Донации за поплавените во скопско од општина Кривогаштани

Помош за настраданите од поплавите во скопско денеска се собираше и во општина Кривогаштани во објектот на Територијалната противпожарна одбрана каде имаше поставено пункт за донација. Општината уште вчера испрати свои екипи за помош во Скопје.

 

pomos-humanitarna

-Во текот на вчерашниот ден во комуникација со претставници на Владата и Град Скопје ние како општина веднаш испративме тим составен од членови на ЈКП „Пелагонија“ и ТППЕ Кривогаштани со цел справување и исцрпување на водата од загрозените населени места во Скопско и во таа насока испративме неколку пумпи и една цистерна, колку што ни давата нашите можности. Денеска се организиравме како општина и со пункт за хуманитарна помош и ги повикувам сите граѓани на Кривогаштани да ја покажат својата хуманост и да донираат за настраданите подрачја, изјави Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

Жителите на Кривогаштани донираа вода, храна и хигиенски средства за настраданите од поплавите. Донираат и фирми и организации.

Општината соопшти дека се собрани околу четири тони вода и повеќе килограми конзервирана храна, бебешка опрема и средства за хигиена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.