дома блог страница 5058

ФОТО: Кран се урна врз најголемата џамија во светот, најмалку 65 загинати

Најмалку 65 лица загинаа, а 154 се повредени кога кран се урна врз најголемата џамија во светот, која се наоѓа во Мека.

Mekka

Официјални лица од Саудиска Арабија соопштиле дека кранот се урнал врз џамијата Маџид ал Харам поради невреме. Џамијата е изградена околу најсветата локација во исламот.

kran

Надлежните стравуваат дека оваа бројка на загинати и повредени лица не е конечна.

Иванов до Илиевски: Ти си пример како треба да се игра за Македонија

Претседателот Ѓорѓе Иванов му честиташе на капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Владо Илиевски, за сиот досега вложен труд на теренот, а по повод неговото збогување од националната кошаркарска репрезентација.

1

-Ти честитам за твојата борба на теренот до последен здив и сакам да ти заблагодарам за тоа што остави силен белег и пример за идните генерации, за тоа како безусловно се сака и се игра за Македонија, напиша Иванов на својот фејсбук профил.

Македонскиот претседател упати и поздрав до сите репрезентативци и им порача „главата горе и напред кон идните предизвици на теренот и во животот“.

Илиевски се заблагодари за поддршката од претседателот Иванов истакнувајќи дека му било чест и дека со сето свое срце играл за Македонија.

-Се надевам дека идните генерации ќе продолжат по истиот пат и дека Македонија ќе биде горда на нив, вели Илиевски.

Ван Гал: Марсијал е тука поради мојот наследник Гигс

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Луj ван Гал изјави дека Антони Марсијал ќе биде од поголема корист на Рајан Гигс, бидејќи мисли дека Велшанецот е негов наследник.

lui-500

Ван Гал го доведе 19-годишниот француски напаѓач за 80 милиони евра со бонуси, но се верува дека Марсијал ќе му се исплати на клубот во иднина.

„Не го земав Mарсијал поради мене, туку поради следниот менаџер на Јунатед“, вели Холанѓанецот.

„Чувствувам дека тоа ќе биде Гигс“, порача искусниот ван Гал, а пренесеува „Скај спорт“.

Гигс целата играчка кариера ја мина во Манчестер Јунатед, а потоа стана помошен тренер во стручниот штаб на тимот.

За 24 години на „Олд Трафорд“, Гигс одигра 963 натпревари и постигна 168 погодоци.

Освои и 14 титули во Премиер лигата, две Лиги на шампиони, четири ФА купа, три Лиги на купот, девет Комјунити шилд, УЕФА Суперкупот и две Светски клупски првенства.

ВИДЕО: Трик за миење садови кој ќе ја воодушеви секоја домаќинка

Дали некогаш сте имале проблеми со миење на некое шише или тесен сад кој не ви ја собира раката и не можете убаво да го измиете од внатре?

spongetrick

Овој генијален трик можете веднаш да го пробате.

Само погледнете го видеото и сигурно ќе посакате веднаш да го повторите истото.

Видео: Босанец вози камион во обратна насока по автопат во Македoнија

Еден Босанец по се изгледа го згрешил патот, па одлучил да вози со шлеперот во обратна насока по автопат во Македонија. Има ли памет, свесен ли е воопшто на колкав ризик е изложен?

bosanec.jpg-500

ЈКП „Водовод и канализација“ ќе замени 10км водоводна мрежа до крајот на 2015

11

Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ до крајот на оваа година ќе замени околу десет километри водоводна мрежа што е во согласност со оперативниот план на ова претпријатие. До сега заменети се 7,5 километри водоводна мрежа која се поставува напоредно со реализацијата на проектот за изградба на нова канализациона мрежа, истакна директорот на ова јавно претпријатие Сашко Николоски. До крајот на оваа година останува нова водоводна мрежа да биде поставена и на краци на улиците „Беровска“ и „Тетовска“.
Николоски во изјава за медиумите додаде дека во 2015 година направени се улиците: „Димо Наредникот“, „Цар Самоил“, „Козара“ и „Кеј 1-ви Мај“.

12

Градоначалникот Ристески истакна дека по завршувањето на проектот за промена на водоводната мрежа кој беше донација од КФВ банка, Владата на Р.Македонија и Општина Прилеп кога беше извршена промена на околу сто километри водоводна мрежа Прилеп важи за град со најдобро водоснабдување.

13

Во таа насока секоја година обврска на ЈКП „Водовод и канализација“ е да биде извршена промена на околу десет километри нова водоводна мрежа онаму каде што има потреба, се со цел да се подобри квалитетот на водоснабдувањето во градот и да се намалат губитоците на вода од водоводната мрежа.

