дома блог страница 369

Затворени 28 угостителски објекти кои работеле без дозволи или немале исполнети минимум услови

Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска соопшти дека врз основа на надлежните инспекциски служби, донесени се 28 решенија за забрана за работа на oбјекти без лиценца или поради неисполнување на условите и 12 решенија за отстранување на неправилности за прекршоци утврдени согласно Законот за угостителство.

Инспекциските служби по налог на Владата контролирале субјекти на различни активности по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за кој веднаш беше утврдено дека нема дозвола, односно има фалсификувана лиценца.

Во пожарот загинаа 59 претежно млади лица, додека речиси 200 беа повредени, при што двајца починаа подоцна при хоспитализацијата во Литванија.

Ристески: Мерката за ограничување на бруто профитните маржи дава резултати

Мерката за ограничување на бруто профитните маржи за празниците дава резултати и има дефлација од 1,3 отсто во однос на претходниот месец и намалување на цените на основните прехранбени производи и пијалаци од три отсто, оцени денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

-Претходно направивме и одредени законски промени, особено во Законот за заштита на потрошувачи со транспарентност на цените согласно кои малите, големите и средните маркети мора транспарентно да ги објавуваат цените на нивните веб страници. Тоа ќе им даде можност на купувачите да одлучат од каде ќе купуваат, изјави Ристески во одговор на новинарско прашање пред почетокот на економскиот форум „Зајакнување на работоспособните жени: Стратегии за отклучување на потенцијалот и зголемување на продуктивноста“, во организација на Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, Скопје.

Нагласи дека тоа е израелски модел за контрола на цените на производите кој се применува во Израел, Италија, Хрватска.

– Една од новите можности за контрола на цените е и промената во Законот за прекршоци каде покрај парична казна од 500 до 10.000 евра, во зависност од големината на маркетите, е воведена и поригорозна мерка затворање на маркетот од 15 дена. Покрај тоа, оперативно делува и Комисијата за заштита на конкуренција, која ревносно работи од јануари наваму, откако почнаа нејзините законски обврски и се комплетира во однос на контрола на договорите помеѓу добавувачите и трговците на големо и мало, прецизира Ристески.

Општина Битола започна со реконструкција на четири улици кај Здравствениот дом

Со поставување на времен режим на сообраќај и работни активности на улицата „11 Март“, Општина Битола започна со реализација на проектот за реконструкција на четири улици кај Здравствениот дом.

Со овај проект се опфаќа целосна реконструкција на улиците: „Панде Николов“, „11-ти Март“, „Козара“, кракот од ул. „Козара’ и ул. „Чеде Филиповски“ кои што се наоѓаат во централното градското подрачје опфатено со деталниот урбанистички план – „ДУП Централно градско подрачје 1 дел”.

Реконструкцијата на водоводна мрежа со вкупна должина од 1.060,0 м и реконструкцијата на мешовитата канализациона мрежа со вкупна должина од 1.049,0 м, го финанисра Министерството за транспорт, а изведувач на работите е АД Енергомонт Скопје. Вредноста на договорот за реконструкција на водоводна мрежа и реконструкција на мешовита канализациона мрежа изнесува 9.057.122,00 ден, додека надзор над реконструкцијата на водоводната мрежа и мешовитата канализациона мрежа, ќе врши Евро Консалтинг Скопје.

Реконструкцијата на постоечката коловозна конструкција и тротоарите со вкупна должина од 735,0 м и реконструкцијата на уличното осветлување ќе се финансираат од општинскиот буџет. Општина Битола за реконструкција на коловозот на улиците: “11 Март, Панде Николов, Козара и Чеде Филиповски Даме“ склучи договор за изведба во вредност од 13.149.817,00 ден, додека за реконструкција на уличното осветлување склучен е договор во износ од 1.586.392,00 денари.

И денеска намалување на цените на горивата: Од полноќ ќе возиме по најниски цени во последните две години

Регулаторната комисија за енергетикa донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 10.04.2025 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.

