дома блог страница 355

Николоски: Штип има потенцијал да стане туристички центар во Истокот, бројни инфраструктурни проекти реализираме преку Владата

Штип има потенцијал да стане туристички центар во Истокот. Има бројни капитални проекти шти ги реализираме како Влада и со тоа даваме силна подршка за Штип и регионот, истакна денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски кој присуствуваше на отворањето на манифестацијата “Штипска пастрмајлијада”.

Изградба на брана на река Отиња, проекти во патната мрежа, канализациони и водоводни системи, урабнизација на брана Кежовица, се дел од проектите што се реализираат во Штип со подршка на централната власт.

“Навистина е чест да се биде денеска во Штип на отворањето на овој голем настан за кој што живее овој град и целиот регион. Сметам дека е добро да се организираат вакви настани со цел да се раздвижи локалната економија, ова значи многу посетители кои што овие денови ќе го посетат Штип. Ова значи влез на неколку милиони евра директно во локалната економија што е задвижување за целото стопанство и нешто што треба да биде подржано. Мислам дека градоначалникот прави одлична работа и сакам да му честитам за тоа што го прави досега и верувам дека и во следниот период ќе има уште поголеми успеси и поголеми работи. Посакувам убава дружба и убави моменти, не само за штипјани туку и сите што ќе ја посетат манифестацијата.

Во иста насока сакам да кажам дека продолжуваме да го подржуваме Штип. Бројни инфрастрктурни проекти се во реализација, во делот на патната мрежа, во делот на канализациски и водоводни мрежи, во делот на образованието. Работиме и големи проекти, интензивно се работи на браната Отиња како и на целосна урбанизација околу браната. Она што е Мавровското езеро на западниот дел на Македонија, браната Отиња треба ќе стане во Источна Македонија. Покрај универзитетски и бизнис центар, Штип да стане и туристички центар за овој дел на Македонија и во таа насока е и урбанизцијата околу браната Кежовица. Таму има голем туристички потенцијал, така што навистина имаме големи планови за Штип, дел се реализирани, дел се реализираат и секогаш доаѓам со задоволство, заедно со градоначалникот и со пратениците работиме на реализација на прoектите”– истакна Николоски.

Одбележани 83 години од Дабничкиот масакр: Едно од најгрозоморните ѕверства на бугарскиот фашистички окупатор во прилепско

Со положување свежо цвеќе пред спомен обележјето кај Дадница, во Прилеп денеска беа одбележани 83 година од едно од најголемите ѕверства на бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна.

Масакрот кај прилепското село Дабница е еден од најгрозоморните во историјата на Прилеп, а се случил на 19 сепрември 1942 година, кога 18 прилепчани биле стрелани од бугарскиот фашистички окупатор. Еве како се одвивал тој настан:

На 14 септември 1942 година, бугарските војски го блокирале селото Дабница и ги собрале селаните сред село, барајќи информации и поврзаност со партизанските одреди. Откако никој од селаните не дал информации, Бугарите врзале 64 мажи од селото и ги однеле во прилепските касарни. Таму врз нив се вршел невиден грозоморен терор, биле тепани со боксови, газење, тепање со стап и коловски жила, бајонети под грло, горење под ноктите на рацете и нозете, гаснење на цигари по телото и друго. Од претепувањето во затворот починал еден селанец, Сотир Дамески.

На 18 септември од затворениците Бугарите по список извлекле 19-мина, 12 од затворените селани од Дабница и 7 прилепчани, кои, следниот ден ги врзале со ортоми и, без да бидат судени, ги повеле на стрелање. На пат кон Дабница, по наредба на поручникот Иван Куцаров, затворениците се стрелани. Иако биле дополнително проверувани дали некој останал жив, еден од затворениците, Петко Велкоски, ранет и искрвавен, се притајува, го подзапира здивот и е фрлен меѓу мртвите другари. На крај, успева да се спаси.

