Ловци снимиле видео од неодамнешниот катастрофален земјотрес во Италија.
Земјотресот беше со јачина од 6,6 степени по Рихтер, а епицентарот бил во планинските делови на Италија. Ловците се наоѓале на еден дел од планината, а на видеото се прикажува целата сила која ја пружа природата. Италјанските медиуми пишуваат дека ова е најсилниот земјотрес во последните 40 години во Италија.
На свадбениот ден, Диого Болант од Бразил сакал да направи нешто посебно за ќерката на својата идна сопруга. И навистина успеа во тоа да приреди прекрасно изненадување.
За време на церемонијата, грижливиот маж клекна на колено и подавајќи прстен на малечката Исадора и ја запраша: „Дали се согласуваш да ми бидеш ќерка засекогаш?“. 6-годишното девојче со солзи радосници во очите одговори „Да“.
Сексипилната Хрватка никогаш толку многу не го истакнала бујното деколте. Атрактивната Андреа Шушњара, во последните неколку години пејачка на групата “Магазин”, oткако се појави на естрадата привлекува со гласот и сексипилот, но нејзината најнова фотографија е најпровокативна од сите.
Државниот архив на Република Македонија поседува 15.000 досиеја, во 630.000 страници направени од страна на тајната полиција во периодот од 1945-2000 година. Околу 120.000 досиеја се знае дека се направени но ги нема. Се претпоставува дека дел од нив се уништени а дел од нив се отстранети.
Државниот Архив на Република Македонија неодамна објави дел од овие досиеа под наслов „Црните страници на УДБА“. Оваа едиција се состои од 9 тома,составени од 16 книги на кои се пренесени 202 досиеја.
Прислушувани биле познати личности во Македонија од разни сфери на делување.
Ниту уметниците не останале имуни на прогонот на тајната полиција. Во 6-от том се опфатени 19 досиеја и тоа на Шишков, Колозов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Миле Неделковски, Бранко Варошлија….како и други македонски културни дејци. Ангажирани биле нивни секретарки на работа и соседи дома да ги надгледуваат и да пренесуваат информации на тајната полиција. Уметниците биле следени преку особено добро организирана мрежа. Исто така се цензурирале песни, во никој случај не смеела да биде спомената идејата за обединета Македонија или пак за Егејците.
Ѓорѓи Колозов бил кодошен уште во деновите додека студирал од свои колеги.
Бил обвинет за бугарофил. Во дел од текстото од досието на Колозов пишува дека постојано ја посетувал Софија, па дури и во неколку наврати на факултетот за драмски уметности зборувал на бугарски со свој колега.
Етихад, стадионот на Манчестер Сити е итно евакуиран пред вечерашниот дуел со Барселона.
Играчите, персоналот и фановите се евакуирани од стадионот само неколку часа пред започнување на натпреварот. Евакуацијата започнала кога сензорот за пожар го активирал алармот.
Дали станува збор за терористичка закана или нешто друго сеуште нема информации .
Четириесет и шест годишниот Американец Калил Рафати сопственик на ланецот продавници за здрава исхрана е само доказ за човек кој од бездомник станал милионер.
Тој е сопственик на продавниците„sunlife“кои продаваат исклучително здрави сокови низ цела Америка, во својата книга „јас заборавив да умрам“ пишува дека пред само 13 години тој се борел со зависноста од дрога и имал само 48 килограми и бил потполно сиромашен, а денес е еден од најбогатите луѓе во регионот каде што живее.
Еден предлог од негов пријател да отвори индустрија за производство на природни сокови му го сменило начинот на размислување како и враќање на довербата. Неговиот бренд е веќе развиен и во Холивуд, а веќе е во преговори и за отворање на нови продавници во неговиот роден крај Малибу.
Експлатацијата на големи количини нафта за време на владеењето на Гадафи, создаде огромно богатство кое сега го нема.
Се шпекулира дека голем дел е сеуште на сметките на поранешниот либиски лидер, но што е со остатокот од богатството?
А во позадина секако стои Велика Британија, која низ цела историја ги уништувала малите и богати земји и им го ограбувала богатството.
Приврзаниците на Моамер ел Гадафи, вклучувајќи ги и воените команданти, кои се поврзани со созадавањето на “револуцијата” , живеат во Велика Британија и уживаат во богатството на либиската држава.
СОУ „Ѓорче Петров“ го заврши уредувањето на дворното место. Станува збор за партерно уредување, патеки со бекатон плочки и хортикултурно уредување на училишниот двор со четири парковски површини, кои ja обиколуваат зградата на средното стручно училиштe.
– Оваа е инвестиција е вредна околу 200 илјади денари, се со цел училиштето да има поубав изглед и да биде попријатно место за учениците и професорите. Останува уште да се уреди паркинг просторот во училиштето и да се постави енергетско- ефикасно заштитана фасада. Досега преку различни проекти и буџетски средства во ова училиште имаме инвестирано околу 500 илјади евра – истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески при посетата на СОУ „Ѓорче Петров“.
Поради специфичноста на земјената површина за уредување на парковските површини и дворното место ,во СОУ Ѓорче Петров,беше користена земја од градскиот стадион, кој е во изградба. Со помош на ЈКП “Комуналец“ ,кои помогнаа и идено во реализацијата на парковските површини,ова училиште денеска веќе има уреден двор,пријатен за одмор.
Една фотографија од београдски автобус ги збуни многумина. Поточно ги збуни дедо кој со специјален бастум влезе во јавниот превоз.
Луѓето се прашуваа дали е тоа стап, оружје или играчка, а станува збор за бастум. Тој од детска играчка калашњиков си направил стап за да се движи полесно.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави двојазичност низ цела Македонија и јавно признава дека на тој начин очекува албански гласачи за СДСМ. Во трката по албанските гласови, партијата на Али Ахмети, ДУИ, ветува поголеми права за Албанците во Македонија.
