дома блог страница 371

Мицкоски и Ристески на средба со синдикатите: Владата ќе го прифати секој договор меѓу синдикатите и работодавачите за минималната плата

Денеска Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во кабинетот на Претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите. Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.

-Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31-ви Март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог. Владата останува партнер на работниците и работодавачите и подготвена е на дијалог во секој момент кога тоа ќе биде побарано од страна на страните во процесот – стои во владиното соопштение.

Полицијата приведе четири лица во Кривогаштани – Го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициските службеници

-На 09.04.2025, околу 00:15часот, во с. Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани, ги лишиле од слобода В.Ј.(31), Н.И.(46), двајцата од с.Крушеани, прилепско, З.С.(53) од Крушево и З.К.(36) од с. Кривогаштани, за нарушување на јавниот ред и мир.

Според информацијата од полицијата, тие агресивно се однесувале и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.

По документирање на настанот, против лицата ќе следуваат соодветни пријави – информираат од СВР Битола.

(ВИДЕО) ОДЛИЧНА ВЕСТ! Општина Битола ќе субвенционира по 6.000 денари за полагање за возачка дозвола за младите

Советот на Општина Битола, едногласно донесе одлука за доделување на финансиска помош на граѓаните кои имаат дополнителни трошоци во врска со добивање на возачка дозвола.

Градоначалникот Тони Коњановски рече дека „субвенцијата ќе изнесува 6.000 денари за полагање возачки испит за младите во Општина Битола“.

Овој потег следува откако три месеци во општините од Пелагонискиот регион нема испитен центар за полагање возачки испити. Истече лиценцата на претходниот, а Министерството за внатрешни работи треба да избере нов оператор кој ќе управува со центарот.

“Уште еден важен проблем од кој е засегната Битола, но и регионот е испитниот центар за полагање на возачки испит. На оваа тема, разговарав со Министерот Панче Тошковски и побарав најбрзо можно завршување на постапката. За жал, административните процедури, го одолговлекуваат овој процес, кој е од големо значење за сите идни возачи и затоа лично ќе се заложам колку е можно побрзо да заврши оваа постапка, согласно законските рокови. Ќе ја поддржам секоја иницијатива која ќе биде предложена како времено решение, за што ќе одржам состанок со координаторите на сите советнички групи. Го поздравувам предлогот на СДСМ за 3000 денари субвенција за оние кои полагаат во соседните градови, но имајќи ги предвид трошоците на кои ќе бидат изложени кандидатите, сметам дека оваа поддршка треба да биде двојно поголема. Деталите околу поддршката ќе ги прецизираме после денешниот состанок со претставниците на авто школите и одржаниот состанок со координаторите на советничките групи, за да можеме да планираме и соодветен буџет на седницата за ребаланс на Буџетот”, истакна Коњановски.

Конечно се најде функција и за Бунтур: Еве каде ќе директорува!

Лидерот на „Македонски концепт“ и коачиционен партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески е именуван за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – „Еразмус“.

Агенцијата управува со значаен фонд на средства, од кои најголем дел доаѓаат од програмата „Еразмус+“ на Европската Унија. Програмата има за цел да го поддржи образованието, обуката, младите и спортот во земјите од Европа, меѓу кои и Македонија.

Богојески доаѓа на местото на досегашниот директор Марко Ѓоргиевски, кој раководеше со институцијата од ноември 2020 година.

„Со особена чест и чувство на одговорност ве информирам дека ја примив Одлуката од страна на стручниот Управен одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со која на Јавен повик сум избран на позицијата директор на оваа важна национална институција. Овој предизвик го прифатив свесно и одговорно, не затоа што е лесен, туку токму поради комплексноста и сериозноста на задачите што произлегуваат од образовниот сектор, особено во рамките на европските образовни програми.

Искрено благодарам за довербата што ми е укажана од страна на членовите на Управниот одбор. Би сакал да изразам благодарност и почит и кон мојот противкандидат за конструктивното учество во јавната постапка, како и кон досегашниот директор за неговата посветеност и придонес во развојот на Агенцијата.

Официјалното примопредавање на обврските во рамки на ЕУ, во присуство на претставници на Европската Комисија, ќе се одржи на 15 мај 2025 година во Варшава, Полска.

