дома блог страница 5207

Шокантна исповед на синот на Аркан:Мојот татко е жив, го смени личниот опис!

Михајло Ражнатовиќ, најстариот син на Жељко Ражнатовиќ Аркан тврди дека неговиот татко е жив и дека го променил личниот опис.

ceca-1-640x432

Тој ја обвинува вдовицата на Аркан, пејачката Цеца Ражнатовиќ дека на пријателите го претставува како свој вујко и дека кон него се однесува како кон роб.

-Сакам Србија да ја знае вистината!Цеца во Аја Напа на пријателите го претставува како свој вујко. Моите пријатели често го гледаат во дворот на вилата – тврди синот на Жељко Ражнатовиќ.

ВИДЕО: Нема веќе респект за империјализмот, се пука со боева муниција: Кина влегува во војна со Америка, се вршат масовни подготовки.

kina-podmornica-helikopter-more-brod-600x334

Кинескиот министер за одбрана Чанг Ванкван предупредува дека напнатата ситуација во Јужнокинеското море претставува закана за директни судири и ја повикува војската, полицијата и јавноста да бидат спремни за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.

Ванкван повикува за зголемени припреми за “војна на море” додека Пекинг бара “одбрана на суверенитетот”. Исто така побарал во јавноста да се промовира националната одбрана.

Предупредувањето пристигнало по еден ден откако Кина организирала масовна поморска вежба, која би требало да ја припреми државата за “ненадејна, сурова и брза” војна.

Министерот тврди дека јавноста мора да биде обучена кога е во прашање националната одбрана затоа што се доведени во прашање суверенитетот и територијалниот интегритет. Изјавата на министерот се однесува на тензиите околу спорните острови во Јужнокинеското море во кое Пекинг гради авионски писти и воени објекти, а на кои право имаат и други азиски држави.

Американската морнарица испратила воени бродови и авиони во непосредна близина на спорните острови, тврдеќи дека тоа го направила за да го осигура принципот за слобода на движење во меѓународните води. Исто така, Америка била вмешана и во неколку воени вежби во тој регион.

 

УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Ријана дава интервју на српски јазик

Во регионот не се новитет синхронизирани пародии на видеа од кои најбројни се оние на српски јазик кој веќе извесен период не смејат и се прераскажуваат.

received_10208771199988819

Таква урнебесна синхронизација на српски јазик има и светската ѕвезда Ријана.

Погледнете го урнегесното видео.

ВИДЕО: Ова е најстариот, несоборен рекорд на Олимпијадите.

(L-R) The medallists stand on the podium: Ralph Boston (USA, bronze), Bob Beamon (USA, gold), Klaus Beer (East Germany, silver)

(L-R) The medallists stand on the podium: Ralph Boston (USA, bronze), Bob Beamon (USA, gold), Klaus Beer (East Germany, silver)

Рекордот е поставен на олимпијадата во Мексико 1968 година од страна на американецот Боб Бимон. Боб скокнал 8.9 метри и сеуште никој го нема соборено овој рекорд. На таа олимпијада Боб Бимон го надминал светскиот рекорд за дури 78цм .

Може ли некој од спортистите во Рио да го собори рекордот стар 48 години?

 

ИД киднапираше околу 2.000 цивили

Борци на Исламска држава киднапирале околу 2.000 цивили при напуштањето на сирискиот град Манбиџ.

islamska-drzava

– Припадниците на ИД при повлекувањето од квартот Ал Сираб, последниот бастион во Манбиџ киднапираа 2.000 цивили, се наведува во соопштението на Сириските демократски сили, коалиција на арапски и курдски борци.

Сириските демократски сили минатата недела презедоа контрола над градот Манбиџ.

Припадниците на ИД заедно со заложниците се упатиле кон градот Џараблус, во близина на границата со Сирија. Заложниците биле транспортиртани со 500 возила. Џараблус е 40 километри северно од Манбиџ и е под контрола на ИД.

Борците на Сириските демократски сили успеале да ослободат околу 600 заложници.