Од 12.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,708 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,777%, кај дизелот за 5,057%, кај екстра лесното масло за 5,078% и кај мазутот намалувањето е за 1,745%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,4851%.

Пред нас се големи празници, утре е Лазарова сабота, а во недела Цветници: Еве што треба да знаете за овие денови

Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната.

Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.

Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил тамо но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта уште му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми.

Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Во Македонија со Лазаревата сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Ги изведуваат девојки во групи одејќи по куќите и низ населените места и пресретнувајќи ги луѓето. Лазарките му пеат посебна песна на секој човек зависно од неговата возраст и општествената положба и за тоа добиваат дарови, најчесто пари. Во овие песни се велича личноста, се посакуват напредок на семејството здравје и среќен живот на поединецот. Овој обичај се нарекува Лазарување.

На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! На овој ден се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре?

Толкувачите на Светото Писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот, како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

“Џез вечер со Клод Болинг” – Oдличните TOOT QUARTET со концерт во Прилеп

Џез вечер со Клод Болинг ќе се одржи на 16 април 2025/ среда/ од 19 часот во фоајето од ЦК „ Марко Цепенков“. Ќе настапи TOOT QUARTET, (Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас Филип Шурбевски-тапани).

Тоот свитата на Клод Болинг за трубач и џез пијано трио, напишана е специјално за францускиот виртуоз трубач Морис Андре кој премиерно ја извел во 1980 година и е важно дело во репертоарот за труба и е едно од најтешките, каде трубачот свири на 5 различни труби.

Toot quartet концертираат од 2020 година.

*********************************

Клод Болинг роден на 10 април 1930 година, е француски џез пијанист, композитор, аранжер и повремено извeдувач. Роден е во Кан, студирал на Конзерваториумот на Ница, а потоа во Париз. Детски генијалец, на 14 години професионално свири џез пијано. Тој има големи заслуги за  традиционалното заживување на џезот кон крајот на 1960-тите и се дружел со Оскар Петерсон.Пишува музика за 75 филмови, 44 музика за телевизиски серии,  музика за биг бенд, 11 композиции во кросовер стил за пијано, флејта, виолончело, труба, виолина, гитара, саксофон кои се микс од популарна, џез, класична музика. Болинг е исто така познат по серија соработки на „кросовер“ со класични музичари. Неговата свита за флејта и џез пијано трио со Жан-Пјер Рампал, мешавина од барокна елеганција со модерна нишка, е топ селер долги години, а потоа и другите дела во тој стил. Бил особено популарен во Соединетите држави, на врвот на хит-парадата две години по објавувањето и на најдобрите 40 на Билборд за 530 недели, приближно десет години. После неговата работа со Рампал, Болинг продолжи да работи со многу други музичари, од различни жанрови, меѓу кои и гитаристот Александре Лагоја, виолинистот Пинчас Зукерман, трубачот Морис Андре и виолончелистот Јо-Јо Ма. Тој исто така работел и имал почит на многу други, вклучувајќи ги и Лионел Хемптон, војводата Елингтон, виолинистот Стефан Грапели, Џанго Рајнхард и Оскар Петерсон.

****************************************************

Податоци за изведувачите:

Стојанче Косовски-труба. Од 2005 година е прв трубач на Македонската опера и балет каде работи до денес. Соработувал со Воениот оркестар на Р. Македонија, Македонската филхармонија, Градски дувачки оркестар на Скопје и Битола и Камернаta опера – Битола, настапувал со Младинскиот оркестар на Јапонија во Виена. Учесник на многу семинари и натпревари. Бројни настапи како солист, со оркестри и дел од камерни состави низ цела Mакедонија, Србија, Бугарија, Турција.

Емилија Кабранова Филипова-пијано.Активна на музичката сцена како солист, камерен музичар, пијано придружник. Дел од камерните состави “Ad libitum” trio сок ое издаваат ЦД, Pezzanov Piazzolla Project, Toot quartet. Настапува ширум Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Косово на бројни фестивали како:”Skopje summer”,Skopje street music festival”, “Chamber fest Durres”-Драч, Меѓународен фестивал за класична музика”Врњци”-Врњачка бања, “Balchik classic days”-Балчик, ”Festival Polyhimnia”итн.

