дома блог страница 400

На прилепчанец прво му го украле, па запалиле возилото “рено меган”

-На 03.08.2025 во 19:20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Тризла“ во Прилеп, било пронајдено целосно опожарено патничко возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.П.(57) од Прилеп, кое претходно, истиот ден, било пријавено дека било одземено. Се работи на расчистување на случајот – информираат од МВР.

Во петок “Вечер на унгарски танци и песни” на платото пред ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп

На 8 август 2025 / петок/ од 19.30 часот, на платото пред ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Вечер на унгарски танци и песни, на која ќе настапат фолклорниот ансамбл Ризгетош и оркестарот Фокош. Концертот, кој е повеќегодишна традиција, е дел од пограмата на Центарот, од меѓународна соработка, а се реализира заедно со Здружението на Унгарците Теледом- Македонија, Амбсадата на Унгарија во земјава и Министеството за надворешни работи на Унгарија.

Податоци за изведувачите:

Народниот оркестар од Kishegyes – Rizgetős основан е пред 30 години. Членовите на друштвото се млади, заинтересирани за зачувување на унгарските народни обичаи, култура и народни танци. Во изминатите 30 години со Друштвото работеле најголемите познавачи од Унгарија, благодарејќи на што Друштвото е во постојан развој. Покрај автентичните народни танци, се занимава и со танцовен театаr. Големо внимание посветуваат на постојан развој и зачленување на нови млaди членови. И сега е во тек вклучувањето на една млада, нова генерзција во Друштвото. Секоја година учествуваат на познатиот војводински фестивал за народни танци Gyöngyösbokrа, и по мислењата на стручната фела со години наназад се сметаат за едни од најистакнатите унгарски народни ансамбли од Војводина. Од 2005та година редовно учествуваат на најелитните натпревари за народни ансамбли во Унгарија каде во 2007, 2009, односно 2011та се оценети со оценка за највисок квалитет . Во 2012та се добитници на плакетата Mартин. Главните кореографи на ансамблот се Паќерек Чаба (Patyerek Csaba) и Јовановиќ Паќерек Река (Jovánovity Patyerek Réka)

Народниот оркестар Фокош (Fokos) е формиран во 2010-та во Бечеј- Бојводина.

Во 2012-та година на фестивалот за млади талени “Fölszállott a páva” организиран од Унгарската национална телевизија – “DunaTV” Телевизија стасаа до полуфиналето, благодарејќи на што од градот Бечеј се одликувани за ширење на добриот глас за градот. На овој натпревар ја освоиле и посебната награда за најавтентичеn оркестар, за што добиле 50 часовно наградно студиско снимање во Будимпешта со снимање авторско ЦД. По ова имаат објавено уште 5 ЦД носачи. Во 2018та година оркестарот повторно учествувал на фестивалот “Fölszállott a páva” и тогаш победил во својата категорија. Досега покрај во Војводина и во Унгарија имат дадено концерти и во Македонија (2020 година настапуваа и пред прилепска публика), но и во Австрија, Чешка, Германија, Финска, Белгија Холандија и Велика Британија. Во 2018-та и 2019- та гостувале и во САД.

Oд полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24 % во однос на одлуката од 28.7.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,201%, кај дизелот намалувањето е за 3,334%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,502% и кај мазутот зголемувањето е за 0,626%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,0266%.

Од 5.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,945 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,533 ден/кг и сега ќе изнесува 39,945 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.8.2025 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

„Доручек кој се смее во чинија – Еве каде во Прилеп да го започнете денот здраво и хранливо, а да платите најмалку“

До градската болница во Прилеп, се наоѓа едно топло и гостопримливо катче каде денот започнува со мирис на кафе и свежо приготвен доручек. Brunch Box Café не е само кафе – тоа е доживување што буди, инспирира и храни.

Нивната понуда за појадок е комбинација на вкусна традиција и креативност во чинија. Без разлика дали го преферираш класичниот омлет, богат англиски доручек или нешто поразлично како омлет во тортиља – кај нас секој ќе го најде своето утринско совршенство.

Што може да доручкуваш во Brunch Box Cafe?

🍳 Класик омлет (шунка, кашкавал) – само 120 ден.
🥩 Брaнч омлет (врат, кашкавал) – 140 ден.
🌯 Омлет во тортиља (шунка, павлака, кашкавал, салата) – 140 ден.
     Англиски доручек (јајца, врат, сирење, краставица, домат, кечап, мајонез) – 130 ден.

Ако ти се јаде нешто побрзо, но сепак вкусно:

🥪 Тост со шунка, кашкавал и помфрит – 100 ден.
🥩 Тост со врат, кашкавал и помфрит – 140 ден.
🥬 Веге кроасан (марула, салата, маслинки) – 70 ден.
🔥 Тостиран кроасан (шунка, кашкавал, павлака) – 80 ден.

