На скоро секој митинг, новиот американски претседател не штедеше зборови за контроверзниот милијардер Џорџ Сорос и неговите длабоки корупциски врски со демократскиот естаблишмент.
Тој целосно ги разголи левицата и СОРОС по што освои победа на изборите.
-Тоа се луѓето кои имаат глобален интерес и секојдневно принудуваат илјадници илегални мигранти да се селат од земјите, затвораат фабрики и рабoтни места, а работната сила ја префрлаат надвор од државата. Единствена работа која што ќе го спречи сето ова сте вие, единствени што ќе ја зачуваат оваа земја сме ние и единствени луѓе кои ќе ја спречат корупцијата се Американците, порача Трамп.
СОРОС со огромни суми на пари ја финансираше кампањата на Клинтон.
Во видеото во продолжение, погледнете како Трамп ги соголи овие структури
Кандидатот, независниот експерт, организатор на нелегални борби со кучиња, радикалниот исламист и подбуцнувач на меѓуетнички конфликти Ферид Мухиќ, смета дека не постои друг јазик освен Босанскиот, односно сите други се дијалекти на истиот, и дека Република Српска е најгеноцидното парче земја кое некогаш постоело и треба да се укине, заборавајќи на признанието на неговите сонародници од БиХ дека токму Изетбеговиќ заедно со Клинтон организирале геноцид врз Сребреница за да се оправда нивната интервенција.
Ферид Мухиќ за српскиот јазик, Србите и Српската Република: Сите во Босна мораат да прифатат дека се Босанци, и тоа е така и тука нема разговор, бидејќи сите зборуваат на босански јазик. Српскиот и хрватскиот јазик се само источна и западна варијанта на босанскиот јазик, кој е стандардизиран со правопис околу 200 години пред речникот на Вук.
По повод српското оспорување и нападот на босанскиот јазик, тој вели дека Бошњаците мораат да покажуваат гнев а не бес: гневот е моќ, отвара очи, исправа неправда, ја враќа свеста и самопочитта. Треба како Англичаните, кога ги нападна Хитлер да се пролее крв, пот и солзи, но да се одбрани својата и наша Босна. Република Српска е најкрвавото парче земја на планетата и уште има во своето име одредница Република, тоа е чист државен атрибут. Тоа треба да се укине така што постојано треба да се вика дека тоа е геноцидна креација.
Ваквите радикални, исламистички ставови Ферид Мухиќ ги дополнува и дообјаснува во неговото последно дело „Исламската иднина на Европа“, во која тврди дека Европа на крајот ќе мора да се соочи со неминовната исламизација и да го прифати поразот.
Реторика, чија најголема сличност може да се најде токму во пропагандните пораки на ИСИС.
Сепак, останува прашањето дали за ова Заев знае, и дали свесно застанува позади ваквите радикални ставови и гледишта на Мухиќ.
Во ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп денеска се одбележа „Денот на јаболкото“. Одбележувањето е во рамки на кампањата „Здрава храна за детство без мана“. Преполни штандови со производи од јаболко, многу насмеани детски лица, дружење и забава, сето тоа беше споено во рамките на одбележувањето на „Денот на јаболкото“, кој се организира по петти пат во ООУ „Блаже Конески“. Собраните средства, од продажните штандови, ќе бидат наменети за потребите на училиштето во дополнително доопремување посочи, Марија Дулеска директорка на основното училиште.
Манифестацијата ја посети и градоначалникот Марјан Ристески, кој ја пофали креативноста на децата и вклученоста на наставниците и родителите, како и нивната поддршка во кампањата за здрава храна
Кампањата „Денот на јаболкото“ има за цел е да го поттикне интересот кај децата за здрава и правилна исхрана и е дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ во соработка со Министерството за образование и наука.
„Денот на јаболкото“ е еден од многуте јавни настани како дел од активноста Денови на овошките и зеленчуците од кампањата „Здрава храна за детство без мана“.
Прилично сме сигурни дека од ова видео ќе останете без текст. Се работи за снимка на која се прикажува каскадерска сцена на која се тргнува на лошо и за малце ќе ја “избришеше” половина камерманска екипа.
Оваа морничава акциона сцена е снимена од страна на еден член на филмската екипа, а прикажува момент кога автомобил пробива голем камион. Но многу брзо на сите им беше јасно дека каскадерот во автомобилот вози многу побрзо отколку што треба и прелета многу подалеку, загрозуваќи ги животите на филмската екипа.
Хрватската водителка Еција Ивучиќ плени со нејзиниот сексипил и убавина. Таа е сигурно меѓу најубавите водителки на Балканот, а со видеото кое го постави на инстаграм му го покачи притисокот на своите следбеници.
