дома блог страница 363

Традиција е за Велигден најмилите за се во ново руво! BABY BOOM ве очекува!

Во Старата прилепска чаршија на цветната улица, се најдува бутикот BABY BOOM, едно од најубавите катчиња каде ќе најдете се’ за вашите најмали.

Во пресрет на Велигденските празници, во BABY BOOM веќе врие како во кошница, а има и зошто. Новата колекција веќе пристигна, а изборот на гардероба е умот да ви зајде.

Има буквално се’, и за момчиња и за девојчиња, во секакви бои и комбинации. Вашите најмили ќе заблескаат во празничните денови во најквалитетна и удобна облека.

Наш совет е да побрзате и да ги посетите што поскоро, а дотогаш погледнете дел од колекцијата на модели во продолжение:

Kривични пријави за директорот и вработена на социјалното во М.Брод, затоа што скриле силyвање на дете

-СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, директор на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод, а второпријавената социјален работник во установата, на 07.03.2025 добиле телефонска пријава за полов напад и силување на дете кое било доделено во згрижувачко семејство и не наполнило 15 години, извршено од лице од Македонски Брод.

Имено, пријавените не презеле никакви службени дејствија по добиената пријава, како службени лица свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале во вршењето на службената должност, а притоа не презеле никакви дејствија согласно законот за социјала заштита и подзаконските акти, Закон за правда на децата, со што создале услов за повторна виктимизација на детето-жртва на кривично дело – информираат од МВР.

Општина Битола со 30 проекти аплицира за новиот владин повик

Општина Битола со 30 проекти аплицира до министерствата за новиот јавен повик за изразување интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти.

Од Секторот за односи со јавност соопштија дека градоначалникот Тони Коњановски ги потпишал проектните апликации, a преку нив Општина Битола има за цел да обезбеди финансиска помош за реализација на приоритетни проекти значајни за граѓаните и локалниот развој.

-Со поднесувањето на овие апликации покажуваме подготвеност, транспарентност и визија за подобра Битола. Ќе продолжиме со интензивна работа на сите нивоа за да обезбедиме што повеќе средства и инвестиции во нашата општина, посочи градоначалникот Коњановски.

Предвидените проекти опфаќаат реконструкција на улици во градот и населените места во општината со обнова на коловозот, реконструкција и промена на канализационата и водоводната мрежа. Проектните апликации вклучуваат и изградба на три спортски сали во основните училишта „Стив Наумов“, „Тодор Ангелевски“ и во ПОУ „Даме Груев“ во селото Долно Оризари, како и 10 спортски игралишта во училиштата, со соодветно осветлување, потоа изградба на атлетски патеки и борилиште во стадионот „Петар Милошевски“ како и два проекти за изградба на објекти на Терариум и нов дел за копитарите во битолската Зоолошка градина.

Вкупната вредност на проектите со кои Општина Битола аплицира на јавниот повик е околу 800 милиони денари.

Се сузбива криминалот! Ова е порака за идните функционери – ум во главата! Eве што се случува денеска во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата.

Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција.

По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази.

Тифози од Радовиш во четврток ќе ја запоседнат салата во “Ристе Ристески – Ричко”

Фото/РК Прилеп/ФБ

По воведните победи над Борец и Пролет, изминатиот викенд Прилеп ремизираше на гостувањето кај Куманово, а во рамките на четвртото коло од плеј-аут разигрувањето во ракометната Супер лига, прилепчани го дочекуваат Радовиш.

Натпреварот се игра во четврток (17.04) со почеток од 19:00часот, а на истиот се очекува присуство на навивачката група “Лебари” од Радовиш.

Навивачката група од овој град уредно го најавила своето присуство и побарале да се обезбедат услови за фер и коректно навивање.

Прилепчани пак очекуваат полн погодок од овој натпревар и полека трасирање на патот кон сигурен опстанок во суперлигашкото ракометно друштво.

Oд петок маркетите ќе ги објавуваат цените на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјална веб-страница. Обврската е согласно измените на Законот за заштита на потрошувачи што стапуваат во сила на 18. месецов (петок) откако по нивното усвојување во Собранието и објавата во Службен весник на 4. минатиот месец Министерството за економија во предвидениот рок од 45 дена изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките и податоците што треба да се објавуваат од страна на мал, среден и голем трговец кој врши дејност трговија на мало.

Во Правилникот е наведено дека малиот, средниот и големиот трговец кој врши дејност трговија на мало согласно Националната класификација на дејностите ги објавува цените на стоките кои ги пласира на пазарот на својата веб-страница на јасен и достапен начин, преку посебен дел на веб-страницата на трговецот посветен на цените (Ценовник).

Објавените цени треба да бидат достапни без потреба од регистрација или дополнителна најава. Цените на стоките (тековната продажна цена, единечната цена, промотивната или попустната цена) за секој одделен продажен објект на трговецот се објавуваат на вебстраницата соглaсно ставот (1) на овој член и ги содржат податоците утврдени во Прилогот, кој е составен дел на овој правилник.

