Во поплавените региони неуморно волонтира Мартин Малиновски, кој ја потресе јавноста со својата објава во која ја опишува реалната ситуација на терен:
„Влегуваш во дворот, домаќинот ви вели фала фала а уште не сте ни почнати, одеднаш пред очите кои такво нешто не виделе до сега слика на микро апокалипса, молчиш, немаш глас, гледаш девојче младо со лопата во раце молчи работи и уморно се насмевнува гледајќи те како молкум работиш, братот со количка носи кал од својата соба, молчиш, работиш, одеднаш од другата страна искача бабичката со некое парталче калливо со тазен штотуку,заплакан поглед ти вели фала сине, молчиш голташ кнедла и копаш и копаш не гледаш колку е сат колку кал имаш на себе колку рани на рацете, одеднаш домакинот ти вели мали абе име нети знам ела седни кафе да пиеме да одмориме, седнуваш и гледаш женичка со количка те прашува со колку шекер кафето……. Солзите сами течат толку е маката на лугево е ахххххх… Ете тоа вчера видов осетив и почуствував епа кко да не се вратам како да не помогнам зар треба да се запрашам“.
Американецот Мајкл Фелпс ја заврши својата олимписка кариера освојувајќи златен медал и тоа со нов Олимписки рекорд.
Фелпс беше дел од Американската штафета која победи во трката на 4х100 м. мешано со време од 3:27.95 миниути што е нов Олимписки рекорд.
Фелпс во олимписка „пензија„ заминува како најуспешен спортист на сите времиња со вкупно освоени 28 медали од кои дури 23 златни, почнувајќи од игрите во Сиднеј 2000-та па се до овие во Рио 2016 година.
Владата на република Македонија денес усвои пакет на мерки наменети за граѓаните во погодените подрачја од поплавите кои го зафатија скопскиот регион.
Имајќи ја во предвид големината на природната непогода, нејзината разорност и големиот број на домаќинства кои се опфатени, како и степенот на оштетеност, како влада целосно сме посветени кон овозможување на комплетна помош и поддршка на настраданите, опфаќајќи различни сегменти, кои директно или индиректно ќе бидат од полза и конкретна корист. Тоа се конкретни чекори и мерки со кои покажуваме грижа за сите наши сограѓани, на кои во овие моменти во исклучителна важност им е искрената поддршка во секој сегмент во секојдневното живеење, истакна Никола Тодоров заменик на претседателот на Владата на Република Македонија.
Тодоров потенцираше дека усвоените пакет мерки се дел од заложбите на Владата за побрзо и поефикасно нормализирање на состојбите, санација на штетите, но и помош и поддршка за настраданите граѓани. Овие мерки, како што рече тој, значат дополнителна помош и поддршка, покрај процесот на обесштетување и помошта која сега на терен се реализира во процесот на расчистување и санација.
-Прва мерка која ја усвои владата е обезбедување на 100 отстотно обесштетување на граѓаните од кризните региони за штетите предизвикани од поплавите. Ова значи дека граѓаните погодени од поплавите ќе бидат обесштетени во целост, односно се што комисијата за проценка ќе го евидентира за оштетено, истото 100 процентно ќе биде надоместено. Втората мерка, министерството за здравство ќе отвори посебна програма која ќе покрива партиципацијата на сите здравствени услуги на сите нивоа во зафатените подрачја и со тоа сите пациенти би биле ослободени од партиципацијата за здравствени услуги, спрема фондот за здравство до крај на 2016 година. Третата мерка, домаќинствата од кризните региони ќе бидат ослободени од плаќање на месечните издатоци за вода и ѓубретарина во период од три месеци, со што ќе се оствари заштеда на нивниот семеен буџет. Четврта мерка, со оглед на тоа што се ближи почетокот на школската година, за сите деца од кризните региони, ученици во основно образование, ќе биде овозможена еднократна парична помош за набавка на училишен прибор.