Зоран Павлоски-контрабас.Контрабасист во оркестарот при Mакедонската опера и балет, активен на домашната и странската сцена преку 25 години, составен дел од многу џез, класични и етноворлд состави од земјава и странство. Партиципант е во повеќе од 30 цд и лп изданија. Свири на инструменти што ги изработува самостојно и многу светски контрабасисти свират на инструменти изработени на него. Тој е прв контрабас во еминентниот камерен оркестар ,,Скопски солисти“. Покрај тоа, свири и науникатен петжичен пиколо контрабас (chello-bass). Исто така, тој е и единствениот претставник од земјава во светски реномираното International Double bass society.

Филип Шурбевски, тапани. Вработен во оркестарот на Македонската опера и балет како прв тимпанист до денес, исто така хонорарно соработува и со националната филхармонија и дувачкиот оркестар на град Скопје, соработувал со камерниот состав Св. Софија, камерниот состав за современа музика, Битолската камерна опера. Филип Шурбевски го создава Езгија три специјализиран состав за чалгиска музика каде се редат бројни настапи во Македонија, Европа и Соединетите Американски Држави.Од основањето е прв тимпанист во оркестарот за филмска музика    F.A.M.E.S. –Скопје.

Македонија ќе брка 4 негатива утре во Битола – Коњановски им посака среќа на ракометарките (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, денеска ги посети ракометарките на сениорската женска ракометна селекција на Македонија, кои утре во 18 часот ќе го одиграат реванш натпреварот од баражот за пласман на светско првенство против Полска.

На куса средба со македонските ракометарки, Коњановски, посака голем успех на ракометарките и селекторот на репрезентацијата, победа и пласман на светското првенство што ќе се одржи во Холандија и Германија.

-Голема чест за градот е тоа што Битола е домаќин на еден ваков значаен натпревар. Битолската публика која го познава ракометот ќе даде целосна поддршка за успех и победа, истакна Коњановски.

Цената на влезниците е 100 денари, а собраните средства од продажбата на влезниците ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.

Македонија утре во Битола ќе брка негатива од 4 гола, по поразот во Полска со 22-18.

Во прилепската касарна “Мирче Ацев”, одбележан Денот на артилерискиот баталјон – именуван и нов командант (ФОТО)

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, денеска припадниците на Артилерискиот баталјон го одбележаа Денот на единицата.

Со одлука на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, 10. Април е одреден за Ден на артилерискиот баталјон како датум на кој е формирана првата артилериска единица во самостојна Македонија.

Во рамките на свеченоста, искрени честитки беа упатени на досегашниот командант, потполковник Славчо Кузманоски, кој по пет години успешно раководење го предаде командувањето на баталјонот. Неговиот професионализам и посветеност, како и плодната соработка со локалната самоуправа, беа нагласени како клучни фактори за напредокот на баталјонот и стабилноста на безбедносниот систем на земјата.

На свеченоста присутни беа градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески и претседателката на Советот, Ирена Стерјовска Локвенец.

-Во мое лично име и во име на Општина Прилеп, упатувам искрени честитки по повод одбележувањето на 10 Април – Денот на артилерискиот баталјон. Посебна благодарност и признание упатувам до досегашниот командант, потполковник Славчо Кузманоски, за неговото посветено и професионално раководење, како и за искрената и плодна соработка со локалната самоуправа. Ви посакувам многу успех, здравје и нови достигнувања на секое поле во понатамошната кариера. Воедно, упатувам најсрдечни честитки и добредојде до новиот командант, потполковник Сашко Палески. Убеден сум дека со својот капацитет и визија ќе продолжи со успешно водење на баталјонот и со продлабочување на соработката со нашата заедница – напиша Јовчески.

