дома блог страница 361

Контрабасот што ќе донесе нов звук: MINT ја засилува културната сцена во Битола

Jazz Factory Festival оваа година започнува со еден исклучително значаен подарок. Нов контрабас, дониран од MINT Fintech Group.

„Контрабасот не е само инструмент – тој е срцето на секој џез ансамбл. А за нас, оваа донација е симбол на ритамот што го делиме со градот и сцената која ја поддржуваме,“ велат од MINT.

Со оваа донација, решен е проблем кој со години ја отежнуваше организацијата на фестивалот. Странски музичари честопати беа спречени да настапат во Битола поради логистичките компликации за транспорт на сопствен контрабас, а организаторите често мораа да изнајмуваат инструмент за да обезбедат квалитетен настап.

„Ова не е само донација – ова е решение за еден сериозен предизвик. Контрабасот што го добиваме значи отворена врата за уште поголеми имиња и повисоко квалитетни настапи. Му благодариме на MINT што го препозна значењето и ни помогна да изградиме посилна инфраструктура за фестивалот,“ изјави Сашо Поповски, директор на Jazz Factory Festival.

Под мотото „MINT plays the bassline“, компанијата се вклучува не само како спонзор, туку и како активен учесник во поддршката на културната вредност и иднината на младите музичари.

Фестивалот официјално започнува денес, а звукот на контрабасот, засилен со поддршка од MINT, ќе одекнува на новото издание на JFF.

Момироски: Марјан Ристески на анкета за градоначалник на Прилеп

Никола Мариноски, Петра Лукароска и Мики Крстев од СДСМ, Марјан Ристески, Дејан Проданоски, Ирена Стеројска – Локвенец и Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ, се имињата за градоначалник на Прилеп на анкетите што ги спроведуваат агенции – вели во најавата за најновата колумна новинарот Зоран Момироски.

Со ова владеачката партија застана зад граѓаните, кои во огромен број бараат токму Ристески да се најде на избирачкото ливче на престојните локални избори, па токму затоа ВМРО-ДПМНЕ очигледно одлучи да го тестира и неговиот рејтинг. Од друга страна ако се има во предвид дека Прилеп доживеа најголем подем за време додека Ристески беше градоначаник, не е ни случајно што граѓаните одново го бараат.

Момироски во најавата за неговата редовна петочна колумна вели дека граѓаните ќе читаат и за отворената предистражна постапка на Финансовата полиција и ОЈО, за злоупотребите на минатото раководство во прилепската болница, за посетата на министерот за култура во Прилеп, превработеноста во јавните претпријатија….

Како со обичен сунѓер и четка за заби од јајцата да направите уметнички дела (ВИДЕО)

На Велики четврток, а во некои градови и на Велики петок, жените ги бојадисуваат велигденските јајца и се трудат да направат вистински уметнички дела, како би ги израдувале своите најблиски.

Постојат разни техники на бојадисување на јајцата, а ако сакате да добиете природен изглед, ставете сунѓер во боја, а потоа започнете да ги допирате јајцата со сунѓерот. Ќе добиете уникатни шарки и оригинално украсено велигденско јајце.

Погледнете ги необичните техники на бојадисување:

Денеска е Велики четврток: Еве каква симболика има бојадисувањето на црвени јајца

Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.

Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници.

За тоа сведочи Светото предание. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со поздравот Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!

Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.

Толку млади, а толку големи! Подмладокот на Ротари клуб Прилеп донираше маса и столчиња за мајчината школа во прилепската болница

Интеракт клубот од Прилеп, или подмладокот на Ротари клуб во нашиот град, донираше маса и столчиња за мајчината школа – место каде идните мајки ќе добиваат поддршка, знаење и охрабрување, како и заштитни прекривки за јоги за одделението за гинекологија и акушерство.

-Од срце благодариме на Интеракт клуб Прилеп, подмладокот на Ротари клуб Прилеп, за нивната донација. Ваквите гестови ја исполнуваат нашата заедница со топлина, солидарност и вистинска човечност. Благодариме што верувате во доброто. Благодариме што сте со нас – напишаа од болницата “Борка Талески” на ФБ.

Уживање! Дечките од прилепскиот рок состав The Doctors го претставија својот прв авторски проект

Oдичниот прилепски рок бенд The Doctors со задоволство ви ја претставува нивната прва авторска песна, насловена како “Татнеж во тишината”.

Бендот кој го сочинуваат Сергеј Попоски – вокал, Марко Стојаноски – гитара, Ѓорѓи Петкоски – бас гитара и Вилијам Спироски – тапани, е веќе добро познат помеѓу младите во Прилеп, а на нивните свирки атмосферата е секогаш одлична.

Тhe Doctors се познати по својот одличен рок, поп-рок и фанк репертоар, а четворицата членови на бендот секогаш звучат како едно и пружаат неверојатен перформанс на сцената.

Во продолжение слушнете го и уживајте во нивниот прв авторски проект:

Реализацијата на Проектот „Реконструкција на коловоз на улица „Бурса“ во Битола, влегува во финална фаза

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и советникот Бојан Бојкоски, извршија увид на денешните активности за асфалтирање на улицата, кои согласно динамиката на изведувачот ќе се изведуваат денес и утре, на потегот помеѓу новопроектираната улица „Индустриски пат“ до „Пивара“, односно делот кон А.Д Фабрика за квасец и алкохол и Фабриката за шеќер.

Реконструкцијата на коловозот на оваа важна сообраќајница, значително ќе го олесни функционирањето и ќе придонесе за растоварување на сообраќајот од тешки товарни возила на улица “Македонски гемиџии“.