Во согласност со новите професионални ангажмани, моите позиции како професор на Воената академија во Скопје и на Универзитетот за мир на Обединетите Нации ќе бидат привремено ставени во мирување, иако ќе продолжам активно да учествувам во наставниот процес и да работам со студентите“, напиша Богојески на својот фејсбук профил во објава.

Се ближи Велигден – Нова колекција за вашите најмили во бутикот со најдобар вкус за дечиња (Фото галерија)

Во Старата прилепска чаршија на цветната улица, се најдува бутикот BABY BOOM, едно од најубавите катчиња каде ќе најдете се’ за вашите најмали.

Во пресрет на Велигденските празници, во BABY BOOM веќе врие како во кошница, а има и зошто. Новата колекција веќе пристигна, а изборот на гардероба е умот да ви зајде.

Има буквално се’, и за момчиња и за девојчиња, во секакви бои и комбинации. Вашите најмили ќе заблескаат во празничните денови во најквалитетна и удобна облека.

Наш совет е да побрзате и да ги посетите што поскоро, а дотогаш погледнете дел од колекцијата на модели во продолжение:

Шок во Монте Карло: Новак елиминиран уште на стартот!

И натаму нема ништо од 100-тиот трофеј за Новак Ѓоковиќ. Имено Србинот попладнево беше поразен и со тоа елиминиран уште на стартот од АТП Мастерсот во Монте Карло. Алехандро Табило од Чиле, успеа да слави со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4) и со тоа го елиминираше најдобриот тенисер во историјата.

Интересно, ова беше нивни втор дуел и втора победа за Чилеанецот. Мечот траеше час и половина, а освен на стартот Новак подоцна ги покажа сите свои слабости кои ги има во последните неколку месеци. Во вториот сет Табило постојано беше во предност и на крај заслужено победи.

Кривични пријави за тројцата чешки државјани, кои беа фатени како ископуваат артефакти во мариовско

-СВР Битола поднесе кривична пријава против J.M.(25), M.Х.(47) и Ф.K.(52), сите од Република Чешка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

На 03.04.2025 на место викано „Брест“, мариовско, пријавените биле затекнати во намера да вршат ископ на добра под привремена заштита и културно наследство или природна реткост, а при претрес во куќата каде престојувале биле пронајдени и одземени предмети кои што се користат за ископ на културни добра под привремена заштита, како и монети, златна обетка и прстен од извршен ископ во подрачјето во кое се затекнати лицата – информираат од СВР Битола.

Значително намалување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 % во однос на одлуката од 8.04.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,268%, кај дизелот за 4,580%, кај екстра лесното масло за 4,570% и кај мазутот намалувањето е за 3,281%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3532%.

Од 10.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 38,965 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,041 ден/кг и сега ќе изнесува 38,965 ден/кг.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ВО ПОХОД ПО ЕВРОПА

Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Франција започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе викендов пред нов предизвик. Во Франција на патеката Сан Жар Ду Гард, тој ќе го започне својот најнов поход на ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 11 трки. Шампионатот започнува на 12.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.

Стефановски и годинава ќе се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки. Стефановски е победник во Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1. Тој и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат.

„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат и во овој шампионат. Благодарност до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори, до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка, вели Иџе.

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе лани забележа успех и заврши како прв во својата група на Европскиот шампионат на ридски патеки. Тој со своето Ферари 488 Челинџ Ево заврши на лидерското место пред Чехот Рони Братшчи кој беше втор. Третото место му припадна на Хрватот Домагој Перековиќ.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат силно верува во него. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.

Црногорецот останува во Прилеп, стави потпис на договор до 2027 година

Eден од најдобрите поединци во изминатите две сезони во редовите на РК Прилеп, Црногорецот Владан Кастратовиќ, стави потпис за продолжување на соработката со клубот до 2027година.

27-годишниот среден бек кој од 2021 година е во Македонија, играше за Струга, Охрид и Куманово, а од 2023 година е дел од прилепската екипа.

Во натпреварите секогаш дава се’ од себе, па токму затоа е важен дел од тимот кој го води Страшо Илиески.