Привршуваат активностите околу чистењето на собирниот канал

1

Во заврша фаза се активностите околу чистењето на собирниот канал на потегот од населбата „Варош“ до населбата “Тризла“ во должина од 1,3 километри кој околу две до три децении не бил исчистен, истакна градоначалникот Ристески при посетата на населбата „Тризла“.
Со реализацијата на овој проект ќе се исчисти собирниот канал при што ќе се зголеми неговиот капацитет за прием на атмосверските води од обилните врнежи. Градоначалникот Ристески во својата изјава пред медиумите додаде дека како нареден проект кој ќе започне да се реализира во оваа населба е втората фаза од изградбата на каналализационата мрежа.
Директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Сашко Николоски истакна дека ова е партнерски проект на UNDP, Општина Прилеп и ЈКП „Водовод и канализација“ а со негова реализација ќе се овозможи дождовните води кои паѓаат на Маркови Кули да бидат собрани и одведени до Дабничка Река, со што ќе биде решен еден голем проблем при надоаѓањето на поголеми количини на вода.

2

3

4




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.