Во масакрот кај прилепското село Дабница стрелани биле:

Адем Мамуд Адемоски
Алексо Бешироски – Ставре
Душан Бешироски
Ордан Велкоски
Добре Цанев Јованоски
Тоде Кремчески
Ордан Кузманоски
Аце Мрчески
Димко Мрчески
Андон Нунески
Атанас Нунески
Гога Нунески
Ордан Димков Паноски
Андон Миланов Слабејкоски – Слабејко
Сотир Сотироски – Џигиџик
Киро Ѓорев Ќосески
Алексо Шаламаноски

Шампионките од Прилеп ги започнаа подготовките за престојното Балканско првенство – Косово, Бугарија па Романија по медали (ФОТО)

Шампионките од Боречкиот клуб “7-Мај” Прилеп ги почнаа подготовките за престојното Балканско првенство.

Ангела Трајкоска, Тамара Цветкоска и Марија Велјаноска, до недела формата ќе ја темпираат во Косово, а веднаш потоа заминуваат на подготовки и во Бугарија, каде ќе останат уште една седмица.

Целта е што подобро да се подготват за Балканското првенство, кое следниот месец ќе се одржи во Романија, а од прилепските девојки се очекуваат добри резултати.

Да им посакаме среќа и успех!

Можело и со вакви цени, а врвен квалитет и вкус – Учениците се преблагодарни на овој локал во Прилеп, а работат и по порачка (ФОТО)

Надвор од гужвата во центарот на градот, во просторот на поранешно “Жито Прилеп”, веднаш до Градската болница, Прилеп, се наоѓа едно прекрасно катче кое освојува со својата пријатна атмосфера и богата понуда.

Најголем дел од вас веќе знаат дека станува збор за Brunch Box Café, кафуле со душа и прекрасен амбинет кое од ден во ден се повеќе изненадува со својата понуда, примамливи цени и прекрасниот простор за релаксација и опуштање.

Локалот се издвојува по својата прекрасна летна бавча, совршено место за утринско кафе, доручек, ручек, разни закуски и мезлаци, во кои можете да уживате тука, или да си порачате и да дегустирате заедно со најблиските на семејната трпеза.

Ве каниме денот да го започнете со свеж и крцкав кроасан кој се топи во уста и ароматично кафе по избор, по цена од само 100 денари, или цеден сок + кафе за 110 ДЕН – ПОНУДА КАКВА НЕМА НА ДРУГО МЕСТО! Тоа со сигурност ќе ви отвори апетит за она што следува во продолжение, а тоа е неодолив доручек.

Brunch Box Cafe е одлично место и за сите ученици кои тука можат да добијат најевтини оброци и да заштедат на џепарлакот.

Што може да доручкуваш во Brunch Box Cafe?

🍳 Класик омлет (шунка, кашкавал) – само 120 ден.
🥩 Брaнч омлет (врат, кашкавал) – 140 ден.
🌯 Омлет во тортиља (шунка, павлака, кашкавал, салата) – 140 ден.
Англиски доручек (јајца, врат, сирење, краставица, домат, кечап, мајонез) – 130 ден.

Ако ти се јаде нешто побрзо, но сепак вкусно:

🥪 Тост со шунка, кашкавал и помфрит – 100 ден.
🥩 Тост со врат, кашкавал и помфрит – 140 ден.
🥬 Веге кроасан (марула, салата, маслинки) – 70 ден.
🔥 Тостиран кроасан (шунка, кашкавал, павлака) – 80 ден.

Но, она што навистина ќе ве натера прво да ги посетите, а потоа и повторно да се вратите, се нивните обилни, домашни хамбургери подготвени со свежи состојки, полни вкус и сервирани со крцкави помфрити

🍔 Classic burger – 120 ден.
🧀 Cheese burger – 130 ден.
🥓 Bacon или Brunch burger – само 140 ден.

