дома блог страница 391

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата донираа парични средства за настраданите граѓани во пожарот во Кочани

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ја покажува својата безрезервна поддршка за нашите сограѓани во најтешките моменти, информираат пратениците.

-Сите пратеници донираа парични средства на Сметката на Фондот за солидарност на Црвениот крст на РМ, со цел да помогнат на настраданите граѓани во пожарот во Кочани.

Број на сметка: 300000001327966
Даночен број: 4030984271620
Банка: АД Комерцијална банка
Назнака: Помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани

-Оваа донација е израз на нашата посветеност кон народот и вербата дека само заедно можеме да ги надминеме предизвиците. Ги повикуваме сите кои се во можност да се приклучат во духот на хуманоста и солидарноста, стои во нивното соопштение.

Мицкоски го посети семејствотo на починатиот возач ХЕРОЈ на брзата помош: Замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме

Денес го посетив семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена, цела ноќ им помагаше на повредените од трагедијата во Кочани, напиша во Фејсбук статус претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

-Во време кога тагата не престанува, неговиот подвиг потсетува дека храброста и човечноста живеат во нашите луѓе. Тоа се нашите херои! Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме. Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните. Вечна ти слава, Иле, вели Мицкоски.

Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани: Учениците од СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп во училишниот двор засадија 59 дрвца (Фото галерија)

Во спомен на своите врсници и останаите 59 жртви во кочанската трагедија, учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп на Денот на пролетта, со во училиштниот двор засадија 59 стебла на јасен, јавор и фоја.

-Во тивките моменти на размислување, се наоѓаме себеси како жалиме за младите животи кои прерано згаснаа во траорната трагедија во Кочани која нема да се заборави никогаш. Во нивна чест, учениците од нашето училиште , засадија 59 стебла на јасен, јавор и фоја во нашиот училиштен двор. Нека почиваат во мир – напишаа од училиштето на социјалните мрежи.

ИТНО! Да и помогнеме на Моника да го победи ракот!

‼️ИТНО‼️ Моника се бори за живот – со вашата донација ќе победи рак!

Мојот рак нема да биде активен !!!

Јас ќе научам да живеам со мојата болест онака како што дијабетичарите, живеат со инсулин.

Донирајте и дајте ми шансата да бидам победник

https://pavelandreev.org/…/cam…/pomos-za-zivot-na-monika

Драги пријатели,

Срцето ми е полно со благодарност кога помислам на сите што ми ја пруживте поддршката досега. Мојата борба против ракот започна со многу страв и неизвесност, но сега имам надеж. По многу размислувања, решив да се лекувам во болницата Аџибадем, каде што ми вратија надеж за живот.

Првично, ми беше објаснето дека терапијата што ми ја препишаа во Хрватска, не може да започне веднаш, но јас се прифатив со целосна доверба. Направив нови прегледи, вклучувајќи ПЕТ скен, магнет и тестови, и за среќа резултатите беа добри. Потоа, радиологот одлучи дека не ми е потребна таргет терапија, туку хемотерапија која ќе ги уништи метастазите.

Во Аџибадем ми рекоа дека мојот случај е решлив, и дека ќе бидам добро ако останам позитивна, а јас ќе се борам со сите сили. Моето лекување продолжува, и без оглед на тоа што операција нема да има, верувам дека со правилна терапија ќе го победам ракот. Ќе живеам, и ќе научам да живеам со мојата болест, исто како што дијабетичарите живеат со инсулин.

Потребна ми е ваша помош за да го продолжам ова патување.
Вашата поддршка значи сè за мене.

Заедно, ќе победиме! Донирајте и дајте ми шансата да бидам победник!
Со љубов,Моника

Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:

https://pavelandreev.org/…/cam…/pomos-za-zivot-na-monika

✅ Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно

Правеле забави додека Македонија тагува, завршија со лисици на рацете

Лишени од слобода две одговорни лица во угостителски објекти затоа што пуштале музика и не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост, соопштија од МВР.

На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл. 387 од КЗ.

Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожар во Прилеп и Ресен

На 21.03.2025 во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Осоговска“ во Прилеп го лишиле од слобода П.К.(51) од Прилеп поради основи на сомнение дека на 21.03.2025 околу 14.30 часот на повеќе места на различни ниви во близина на Прилеп запалил сува трева, при што се запалиле и изгореле дрва, бандера сопственост на ЕВН и сува трева во непосредна близина на куќите.

Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп.

На 21.03.2025 во 13.20 часот во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен ја лишиле од слобода Г.М.(60) од Ресен поради основи на сомнение дека на 21.03.2025 во 12.35 часот кај место викано „Бараки” запалила ѓубре, но огнот се проширил и зафатил простор со сува трева. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Ресен. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Верниот прилепски народ до последно место ги исполни храмовите на Третиот Акатист посветен кон Пресвета Богородица во Великиот пост (Фото галерија)

Во третиот петок од Великиот Велигденски пост во прилепските црковни храмови, се отслужи Големо повечерие на кое се читаше акатистот посветен кон Пресвета Богородица и се освети петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.

Прилепчани до последно место ги исполнија црквите и принесоа петтолебија за здравје и спасение на себе си и своите ближни.

Мајката Црква, премудро одредила, за време на Четириесетницата (Великиот пост), која е време кога ние христијаните треба да вложиме дополнителен труд за духовно усовршување, преку особена служба, која се нарекува Акатист, ние верните да упатуваме молитви и кон Пресветата Богородица.

