дома блог страница 5206

ВИДЕО: СТРАШНИ ГРМОТЕВИЦИ: Еве колку силно се гледало скопското невреме од Косово

grmotevici

На социјалните мрежи можат да се забележат две видеа снимени од Косово. Навистина делува страшно, погледнете:

Невремето кое го зафати Скопје минатиот викенд очигледно било со огромни размери.

Видео кое ќе ве “умре” од смеа: Вака Русите ги штитат своите автомобили од пајак

12

Има различни системи за човек да се одбрани од крадците на автомобили. Алармот, блокадата на воланот, блокадата на менувачот, дури и аларм со сателитско следење.

Сепак, на стариот добар начин на заклучување со ланец му нема конкуренција!

Така барем мисли овој Русин, кој веројатно се има изгорено од крадци некогаш и сега веќе не му паѓа ни на памет да си игра со судбината.

Убаво, ставаш ланец, па потоа ни “пајак” не ти може ништо!

Освен ако крадците немаат клешта за сечење на метал.

А.Г.

Познатата Фиат “Пегла” e eден од најбараните автомобили на Куба – ВИДЕО

Screenshot_14-6-640x395

Околу 10.000 симпатични “пегли” и денес се возат во кубанските улици.

Астрономските цени на новите автомобили и растечките цени на нафтата, моментално највисоки во западната хемисфера, ги приморуваат граѓаните на овој остров да купуваат евтини и штедливи автомобили.

По тие критериуми, нема подобар автомобил од малиот Фиат кој се произведувал во Полска од 1973-2000 година. Малата “пегла” има сила на моторот на ранг нешто поголем од моторна косачка, и троши 5.01 литар на 100км, што е значително помалку во однос на американските олдтајмери по што е позната Куба.

А.Г.

 

ЖЕШКО ФОТО: Дара Бубамара ги расоблече бикините на плажа!

Дара Бубамара е на летување во Црна Гора од каде се појавија фотографии на кои таа е во розово секси бикини.

dara-bubamara

Естрадната ѕвезда знае како да привлече внимание, па го поттргна горниот дел од костимот за капење и направи плажата да стане уште пожешка.

4dara 1dara 2dara

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Место да помогне новинарка интервјуира момче удрено од камион

received_10208777340422326

Додека мажот беспомошно лежел на земјата и едвај имал сила за стенкање од болка, репортерката пред глава му ставила микрофон и го испрашувала дали го видел камионот и дали сака да се префрли во болница. Се работи за новинарка од Ел Салвадор.

После третото прашање, несреќниот маж очигледно не можел повеќе да одговара, туку бил способен само да испушти крик од болка, а само неколку минути откако се изгасиле камерите, несреќникот наводно починал поради тешките повреди, пишува „Daily Mail”.

Сосетка на Баба Ванѓа: 20 години ја сонувам и сѐ што ќе каже, се случува

Фимка Гогова-Михајлова е родена на 23 февруари 1942 година во Струмица, од каде што е и славната пророчица Баба Ванѓа. Пријателството со неа започнува уште во текот на 60-тите години на минатиот век и продолжува сѐ до смртта на Ванѓа во 1966 г.

aba-vanga-640x480

„Јас сум родена двор до двор до куќата на тетка Ванѓа. Двете со мајка ми беа една генерација, врснички. Како дете многу сум слушала за неа од мајка ми. За прв пат ја видов во 1962 година. Во 1970 година дојдов во Петрич, кога почина мажот ѝ Димитар. Бевме многу блиски, взаемно си ги раскажувавме соништата, си ги изговаравме мислите на глас. Последен пат се видовме во мај 1996 година, пред да почине. Дојдов на Рупите со баница, затоа што таа така ми беше порачала. Тетка Ванѓа беше вегетаријанка, сакаше посни манџи – полнети пиперки, сарми. Сакаше слатко од смокви, јагоди, разни плодови“, раскажува Гогова-Михајлова.

Таа тврди дека продолжува да општи со неа и откако баба Ванѓа си заминала од овој свет.

„Дваесет години ја сонувам. Соништата ги опишав во книгата „Роднини и судбини“. Водиме разговори со неа. Таа ми вели: `Тоа не се, Фимке, соништа, тоа се визии`. Сѐ што ми кажала на сон, тоа се случило.“

Фимка Гогова-Михајлова ја издава својата прва книга за Ванѓа „Ванѓа и јас“ во 2014 година, со којашто постигнува голем успех во Македонија. На 11 август во домот на културата во Струмица беше промоцијата на нејзината нова книга „Сведоштва за Ванѓа“, точно 20 години од смртта на пророчицата.