14

Македонското древно светилиште Бигорски манастрир го чествува патронот

Познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, го одбележува 11 септември, денот на отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован.

bbigorskiii

Како што информираат од Бигорскиот манастир, во свештената Бигорска обител вечерва со почеток во 18 часот и 30 минути ќе се отслужи свечена вечерна богослужба, на која ќе биде извршено и монашење на двајца браќа.

Во рамките на одбележувањето на патронот, по богослужбата, почнува свечена програма за 20-годишниот јубилеј од обновата на монаштвото.

Најпрво поздравно слово ќе одржи Архимандрит Партениј, игумен на Свештената Бигорска Обител, а потоа и Архимандритот Нектариј, игумен на Свештената Обител на Св. Наум Охридски.

Според планираните активности ќе биде промовиран зборникот „Бигорски манастир – 20 години возобновено монаштво“ од страна на протоѓаконот доктор Ратомир Гроздановски, по што слово ќе одржи академик Цветан Грозданов.

Митрополитот дебарско-кичевки, господин Тимотеј ќе додели манастирски награди, по што е превиден настап на хорот на Бигорскиот манастир и гудачки квартет од Македонската филхармонија.

Утре, на денот на патронот, во 7,30 часот ќе започне утринската богослужба, а со Света архиерејска Златоустова Литургија, која почнува во девет часот ќе чиноначалствува неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, во сослужение со надлежниот митрополит Дебарско-кичевски, неговото високопреосвештенство, г. Тимотеј и други архиереи на МПЦ-ОА.

Традиционлано, по повод патронот во Бигорскиот манастир, престојуваат повеќе стотици верници од сите делови на државава, кои овде доаѓаат неколку дена пред празникот, но најмногу вечерва и утре.

ВИДЕО: Митрополит нокаутираше постара жена

Митрополитот на Црногорска православна црква, Михајло Дедеиќ, денеска два пати удри постара жена, прво кога бабата му застана на пат, а потоа и кога поминуваше покрај неа.665283_1ac42cfd5ca42bb464a07ac07bc9e213_f

Инцидентот се случи во пресрет на јавната дебата за нацрт-законот за верска слобода, кој денеска треба да се одржи во Котор.

На снимката се слушаат насобраните граѓани, кои со погрдни зборови го исраќаат митрополитот Михајло.

Привршуваат активностите околу чистењето на собирниот канал

1

Во заврша фаза се активностите околу чистењето на собирниот канал на потегот од населбата „Варош“ до населбата “Тризла“ во должина од 1,3 километри кој околу две до три децении не бил исчистен, истакна градоначалникот Ристески при посетата на населбата „Тризла“.
Со реализацијата на овој проект ќе се исчисти собирниот канал при што ќе се зголеми неговиот капацитет за прием на атмосверските води од обилните врнежи. Градоначалникот Ристески во својата изјава пред медиумите додаде дека како нареден проект кој ќе започне да се реализира во оваа населба е втората фаза од изградбата на каналализационата мрежа.
Директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Сашко Николоски истакна дека ова е партнерски проект на UNDP, Општина Прилеп и ЈКП „Водовод и канализација“ а со негова реализација ќе се овозможи дождовните води кои паѓаат на Маркови Кули да бидат собрани и одведени до Дабничка Река, со што ќе биде решен еден голем проблем при надоаѓањето на поголеми количини на вода.

2

3

4

За плати на фудбалерите клубовите трошат неверојатни 5,5 милијарди евра годишно

Најплатениот фудбалер доаѓа од Примера, а тоа е Кристијано Роналдо кој за една сезона добива 21 милион евра од Реал Мадрид.

plati-500

Примањата на фудбалерите се зголемиле за 33 проценти. Просечната годишна плата на играчите во светот изнесува 361.000 евра.

Според извештајот на ФИФА, најдобро плаќаат Шпанците. Кај нив фудбалерите годишно во просек добиваат по 780.000 евра. Најплатен играч е Кристијано Роналдо кој за една сезона добива 21 милион евра. Податоците на ФИФА откриваат дека клубовите повеќе трошат за плати, отколку за трансфери.

Во 2014-та година клубовите во светот потрошиле неверојатни 5,5 милијарди евра за плати, додека за трансфери потрошиле 4,1 милијарда евра.

При трансферите за само 13 проценти од играчите било платено обештетување, а дури 70 проценти од нив го смениле клубот без компензација.

Фудбалските менаџери можат да се пофалат дека добро заработуваат. Од провизиите при трансферите менаџерите за една година заработиле 212 милиони евра. Најдобриот договор во кариерата фудбалерите го потпишуваа на 28-годишна возраст, а потоа нивните примања обично паѓаат.