Флавио Цернеску од Романија е зависник од адреналин и обожува да се качува на високи места. Но овој пат ги премина сите граници и се качи на висина од 280 метри.
Флавио одлучил да се качи на оџак на напуштена нуклеарна електрана. Бидеќи електраната повеќе не работи, нејзините остатоци се оштетени и напуштени. Сепак тоа не претстаувавше проблем за овој храбар Романец.
Симпсонови многу пати успеале да ја предвидат иднината, но дури ни авторите на оваа култна серија веројатно не претпоставувале дека ќе го видат Трамп на местото претседател на САД.
По победата на Доналд Трамп на претседателските избори, вреди да се потсетиме на епизодата “Барт во иднината” која е емитувана во Март 2000 година.
“Нашето предвидување беше дека тој ќе биде претседател уште во 2000 година, но секако Трамп беше најинтересен лик, име кое ни служеше за шега во тоа време” рече Мет Гронинг.
Лош ден за Зоран Заев. Во предвечерието на американските претседателски избори лидерот на СДСМ Зоран Заев јавно го соопшти својот став дека тој и неговата партија навиваат за победа на демократите, како и дека се надеваат на победа на Хилари Клинтон која би станала првата жена претседател на Соединетите Американски Држави.
Заев беше гостин во 24 Анализа со Мишко Иванов на ТВ 24 Вести, а домаќинот го замоли да даде своја прогноза за изборите во Америка кои тукушто беа започнати.
-Навиваме ние за демократите. Се надеваме дека Америка ќе има женски претседател, истакна Заев.
Експертите кои ги консултиравме сметаат дека Зоран Заев чисто од опортунистички причини решил јавно да го поддржи кандидатот кој имал најголеми шанси за победа, со цел да му се умилкува. „Затоа е насмеан како да се слика за пасош“, вели еден коментатор на фејсбук на видеото од одговорот на Заев кое се појави на интернет.
Други коментираат дека јавното застанување на Заев против Трамп и поддршка на Хилари Клинтон е своевиден реванш за ангажманот на западни дипломати блиски до Клинтон околу Заев и СДСМ, како и помошта која ја добиваат од нив. Трети пак велат дека не се работи ни за едното, ниту за другото туку едноставно Заев е влезен во серија на грешки кои ќе кулминираат на изборите на 11-ти декември.
СДСМ не само што навиваа за демократите и се надеваа дека Хилари ќе победи, туку и активно учествуваа во кампањата на Клинтон.
„Претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев е во студиска посета на Вашингтон, Соединети Американски Држави, како дел од кампањата на Хилари Клинтон, кандидатка за претседател на САД од Демократската партија“ – ова стои во официјалното соопштение на партијата со кое СДСМ уште пред неколку месеци го зазеде својот став во однос на американските избори.
Но синоќа за прв пат претседателот Заев јавно настапи против Трамп, а во поддршка на Хилари.
Изминатава недела воопшто не беше добра ниту за Заев ниту за СДСМ. После скандалозните пратенички листи, јавните критики и оставки од високите функционери кои не се најдоа на истите, жестоките коментари од активистите и симаптизерите и распаѓањето на опозиционата коалиција, сигурно на Заев и СДСМ добро ќе им дојдеше победа на нивниот пулен Хилари Клинтон и гаранција дека поддршката за СДСМ и нивните „акции“ ќе продолжи.
Шансите за тоа, велат експертите, сега се драматично намалени. А после изборите на 11-ти декември, веројатно и потполно ќе исчезнат.
Утрово прилепчани беа згрозени од варварски чин на уништување на приватни имоти кои се користат за потребите на месните комитети на владеачката партија. Ваквиот блам потекнува од немањето на програма за престојните избори, како и од предвременото соочување со изборниот пораз, се вели во денешната пресконференција на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи кон опозиционерите од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп апелираат за воздржаност на нивните членови и ги повикуваат граѓаните да го казнат СДСМ на изборите на 11 декември со тоа што ќе гласаат за дела и проекти, а не за уништување на општествен и приватен имот.
“Пред 5 месеци уништуваа објекти од јавен интерес и национални споменици! Да ве потсетиме: ја уништија новата зграда на Локалната самоуправа-најубавата во Македонија! Го уништија плоштадот “Методија Андонов -Ченто”, споменикот на Итар Пејо. Синоќа уништиле штабови од ВМРО-ДПМНЕ! Тие се места од кои доаѓаат идеите за подобар живот, идеи од кои се изработува програма, во која има проекти за сите! Но, нашите очајни противници повторно ја продолжуваат старата пракса! Демолирање и уништување! Знаеме дека и овај пат ова ќе биде брутално казнето на 11 декември! Заради оваа негативна енергија, наспроти делата и проектите. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 63 пратеници!”, стои во пресконференцијата на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп.