дома блог страница 5059

ЧУДО НА ПРИРОДАТА: Ова бебе е родено со црно-бела коса, погледнете како изгледа денес (ФОТО)

И додека повеќето бебиња се раѓаат без коса, таа е родена со црно-бела коса. Малата Милиана е четврта генерација на женски деца родени со ист бел прамен.

 

profimedia-beba-naslovna-640x609

Но, не е само таа со ваков прамен, Милиана е четвртата генерација на женски деца кои се раѓаат со овој голем бел прамен на косата.

miliana

Сличен но помал прамен имаат нејзината 23 годишна мајка Брајана, 41 годишна баба Џенифер и 59 годишна прабаба Џоан.

– Не сме сигурни колку генерации наназад женските деца го имале овој прамен на главата. Знаеме само за нас четири, затоа што мојата баба била посвоена, па никогаш не си ги запознала своите биолошки родители. Се надевам дека и мојата ќерка Милиана ќе има иста вакав коса – раскажува гордата мајка Бријана од Јужна Каролина, САД.

beba-galerija

ВИДЕО: 10 најлоши запросувања – погледнете како се избламираа овие мажи

prosidba-foto-printskrin-1466679980-935473

Запросувањето се планира со денови, па дури и можеби со месеци.

Овие луѓе засекогаш ќе ги паметат девојките кои ги запросуваа, затоа што не поминаа баш најдобро.

Некои беа одбиени, додека на другите им сметаа временските неприлики.

 

ВИДЕО: ЗАСТРАШУВАЧКИ: Земјата проголта камион за неколку секунди

screenshot_3-17-640x380

Во последно време се почести се појавите на рушење на тлото, и тоа не само во природата туку и во градовите, на големите крстосници.

Но многу често и во рудниците, по обилна експлоатација, се случува земјата едноставно да попушти.

Ф.Г.

 

Американците гласаат и од вселената

screenshot_6-15

За тоа колку се важни претседателските избори за американците покажува овој потег на космонаутот на НАСА.

НАСА соопшти во понеделникот дека космонаутот Шејн Кимброу гласал во Меѓународната вселенска станица. Тој стигнал до станицата во средината на октомври. Пред да биде лансиран во вселената , Кимброу изјави дека ќе биде посебно тоа што ќе каже “гласав од вселената”.

НАСА наведе дека ова не е единственото гласање од вселената. Кејт Рубин исто така гласала од вселената на претходните избори, две недели пред да се врати на земјата.

 

Ф.Г.

НЕМА ВЕЌЕ БЛОКИРАЊЕ НА СМЕТКИ: Од 1-ви јануари престанува блокирањето на сметки на граѓаните!

На 1 јануари стартува вонсудската наплата за комунални долгови, која ке им овозможи на должниците да ги избегнат ненајавените блокирања на сметки и плаќање на огромни камати преку извршител. Иако Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Стопанската комора бараа одложување на примената на одредбите од новиот закон за извршување за дополнителни шест месеци, сепак тој ќе стапи на сила со стартот на новата година. Претседателот на ОРМ во изјава за Вечер вели дека тие нема да запрат со своите барања, но свесни се дека успех може да се очекува по изборите и формирањето на нов парламент односно откако ќе почне примената.

komora-5

– Компаниите не се задоволни од решението во законот според кое извршителите за предмети со вредност над 10.000 евра треба да ги застапуваат адвокати наместо како досега правници од правната служба поради што и бараат одложување за уште шест месеци, вели претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Ваквата промена на која реагираат компаниите поради фактот што имаат голем број на вработени правници кои по ова ќе останат без работа, на граѓаните им се од корист. Од 1 јануараи извршителите повторно ќе се јавуваат, но нема да блокираат сметки туку ќе бараат подмирување на долгот во рок од 15 дена. Извршителите велат дека присилна наплата ќе има само доколку не се плати долгот во предвидениот рок даден од нивна страна.

 

ВИДЕО: Болничарите ја нарекувале палчица: Се изненадиле кога ја виделе по 12 години

screenshot_1-28-640x383

Кенадин Хурдин-Бромли е родена со многу мали димензии. Болничарите ја нарекувале палчица, но останале без збор кога ја виделе 12 години покасно.

Ф.Г.

 

ВИДЕО: Застрашувачко превртување на кинески танкер кое ќе ви ја заледи крвта

sea-696x418

На бреговите во близина на Нов Зеланд се случила голема трагедија, голем кинески танкер кој пренесувал контењери, удрил во корален брег и се превртел.

Во продолжение погледнете го видеото кое е снимено од хеликоптер, на кое се прикажува како брод кој пренесува 1368 контењери, околу 1700 тони нафта и 200 тони дизел се превртува .

Ф.Г.

Се богателе од лажни платежни картички во Прилеп и Битола

paridenari1yj6uj65u5665

Петмина македонски државјани од Битола и Прилеп се осомничени дека скимирале платежни картички на банкомати, односно вградувале апарати за читање на податоци што подоцна ги користеле за изработување на лажните платежни картички што биле употребувани во Македонија и во странство.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во денешното соопштение наведува дека донело Наредба за спроведување на истражна постапка против пет македонски државјани од Битола и Прилеп. Осомничените се товарат дека сториле кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело“, “изработка и употреба на лажна платежна картичка” и „злосторничко здружување“ по одредби од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 – Скопје за четворица од осомничените доставил предлог за определување мерка – притвор, додека за едно лице предложи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

 

Прилепчани масовно ги посетија храмовите: Се празнува празникот „Св. Великомаченик Димитриј – Митровден“

2

Градоначалникот Марјан Ристески, вчера вечер присуствуваше на вечернa богослужба по повод празникот „Св. Димитрија“ во црквата „Св. Димитрија“ во населба Варош. На сите православни верници им го честита празникот им упати искрени честитки и мигови на разбирање, љубов, надеж и бериќет во секој дом.

6

1

5

4

3

По повод денешниот празник, градоначалникот Ристески, денеска ги посети повеќето цркви и манастири во градот и во населените места.

Тешка сообраќајка на патот Градско-Прилеп, има повредени

ewgrweahetrjktu

Едно лице е тешко повредено при сообраќајна несреќа која се случила синоќа во Росоман, информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Како што соопшти таа, сообраќајката била во 17.45 часот, на магистралниот пат Градско-Прилеп, во  Росоман.

– Во неа учествувале патнички автомобил марка „фиат уно“ со регистерски ознаки од Кавадарци, управуван од 59-годишен жител на Битола и патнички автомобил марка „сеат кордоба“ со регистерски ознаки од Кавадарци, управуван од 34-годишен жител на Кавадарци, појасни Стојковска.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкиот автомобил марка „фиат уно“, кој бил пренесен во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, заради укажување лекарска помош.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес