дома блог страница 360

За комплетно гастрономско уживање! Фабриката за најдобри бургери во Прилеп ве кани да ги испробате нивните пастрмајлии – вкус кој остава без зборови (ФОТО)

Фабриката за најдобра брза храна во градот – BURGER BOOM, има фантастични новитети, вкусови кои никого нема да остават рамнодушен.

Во новата катна гаража во Прилеп, каде во моментов се прават најдобрите бургери, сендвичи, пици, гиро… BURGER BOOM од денеска ве кани да ги испробате нивните пастрмајлии – со пилешко и свинско месо.

Младите дечки во BURGER BOOM стигнаа до продукт кој ќе ве воодушеви колку е добар, нешто што досега го нема никаде во Прилеп.

Приготвени од екстра квалитетни состојки, со совршен вкус и неодолив мирис… едно гастрономско уживање на кое ќе се сладат не само прилепчани, туку и сите гости во градот под Марковите Кули.

Покрај пастрмајлија, од денеска во BURGER BOOM можете да уживате и во маестрално приготвени порции со пилешки крилца. Крцкави и сочни, со одличен сос во прилог, комбинација што одлично ќе се вклопи како добро мезе на секоја маса.

Ако за кратко време почна да ги бие само добар глас за храната која ја нудат, треба да им се верува и да се испробаат уште денеска и овие новитети. Ние уживавме во секој залак, а веруваме дека ќе ве освојат и вас.

Дојдете и проверете, или нарачајте на телефонскиот број: 078 786 000

Наздравје!

Прилепчанецот Карчески брилијантен на стартот од сезоната за Брегалница – три гола на два натпревари

Екипата на Брегалница новата сезона во Втората фудбалска лига ја започна одлично, а амбицијата на штипската екипа е враќање во фудбалската елита во Македонија следната сезона.

Три триумфи и еден нерешен резултат за 10 бода и пласман на самиот врв на табелата, каде во моментов со исто толку бодови се и: Кожув, Беласица и Шкендија Арачиново.

Инспиратор на одличните игри на Брегланица е искусниот голгетер од Прилеп, Даниел Карчески, кој на последните два натпревари постигна три гола.

Карчески викендов беше прецизен од белата точка во натпреварот против Новаци, кој штипјани го добија со 4:2, а минатата недела два пати прецизно стрелаше против Тетекс, каде Брегалница триумфираше со високи 6:1.

Ако продолжи во овој ритам, Карчески со сигурност ќе биде мотив плус за останатите во тимот и ќе помогне во остварување на зацртаната цел – пласман во Првата лига.

Прилеп ќе направеше од готово-вересија – Драма и голеада синоќа во “Ричко”

Ракометарите на РК Прилеп стигнаа до првата победа во новата сезона од Супер лигата, откако синоќа на домашен терен го совладаа Куманово.

Во натпревар во кој домаќините имаа предност со 5-6 гола во првото полувреме, прилепчани за малку ќе направеа од готово-вересија во вториот дел.

Во последните неколку минути од натпреварот, Прилеп постојано имаше гол предност, а гостите од Куманово успеваа да израмнат, но во 58. минута, Куманово во два наврати не реализираше во нападот. Тоа ги врати на два гола предност прилепчани, каде синоќа блескаше Димитар Димитриоски постигнувајќи 12 гола од 14 обиди.

Крајниот резултат на семафорот беше 33:32.

Кај Куманово речиси традиционално најдобар беше Бразилецот Да Силва Фернандез, кој постигна 9 гола од 12 обиди.

Дури 18 кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје

Осумнаесет кандидати ќе влезат во трката за градоначалник на Скопје на претостојните локални избори доколку Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди нивните кандидатски листи.

Рокот за поднесување кандидатури истече на 13 септември на полноќ. ДИК соопшти дека до завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на 80 општини и на Градот Скопје, до општинските изборни комисии се поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Градот Скопје. Во оваа бројка се вклучени листите на кандидати од политички партии и листите поднесени од група избирачи.

Најголем број на кандидатски листи за градоначалници и совети е поднесено за Градот Скопје односно вкупно 18 листи на кандидати за градоначалник на Град Скопје и 20 листи на кандидати за членови на Советот на Град Скопје.

-Согласно Роковникот за локалните избори 2025 година, ОИК доставува барање до институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите веднаш по приемот на листата односно најдоцна на 14 септември. Откако ќе заврши проверката за исполнетост на условите и ќе заврши процесот на отстранување на евентуални неправилности или пропусти во кандидатските листи, општинските изборни комисии ги доставуваат потврдените листи до Државната изборна комисија за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, веднаш по потврдувањето на листата односно најдоцна на 20 септември 2025 година, појаснуваат од ДИК.

По завршување на процесот на проверка на документацијата и исполнетоста на законските услови и потврдување од страна на ОИК, ДИК ќе ги објави сите потврдени листи по општини кои ќе учествуваат на изборите.

Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидати ДИК ќе ја одржи најдоцна на 25 септември.

Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври 2025, а вториот две недели подоцна, на 2 ноември.

Изборната кампања официјално ќе започне 20 дена пред денот на гласање.

Над 1700 учесници од 15 држави денеска трчаа во Битола на седмото издание на “Трчај бе” (Фото галерија)

Битола утринава пулсираше во ритамот на трчањето, музиката и забавата. Локацијата кај Саат кулата, беше стартната точка на трите трки кои се одржаа во рамките на 7-мото издание на „Трчај бе“.

Над 1700 учесници од 15 држави, се натпреваруваа во 3 категории: 5.000 метри, 10.000 метри и полумаратон во должина од 21.000 метри. Трките се одржаа согласно правилата на Меѓународното здружение на атлетски сојузи и Атлетската федерација на Македонија, а полумаратонското државно првенство под покровителство на Атлетската Федерација на Македонија.

По завршувањето на сите три трки, беа доделени награди за најдобрите. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ги додели наградите за најдобрите во полумаратонските трки во машка и во женска конкуренција и им посака на победниците и натаму да го негуваат спортскиот дух и да освојуваат уште повеќе награди.

„Трчај бе“, во изминатите 7 години, прерасна во манифестација која освен трчањето, го спои заедништвото низ многу генерации љубители на спортот.

Најдобра претстава на МФКТ „Ристо Шишков“ -„Ричард трети“ на Битолски театар

Жири-комисијата на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во состав: Лео Долорес Поповиќ, актер, како претседател на жири-комисијата, Анастас Попдимитров, актер и режисер и Иван Додовски, универзитетски професор и драмски автор, одгледа 12 претстави селектирани во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување што го носи името на големиот македонски актер Ристо Шишков, како и за специјалната награда. Истата за најдобра претстава на Фестивалот, е доделена на „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Мартин Мирчевски, во изведба на Народниот театар од Битола.

Главните прашања во оваа претстава се: Зошто имаме потреба да се самоуништуваме ние како вид? Зошто ние како луѓе имаме толку самоуништувачки нагон, сопствениот вид да го сотреме, дали постои некаде во природата некое друго суштество што толку има потреба себеси да се самоуништи? Ние всушност не живееме, ние преживуваме.Треба да се запрашаме колку се гледа некоја хуманистичка перспектива меѓу луѓето, дали гледаме само за себеси, дали нешто не интересира од нашиот тесен круг, дали само ние ако сме среќни, а другите околу нас не се, дали сме ние потполно среќни.Јас мислам дека не сме.Затоа што на тој начин не ја делиме нашата среќа со другите. Претставата се занимава со лицемерието, полтронството и пренесува порака дека мора да направиме некаков чекор, да се бориме за својата слобода, потполна слобода како луѓе да одлучуваме. Треба да размислиме дали таа темна и светла страна во нас е вродена или се учи во текот на животот.

Во претставата играат: Мартин Мирчевски, Илина Чоревска, Маја Андоновска-Илијевски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Марија Стефановска, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Кристијан Танчевски. Преводот го направи Драги Михајловски, адаптација и режија Мартин Мирчевски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографија Андреј Ѓоргиевски – Папаз.

Престижната награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“ и’ е доделена на Биљана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Корин Фел во претставата „Гидеоновиот јазол“ од Џона Адамс, во изведба на Драмски театар од Скопје.

