дома блог страница 370

(ФОТО) После децении распаѓање, конечно започнува интензивна конзервација и реставрација на манастирската црква Трескавец

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и државниот секретар Марија С. Ѓоргова денеска го посетија манастирскиот комплекс „Трескавец“ во Прилеп каде што треба да започне реализацијата на проектот за конзервација и реставрација на архитектурата и живописот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Во изминатиот период овде беа реконструирани и опожарените конаци, а со тоа по повеќе од десет години се овозможи враќање на монашкото братство во овој комплекс.

– Во македонскиот духовен центар, манастирскиот комплекс „Трескавец“, наскоро треба да започне реализацијата на капиталниот проект на Владата и на Министерството за култура и туризам за конзервација и реставрација на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Основниот проект за санација и конструктивна консолидација на црквата, отстранување на влагата и реконструкција на подот е во завршна фаза. Очекувам во периодот што следува да се обезбедат сите дозволи за да можеме да почнеме со реализација на овој капитален проект, за кој за почеток обезбедивме 4 милиони денари. Во текот на 2026, пак, ќе се работи и на проектот за конзервација на живописот во црквата – рече Љутков.

Тој додаде дека овој комплексен проект ќе биде реализиран од мешани тимови од стручни лица од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп, Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун, Република Грција, Заводот и музеј – Битола, Националниот конзерваторски центар, ИЗИС и од Градежен факултет – Скопје.

– Сакам да им се заблагодарам на сите учесници во проектот, како и на докажаните експерти во областа на заштитата од Република Грција кои денеска и лично допатуваа овде, во Трескавец, за да се запознаат со состојбата и да направат увид во досегашната изведба на проектот – рече Љутков.

Претходно, Љутков ги посети и црквата „Св. Благовештение“ и археолошкиот локалитет „Стибера“.

– Работите на капиталниот проект за конзервација и реставрација на црквата „Св. Благовештение“ треба да завршат до крајот на годинава. Треба да се изврши уште конструктивно зацврстување на носечката конструкција на иконостасот и конзервација и реставрација на резбата, за што се обезбедени 2,1 милиони денари, додека за соодветна туристичка презентација и промоција на археолошкиот локалитет „Стибера“, во тек се активности за тековно одржување. Археолошките истражувања на ова наше културно добро од највисок ранг ќе продолжат кон крајот на август.

Во врска со Центарот за култура „Марко Цепенков“, министерот информираше дека во најкраток рок ќе биде постапено по забелешките од Државниот завод за заштита и спасување и објектот повторно ќе биде ставен во функција.

Подобро да се спречи, отколку да се лечи: Кризниот штаб во Битола заседаваше за превенција на можни пожари и поплави

Кризниот штаб за заштита и спасување на општина Битола во проширен состав, на денешната седница разговараше за раната превенција од пожари, подигнувањето на степенот на подготвеност на ТППЕ Битола, како и раната превенција во однос на можни поплави.

На седницата, се разговараше за состојбата на ТППЕ Битола, кои се утврдените потреби и недостатоци, со цел во случај на пожар, единицата да реагира соодветно, бидејќи, според најавените прогнози, годинава се очекуваат високи температури. Се детектираа и можните точки за потенцијално избивање на пожар.

Поради можности од поголема количина на вода во наредниот период, од подрачната единица на Водостопанство подружница Битолско Поле, информираа дека до сега е исчистена каналска мрежа во должина од 17 километри на територијата на општина Битола.

Од сите надлежни институции, вклучени во кризниот штаб за заштита и спасување, односно од јавните претпријатија Македонски шуми, Национален парк Пелистер, Македонија пат, Стрежево, битолските јавни претпријатија Водовод, Комуналец, Нискоградба, ДЗС и ЦУК, побарано е да достават податоци со какви капацитети располагаат во однос на пожари и останати временски непогоди. По нивното сумирање, податоците ќе бидат доставени до Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), со цел да се знае со што располага општина Битола, во однос на човечки кадар и опрема.

Ќе нема повеќе кој каде сака да загради! Николоски на средба со градоначалниците, ќе се става ред со поставувањето урбана опрема во општините

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со ЗЕЛС, каде се разговараше за изработка на нова унифицирана постапка за поставување на урбана опрема за сите општини.