Хуманитарен Stand Up настап на Александар Георгиевски во Прилеп – Парите од влезниците ќе бидат наменети за семејството Јованоски

Хуманоста и солидарноста повторно ќе бидат во фокусот на прилепчани! Овој пат, преку забава, смеа и добро расположение, жителите на Прилеп ќе имаат можност да помогнат на едно семејство во неволја.

На 17 април 2025 година, во 19:00 часот, во MONARCA , ќе се одржи хуманитарен Stand Up Comedy настап, организиран од Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Прилеп, во рамките на програмата „Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности“ (ЦКА-ПХВ).

Главен изведувач на вечерта ќе биде популарниот стенд-ап комичар Александар Георгиевски, кој со својот уникатен хумор и харизма ќе ја насмее публиката, но и ќе ја потсети на важноста на човечката поддршка.

Сите средства собрани од продажбата на влезниците (кои чинат само 200 денари) ќе бидат донирани за семејството Јованоски, кое остана без својот кров над главата по катастрофалниот пожар во февруари оваа година. Пожарот ја уништи нивната куќа, а без кровот, живеењето во неа е невозможно, оставајќи ги во многу тешка состојба. Секој купен билет значи чекор поблиску до обновата на нивниот дом и враќање на нормалниот живот.

Зад оваа иницијатива стои тимот на млади волонтери од ЦКА-ПХВ, кои посветено работат на разни хуманитарни проекти во Прилеп. Тимот, предводен од тим-лидерот Матеј Трајкоски, подготви незаборавна вечер исполнета со смеа, но и со значење.

Влезниците може да се набават преку контакт со организаторите на 075/767-407 (Матеј) или на самата врата пред почетокот на настанот.

Не пропуштајте шанса да бидете дел од една вечер која ќе ви донесе насмевки, но и ќе направи разлика во нечии животи. Доаѓаме да се смееме, но и да помогнеме!

Шести дел од проектот „Процеп во процес“ и промоција на книгата  „Магла и месечевина“ од Меша Селимовиќ во Прилеп

На 15 април 2025/ вторник/ од 19.00 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи шестиот дел од проектот „Процеп во процес“ при што ќе биде претставена книгата  – „Магла и месечевина“ од Меша Селимовиќ, промоција на македонскиот превод.

Гласовите од минатото многу подлабоко и помоќно одекнуваат кога ќе го надживеат вртлогот на времето. Живееме доба кога преживуваме (иако не на своја кожа, но последиците ги чувствуваме) неколку траорни војни, чии текови преку медиумите ни се пласираат како некој вид на бизарен воајеризам и „шоу бизнис“ производ. Токму во тој период, на читателската публика во Македонија ѝ пристигна преводот на македонски јазик на делото „Магла и месечевина“ од Меша Селимовиќ. За ова четиво самиот Селимовиќ ќе каже дека е неговото артистички најуспешно дело.

„Ова е текст на молкот, кој чудесно се наметнува врз сè што ликовите зборуваат. Војната е вплетена и како општествена позадина, но и како борба во самиот човек, бидејќи се прикажуваат човечките искушенија во немирни времиња, додека во совеста наликовите се случува голем внатрешен судир“, се вели во краткиот опис за книгата поместен на задната страница од македонското издание кое за нашата публика пристигна во 2024 година.

Психолошки длабоко профилираните ликови во романот кои ја преживуваат Втората Светска војна и префинетата, суптилна нарација проткаена со лирски финеси и еден сеприсутен гласен молк, во превод на македонски јазик ни ги пренесува преведувачот Ѓоко Здравески, кој оваа вечер ќе говори за овој краток роман на Селимовиќ.

Издавачот Жарко Кујунџиски од издавачката куќа „Антолог“, која го издаде македонскиот превод на „Магла и месечевина“, за ова издание вели дека проект со кој сакале постепено и темелно да го опфатат книжевниот опус на Меша Селимовиќ, со што некои дела за прв пат ќе бидат издадени во превод на македонски јазик.

Преведувач на книгата и промотор: Ѓоко Здравески
Модератор: Александар Еленин