Во менито ќе ги најдете и неодоливите тортиља со пилешко месо и специјален сос, полна со крцкав помфрит, за само 140 денари – комбинација која ќе ве освои уште по првиот залак, како и кебаб сендвич со благ сос, свежа салата и крцкав помфрит – голем, сочен и вкусен, по цена од само 200 денари.

Brunch Box Cafe – дојдете заради мирот, останете заради вкусот!

Посетете ги уште денеска, или нарачајте на телефонскиот број: 078 845 442.

Ве очекуваат со широка насмевка и полна чинија!

Ексклузивно: ДИВ ЗАПАД ВО ПРИЛЕП – МВР МОРА ДА СТАВИ РЕД ВО ГРАДОТ (ФОТО/ВИДЕО)

Врие од припадници на МВР во дворот и околу прилепската болница, откако две поголеми групи во близина на болницата се обиделе да се пресметаат.

Лицата неофицијално биле наоружани со огнено и ладно оружје, а засега не се познати причините за настанатиот инцидент.

Полицијата во моментов трага по инволвираните лица… Очекувајте повеќе информации во текот на денот.

Николоски објави видео: Еве како се одвиваат работите на новиот автопат Прилеп – Битола (ВИДЕО)

-Интензивно се работи на новиот автопат Прилеп – Битола!

Со овој автопат силно ќе се развие економијата во пелагонискиот дел на Македонија.

Продолжуваме силно!, пишува во својата објава вицепремиерот Николоски.

ВИДЕОТО погледнете го ТУКА

Со MINT, ништо не е црно-бело – Сребрен спонзор на 46. ИФФК „Браќа Манаки“

Mint Fintech Group ја најави својата поддршка како сребрен спонзор на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што традиционално се одржува во Битола.

„Со MINT, ништо не е црно-бело“ е пораката со која компанијата се претставува на фестивалот, симболизирајќи ја својата визија за свет полн со нијанси, перспективи и иновации. Како што филмот не е само црно-бел, така и финансискиот свет што го гради MINT е исполнет со креативност, технологија и решенија кои носат нова динамика во секојдневието.

„Браќа Манаки“ е фестивал што повеќе од четири децении ја слави уметноста на филмската камера и визијата на најистакнатите кинематографери од светот. Поддршката на MINT претставува јасна порака дека компанијата е посветена на културата, заедницата и приказните што траат.

„За нас е голема чест што сме дел од еден од најзначајните фестивали во регионот. Вредностите што ги носи ‘Браќа Манаки’ – креативност, визија и континуитет … се вредности со кои и самите се идентификуваме. Веруваме дека вистинските приказни, било на филм или во бизнис, никогаш не се црно-бели – тие се полни со живот, со боја и со инспирација,“ – изјавија од Mint Fintech Group.

Со оваа соработка, Mint Fintech Group уште еднаш ја покажува својата определба да биде дел од најзначајните настани кои ја обликуваат културната сцена на Македонија и пошироко.

Цвета семејното насилство: Две прилепчанки во два дена ги пријавиле нивните сопрузи за физички напад

На 15.09.2025 во 20:30 часот во ОВР Прилеп, 21-годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С.А.

Следниот ден, на 16.09. во 17:00 часот, во ОВР Прилеп, 69-годишна прилепчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг.

Се преземаат мерки за расчистување на настаните – велат од СВР Битола.

Во недела е голем празник – се слави Рождество на Пресвета Богородица

Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица — еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Богородица е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар.

Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.
Македонскиот народ, како впрочем и сите христијани, со многу внимание ги празнува повеќето празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Така е и во народните умотворби, како во поетските така и во прозните, така и во народните верувања и во народните обичаи. Затоа поголем број цркви низ цела Македонија го носат нејзиното име, а нејзините празници покрај со црковни свечености народот ги празнува и со народни собири, панаѓури и сл. што во минатото траеле и по неколку денови.

Така, македонскиот народ, со повеќе или помалку свечености, но секогаш со достојно внимание прославува неколку празници поврзани со името на Пресвета Богородица: Мала и Голема Богородица, Воведение на Пресвета Богородица, (празник познат уште и под името Света Пречиста), Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, Собор на Пресвета Богородица и др.

