дома блог страница 368

За секое дете да блеска за Велигденските празници! REPUBLIC KIDS со огромна понуда на модели и попусти! (ФОТО)

Велигденските празници ни се пред врата, па нема родител што не сака неговото најмило да блеска во нова облека во овие празнични денови.

Токму затоа вашиот нов омилен бутик за детска облека REPUBLIC KIDS, подготви одлична понуда по намалени цени на голем број модели.

За квалитетот нема да ви раскажуваме, и самите веќе добро знаете дека сопствениците на бреднот REPUBLIC се познати по тоа што нудат врвен квалитет на своите муштерии. Не случајо REPUBLIC e eдна од главните дестинации во чаршијата за купување облека, и тоа не само за прилепчани, туку и за многумина кои доаѓаат од други градови.

Огромен избор на женски фустанчиња, машки кошулчиња, пантоломи, блузички, џакетчиња…. буквално се’ за малите господа и дами да се облечат од глава до пети и да изгледаат прекрасно.

Посетете ги уште денеска! Локација плоштад “Методија Андонов-Чентo”, наспроти златара “Карина”.

Општината ќе ги обештети одгледувачите на овошки и други земјоделски култури, кои претрпеа штети од последниот снег

Поради снегот и ниските температури кои ја зафатија Општина Битола во периодот од 05.04.2025 до 08.04.2025 година и предизвикаа штети кај овошките и другите земјоделски култури, се повикуваат жителите на Општина Битола кои претрпеле штета да поднесат барање за надомест на штета на шалтерите во Општина Битола.

Барањето може да се преземе од следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/nadomest-na-steti/

Во прилог на барањето потребно е да се достави:

– имотен лист/доказ за сопственост

– фотографии од претрпената штета

– копија од лична карта

– број на трансакциска сметка

Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен.

Барањата можат да се доставуваат од понеделник 14.04.2025 до среда 23.04.2025 од 09.00 до 15.00 часот.

Се проширува истрагата за Кочани: Опфатен актуелен министер, директор и поранешни функционери и министри

Се проширува истрагата за Кочани. Според најновите информации на КУРИР опфатени се актуелен министер, директор и поранешни функционери и министри.

ОЈО ја проширува истрагата за Кочани, велат нашите извори. По наредба на надлежен обвинител, БЈБ на МВР ги обезбедува за истрагата актуелниот министер без ресор и поренешен директор на ДЗС, Шабан Салиу и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами.

Опфатени во истрагата се и поранешните министри за економија уште од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – Беким Незири, Дритон Кучи и Ваљон Сарачини.

Вклучени во истрагата се и поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски, поранешниот директор на пазарен инспекторат, Виктор Дерменџиев. Опфатени се и повеќе поранешни функционери.

Повеќе информации од КУРИР најавуваат за во текот на денот.

Денеска е Лазарова сабота, ден кога го пpaзнyваме големото чyдо

Лазарова сабота и Цветници се големи православни празници кои се и најава на најголемиот од сите – Велигден.

На овој ден, познат дури и како Лазарица во одредени делови од Македонија, се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос.

Овој настан бил на шест дена пред предавството и yбиcтвото на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

Цветници, пак, е во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот.

На Лазарова сабота именден слават оние кои го носат името Лазар и неговите варијации.

На Цветници пак, именден слават оние кои носат имиња инспирирани од цвеќе, како на пример Цветанка, Цветан, Јасмина, Лилјана, Виолета, Босилка, Трендафилка, Роза и слични.

Штипјанецот Д.К. освои СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот, вреден 7.441.290 денари.

Среќни ВЛТ вести од Штип. Играчот Д.К од Штип ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка- СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот, вреден 7.441.290 денари. Неговата среќна игра е Шајнинг Кроун, која на 07.04.2025 и му ја донесе среќната добивка. Добивката е освоена на видеолотарските терминали кај нашиот деловен соработник Евротип во Штип.

Видеолотарија Касинос Австрија му честита на најновиот Супер милионер џекпот добитник. Посакуваме со радост да ужива во фантастичната добивка, за која силно веруваме дека ќе му донесе многу успех и убави моменти во иднина.

Со вас споделуваме и дека изминатата недела од 31.03.2025 до 06.04.2025, беше добитна за играчите на видеолотариските терминали кои заедно поделија фантастични 10.719.947 денари. Во овие седум дена, имаме 5 Милионер џекпот добитници кои заедно поделија 8.405.732 денари. Супер добитната седмица ја заокружуваме со Мини џекпот добивките, чиј вкупен износ достигна 2.314.215 денари.

Совети за домаќинките: Како да не ви пукнат велигденските јајца при варењето

Боењето јајца за Велигден е омилена традиција во многу домови, но често се случува јајцата да пукнат при готвењето, што може да го расипе совршениот изглед на празничната корпа.

