја користат Олимпијадата за да дојдат до богат плен – вака се краде во Рио

fewgherhrtsj

Поради Олимпијадата Рио е преполн со туристи, но за жал уличните крадци престојот на туристите им му го претвараат во хорор. Погледнете како деца крадат низ улиците во Рио.

 

Медиумите во регионот пренесуваат: HAARP системот ги уништува Македонија и Србија

22

Oткако и Македонија ја погоди историско невреме, со страшни ветрови и дожд, многу медиуми пишуваат за наводна контрола над нашата атмосфера.

Ширум интернетот започнаа да кружат разни фотографии на кои се гледаат чудни формации на облаците и необични појави на небото, кои до сега не биле забележани. Тука е и необичното однесување на молњите и громовите, но и се почестото удирање на громови на улици и ниски објекти (иако по законите на природата громот удира на повисоки локации).

Неколку регионални портали ја пренесоа вест со наслов: “Контрола над времето – Србија и Македонија на удар на HAARP системот”. Иако не е прикажани никакви конкретни докази за ова тврдење, медиумите во глобала пренесуваат вознемирувачки изјави на граѓаните и необични фотографии.

 

Дали навистина постои контрола над времето, или се работи за нешто друго!?

А.Г.