Народот верува дека Богородица е мајка на сите мајки, дека е заштитничка на жените особено на леунките поради што кога жените раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да поминат. Народот верувал дека Богородица им помагала при породувањето не само на жените христијанки туку и на жените од другите вери. Така на пр. во Разлошко како што запишал М. Цепенков кога некоја жена Турчинка се мачела при породувањето вака ја викале Богородица по турски: „Ела, Муарем-ано, ела, да је поможиш на оваа сирота што се мачи и не може да роди. Поможи е, Муарем-ана, у нас (Муарем-ана ја викаат Богоројца турцки) за побрго да родит.“ Откако, пак, жената ќе родела и ќе се ослободела, бабата ќе земела метла во рацете и ќе почнела да мети низ куќата најповеќе околу леунката и ќе велела: „Бегај, Муарем-ано, бегај, оти овде турцка е куќата“. Така, вели Цепенков, верувале дека со тоа велење ќе дојдела Богородица ќе поможела и пак ќе си одела.

Исто така се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. Така на пр. како што запишал Миленко С. Филиповиќ жените од Дебарски Дримкол што немале деца оделе во манастирот во Калишта на Охридското Езеро за да ја занишаат со прст сребрената лелејка (минијатурна лулка) што стоела пред иконата на Богородица.

Во народното сфаќање, односно во народните верувања, оваа врска на Богородица со нејзиниот син, односно нејзиното мајчинство се смета за света работа. „Ако на запад, во западното христијанство, во центарот на почитувањето на Марија секогаш бил Нејзиниот образ како дева, девственоста, која не била нарушена од мајчинството, за православниот Исток таквата негова срдечна љубов кон Марија, Нејзиното созерцание и ‒ ќе повторам уште еднаш ‒ радосниот восхит од погледот кон Неа, од самиот почеток бил и останува нејзиното мајчинство, Нејзината крвна врска со Исус Христос.“

Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по соништа, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја. Стефан Тановиќ сведочи дека во Гевгелиско празникот Мала Богородица се сметал за тежок и аталија празник, а во селото Богородица на овој ден се одржувал голем панаѓур. С. Тановиќ сведочи дека селото Богородица името го добило поради тоа што тука во селската црква престојувала Св. Богородица односно нејзиниот дух. Таа икона во која престојувала Св. Богородица, според раскажувањето на селаните постојано се движела.

Додека тука престојувала Богородица, се вели во ова предание, на сите во селото им било добро. Но во 1835 година во месец август, околу пладне црквата се запалила и луѓето убаво виделе како Св. Бугуројца со иконата излетала од пламенот и застанала на камбанаријата. Потоа одлетала на север и повеќе не се вратила. Потоа селото почнало да страда, најпосле го зафатила и чума и малку требало сите да изумрат. Тогаш селаните се сетиле да побараат помош од нивната Св. Богородица којашто тогаш била во селото Конче, Радовишко. Луѓето што отишле да ја викаат да се врати за поклон ѝ носеле една литургија. Таа не се вратила, но во сон им кажала како да се спасат од чумата. Им порачала од дрво близнак да направат рало, да најдат два вола близнаци и двајца браќа, исто така близнаци, да ги прегнат тие волови, и со тоа рало да изораат една бразда околу селото, чумата веднаш ќе престанела. Откако тоа го направиле чумата престанала да беснее. Тановиќ сведочи дека и во негово време жителите на ова село верувале дека нивното село не можело да настрада од чума зашто било изорано од браќа близнаци, волови близнаци и рало близнак.

На Мала Богородица, исто така, се одржуваат големи народни собири во повеќе манастири што го носат нејзиното име како што е манастирот Пречиста кај Кичево, манастирот во с. Матејче, во Осоговскиот манастир итн.