За да ја избегнете оваа непријатност, ви пренесуваме неколку проверени трикови кои ќе ви помогнат вашите јајца да останат цели и убаво обоени.

1. Изберете свежи, но не премногу свежи јајца

Иако изгледа дека најсвежите јајца се најдобри, всушност е идеално да користите јајца стари од 7 до 10 дена. Со текот на времето, мембраната малку се одвојува од лушпата, што ја намалува можноста за пукање при готвењето.

2. Оставете ги јајцата да достигнат собна температура

Една од главните причини за пукање е наглата промена на температурата. Ако ставите ладни јајца директно во топла вода, термичкиот шок може да предизвика пукање на лушпата. Извадете ги од фрижидер најмалку еден час пред готвење.

3. Додајте сол или оцет во водата

Додавањето лажица сол или оцет зајакнува делумно лушпата и може да спречи ширење на белката ако се појави пукнатина. Оцетот, исто така, помага бојата поуспешно да се прилепи за лушпата при боeње.

4. Загревајте ја водата постепено

Наместо да ги ставите јајцата директно во зовриена вода, ставете ги во ладна вода и загревајте ги полека на средна температура. Така се избегнува термички шок и се намалува ризикот од пукање.

5. Додајте неколку капки масло

Овој помалку познат трик навистина помага – неколку капки масло во водата го намалуваат триењето меѓу јајцата и садот, како и меѓу самите јајца, со што се спречува пукање.

6. Варете на умерена температура

Претераното вриење и мешање може да предизвика удирање на јајцата едно во друго, што често води до пукнатини. Варете ги на тивок оган околу 10–12 минути за најдобри резултати.

7. Ладете ги постепено

По варењето, не ги ставајте веднаш во ладна вода – ненадејната промена на температурата може да предизвика пукање. Оставете ги неколку минути во топлата вода, а потоа префрлете ги во млака.

Следејќи ги овие совети, вашите велигденски јајца ќе бидат не само убаво обоени, туку и цели – без пукнатини и без непотребен стрес за време на празничната подготовка

Тетово доби три нови игралишта и трибина, Прилеп уште ја чека Универзална

Тетово доби нов спортски центар со ново фудбалско игралиште со вештачка трева, терен за одбојка со вештачка трева, кошаркарско игралиште со полипропиленски под според ФИБА стандарди и трибина со капацитет од околу 300 седишта, објави денеска министерот за спорт Борко Ристовски, откако заедно со тетовскиот градоначалник Касами, го ставија во употреба новиот спортски центар.

-Ова е уште еден доказ дека инвестираме со цел и визија! Продолжуваме да работиме посветено за современа и достапна спортска инфраструктура ширум цела држава, за младите и за спортот – порача на социјалните мрежи министерот Ристовски.

Проектот во Тетово имаше експресна реализација, ако се земе во предвид дека Ристовски и Касами го најавија кон крајот на јануари годинава.

-Од средбата, Ристовски ги посочи следните работни активности во Тетово: изградба на терени со вештачки тревник во Спортскиот центар, реновирање на постојаното игралиште и поставување на монтажни трбини, како и терен со хибридна подлога. Ристовски најави и нов фудбалски терен со вештачка трева и 100 столчиња во трибинскиот простор при Основното училиште „Лирија”, додека на друга локација ќе започне изградба на ново кошаркарско игралиште со современ под и терен за одбојка – стоеше во тогашното соопштение од Министерството за спорт.

Во меѓувреме прилепчани, спортистите и спортските работници во Прилеп, се’ уште чекаат на реализација на ветувањето за ставање во употреба на Универзалната сала, спортскиот храм кој со години на милост и немилост е оставен да пропаѓа.

При последната посета на министерот во Прилеп, што се случи на на почетокот од минатиот месец, каде патем го пушти во употреба реконструираното спортско игралиште во кругот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, тој изјави дека Универзалната спортска сала во Прилеп за релативно кратко време ќе добие нов подолгорочен концесионер.

Ристовски изјави дека компанијата „Комфи Ангел“ е заинтересирана да стопанисува со овој спортски објекти и дека преговорите се веќ во тек.

Според најавите, прилепската компанија ќе вложи околу половина милион евра во реконструкција на спортската сала, а за тоа да се случи најпрво Универзална треба да биде предадена од ПУИГ на Министерството за спорт.

Прилепската спортска јавност и спортските клубови, со нетрпение очекуваат да се реализираат овие планови, па се надеваме дека ваквите планови ќе се реализираат ден поскоро.

Завршена фреската МЛАДЕНЦИ – Продолжува фрескоживописувањето во храмот Св. Петка во Прилеп (ФОТО)

Со голема радост ве известуваме дека е завршена фреската на Светите 40 севастиски маченици – МЛАДЕНЦИ, сместена во јужниот дел на нашиот храм – информираат од храмот Св. Петка во населбата Точила во Прилеп, каде во изминатиот период активно се работи на комплетирање на фрескоживописот во храмот.