Доколку од страна на трговецот се нудат промотивни или попустни цени, на веб страницата на трговецот треба да биде означена редовната цена, процентот или износот на намалувањето, како и времетраењето на промоцијата или попустот.

Како што е наведено во Правилникот, трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10:00 часот.

Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоките, трговецот треба да ја корегира грешката во рок од 24 часа.

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески минатата недела изјави дека со измените во Законот за заштита на потрошувачи се обезбедува транспрентност на цените бидејќи малите, големите и средните маркети ќе мора да ги објавуваат на нивните веб страници.

-Тоа ќе им даде можност на купувачите да одлучат од каде ќе купуваат, изјави Ристески во одговор на новинарско прашање.

Ристески нагласи дека тоа е израелски модел за контрола на цените на производите кој се применува во Израел, Италија, Хрватска.

Една од новите можности за контрола на цените, како што рече, е и промената во Законот за прекршоци каде покрај парична казна од 500 до 10.000 евра, во зависност од големината на маркетите, е воведена и поригорозна мерка затворање на маркетот од 15 дена. – Покрај тоа, оперативно делува и Комисијата за заштита на конкуренција, која ревносно работи од јануари наваму, откако почнаа нејзините законски обврски и се комплетира во однос на контрола на договорите помеѓу добавувачите и трговците на големо и мало, изјави Ристески.

Тој оцени и дека мерката за ограничување на бруто профитните маржи за празниците дава резултати и има дефлација од 1,3 отсто во однос на претходниот месец и намалување на цените на основните прехранбени производи и пијалаци од три отсто.

Ексклузивно: Огромна полициска акција во Прилеп

Маркукуле дознава дека утрово едниници на МВР и Финансова полиција вршат претреси на повеќе локации во Прилеп.

Неофицијално и во едно населено место.

Подетални информации во текот на денот

Хуман гест на прилепчанец во пресрет на Велигден! Нашето малку, за некој може да значи премногу на празничната трпеза, да го следиме овој пример

Нашиот сограѓанин Кире Сваќароски – Бакла, на својот ФБ профил започна една хумана иницијатива, која се надеваме дека во духот на православието ќе ја следат и други граѓани, па и фирми од Прилеп.

За што точно станува збор, прочитајте го ФБ статусот на Сваќароски во продолжение:

-Почитувани пријатели од секогаш сум бил спремен да помогнам на било кој начин онаму каде што треба и колку што можам но инспириран од неколку хумани потези на хуманитарци во овај велигденски пост решив да се приклучам и јас ,а можеби и некој ќе мотивирам да донира како мене и останатите.

Имено станува збор за мала донација за 20 социјално загрозени семејства.

Донирам на 10 семејства по ЕДНА ТАБЛА ЈАЈЦА од семејство во среда од 13 часот до 16 часот пред дисконтот за маслинки кај чичко Цане спроти театарот..

Исто така 10 безплатни стрижења за социјално загрозени од 16 часот до 18 часот во берберница кај ИЛАКО со локација 50 метри од чешмата викана Чкатра

За многу години да ни е Велигден Христовото Воскресение – напиша Кире.

(ВИДЕО) NEW GENERATION во Прилеп се вратија со грст награди од SUN DANCE фестивалот во Сандански, Бугарија

Прилепското студио по модерни танци NEW GENERATION за прв пат зеде учество на популарниот SUN DANCE фестивал, кој се одржува во Сандански, Бугарија.

Во огромна конкуренција на квалитетни групи од Балканот, девојките од NEW GENERATION имаа одлични настапи и постигнаа врвни резултати.

Малата Дарија Стојаноска направи вистински бум со нејзината соло изведба во стрит денс, и го освои првото место.

Маестрална беше и малата Антонина Котеска, која освои прво место во МТВ ДЕНС, а прво место освоија и Ива Гинеска и Марија Ристеска во дуо формација.

Дуото Нина Димеска и Михаела Јованоска го освои второто место, а формацијата на Сара Силеска, Ива Мирческа, Михаела Јованоска, го овои третото место.

Одични соло настапи и високи пласмани забележаа и: Софија Митаноска, Мидеа Георгиева, Теона Стојаноска и Јована Стојковска.

Од NEW GENERATION информираат дека после натпреварот во Бугарија ќе одморат еден ден, а веќе од утре активно ќе се подготвуваат за голем натпрева во Скопје, што ќе се одржи на 26. април.

Приведен кавадарчанец, возел со 2,16 промили алкоxoл

-На 14.04.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(38) од Кавадарци.

На улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, тој со патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки не застанал на знак за запирање, но по преземени мерки, бил запрен од страна на полициските службеници, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта.

Д.С. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“ – информираат од МВР.