дома блог страница 376

Maкедонија ќе ја дочека Полска во Битола во баражот за Светско првенство

Битола ќе биде домаќин на уште еден голем спортски натпревар.

Сениорската женска ракометна селекција на Македонија, во сабота, 12.04.2025 година, со почеток во 19:00 часот во Спортската сала „Боро
Чурлевски“ во Битола, ќе го одигра квалификацискиот бараж натпревар во рамки на Women’s World Championship 2025 – Qualification Europe Phase 2, односно квалификациите за Светското првенство, против селекцијата на Полска.

Продажната цена на влезниците за натпреварот е 100 денари, а средствата ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.

Битолчани уште еднаш ќе имаат можност да гледаат ракомет од светски рамки и да ја покажат својата хуманост на дело.

БОРО БРО е BULLETPROOF во новата песна и видеоспот – Слушнете го најновото дело на прилепскиот рапер (ВИДЕО)

Прилепскиот рапер Боро Бро Блажески минатата година на голема врата се врати на музичката сцена со нови песни и видео записи, а во ист ритам продолжи во 2025 година.

По “Не сме иста класа” која излезе на почетокот од годината, сега популарниот рапер ги изненади фановите со уште едно одлично парче. Песната носи име BULLETPROOF – Supreme, текстот е на Блажески, а ритамот е дело на UNION O.A.K.

Слушнете во продолжение:

За вашите најмали да блескаат за Велигден! Погледнете ја празничната колекција во BABY BOOM (Фото галерија)

Во Старата прилепска чаршија на цветната улица, се најдува бутикот BABY BOOM, едно од најубавите катчиња каде ќе најдете се’ за вашите најмали.

Во пресрет на Велигденските празници, во BABY BOOM веќе врие како во кошница, а има и зошто. Новата колекција веќе пристигна, а изборот на гардероба е умот да ви зајде.

Има буквално се’, и за момчиња и за девојчиња, во секакви бои и комбинации. Вашите најмили ќе заблескаат во празничните денови во најквалитетна и удобна облека.

Наш совет е да побрзате и да ги посетите што поскоро, а дотогаш погледнете дел од колекцијата на модели во продолжение:

(ВИДЕО) Македонска докторка со солзи им се заблагодарува на странските колеги за помошта по пожарот во Кочани

*Објава на Фејсбук страницата „Лабавко“:

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од Израел, Чешка и Србија кои дојдоа уште истиот ден по трагедијата и помогнаа многу на нашите доктори.

Ова е доказ дека и камен би заплакал после оваа трагедија, плачеа и уште плачат и доктори, пожарникари, полицајци, војници…

Одбраната е веќе е друга: За 30 минути само ШЕСТ примени голови

Ракометарите на РК Прилеп во моментов го играат вториот натпревар од плеј-аутот, а противник им е екипата на Тинекс Пролет.

Со враќањето на Филип Велески на терените, значително се подобри и играта во одбраната, па така на ако на првиот натпревар против Борец, за 30 минути игра Прилеп прими 7 голови, денеска мрежата на домаќините во првиот дел беше затресена само 6 пати.

Резултатот на полувреме 9:6, што ветува неизвесен натпревар до самиот крај.

Со победа на овој дуел прилепчани ќе избијат на првото место на плеј-аут табелата, и ќе итаат кон обезбедување на нова суперлигашка сезона.

Уписите во средните училишта ќе започнат од 14. јуни

Првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. Како и во изминатите учебни години учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната учебна година процесот целосно да се дигитализира.

За ова министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска информираше во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа, потенцирајќи дека конкурсот е креиран во соработка со општините.

„Општините имаа обврска да направат анализа на пазарот на трудот и да го известат Министерството за образование и наука за кадарот кој им е потребен. Врз основа на тие информации го креиравме конкурсот, кој е објавен на нашата веб страна и во печатени медиуми“, рече Јаневска.