Петта мерка, за семејствата од погодените региони од невремето, кои не извршиле легализација на своите куќи ќе биде овозможена бесплатна изработка а елаборат потребен за постапката за легализација, што претставува дополнителна заштеда за овие домаќинства. Се работи за заштеда на трошок кој во просек изнесува над 6000 денари по домаќинство, во зависност од големината на објектот за кој се однесува. Шеста мерка, за семејствата погодени од поплавите кој се приматели на парични права од социјална и детска заштита односно приматели на социјална парична помош, постојана парична помош, додаток за мобилност, додаток за слепило, додаток за глувост, помош и нега од трето лице и посебен додаток за деца со пречки во развојот ќе се изврши зголемување на паричната помош во наредните три месеци за 50 проценти. Зголемувањето кое е директно насочено кон најранливите категории од овие региони. Седма мерка е обезбедување на 30 тони јачмен од државните резерви кои ќе будат наменети без надомест, за сточна храна за земјоделците од погодените региони кои имаат потреба од ваков тип на поддршка. Осма мерка , во насока на излегување на барањата на земјоделците кои имаат земјоделски посеви во погодените региони ќе овозможиме бесплатна анализа и испитување на почвата, процес во кој што ќе биде потребно да се утврдат и можните потреби за прочистување на истата. Ова е особено значајно за продолжување на планско земјоделско производство, изјави Тодоров.
Пакетот од осум мерки е само дел од целокупниот процес на санација на штетите и помош и поддршка за настраданите граѓани, рече тој и додаде дека за во иднина се разгледуваат и други мерки во најразлични области, за кои дополнително ќе се информира.
-Нашата цел е да дејствуваме веднаш, овде и сега. Потребен е активизам од сите свесни и одговорни чинители. Владата ќе продолжи со сите свои институции да биде на терен и будно да ги следи состојбите. Да го расчистуваме теренот, да ги санираме штетите, да ги подобруваме состојбите. Обединети и со силна посветеност е продолжиме да придонесуваме, да работиме на обновување, се до целосно нормализирање на состојбите, заклучи тој.
Една од првите одлуки на новата влада на Србија ќе биде за поскапување на патарините за околу 10 отсто, дознава Блиц.
Оваа не баш популарна мерка која требало да биде донесена уште во февруари годинава, е одложена поради изборите, а за „Патишта на Србија“ е нужност бидејќи цените не се променети од 2008 година.
Според нивните проценки во касата на компанијата од оваа корекција би требало на годишно ниво да влезат 1,8 милијарди динари повеќе за одржување на патиштата.
Значи ако патувате за Србија, бидете подготвени за издвоите повеќе пари за патарина.
Погба го започнува видеото со шега на сметка на Златан.
“Овој тип сака да биде познат, сака да се фотографира со мене, сака да стане познат”, вели Погба.
Сето тоа пред Златан да дојде во преден план и да го пресече неговиот млад соиграч, велејќи “Te направив познат сега”.
Фрлете поглед на кутриот Антонио Валенсија кој исто така се нашол на видеото, обидувајќи се полека да помине во позадина, бидејќи не спаѓа во ова друштво.
Прилепскиот спелеолог Дарко Неданоски (23) четири дена спиел и ја откривал Словачка јама во Хрватска на длабочина од 866 метри. Тој е единствениот Македонец кој успел да влезе најдлабоко во утробата на земјата на температура од еден до три степени над нулата.
Неданоски бил дел од меѓународната експедиција која истражувала десетина дена дел од пештерите на планината Динара.
– Возбудлив потфат низ огромните студени вертикални канали во влага и темнина. Доживување е откривањето на таинственоста на мрачните простори под земјата – вели Неданоски
Видеото кое следи целосно ќе ве наежи и ќе ве увери дека навистина се може и против законите на физиката.
Да се биде во авион и да леташ на неколку центиметри над земја, плус на тоа и со исправен “нос” на леталото нагоре, е вистинска храброст. Ниту гравитацијата не му може ништо.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и британската премиерка Тереза Меј пред одржување на самитот на ЕУ. На тој состанок ќе се разговара за последиците кои настанаа со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.
Лидерите на земијте членки на ЕУ, освен Тереза Меј, ќе се состанат на 16 септември во Братислава и ќе разговараат за последиците од референдумот во Британија.
Од кабинетот на Туск е соопштено дека тој ќе одржи работна вечера со Ангела Меркел на 18 август.
Другите средби, чии детали не се објавени, ќе бидат со лидерите на Луксембург, Ирска, Летонија, Литванија, Естонија, Шведска, Малта и Шпанија.
Туск изјави дека планира да се консултира со сите лидери на државите членки за можните идни реформи пред самитот во Братислава.