-На средбата се разгледуваа можностите за воспоставување на законско доуредување на постапката за поставување на урбана опрема, односно можноста за изработка на нов Правилник со кој ќе се уредува постапката за поставување на урбаната опрема. Работната група составена од претставници од Министерството за транспорт како и претставници од ЗЕЛС, во следниот период заеднички ќе работат на подготовка на прописите и во еден разумен рок се очекува да биде изготвен и нов Правилник за оваа намена. Владата и министерството за транспорт гледа на општините како рамноправен партнер во креирање на законски решенија посебно во делот на градењето и градежното земјиште – напиша Николоски.

Авто делови, гуми, автокозметика и галантерија… – единствена асоцијација е МАТАДОР

Од мал бизнис кој започна да се развива пред 23 години, до најсовремен салон за автоделови во Македонија. “Матадор” е единственото место каде ќе најдете буквално се’ за вашите возила.

Резервни делови за секаков вид автомобили, гуми, акумулатори, автокозметика и галантерија од секаков вид, се само мал дел од единствениот и уникатен асортиман на производи кои можете да ги најдете во продажните објекти на “МАТАДОР”.

Ги краси професионалност, брза испорака на услуги и огромна љубезност и почит кон клиентите. Вработените се тука да ви објаснат буквално се’, тие се вистински партнер чии инструкции и совети, со сигурност ќе ви овозможат час поскоро да најдете соодветно решение за вашите возила. А доколку некој дел не е достапен во моментот, не грижете се, затоа што само тука ќе го довиете во најкраток можен рок.

А професионализмот, општествената одговорност и постојаното следење на иновации и понудата на светскиот пазар, на компанијата во минатите години и’ донесе голем број признанија. Па така трета година по ред МАТАДОР Прилеп го доби највисокото признание за најдобар партнер во Македонија, од светски познатата компанија Liqui Moly.

И не само тоа, компанијата низ годините во безброј случаи покажа општествена одговорност со каква ретко кој може да се пофали. Често тоа било без “фанфари”, тивко, со желба да се помогне секаде каде имало потреба. Од хуманитарни настани, до спорт, култура, медиуми…компанијата помагала секогаш и секаде.

Затоа “Матадор” е прилепски бренд број еден и број еден дестинација кога ќе се јави проблем со возилото.

По затворањето на театарот и салата во “Марко Цепенков”, министерот Љутков денеска во прва официјална посета на Прилеп

По затворањето на театарот “Војдан Чернодрински” и големата сала во Центарот за култура “Марко Цепенков”, денеска во прва официјална посета на Прилеп е министерот за култура, Зоран Љутков.

Во Прилеп Љутков и државниот секретар Марија С. Ѓоргова ќе ги посетат: црквата „Св. Благовештение“, археолошкиот локалитет Стибера, како и македонското духовно светилиште, манастирскиот комплекс „Трескавец“.

Во 13:30 ч.во манастирскиот комплекс „Трескавец“ предвидени се изјави за медиуми.

 

Осум години ракометар, две години судија, води и портал за ракомет, Давид Маркоски од Прилеп е инспиративно младо момче кое ги следи своите соништа

Давид Марковски од Прилеп е актуелен ракоментен судија за млади категории. Осум години се занимавал со ракомет како играч, а последните две веќе е судија во младинските категории во Македонија. Нераскинлив дел неговите професионални ангажмани во последните шест години е и веб порталот МК РАКОМЕТ, еден од ретките вакви медиуми во Македонија, каде вљубениците во овој спорт редовно можат да се информираат за новостите во ракометот кај нас и во странство. Во краток разговор во продолжение, Давид ни открива како и кога го засакал ракометот и кои се неговите планови за во иднина.

Давид кажи ни кога и како започна кај тебе да се развива љубовта кон ракометот?
– Па тоа се случи на мои 14 години. Ракометот го засакав како спорт затоа што се игра со рака и не е многу тежок спорт. Се’ започна со гледање натпревари пред ТВ екраните, за потоа да одлучам и да влезам во ракометните води.
Колку време се занимаваше со ракомет, а колку време си ракометен судија и какви натпревари судиш?
– Со ракомет се занимавав осум години, играв во РК Макалоски, а тренирав и во РК Прилеп. Ракометен судија сум веќе две години. Судам младински категории, и тоа во пионерска, кадетска и во младинска лига.
Имаш и твој портал за ракомет, за што известуваш таму?
– На мојот портал за ракомет МК Ракомет се известува за ракометот во Македонија, но и пошироко. Ќе најдете информации за трансфери на играчите од целиот свет и во Македонија, за младински, за сениорски репрезентации, за натпревари во Македонија, но и во странство.
Кои се твоите планови за во иднина?
– Во иднина планирам да се занимавам со ракометот како новинар и мојот вебсајт и страница МК Ракомет да растат. Секако ќе продолжам да работам и како судија, при што се надевам дека ќе го достигнам нивото и во иднина ќе судам во некои поголеми лиги.
Вебпорталот МК РАКОМЕТ и сите новини во ракометот можете да ги следните на линковите во продолжение:

Кога се сака, се може! Прилепската полиција почна да ги чисти тротоарите од возила, ќе се стави ли конечно ред? (ФОТО)

Од ОВР Прилеп информираат дека во текот на вчерашниот ден (09.04) со четири патроли се воведувало ред во сообраќајот на подрачјето на општина Прилеп и општина Долнени, при што за различни прекршоци според Законот за безбедност во сообраќајот, санкционирани се 97 лица.

Покрај тоа, од ОВР Прилеп започнаа со расчистување на возила од површините наменети за движење на пешаци, при што интервенирано е на ул.”Александар Македонски” кај Водовод, “Кеј 9-ти Септември” и ул. “Цар Самоил” кај Могилата.

Ова е сликата утрово од пред ЈКП Водовод и канализација:

“Боите на виножитото” – Прва самостојна изложба на креативната и талентирана Марина Деаноска од Прилеп

Во сабота, 12.04., во студиото цвеќарница “Камелеон”, наспроти “ДАМРО” во Прилеп, ќе се одржи првата самостојна изложба на Марина Деаноска, девојката која со своите филигран слики ги освои срцата на огромен број луѓе.

На изложбата главно ќе бидат изложени повеќе икони со големи димензии, кои Марина трпеливо ги изработува, а ќе има и други дела.

-Инспирацијата за изложбата „Боите на виножитото“ произлегува од вербата дека секој талент е уникатна боја која чека да биде откриена. Како што виножитото обои небото со магични нијанси, така и нашите таленти можат да создадат нешто неверојатно и значајно. Оваа изложба е повик за младите да се осмелат да го истражат својот креативен потенцијал, да вложат труд и љубов, и да создадат уметност која ќе светли како боите на виножитото – вели Марина за својата прва изложба.

Почетокот на настанот е закажан за 15:00часот.

Марина од Прилеп создава филигрански ремек дела кои патуваат и надвор од Македонија! Таа го има совршениот подарок за секоја пригода (ФОТО)

Временска прогноза за Велигден и Први Мај – Пред нас многу денови одмор, ќе има ли сонце?

УХМР за денеска најавува дека се враќаат дождот и снегот во Македонија. Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Пред нас е големиот празник Велигден, за кој ќе добиеме четири дена споен одмор. Рамазан Бајрам кој се падна на 30 март беше неработен ден, но времето не се погоди, па дождот ги уништи плановите. Според пррогнозата на Accuweather, за Велигден не очекува сончево време со променлива облачност, а веќе од 22 април повторно дожд.

По Велигден неработен ден е Први Мај – Денот на трудот, а според прогнозата на Accuweather, времето ќе биде сончево со облачни периоди и температура до 22 степени.

Автомобилот на Ице, еден од хероите од “Пулс” кој по цена на својот, спаси голем број животи, ќе биде изложен на Car Show Битола

Ице Андонов, еден од вработените во ноќниот клуб „Пулс“, кој херојски успеа да спаси бројни животи влегувајќи во огнот неколку пати – но за жал, по цена на сопствениот живот.

Тој имаше 20 години, а неисполнета желба, која неговите верни другари и другарки ќе ја исполнат постхумно, била неговиот автомобил да биде изложен на изложба.

Неговиот автомобил ќе биде изложен на Car Show – Битола со сите почести, а сите трошоци за истото ќе бидат целосно покриени од страна на Car Club Bitola.

-Покрај неговиот автомобил ќе биде поставена и кутија за донации, со цел да се помогне на неговото семејство во овие тешки моменти. Нашата најголема желба беше Ице самиот да се појави со својот автомобил. Почивај во мир, херој – стои во објавата од Car Club Битола.

https://www.instagram.com/car_club_bitola_official/?hl=af