Ноќен живот во Прилеп – Take Five, Corner Pub & Club Calypso – 12.08.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”336″ gal_title=”AvgustNoken”]

Милион уживања на црногорската ривиера: На 5 минути од Будва до Хаваи – ФОТО

13933245_10208501652113235_687797195_n

Свети Никола или Шкољ, како што го викаат локалните жители е најголемиот остров на Јадранот. Островот се простира на 47 хектари површина и на 2 км должина, а од Стариот град во Будва е оддалечен само 5 минути.

13553256_10208501650233188_57986719_n

13933366_10208501651873229_1979542934_n

Островот Св. Никола е кул место за авантуристи. Се стигнува со такси бродчиња. Со прекрасната дива природа, погодeн е за уживање, пливање, пикник и нуркање.

Хаваите, односно плажите на островот се едно од најубавите природни капалишта на црногорската обала. Мамат со кристално чистата тиркизна вода и  неверојатни пејсажи.

13936856_10208501649913180_334792128_n

13936669_10208501651833228_1588908938_n

13936729_10208501650513195_1256298629_n

За островот е поврзана и интересна легенда за Св. Сава, кој во два наврати (1229 и 1234  година) од Будва тргнувал на патување за Палестина во посета на христијанските светилишта во Светата земја.

Според легендата, при едно од тие патувања, настанало страшно невреме, а бродот со кој требало да патува се наоѓал кај островот Св. Никола. Чекајќи на обалата, Св. Сава во водата фрлал камчиња, од кои се вели дека направил пат до островот, по кој тој и неговите сопатници дошле до бродот и островот.

13942515_10208501650593197_1468133213_n

13936873_10208501650113185_955051038_n

13942286_10208501650153186_1070367254_n

На островот се наоѓа црквичката посветена на Св. Никола, заштитникот на морепловците. Според преданието, оваа црква ја подигнале крстоносците, кои на крајот на 11 век поминале низ овие краишта  на патот кон дома. Се смета дека крстоносците тука ги погодила чума, која усмртила некои од нив. Преживеаните потоа на островот подигнале црква, а починатите ги погребале тука.

13956767_10208501650993207_28140772_n

13942576_10208501650673199_771201959_n

Ова магично место, каде природата целосно се вложила себеси и со секој допир направила чуда, веруваме дека сигурно ќе се најде на вашата  туристичка и авантуристичка карта.

13988619_10208501650073184_2022096971_n

 

Конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Никола“ во Зрзе

1

Со поддршка на Министерството за култура во тек е конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на црквата „Св.Никола“ во село Зрзе, Прилепско,  значаен споменик на културата од 14 век.

Конзервацијата на фрескоживописот која се одвива во неколку фази е од исклучително значење, особено од иконографски аспект и е дел од програмата на Министерството за култура за заштита на недвижното културно наследство.

Во рамки на проектот стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците од Прилеп во изминатиот период извршија истражувачки работи на фрескоживописот, беа отстранети наталожените нечистотии, а во моментов се работи на консолидација на оштетениот  обоен слој, соопшти Министерството за култура.

Со конзервацијата на фрескоживописот  која треба да биде завршена во 2016 година, во целост ќе биде  вратен првобитниот колорит и сјај на фреските во црквата „Св. Никола“, фрескоживописани од еден од најпознатите сликари Онуфрие.

Црквата „Свети Никола“ е мала еднокорабна црква која е метох на манастирот Свето Преображение во село Зрзе.

 

Од утре почнуваат богородичните пости- еве што треба, а што не треба да правиме

Богородичните пости секоја година започнуваат на 14 август (св. 7 мч-ци Макавеи) и траат до 28 август (Успение на Пресвета Богородица). По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена.

 

presveta-bogorodica-640x294

Овој пост е востановен во чест на Преображението Господово и Успението на Пресвета Богородица и се пости: во понеделник, вторник, среда, четврток и петок се пости без зејтин, во сабота и недела се пости со зејтин, а на празникот Преображение се јаде и риба.

До празникот Преображение, пред да започне постот и за време на посните денови не се јаде грозје и смокви. Од празникот Преображение, кога и се благословува овошјето веќе е дозволено да се јаде и грозје и смокви.

Ова е што се однесува за телесниот пост, но никако не смееме да го заборавиме и духовниот пост. Да се молиме, посебно на Пресветата Богородица за време на овој пост, читајќи го Нејзиниот канон, да вршиме добри дела и задолжително да се исповедаме за да можеме што поочистени да ги примиме Светите Христови Тајни.

Дните на Богородични пост да ни минат во чистота на срцето, добромислие и доброделие!