дома блог страница 372

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ВО ПОХОД ПО ЕВРОПА

Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Франција започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе викендов пред нов предизвик. Во Франција на патеката Сан Жар Ду Гард, тој ќе го започне својот најнов поход на ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 11 трки. Шампионатот започнува на 12.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.

Стефановски и годинава ќе се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки. Стефановски е победник во Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1. Тој и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат.

„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат и во овој шампионат. Благодарност до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори, до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка, вели Иџе.

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе лани забележа успех и заврши како прв во својата група на Европскиот шампионат на ридски патеки. Тој со своето Ферари 488 Челинџ Ево заврши на лидерското место пред Чехот Рони Братшчи кој беше втор. Третото место му припадна на Хрватот Домагој Перековиќ.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат силно верува во него. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.

Црногорецот останува во Прилеп, стави потпис на договор до 2027 година

Eден од најдобрите поединци во изминатите две сезони во редовите на РК Прилеп, Црногорецот Владан Кастратовиќ, стави потпис за продолжување на соработката со клубот до 2027година.

27-годишниот среден бек кој од 2021 година е во Македонија, играше за Струга, Охрид и Куманово, а од 2023 година е дел од прилепската екипа.

Во натпреварите секогаш дава се’ од себе, па токму затоа е важен дел од тимот кој го води Страшо Илиески.

Oпштина Прилеп: Рокот истече, ќе започнеме со присилна наплата на данокот на имот

СООПШТЕНИЕ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП ДО ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ:

-Општина Прилеп ги известува сите физички и правни лица, даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноци на имот, започнува постапка за присилна наплата за сите неплатени обврски заклучно со 2024 година.

Во текот на 2024 година, Општина Прилеп достави опомени за неплатен данок на имот и комунална такса до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територијата на општината.

Бидејќи рокот за подмирување на овие обврски е веќе истечен, Општината ќе започне со изготвување на Решенија за присилна наплата, кои ќе бидат доставени до даночните обврзници и до носителите на платен промет (деловните банки).

Со цел да се избегне блокирање на сметките и настанување на дополнителни трошоци, ги повикуваме сите обврзници кои имаат заостанати и неплатени обврски по овие основи, итно да ги подмират своите обврски.

Со почит,

Општина Прилеп

Во Битола денеска проекција на македонскиот документарен филм „Градина“

Центарот за култура во Битола вечер ќе биде приредена проекција на македонскиот документарен филм „Градина“ или „Приказна за последните урбани герила градинари.“

Тимот што го подготви и сними филмот информира дека „Градина“ е посветен на последните герила градинари во Скопје кои по триесет и пет години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на реката Вардар, се соочени со иселување.

На културниот настан ќе гостуваат режисерот Бојан Тантуровски, продуцентот Илија Тирицовски и кинематограферот Кирил Шентевски, со кои по проекцијата ќе следува дискусија за филмот.

Проекцијата на македонскиот документарен филм „Градина“ е закажана за 19 часот во малата сала на Центарот за култура-Битола, каде ќе се емитува и во наредните четири денови, до 12 април.

Се празнува Света маченичка Матрона

Светата маченичка Матрона

Како сиромашна девојка беше слугинка во куќата на еден Евреин во Солун. Жената на Евреинот постојано ? се потсмеваше за нејзината вера во Христа и ја наговараше да се одрече од Него, а да оди во синагогата. Но кротката Матрона ништо не ? одговараше на својата госпоѓа, а тајно Му се молеше на Господ Христос.

Еднаш Еврејката дозна дека кришум од неа Матрона отишла в црква, па сета во гнев ја запраша зошто не отишла во синагогата туку в црква. Матрона ? одговори: „Затоа што во христијанската црква живее Бог, а од еврејската синагога Он отстапи“. Бесна заради овој мажествен одговор Еврејката ја натепа и ја затвори во една темна одаја, а уште и ја врза. Но утредента ја најде одврзана со Божјата сила како клечи на молитва и Го фали Бога.

По ова уште на двапати Еврејката ја затвараше и ја мореше со глад додека слугинката не ја испушти душата. Тогаш нечестивата жена го зеде телото на Светата девојка и од високо од нејзината куќа го фрли на земја.

Христијаните го зедоа телото и чесно го погребаа, а кога епископот Александар ги дозна многубројните чуда на Светата маченичка, на нејзиниот гроб подигна црква. Злобната Еврејка наскоро ја постигна праведна казна: од истото место на куќата од коешто го фрли долу телото на Св. Матрона, таа се лизна, падна на калдрмата и намртво се разби.

Со промоција на книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик“, во Прилеп одбележани 116 год. од раѓањето на Круме Кепески, авторот на првата Македонска граматика

Во организација на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп и Друштвото за наука и уметност Прилеп вечерва се одржа чествување на 116 годишнината од раѓањето на истакнатиот културен деец, Круме Кепески, автор на првото издание „Македонска граматика“ публикувано во 1946 година. По тој повод во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп вечерва се одржа настан-промоција на книга „Необјавени страници за македонскиот јазик“ и предавање од неговата ќерка, проф. д-р Јованка Кепеска – еминентна лингвистка која со својата посветеност успеа да донесе до нас едно драгоцено сведоштво за интелектуалното и духовното наследство на нејзиниот татко.