Овој проект, претставува реализација на уште едно долгогодишно барање на стопанствениците од овој дел на Битола, со што значително се подобруваат условите за нивна непречена работа.

Реконструкцијата на улицата се врши во должина од 2418 метри, во вкупна вредност од 37.600.000 денари, а средствата се обезбедени од Светска банка во рамките на проектот за поврзување на локални патишта.

Четворица прилепчани фатени со дрога – Веднаш завршиле со лисици на рацете

-На 16.04.2025 во 00:00 часот на ул.”Орде Чопела” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода В.А.(22), С.А.(36), Б.И.(26) и Г.А.(32), сите од Прилеп.

При преглед кај Г.А. била пронајдена прашкаста и грутчеста материја, додека при преглед во патничко возило “опел” со битолски регистарски ознаки во кое се превезувале, а го управува В.А., била пронајдена марихуана.

По документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци – информираат од ОВР Прилеп.

Со закон ќе се регулира вработувањето на сезонски работници – Ќе може да работат и пензионери и редовни студенти

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на јавна расправа која се одржа во Собранието го образложи Законот за работно ангажирање на лица.

Дурмиши истакна дека Министерството активно работи на мерки за намалување на сивата економија и обезбедување на социјална заштита за работниците, а една од целите на законот е да се спречи иселувањето на младите како и да им се даде на македонските компании легален однос да ангажираат работници да дојдат до што е можно поголем број на работници.

Министерот смета дека на тој начин компанијата можат да ги прошируваат своите економски дејности.

-Исто така преку овој закон целиме да ја зајакнеме економијата бидејќи кога ќе биде направена легална рамка и на работниците ќе се даде можност легално да заработуваат тогаш истите тие работници по основ на примена плата, ќе исплатат даноци спрема државата, но и преку индиректините контрибутори во економијата ќе најдат начин да ја засилат личната потрошувачка, да наплати државата даноци итн. Со овој закон се овозможува поедноставена постапка за работно ангажирање на лица за повремени и сезонски работи во одредени дејности, добиваме поголем број на придобивки во повеќе различни области. Овој закон е во насока за задоволување на потребите од работна сила кај работодавачите, каде се дозволува да се ангажираат лица со старосна пензија, како и редовни студенти, без притоа тие да ги изгубат другите бенефиции, како што се корисниците на социјалната и детската заштита, евидентирани невработени лица (право на паричен надомест и не се бришат од евиденција на невработени), корисник на старосна и семејна пензија, корисник на право на социјална сигурност, статусот на редовен студент…, објасни министерот пред пратениците.

Овој закон, рече тој, помага во борбата против неформалната „сива“ економија, преку формализирање на непријавената работа и е дел од стратешките определби на државата за стимулирање и поддршка на формализацијата на неформалните економски активности преку воспоставување систем на превентивни и стимулативни мерки за поддршка.

Дурмиши појасни дека со ова решение со донаторска поддршка ќе се воспостави регистар за евиденција на работно ангажирање, поточно ќе се воведе институционален механизам за работно ангажирање на лица за вршење работи од повремена и сезонска природа во одредени дејности во поедноставена постапка.

Со законот опфатени се три области: земјоделство, шумарство и рибарство, објекти за сместување и сервисни дејности за храна како и дејности на домаќинство како работодавач.

Работното ангажирање во поедноставена постапка ќе се врши со пријава на лицето преку регистарот за евиденција на работно ангажирање на Агенцијата за вработување на Република Македонија, додека наплатата на даноците и придонесите ќе се врши преку надградба на системот за наплата на даноците и придонесите на Управата за јавни приходи.

Ресторанот кој гради незаборавни спомени! Изберете ја “ПОРТА” за најсреќните мигови во животот и резервирајте навреме за сите семејни прослави, крштевки, матури, родендени…

По велигденските пости, како по традиција во Прилеп започнуваат прославите… Венчавки, крштевки, матури, разни семејни свечености… Па доколку се’ уште се двоумите како и каде да ги прославите најсреќните мигови во животот, дозволете ни да ви дадеме совршен предлог.

Ве носиме во срцето на прилепската Стара чаршија, во ресторанот со огромна традиција, кој буди многу пријатни спомени од минатото и гради блескава иднина, кога во прашање е угостителската понуда во градот под Марковите Кули.

Ве носиме во РЕСТОРАН ПОРТА, репрезентативен бренд на Прилеп и совршена локација каде вашите семејни свечености ќе добијат нова димензија.

Со капацитет до 100 гости, модерен ентериер и топла атмосфера, РЕСТОРАН ПОРТА е број еден избор за кршевките на вашите најмили, роденденски прослави, разни семејни свечености и секако за матурските прослави кои се на самиот праг.

Менито е по ваш избор, а тимот на ресторанот е тука да ви даде најдобри совети и да се погрижи се’ да изгледа перфектно. А кога велиме перфектно тоа подразбира од домаќински пречек на гостите, одлично сервирани маси, послуга која е на ниво, до храна и вкусови за кои не треба многу да се зборува, затоа што се најдобри.

Ваквиот однос кон гостите и нивните потреби е граден цели 20 години, и токму затоа во ПОРТА знаат како треба и што е најдобро.

Не двоумете се ни миг повеќе и резервирајте на време!

Телефон: 078 368 111

Вашата доверба е нивно најскапоцено богатство! Изберете амбиент, изберете топлина, изберете врвна услуга и квалитет, изберете го РЕСТОРАН ПОРТА!