-Овој светол момент на духовно и уметничко збогатување на светиот храм го должиме на дарежливоста на еден благочестив донатор, кој со својата несебична поддршка ја овозможи реализацијата на ова свето дело. И не само на ова дело! Овој донатор овозможи реализација и на неколку фрески претходно а ќе биде донатор и на композицијата на Преображението Господово. Изразуваме длабока благодарност и молитвено се молиме Бог да го благослови со здравје, духовен мир и секое добро! Нека фреската на овие храбри сведоци на Христовата љубов биде постојано потсетување за нашата вера, трпение и надеж во Воскресението – велат од храмот Св. Петка.

Пример за општествена одговорност во Македонија! Витаминка е нов партнер на Фудбалската федерација

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со гордост го најавува најновото партнерство со еден од најпрепознатливите домашни брендови – Витаминка Прилеп. Соработката претставува поврзување на нашиот фудбал со компанија која претставува составен дел од животите на неколку генерации.

Витаминка ќе обезбеди финансиска поддршка за ФФМ за активности насочени пред се кон младинскиот фудбал и детска лига. Визијата е заедничка: поддршка на младинскиот развој и здравиот начин на живот.

Производите на Витаминка, особено оние наменети за деца, ќе бидат дел од промотивните активности на ФФМ, со посебен фокус на ФФМ Детската лига – најголемата платформа за младински фудбал во државата, која инспирира илјадници деца да го следат својот спортски сон.

„Визијата е заедничка: поддршка на младинскиот развој и здравиот начин на живот“, посочуваат од ФФМ.

„Чест ни е да ја претставиме Витаминка како нов член на фудбалското семејство на ФФМ. Како компанија која има долгогодишна традиција и грижа за здравјето на децата, Витаминка е идеален партнер во нашата мисија за поттикнување на детскиот фудбал и поддршка за младинскиот спорт. Заедно ќе создаваме услови за здрав раст и спортски развој на идните генерации.“,вели Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ.

„Со голема радост се приклучуваме кон фудбалската приказна на Македонија. Преку поддршката на Детската лига, ќе бидеме уште поблиску до децата и ќе придонесеме кон нивната активна и здрава иднина. Ова партнерство ја отсликува нашата посветеност кон заедницата и спортот.“, посочува Сашо Наумоски – генерален директор на Витаминка.

Фудбалската федерација на Македонија и Витаминка започнуваат заедничка иницијатива која ќе ги инспирира најмладите генерации да растат здраво, активно и со спортски дух.

Унгарски министер во посета на најдобриот македонски универзитет

Како да ја направиме ЕУ повторно силна кога се соочува со низа предизвици како на безбедносен, така и на економски план? На оваа тема на Универзитетот Скопје, дебатираа амбасадори, министри и професори, во присуство на почесниот гостин министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока кој одржа и предавање пред студентите.

Тој рече дека само обединета, здружена и единствена Европа може да одолее на сите предизвици и да стане повторно силна.

,, Македонската влада, преку спроведување на неопходните реформи покажува силна волја за европските интеграции, а Унгарија е подготвена да ја сподели својата експертиза и искуства за да помогне во тој процес”, порача министерот Бока.

Ректорот на Универзитет Скопје, проф.д-р Аце Миленковски како домаќин на настанот се заблагодари на Унгарија за долгогодишното пријателство, кое се темели на идејата за создавање на силни и економски просперитетни општества.

,,Нашиот сон за Македонија е да биде подобро место за живеење за сите. Како високообразовна институција постојано вложуваме во подобрување на квалитетот на наставата и за тоа секогаш се водиме од потребите на студентите, бидејќи младите се најважни не само за нашиот Универзитет, туку тие се иднината на државата” порача Ректорот Миленковски.

Заменик- министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков рече дека сите ние би требало да ја направиме Македонија повторно силна за сите граѓани, кои заслужуваат европски живот.

,,Новата Влада донесе промени, но промени на подобро. Со сите наши капацитети се вложивме за да ги зацврстиме нашите позиции, нашите пријателства и да обезбедиме нови партнерства. Со Унгарија негуваме долгогодишно пријателство, кое се темели на идејата за создавање на силни и економски просперитетни општества. Токму со помошта на Унгарија успеавме да ги совладаме тековните предизвици и да помогнеме во заздравување на македонската економија”, порача заменик-министерката Трајков.

Предавањето на министерот за европски прашања на Унгарија, побуди голем интерес и кај медиумите, но и кај студентите кои слушнаа интересни пораки и приказни за патот на Унгарија до европското семејство.