По однос на полагањето на државната матура, министерката информираше дека оваа година дел од учениците ќе полагаат во холовите и спортските сали во рамки на училиштата, а дел ќе полагаат во амфитеатрите на најблиските факултети, заради поголема објективност на целиот процес.

Рече дека е неопходно да има растојание од 1,5 метар помеѓу учениците, апелирајќи до нив да не се вознемируваат од просторот каде ќе полагаат и да се фокусираат на подготовките.

Полиција од други градови денеска ставаше ред во прилепскиот сообраќај – Еве ги резултатите

-На 05.04.2025 во периодот од 10.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Битола, ОВР Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 81 возач, од кои 22 за возење без возачка дозвола, пет возачи за возење со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, три возачи под дејство на алкохол. Изречени се осум санкции за возила со затемнети стакла без извршен А-тест, три мерки за возење со брзина поголема од дозволената, осум санкции за непрописно паркирани возила, шест мерки за претовар на товар и необезбеден товар, одземени се две возила по 344/4 од ЗБСП односно возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци, одземена е една возачка дозвола по член 341 од ЗБСП…

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – информираат од МВР.

Toшковски “го подбра” Миле Талевски: Умре вашето време кога ќе креневте телефон и вашиот ќе го спасевте (ВИДЕО)

Пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски, на последната седница за пратенички прашања во Собранието, го обвини министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за селективност во истрагата за пожарот во Кочани, при што наиде на жесток одговор.

Талевски го праша Тошковски за притворениот припадник на МВР од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски осомничен за тргување со информации.

-Мислите се уште дека е времето, каде ќе кренете некој телефон и ќе завршите работа и вашиот ќе го спасите. Умре тоа време, заврши. Јас знам дека ви е тешко да го прифатите тоа и дека ви е тешко да се соочите со одговорноста, ама дојде време кога секој што се огрешил да одговара, без разлика дали е градоначалник од ВМРО, дали е градоналник од СДСМ, без разлика дали е министер од ДУИ, што во ваше време беше незамисливо. Не можевте во очи да ги гледате, а не по случајно за нив процес да се води – рече Тошковски.

https://www.facebook.com/reel/1678722979395072

ОД СРЦЕ ЗА КОЧАНИ! Пелистер и Чкембари собраа вредна донација за помош на настраданите од кочанската тpaгедија

Фудбалскиот клуб Пелистер и навивачката група “Чкембари” собраа вредна донација за семејствата на настраданите и повредените од трагедијата во Кочани.

Во соопштението од клубот се вели:

„ФК Пелистер, љубителите на фудбалот во Битола, навивачката група „Чкембари“ го исполнија ветеното. Приходот од билетите од натпреварот од 25. коло на Првата фудбалска лига е дониран за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Исто така независно од натпреварот, навивачката група „Чкембари“ реализираше индивидуална акција во која собра дополнителни средства кои се додадени во донацијата. Нашиот град и нашиот клуб уште еднаш ја покажа својата хуманост и човечност во тешките моменти за нашата земја и нашите граѓани. Да не се повтори…“ 

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО! Во Крушево годинава ќе се одржат Европско и Светско првенство во параглајдинг

Во Крушево оваа 2025 и 2026 година ќе се одржат Светско и Европско првенство за параглајдерство, покрај нив ќе се одржат британското и германското првенство – напиша на ФБ градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

-Официјална потврда добивме дека Крушево е прогласена за светска дестинација за овие спортови! Две меѓународни збиднувања и уште десетина други национални збиднувања со посета на најдобрите светски пилоти од целиот свет токму во нашето Крушево се потврда дека работевме напорно и посветено изминативе години со конкретни одржливи проекти кои значат раст и развој на туризмот, да станеме препознатлива и посакувана дестинација. Продолжуваме да градиме одржлива, напредна и развојна, препознатлива и посакувана дестинација 365 дена во годината – стои во објавата на Христоски.