Книгата содржи материјали од оставината на основоположникот на македонското граматичарство, авторот на првата македонска граматика, истакнат македонист, педагог, учебникар, методичар, преведувач, собирач на народни умотворби. Оваа книга е втора со оставината на Круме Кепески, првата – „Статии и анализи за македонскиот јазик“, е објавена во 2014 година.

Промотор на книгата беше д-р Симона Груевска Маџоска, а предавач Слободан Беличански.

(ВИДЕО) Се урна кров во ноќен клуб во Доминиканската Република, 27 жртви, 134 повредени

Најмалку 27 лица загинаа во несреќа во Санто Доминго, Доминиканската Република. Меѓу жртвите е и гувернерот на провинција. Урнат покрив на ноќниот клуб Џет Сет ja предизвика трагедијата. Уште 134 луѓе се повредени, а спасувачките екипи работат на извлекување на заробените под урнатините – пишуваат светските медиуми.

Засега нема точни податоци за бројот на присутни гости во клубот. Според тамошните медиуми станува збор за клуб со 50-годишна историја.

Претседателот Луис Абинадер потврди дека гувернерот загинал во несреќата. Нелси Круз од Монте Кристи е меѓу загинатите. Тој изрази длабока тага за инцидентот.

„Со голема болка ја дознавме веста за несреќата во ноќниот клуб Џет Сет. Нашите спасувачки служби неуморно се трудат да им помогнат на погодените. Во овој тежок момент, нашите мисли се со семејствата на жртвите.“

Причината за урнатиот покрив сè уште не е позната.

Во тек е пријавување за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека е во тек Јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за граѓаните што спаѓаат во категоријата на ранливи потрошувачи на енергија.

Финансиската поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија изнесува 1.000 денари месечно и се одобрува за период од 12 месеци, почнувајќи од денот на поднесување на барањето. Пријавувањето трае 30 дена од денот на објавување на огласот (до 19 април), па ги повикуваме сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат навремено и да не ја пропуштат оваа можност за намалување на трошоците за електрична енергија.

Право на поддршка имаат:

• Домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток, со вкупен нето доход во 2024 година под утврдените граници (од 42.000 до 80.000 денари, според бројот на членови).
• Згрижувачи на лица, корисници на надоместок за згрижување, чиј доход не го надминува предвидениот праг (според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари).
Оние што веќе примаат паричен додаток за енергенси или финансиска поддршка за стари лица не се опфатени со оваа мерка.

Барањето за финансиска поддршка се поднесува со пополнет образец (Образец 1 или 2) и придружна документација. Обрасците се достапни во архивата на Министерството и на веб-страницата: www.ea.gov.mk.

Со барањето е потребно да се достават следните документи:
• Изјава заверена на нотар за точност на приложената документација;
• Фотокопија од Решение за стекнато право на посебен додаток или надоместок за згрижување;
• Фотокопија од последната сметка за потрошена електрична енергија;
• Фотокопија од лична карта на барателот;
• Доказ за членовите на домаќинството.

За дополнителни информации и прашања, граѓаните може да се обратат на: [email protected]
Министерството уште еднаш ги повикува сите кои ги исполнуваат условите да ја искористат оваа можност и да аплицираат навремено.

Mint Credit – Вашиот избор за посреднички кредит

PR текст

Во современиот финансиски свет, наоѓањето на идеалниот заем може да биде сложен процес. Затоа Mint Credit ви нуди посреднички кредит, овозможувајќи ви брз и сигурен пристап до финансиски средства.

Преку соработка со различни продажни објекти, кои дејствуваат како посредници, Mint Credit ви нуди можност за отплата на посакуваните производи или услуги на најповолен начин.

Посредничкиот кредит станува сè попопуларен бидејќи нуди поголема флексибилност и подобри услови во споредба со традиционалните начини на плаќање за производи и услуги.

Што е посреднички кредит и како функционира?

Посреднички кредит, значи можност одреден производ да го купите на рати, без камата или со претходно утврдена камата во зависност од продажниот партнер. Пример, доколку сакате да купите нови гуми за вашиот автомобил, тоа може да го направите во салоните на Vulco Prilep или Motocentar, на 6 или на 12 рати.

Друг пример е доколку сакате да купите мебел на рати, тоа може да го сторите во салоните на Де-Ни Мебел или Милано Мебел. Ова се само неколку од големиот број на продажни партнери на Mint Credit.

Посредничкиот кредит што го нуди Mint Credit ви овозможува да ги финансирате своите купувања преку одложена отплата. Партнерите на Mint Credit дејствуваат како посредници, нудејќи им на своите клиенти можност да ги платат производите или услугите на поволен и едноставен начин.