Keдев: Стојам зад сè што кажав, има злоупотреби во приватните болници и треба да се расчистат

Стојам комплетно зад тоа што го кажав во врска со злоупотребите при кардиохируршки интервенции. Тоа го имам кажувано многупати и порано, пред други здравствени авторитети. Овој пат покрена лавина на реакции, јавноста многу се наелектризира, што е исправно. Основната моја мотивација за сето ова е да расчистиме со неправилностите таму каде што можеме, изјави кардиологот Сашко Кедев, кој недамна излезе јавно со тврдења дека се прават непотребни операции и стентирања, по што беше формирана момисија од домашни и странски експерти која треба да утврди дали имало злоупотреби.

Во синоќешното гостување во емисијата „Вечерното шуо со Богдан Илиевски“ на ТВ Алфа, Кедев оцени дека овој пат здравствениот систем реагираше соодветно, формирана е комисија која ги анализира случаите што до Министерството за здравство ги доставија лекари од Клиниката за кардиологија и Државната кардиохирургија. Целта, според него, е да се воведе соодветна контрола и да се подобри здравствениот систем во кој, како што посочи, сега најмногу се вложува.

– Сведоци сме на невидено инвестирање во здравството. Во моментов има досега највисок буџет за здравство, но за жал не можеме да ги видиме бенефитите од тоа. Суштината е да се воведе контрола во здравствениот систем што ќе резултира со подобрување на квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните и да се спречат неправилностите. Тие неправилности не се од сега, датираат многу години наназад. Јас сум ги отворал многу пати, но никогаш не сум наидувал на поддршка. Овој пат има огромна поддршка и од јавноста и од институциите, што е многу позитивно. Сегашниот министер за здравство е најмалку инволвиран во ова и воопшто нема врска со овие работи. Се надевам дека формирањето на комисијата од домашни експерти во рамки на МЗ, меѓународната комисија и Лекарската комора, ќе дадат голем придонес да се расчисти сето ова, јас сум оптимист и мислам дека ќе направиме позитивен импакт во оваа сфера, рече Кедев.

Смета дека треба да се направат соодветни проверки и во јавното и во приватното здравство, а потоа наодите на комисијата да бидат евалуирани од меѓународни експерти.

– Мислам дека сме на добар пат. Најважно е да ја воведеме контролата и да го подобриме системот, а ова да биде иницијален стимул за тоа, вели Кедев.

Нагласи дека сознанија што ги изнесе пред јавноста и се доставени до МЗ не се само негови, туку тоа се искуства од 16 лекари експерти, интервентни кардиолози и кардиохирурзи.

– Можеби најмалку од овие случаи дошле во контакт со мене директно, најголем дел индиректно, кај колеги кои ме консултирале. Заеднички сме констатирале неправилности. Нашата професија е егзактна и лесно е да се види дали има или нема потреба од нешто. Често работиме во сива зона – кога може, но и не мора да се направи нешто. Суштината е, според медицински базирани докази, многу често не треба да се прави ништо, треба да се применува конзервативен пристап, пациентите да се советуваат за соодветен животен стил, здрава исхрана и оптимална медикаментозна терапија под контрола на лекар специјалист. Сигурно има случаи каде е неопходен најагресивен кардиохируршки третман, но треба да имаме систем кога ќе му го препорачаме тоа на пациентот тоа да е најдоброто нешто за него, истакна Кедев.

За тоа дали е можно да се докажат злоупотребите, тој посочува дека „има сива зона, но има и сигурна зона каде што се знае дека не мора ништо да се прави и тоа е цврсто докажливо со документацијата што ја имаат“.

– Треба да се направи дистинкција во однос на неправилностите. Има сива зона во која може и едно и друго. Но, имаме и зона во која знааеме дека не треба ништо да се прави и тоа многу цврсто е докажливо со документацијата што ја имаме. Работиме со ангиографски филмови, целата процедура се снима и тие докази може да ги евалуираат само компетентни експерти – интервентен кардиолог или кардиохирург, вели Кедев.