Легендата на македонскиот фудбал Андон Дончевски, во посета на општина Прилеп

6380-andon-doncevski-vo-poseta-na-opshtina-prilep-960x600-1

Градоначалникот Марјан Ристески денеска оствари средба со Андон Дончевски, најпознатиот македонски фудбалски работник. На средбата градоначалникот Ристески го запозна Дончевски со актуелните проекти како и со низата активности поврзани за спортот. На средбата Ристески ја искористи приликата да спортскиот доајен Дончевски да му ги подари двете монографии: „Монографијата за Прилеп“, како и монографијата „Прилепски спортски големини“.

6380-andon-doncevski-vo-poseta-na-opshtina-prilep-960x600-2
Андон Дончевски, поглемиот дел од својата играчка и тренерска кариера го минал во ФК Вардар од Скопје. За време на својата активна фудбалска кариера тој го носел и националниот дрес на репрезентацијата на Југославија. Бил прв селектор на репрезентацијата на Македонија во периодот од јули 1993 до декември 1995. Тој бил на чело на репрезентацијата на 17 натпревари, која под негово водство остварила пет победи, пет нерешени игри и седум порази.

Денеска Андон Дончевски присуствуваше и на почетокот на градежните активности на новото тениско игралиште во дворот на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.