Со посредничкиот кредит, клиентите добиваат финансиска слобода да направат купувања без да имаат потреба веднаш да го подмират целиот износ (купување на рати), што е особено корисно при купување на поскапи производи или услуги.

Како Mint Credit го олеснува процесот?

Mint Credit функционира како финансиски партнер на бизнисите, обезбедувајќи им на нивните клиенти опција за плаќање преку посреднички кредит. Процесот започнува со избор на производ или услуга кај некој од нашите партнери, а продолжува со аплицирање за Mint кредит.

Процедурата е многу едноставна, ваше е да го одберет саканиот производ и да одберете опција за плаќање на рати преку Mint Credit. Вие одбирате број и висина на рата во рамките на предвидените услови.

Предности на посредничкиот кредит преку Mint Credit

  1. Флексибилна отплата

Клиентите можат да ги плаќаат своите производи или услуги на рати, без веднаш да го подмират целиот износ. Ова е особено корисно доколку сакате да го oлесните вашиот финансиски товар без да правите компромис со квалитетот на производите и услугите што ги добивате.

  1. Брз и лесен процес на одобрување

Mint Credit обезбедува едноставен процес на аплицирање, при што клиентите можат да добијат одобрување во најкраток можен рок. Наместо долги административни процедури, клиентите вие добивате брз пристап до финансиски средства со минимална документација.

  1. Соработка со широк мрежен круг на бизниси

Посредничкиот кредит на Mint Credit е достапен кај голем број продавници и услуги, што овозможува клиенти од различни сектори да го искористат овој финансиски производ. Независно дали станува збор за електроника, мебел, автомобилски услуги или здравствени услуги, Mint Credit нуди решение за сечии потреби.

  1. Повеќе можности за клиентите и посредниците

Посредниците кои соработуваат со Mint Credit добиваат дополнителна предност бидејќи можат да им понудат на своите клиенти алтернативен начин на плаќање. Ова доведува до зголемена продажба и подобра услуга за клиентите, кои имаат поголема финансиска слобода.

Кога е вистинското време да користите посреднички кредит?

Овој тип на кредит е идеален доколку:

  • Сакате да купите производ или услуга без веднаш да го платите целиот износ.
  • Барате флексибилна отплата со рати која одговара на вашите месечни примања.
  • Соработувате со посредници кои се партнери на Mint Credit и сакате едноставен начин на плаќање.
  • Имате потреба од брза и сигурна финансиска поддршка без комплицирани процедури.

Како да аплицирате за Mint Credit посреднички кредит?

Процесот на аплицирање за Mint Credit е брз и едноставен:

  1. Изберете производ или услуга – Посетете партнерски посредник кој нуди можност за плаќање со Mint кредит.
  2. Поднесете барање – Аплицирајте за посреднички кредит преку продажниот објект.
  3. Добијте одобрение – Барањето ќе биде разгледано и одобрено во најкус можен рок.
  4. Завршете ја трансакцијата – По одобрувањето, плаќањето се реализира преку Mint Credit, а вие отплаќате според договорените услови.

Mint Credit нуди иновативен и ефикасен начин за финансирање на купувањата преку посреднички кредит. Со широка мрежа на партнерски бизниси (посредници), брз процес на одобрување вие добивате практично и достапно решение за плаќање.

Без разлика дали ви треба кредит за купување на производ или услуга, Mint Credit е сигурен партнер кој ви овозможува финансиска флексибилност и безгрижно купување. Со Mint Credit, иднината на плаќањето е едноставна, сигурна и достапна за сите.

За сите дополнителни информации може да се обратите директно кај нашите продажни партнери, во една од нашите филијали или на телефон 15 107.

 

Камбовски: Побаравме увид во пресудата за смртта на Теодора Ристовска

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, соопшти дека побарале увид во предметот за пресудата за возачот Менсур Пајазити кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска во Тетово, а кој доби 2 години затворска казна.

„Веднаш побаравме да видиме што се случува, предметот е побаран и треба да ни биде испратен. Ќе извршиме увид и доколку има пропусти ќе реагираме, доколку е сè во ред, ќе соопштиме“, рече тој.

Изрекувањето предизвика бурни реакции во јавноста, а премиерот Христијан Мицкоски го повика Судскиот совет да го разгледа работењето на судијата Елведин Ферати која ја изрече пресудата.

Теодора Ристовска беше смртно прегазена во август 2022 година. На првото судење во ноември 2023 година, по признавањето вина, Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалбата, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укина двете пресуди на Основниот и на Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење.

Судијата Елведин Ферати претходно беше споменуван во јавноста како лице за кое се води предистрага дека си ги поправал оценките со пречкртување на тетовскиот универзитет. Државниот просветен инспекторат лани утврди дека три оценки во неговото досие биле променети со пречкртување. Предметот бил затворен откога јавниот обвинител ги добил документите, кои потврдуваат дека Ферати ги преполагал овие предмети и затоа претходните оценки биле пречкртани.