Се празнува чудото кое ја исцелувало византиската царица: Денеска е Положување на појасот на Пресвета Богородица

Празников е востановен во спомен на чудесното исцелување на византиската царица Зое, сопругата на Лав Мудриот, со посредство на појасот на Богородица што се чуваше до тоа време во Богородичната црква во Влахерна, Цариград.

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 август.

Денеска е Положување на појасот на Пресвета Богородица.

Празников е востановен во спомен на чудесното исцелување на византиската царица Зое, сопругата на Лав Мудриот, со посредство на појасот на Богородица што се чуваше до тоа време во Богородичната црква во Влахерна, Цариград. Подоцна, еден дел од овој појас беше пренесен во Грузија, во градот Зугдид, каде се чува до денес.

Совршен ден кај Градскиот Саат во Прилеп – Кој дојде имаше што да види, да проба и да купи (Фото галерија/Видео)

Во организација на “Слоу фуд Прилеп”, денеска на платото пред Градскиот Саат, градот под Марковите Кули по четврти пат беше домаќин на Фестивалот “Млеко 2025”.

Годинешната манифестација се реализира под мотото: Гласот на сточарите со цел да се акцентира работата и придонесот на сточарите и малите локални преработувачи на млечни производи кои ги пренесуваат автентичните вкусови на традиционалното сирење и други млечни производи.

Покрај производители на млечни производи, на настанот традиционално беа претставени повеќе производители на ракија, вино, рачни изработки, разни други органски производи и козметика.

Платото пред Саат кулата беше претворено во вкусна и шарена сцена, а стотиците прилепчани кои го посетија настанот дегустираа, се дружеа, уживаа во убавото време и староградската песна, и секако купија од се по нешто за дома.

Програмата ќе продолжи вечерва, кај Камената бина во центарот на Прилеп. Таму, дечките од Слоу Фуд Млади Македонија заедно со шеф Маре Јаневска ќе приготват Диско Супа – вкусна, креативна и по малку бунтовна супа, направена од намирници кои инаку би завршиле во отпад.

А додека супата се подготвува, сцената ќе ја оживеат Јана Мрческа & Баже – млади, енергични и полни со ритам. Ќе има песна, ќе има смеа, и ќе има порака: храната е премногу вредна за да се фрли.

Преку фотографии и видео ви пренесуваме дел од атмосферата:

(ФОТО) Започна асфалтирањето на ул.”Александар Македонски” во Прилеп

На ул. Александар Македонски” во Прилеп започна асфалтирањето на првиот дел од реконструкцијата на оваа улица – од кружниот тек кај ЈКП „Водовод и Канализација“ до раскрсницата кај градскиот стадион „Гоце Делчев“.

Според општинските власти, реконструкцијата на оваа улица ќе се одвива во раскрсницата “Чумовчанец”, или во должина од еден километар оваа улица ќе добие нов асфалт, замена на ивичњаците по целата должина и промена на сите шахти.

Реконструкцијата на улицата “Александар Македонски” e дел од годишната програма за рехабилитација на улици на општина Прилеп.

Синоќа во Прилеп отворена изложбата “Украс” од ликовната уметница Марјана Костојчиноска Узунчева (ФОТО)

Синоќа во Ликовна Галерија од ЦК”Марко Цепенков”во Прилеп  беше отворена изложбата “Украс” од ликовната уметница Марјана Костојчиноска Узунчева, која  отвора низа актуелни прашања во врска сo позицијата и третманот на жената денес и родовата (не)еднаквост, посебно во конзервативни и патријархални општества.
Инсталацијата се состои од навидум секојдневни предмети кои претставуваат своевиден визуелен код, како дел од нашето етнолошко богатство и културна традиција, но групирани и транспонирани на овој начин и во овој контекст се лишени од баналност и добиваат сосема поинаква, поширока димензија.
-Плетеници кои висат, килими, вазни…се само дел од предметите претставени на изложбата-инсталација, со кои се пренесува визијата на уметницата, која говори за традицијата преку сопствен современ уметнички израз, рече м-р Каролина Мицевска,на отворањето на изложбата.
На изложбата жените членки на Здружението Преродба плетеа, вклопувајќи се амбиентот на самиот проект..
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.