Секоја чинија е внимателно сервирана, како што се гледа и на фотографиите – бидејќи веруваме дека убавото утро започнува со убава глетка и совршен залак.


Tимот на Bruch Box Cafe ве очекува во нивната летна бавча – место каде што мирисот на свежо кафе и звуците од природата го прават секое утро посебно.

Денеска се празнува Св. Марија Магдалена

Според православниот календар денеска е Св. мироносица Марија Магдалeна.

Света Марија Магдалена црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалена). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа што не се одвои од него дури ни при неговото распнување. По неговото воскресение едно време престојуваше во Ерусалим, а потоа му помагаше на свети Јован Богослов во проповедта на словото Божјо во Ефес, каде и го заврши својот земен живот. Во петтиот век моштите и се пренесени во Цариград.

Блага Марија, според народното верување е сестра на Свети Илија. Празникот посветен на Благата Марија многу е почитуван меѓу луѓето, посебно меѓу жените.

Спаѓа во неподвижни празници и иако не е обележан со црвено во црковниот календар, овој ден не треба да се работи, ниту дома, ниту на поле.

Се верува дека на овој празник жените кои одат во црква, палат свеќи и се молат само за една желба, истата ќе им биде исполнета.

Oгромно БРАВО за општина Битола: 4 милиони денари финансиска поддршка за одбојкарскиот клуб “Пелистер Волеј” (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателот на Одбојкарскиот клуб „Пелистер Волеј“, Марјан Митковски, потпишаа договорот со кој општина Битола обезбедува финансиска поддршка за клубот, со цел поддршка на активностите, развојот и промоцијата на одбојкарскиот спорт во Општина Битола.

Општината со овој договор се обврзува да исплати финансиска поддршка на клубот во две еднакви рати по 2.000.000 денари од сезона.

Првата рата ќе се исплати за сезоната 2025/2026, а втората за сезоната 2026/2027.

Средствата ќе бидат наменети за: трошоци за натпревари, купување спортска опрема и реквизити, трошоци за тренинзи и спортски активности, промоција на спортот и активности за млади, како и административни трошоци поврзани со функционирањето на клубот.

Градоначалникот Коњановски, потенцира дека, „Пелистер Волеј“ не се само одбојкарки. Тие се храброст, страст, борба и гордост за нашиот град. Девојки кои со срце играат за Битола, кои секојдневно го рушат митот дека спортот е само машка арена. Кога поддржуваме девојки што сонуваат, ја градиме Битола што инспирира! – рече Коњановски, потсетувајќи на неговата заложба за поддршката на клубот која ја најави уште минатиот месец.

Од „Пелистер Волеј“, најавуваат дека со добивањето на се поголемата поддршка, насочени се кон подобрување на капцитетите и градење на модерна екипа која ќе биде сериозен и конкурентен тим во следната сезона во Првата Државна Лига на Македонија.

Спектакл во Битола: 10.000 на стадионот “Петар Милошевски” – Aрмин Ван Бурен приреди забава за паметење (ВИДЕО)

Вистински спектакл, синоќа во Битола, на БИТ ФЕСТ. Над 10 000 посетители, уживаа во прекрасниот настап на кралот на електронската и транс музика, Армин Ван Бурен. Со музичкиот спектакл кој се одржа на Стадионот „Петар Милошевски“, Битола за прв пат во својата историја доби настан со А класа светски музички артист и продукција според сите светски фестивалски стандарди.

Настанот беше во организација на Авалон продукција (Avalon international booking), а се реализираше со поддржан од Општина Битола и Битолскотo културно лето БИТ ФЕСТ.

Денеска променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има појава на невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во вторник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси. Од среда ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.

Сообраќајот ќе биде пренасочен низ Прилеп: До среда времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново

Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од утре, 4 август до 16 септември 2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.

Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарички дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од раскрсница кај бензинска станица “Лукоил” до клучка кај бензинска станица “ Салида “), ќе биде целосно затворен за сообраќај од 03 август (недела) од 07.00 часот до 06 август (среда). Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце и ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

“Триумфалната капија” во Старата прилепска чаршија (ВИДЕО)

Со години Прилеп и пазарџиите во градот, кои редовно закупуваат тезги во градскиот пазар, имаат мака од прематарите на земјоделски производи кои доаѓаат од другите градови, најчесто од струмичките села.

Паркирани капиони на секој дел од градот, непрегледност во сообраќајот, а често ќе ги забележите и во центарот на градот, во случајов на самиот влез во чаршијата.

И ај што стојат тука, ај што никој ништо не презема, ниту полиција, ниту инспекциите, згора на се’ овие прематари тука се перат, тука се капат, тука ги извршуваат сите секојдневни активности…

Една слика која не доликува на град во 21 век и треба час поскоро надлежните да си реагираат… Ова е срам и за Локалната самоуправа и за полицијата…