Црквата од векови не почучувала дека за време на нашиот краток животен век, кој е обременет со многу животни искушенија, за нас е дужеполезно да ја повикуваме за помош Мајката на нашиот Господ Исус Христос, Пресветата Богородица и да ја молиме да го моли својот Син и наш Бог, Исус Христос, да не’ запази од животните бури.

Во деновите, кога се служи овој посебен чин, Акатистот кон Пресвета Богородица (петоците), според православната традиција, верните принесуваат петтолебие од благодарност кон Бога и за здравје на нивните семејства. Меѓу народот, вообичаено се вели: „Испеј си едно петолебие за здравје“

Петолебието е кратка служба на Благодарност, преку која ја изразуваме нашата благодарност кон Бога за сите благослови во животот. Маслото, виното, пченицата и лебовите што се употребуваат во службата ги претставуваат најосновните елементи неопходни за живот. Ова благословување не’ потсетува на чудото на умножување на лебовите и рибите од страна на Христа, со кои нахранил мноштво луѓе.

Ова благословување обично се извршува за време на празнично вечерно богослужение и особено во петоците од Великиот пост.

По службата, лебовите се разделуваат меѓу присутните верници. Овој благословен леб помага против секакво зло, доколку се прима со вера.

Еве како изледаа црковните храмови во Прилеп денеска:

Црква Св. Благовештение – Стара црква

Црква Св. Петка

Црква Св. Кирил и Методиј – Параклис

Прилепчанец сподели одличен ТРИК за да се спречат пожари во ресторани и продавници за брза храна (ФОТО)

Прилепчанец на социјалните мрежи сподели одлично искуство од ресторани во соседна Грција, кое може да помогне да се спречат пожари во угостителските објекти каде се подготвува храна. Имајќи во предвид дека пожарите во кујните се честа појава, овој совет со сигурност може да ја подобри безбедноста во ваквите објекти и кај нас.

-Пред неколку месеци еден пријател ми ги испрати сликиве од соседна Грција. Ги гледав и се чудев зошто и како го поврзале ПП апаратот со хаубата од скарата и оџакот. Имаат поставено и вентил кој е отворен. Кај нас во Македонија немав сретнато нешто слично… гледав само изгорени хауби на скари и црни оџаци. Денес го разбирам значењето колку овој ТРИК можи да помогни во случај на пожар или друга итна ситуација… затоа и го споделувам, кој сака можи лесно да го примени – пишува во својата објава Филип Талески од Прилеп.

Строги контроли на училиштата, градинките и станбените згради во Битола

На одржаниот координативен работен состанок на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски со директорите на основните и средните
училишта во Битола, како и со градинките, се разговараше за состојбите во битолските училишта и градинки. На терен се изведени и вонредни
контроли во изминатиот период, бидејќи сигурноста на децата во овие институции за општина Битола е најважна. Проширените инспекциски надзори опфаќаат проверка на влезовите, ПП апаратите, потребната документација итн.

Од општинскиот инспекторат, преку инспекторот за домување на терен, во координација со станбените сервиси и жителите на зградите, ќе се врши контролирање на ПП апаратите во зградите, нивната исправност и хидрантската мрежа. Од управителите на зградите и станбените сервиси, ќе биде побарано да достават информации за тоа дали зградата има хидрантска мрежа, дали хидрантите имаат црева за вода, колку од зградите поседуваат ПП апарати и дали има лица кои што знаат со нив да ракуваат. Онаму каде што е потребно, општинскиот инспекторат ќе ги задолжи субјектите да постапат согласно законските прописи.

Демант на прилепската болница: Целосно се функционални хидрантите и противпожарните апарати во установата, да не се шири непотребна паника кај граѓаните!

Категорично ја демантираме изнесената објава на социјалните мрежи (21.03.2025 год.), во која е објавена видео-снимка направена во просториите на болницата од страна на лице кое се претставува како „придружник на пациент“. Во врска со наводите изнесени во објавата, ја информираме јавноста дека противпожарната опрема, вклучително и противпожарните апарати и хидрантската мрежа, се целосно функционални. Истите се редовно одржувани и контролирани од овластено друштво за сервисирање на противпожарна опрема – напишаа од прилепската општа болница “Борка Талески”, откако на социјалните мрежи се споделија сомнежи околу исправноста на апаратите за противпожарна заштита во здравствената установа.

Демантот на болницата во целост го пренесуваме во продолжение:
.
Последната контрола и технички преглед на противпожарните апарати и хидрантската мрежа беше извршена на ден 25.12.2024 година, од страна на овластеното стручно лице на компанијата Рени Инженеринг – Скопје, за што постои валидна документација (сервисни картони и фотографии).

За потребите на јавноста, дополнително појаснуваме дека на секое одделение во рамки на установата се наоѓа функционален хидрант, исправен противпожарен апарат, како и соодветен пристап до функционални противпожарни скали.

Оваа установа постојано се придржува до законски пропишаните стандарди и протоколи за заштита од пожари, и ги презема сите неопходни мерки за безбедноста на пациентите, вработените и посетителите.

Апелираме до медиумите да се придржуваат кон професионални и етички стандарди при известувањето и да проверуваат информации пред нивното објавување.

Со почит,
Општа болница Прилеп
21.03.2025 година