Заев и Ахмети стануваат ривали во борба за албанските гласачи во пресрет на изборите закажани за 11-ти декември.
Додека овие двајца партиски лидери се во жестока битка за додворување на Албанците, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заради заштита на националните интереси, бара 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ.
На Заев и Ахмети воопшто не им е грижа за интересите на македонскиот народ, па почнаа со него срамно да лицитираат со речиси поклопени агенди.
Нивните планови за иднината на Македонија се доста слични, но сепак Ахмети го предупреди лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, дека нема право да ги бара гласовите на Албанците.
Ахмети промовираше пет заклетви како дел од својот план, а дел од нив Заев веќе ги антиципираше и им ги нудеше на Албанците во замена за нивните гласови.
Ахмети: Македонците ќе бидат малцинство – Или целосна еднаквост или нема Влада
Во говорот на Ахмети не изостанаа радикалните пораки зборувајќи за однесувањето кон Албанците во Македонија.
– Ќе дојде време кога Албанците ќе се борат против некоја неправда што му е направена на Македонец, кога Македонците ќе бидат малцинство. Убеден сум дека тоа време ќе дојде, рече лидерот на ДУИ.
Тој испрати порака дека нема да прифатат ништо помалку од целосна еднаквост, консензуално одлучување, албански јазик да биде официјален во целата држава…
Уште пред Ахмети овие најави, македонската јавност ги слушна од Зоран Заев. Тој рече дека ќе ја направи двојазична цела Македонија, договара и преговара за федерализација на земјата, а огромен број пати докажа дека македонските национални интереси се нешто за што тој е подготвен да се пазари.
Само ДУИ и СДСМ сакаат двојазична Македонија
Јавноста се крена на нозе по најавите на Зоран Заев дека секој град во Македонија ќе биде двојазичен. Албанскиот јазик, Заев сака да го прогласи за официјален на цела територија. Ваквите најави започна да ги спроведува и сам, поставувајќи табли испишани на албански јазик во партиските седишта на СДСМ во скопски населби. Двојазична Македонија е интересот и на Али Ахмети, кој тоа јавно го бара и најавува. Но, граѓаните на Република Македонија јасно и гласно порачуваат дека нема да го дозволат тоа.
Заев ќе ја редефинира Македонија, Ахмети бара консензус за СЕ
Ахмети со изборната платформа всушност на мала врата најави проширување и надградба на Рамковниот договор, односно преку проширувањето на консензуалното одлучување и издигнувањето на албанскиот како втор службен јазик во цела Македонија лидерот на ДУИ бара промена на системот. Во спротивно, од ДУИ го повторија ставот даден за „Дневник“ во пресрет на изборите што требаше да се одржат на 5 јуни дека и да победат на изборите, нема да бидат дел од Владата доколку за победничката македонска партија е неприфатлива нивната платформа. Ахмети сака бинационална држава, а од македонскиот блок ги дели интересите и плановите со Зоран Заев кој го најави токму ова велејќи дека е време за редефинирање на Македонија.
Траен мандат на СЈО, Јанева да им води кампањи
Али Ахмети испрати порака дека специјалното јавно обвинителство треба да има траен мандат и СДСМ да не ги чепка гласовите на Албанците бидејќи ништо не сторил кога на Албанците им било најтешко. Да може Јанева со неограничен мандат да работи е најголема желба и на Зоран Заев. Нејзините настапи повеќе наликуваат на партиски прес-конференции од Бихаќка, па таа им ја води кампањата на СДСМ, во нивен недостаток на програма. СЈО е главен сојузник на СДСМ. Траен мандат на СЈО и воведување на паралелни институции значи уривање на државата. Тоа на граѓаните им е сосема јасно, а јасно е дека Заев и Ахмети се единствените политичари кои се залагаат за ова.
Ахмети сака веднаш во НАТО, а Заев да ја свиткаме кичмата
Партискиот портпарол Бујар Османи за Дневник вели дека ДУИ не сака да биде само победник, туку и одлучувачки фактор.
-Мандатот на ДУИ по изборите ќе биде мандат на заокружување на процесите почнати во 2002 година. Таа мисија има пет трајни цели или пет заклетви од кои нема да отстапиме. Економски развој и економска рамноправност на Албанците, заокружување на прашањето за јазикот, односно албанскиот да биде втор официјален јазик во цела Македонија, како што предвидува Уставот, консензуално одлучување во Собранието и Владата при изборот на претседател на државата, при одлуките за надворешни, внатрешни и регионалните политики и за сите битни прашања во општеството. Четвртата заклетва или точка од која не отстапуваме е владеење на правото, односно СЈО да има мандат до влегувањето на Македонија во НАТО и во ЕУ и целосна имплементација на препораките од извештајот на Прибе. Петтата точка е веднаш во НАТО, вели Османи.
Спорот со Грција за нашето уставно име е нашата единствена пречка за влез во НАТО, како и во ЕУ. Заев за ова уште пред неколку години си го кажа својот став- да ја свиткаме кичмата!
Груевски: 63 пратеници за стабилна Влада
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на националните интереси.
-63 пратеници кои ќе значат силна порака за оние кои го делеа народот. 63 пратеници кои ќе значат крај за заевци и верушевцки. Ќе значат и мнозинство кое ќе значи дека никој нама да има право и можност да го уценуват народот. Со 63 пратеници ќе им покажеме дека нема да има можност за пазарење. Ќе значи полесно спроведување на проектите. Тоа ќе биде голем триумф на народот и огромен пораз за опозицијата, рече Груевски.