Концерт на “Oктет Прилеп” во рамките на “Прилепско културно лето”

OKTET PRILEP

Во рамките на Прилепското културно лето Октетот ,,Прилеп,, во понеделник 15.август 2016 година од 20.00 часот во изложбениот салон ќе се претстави на веќе традиционалниот летен концерт. Ќе исполни избор на песни од нивниот богат репетртоар кој во последно време е збогатен со преработки на стари хитови.

Октетот години наназад работи под покровителство на ЦК,,Марко Цепенков,, и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега има издадено неколку албуми.

Знаете ли за што служи оваа дупка во мијалникот ?

Screenshot_5-34

Колку пати сте се запрашале “За што служи оваа дупка”? Епа таа дупка има свое име но и две намени.

Малата дупка во мијалникот се вика порцелатор и користи за две намени. Всушност, да ја нема оваа дупка, на водата би и требало мнoгу повеќе време да истече бидеќи воздухот од оваа дупка и овозможува брз проток на водата .

Другата исто така важна функција на оваа дупка е протокот на водата во случај на затнување. Бидеќи е поврзана за главната одводна цевка, доколку дојде до било какво затнување, водата ќе почне да се враќа низ отворот на мијалникот.

ВИДЕО: Вака вистинските мајстори играат ПИКАДО

Screenshot_4-35-640x408

 

Пикадото е друштвена игра во која целта е со стрелките да се погоди во округлата плоча која е поделена на 21 дел. Секој играч има по три стрелки и во зависност од варијантите на игра има различна цел. Постојат варијанти во кои победник е оној играч кој ќе погоди најмногу бодови во определен број на фрлања.

Играта е настаната во Англија во 19 век меѓутоа името и потекнува од францускиот јазик. Играта се развивала така што на стрелките им се вградило хартиено перо, кое овозможува прецизен лет на стралките. Во почетокот стрелките биле изработени од дрво, додека со развојот на технологијата стрелките почнале да се изработуваат како комбинација од метал и пластика.

Откако ќе ги погледните овие момчиња како играат ќе посакате и вие да изиграте некоја партија.

Дали руските специјалци се “повеќе” од обични луѓе? Проценете сами ….(ВИДЕО)

111

Руските специјалци Спецназ се една од најобучените и најхрабрите специјални единици во светот, кои поминуваат брутални и доста софистицирани тренинзи за да станат тоа што се, вистински терминатори.

Нивната храброст и посветеност, надополнета со патриотскиот дух ги прави вистински воини на кои им се плаши секој потенцијален непријател на големата земја.

Погледнете како изгледа еден нивни навидум “обичен” тренинг, на кој тие ги демонстрираат своите способности :

А.Г.

 

Извршена ждрепката за вториот по ред меморијален турнир “Миле Нешкоски”

13872969_1056044384451061_7852835748276710338_n

Во чест на легендата на прилепскиот ракомет Миле Нешкоски, Ракометниот Клуб Прилеп упатува покана до сите љубители на ракометот, до сите поранешни играчи и соиграчи на, Миле, до сите пријатели и роднини и спортски работници, да присуствуваат на вториот по ред меморијален турнир “Миле Нешкоски”, кој ќе се одржи од 25-ти до 28-ми август во универзалната сала на “Тутунски Комбинат”.

Учевство на турнирот ќе земат 6 екипи, и тоа покрај екипата на РК Прилеп ќе настапат и екипите на: Пролет, Пелистер, Еурофарм Работник, Охрид и Борец.

Вчера беше извршено и ждребувањето за натпреварите, па носитлот на титулата од минатата година Охрид, се најде во група со Борец и Еурофарм, а домаќинот РК Прилеп во групната фаза ќе игра против екипите на Пролет и Пелистер.

memo

Влезот за натпреварите од турнирот е слободен. Исто така од РК Прилеп за понеделник закажаа и прес-конференција за медиумите на која ќе бидат претставени новите засилувања на клубот, амбициите за следната сезона, како и поопширни детали за меморијалниот турнир и двомечот од ЕХФ купот против швајцарски Винтертур.