Ван Гал: Марсијал е тука поради мојот наследник Гигс

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Луj ван Гал изјави дека Антони Марсијал ќе биде од поголема корист на Рајан Гигс, бидејќи мисли дека Велшанецот е негов наследник.

lui-500

Ван Гал го доведе 19-годишниот француски напаѓач за 80 милиони евра со бонуси, но се верува дека Марсијал ќе му се исплати на клубот во иднина.

„Не го земав Mарсијал поради мене, туку поради следниот менаџер на Јунатед“, вели Холанѓанецот.

„Чувствувам дека тоа ќе биде Гигс“, порача искусниот ван Гал, а пренесеува „Скај спорт“.

Гигс целата играчка кариера ја мина во Манчестер Јунатед, а потоа стана помошен тренер во стручниот штаб на тимот.

За 24 години на „Олд Трафорд“, Гигс одигра 963 натпревари и постигна 168 погодоци.

Освои и 14 титули во Премиер лигата, две Лиги на шампиони, четири ФА купа, три Лиги на купот, девет Комјунити шилд, УЕФА Суперкупот и две Светски клупски првенства.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.