За плати на фудбалерите клубовите трошат неверојатни 5,5 милијарди евра годишно

Најплатениот фудбалер доаѓа од Примера, а тоа е Кристијано Роналдо кој за една сезона добива 21 милион евра од Реал Мадрид.

plati-500

Примањата на фудбалерите се зголемиле за 33 проценти. Просечната годишна плата на играчите во светот изнесува 361.000 евра.

Според извештајот на ФИФА, најдобро плаќаат Шпанците. Кај нив фудбалерите годишно во просек добиваат по 780.000 евра. Најплатен играч е Кристијано Роналдо кој за една сезона добива 21 милион евра. Податоците на ФИФА откриваат дека клубовите повеќе трошат за плати, отколку за трансфери.

Во 2014-та година клубовите во светот потрошиле неверојатни 5,5 милијарди евра за плати, додека за трансфери потрошиле 4,1 милијарда евра.

При трансферите за само 13 проценти од играчите било платено обештетување, а дури 70 проценти од нив го смениле клубот без компензација.

Фудбалските менаџери можат да се пофалат дека добро заработуваат. Од провизиите при трансферите менаџерите за една година заработиле 212 милиони евра. Најдобриот договор во кариерата фудбалерите го потпишуваа на 28-годишна возраст, а потоа нивните примања обично паѓаат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.