дома блог страница 354

Трамп и Путин ќе се сретнат во Алјаска на 15 август

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин на 15 август во Алјаска за да преговара за прекин на војната во Украина.

Трамп објави за тоа на социјалните мрежи откако рече дека завојуваните страни се блиску до договор за прекин на огнот што би можел да ја заврши три и полгодишната војна, но може да бара од Киев да отстапи значителна територија.

Во разговор со новинарите во Белата куќа синоќа, Трамп посочи дека договорот веројатно ќе вклучува размена на територии.

„Ќе има некои размени на територии за доброто на двете земји“, рече тој.

Потоа Кремљ ја потврди средбата во Алјаска преку порака од рускиот претседателски советник за надворешна политика Јуриј Ушаков.

„САД штотуку објавија дека е постигнат договор – в петок, 15 август, за организирање состанок меѓу лидерите на двете земји“, рече Ушаков, додавајќи дека Русија и САД се „блиски соседи“, поради што, според неговите зборови, нема ништо поприродно од тоа руската делегација да прелета преку Беринговиот теснец и да учествува на важниот и долгоочекуван состанок таму.

Тој истакна дека „во Алјаска и Арктикот, економските интереси на двете земји исто така се пресекуваат, а се разгледуваат и перспективите за спроведување на големи и меѓусебно корисни проекти“.

„Но, без сомнение, самите претседатели ќе ги фокусираат своите дискусии на можностите за постигнување долгорочно мирно решавање на украинската криза“, рече Ушаков.

Функционерот на Кремљ посочи дека Русија и САД ќе ги посветат следните неколку дена на подготовка за состанокот во Алјаска и додаде дека Трамп е поканет да ја посети Русија.

Во своето традиционално вечерно видео обраќање, Зеленски рече дека може да се постигне прекин на огнот ако Москва биде ставена под вистински притисок. Тој рече дека имал повеќе од десетина телефонски разговори со лидери на различни земји, а неговиот тим бил во постојан контакт со САД.

Путин тврди дека има четири украински региони – Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон – и полуостровот Крим на Црното Море, кој го анектираше во 2014 година. Неговите сили не ја контролираат целосно територијата на четирите региони.

Украина претходно сигнализираше подготвеност да биде флексибилна во завршувањето на војната. Последниот пат кога Алјаска беше домаќин на дипломатски состанок со висок ризик беше во март 2021 година, кога високи претставници од администрацијата на поранешниот демократски претседател Џо Бајден се сретнаа со своите кинески колеги во Енкориџ.

Откако се врати на власт во јануари, Трамп се обидува да ги поправи односите со Русија и да ја заврши војната.

Републиканскиот претседател се закани дека ќе воведе нови санкции и царини за Москва и земјите што купуваат нејзин извоз, освен ако рускиот лидер не се согласи да го заврши конфликтот, што е најкрвавиот во Европа од Втората светска војна. Ултиматумот до Путин да го стори тоа истече вчера.

Специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, одржа во средата тричасовни разговори во Москва со Путин, кои двете страни ги оценија како конструктивни.

МАТАДОР вработува! Одлични услови, одлична плата, аплицирајте!

Авто делови Матадор од Прилеп објавува оглас за вработување на едно лице на позиција:

Продавач на авто делови

🔧 Потребни квалификации:

Претходно работно искуство со авто делови (задолжително)

Одговорност, комуникативност и тимска работа

📍 Локација: Прилеп
🕘 Работно време за контакт: Секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот
📞 Телефон за контакт: 075 460 269

Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате условите, Ве охрабруваме да се јавите и аплицирате!

Да се поклониме и помолиме за здравје, мир и спасение – Мошти од светите Климент и Пантелејмон денеска изложени во храмот Параклис во Прилеп

Свети Пантелејмон се родил во Никомидија од татко незнабожец, Евсторгиј, и мајка христијанка, Евула. Во младоста ја изучи лекарската вештина. Подоцна поверува во Христа и се крсти. Господ му имаше дадено голема благодат да лечи од секакви болести, не само користејќи ја лекарската вештина, туку и со силна молитва. Така излечи и еден слепец од кого сите лекари веќе беа дигнале раце. А тоа ги побуди истиве, поради нивната завист, да го обвинат пред властите како христијанин. Свети Пантелејмон беше ставен на маки, а откако стана јасно дека ништо не може да го поколеба во верата во преслаткиот Господ го испратија на губилиште, под некое маслиново дрво. Тој клекна на колена, се помоли на Бога, а потоа му беше отсечена главата. Пострада во 304 година. Чудотворец во текот на животот, тој продолжи да исцелува и преку неговите свети мошти кои се зачуваа.

Во црквата Св. Кирил и Методиј – Параклис во Прилеп, утрово се служеше Светата Божествена Литургија, а преку целиот ден ќе бидат изложени свети мошти од Св. Климент Охридски и Св. вмч. Пантелејмон. Да го посетиме храмот Параклис денеска, да се поклониме и помолиме пред светите мошти и да измолиме мир, здравје и благосостојба за нашите семејства и нашиот град.

За многу години и напомош!

Денеска е Св. Пантелејмон, заштитник на болните и на патниците и ден кога си заминуваат штрковите

Свети Пантелејмон се родил во Никомидија од татко незнабожец, Евсторгиј, и мајка христијанка, Евула. Во младоста ја изучи лекарската вештина. Подоцна поверува во Христа и се крсти. Господ му имаше дадено голема благодат да лечи од секакви болести, не само користејќи ја лекарската вештина, туку и со силна молитва. Така излечи и еден слепец од кого сите лекари веќе беа дигнале раце. А тоа ги побуди истиве, поради нивната завист, да го обвинат пред властите како христијанин. Свети Пантелејмон беше ставен на маки, а откако стана јасно дека ништо не може да го поколеба во верата во преслаткиот Господ го испратија на губилиште, под некое маслиново дрво. Тој клекна на колена, се помоли на Бога, а потоа му беше отсечена главата. Пострада во 304 година. Чудотворец во текот на животот, тој продолжи да исцелува и преку неговите свети мошти кои се зачуваа.

Доколку планирате да започнете некаков бизнис, денеска е вистинскиот ден за тоа. Се верува дека секое работење на Свети Пантелејмон е благословено и ќе ве направи успешни.

Исто така, доколку сте планирале патување, тргнете токму на овој ден.

Свети Пантелејмон бил голем патник, а денес е заштитник на сите оние на кои улицата им е втор дом.

Доколку на овој ден во црква се сретнат две непознати лица кои денешниот ден го слават како куќна слава, веднаш треба да си честитаат и прегрнат, бидејќи се верува дека се роднини.

(ФОТО) Новороденчињата облечени во нова нежна, мека и квалитетна облека – Еве како тоа стана реалност во прилепската болница

По иницијатива на д-р Габриела Тавчиоска, од минатиот месец секое новороденче во Општата болница – Прилеп добива Тритекс пакетче, донација од компанијата Тритекс, а од болницата информираат дека добиле нови производи од асортиманот на оваа компанија.

Целта на медицинскиот персонал во болницата е секое новороденче уште од првиот момент да биде облечени во нешто нежно, меко и квалитетно, а општествено одговорната компанија “Тритекс” тоа го овозможи.

-Во донацијата беа вклучени и подароци за малите херои на Детското одделение. Искрена благодарност до компанијата Тритекс за великодушноста, до д-р Габриела Тавчиоска за иницијативата, до директорот д-р Кире Јоноски за поддршката, како и до целиот тим на педијатрите и медицинските сестри кои секојдневно со љубов и посветеност се грижат за нашите најмали пациенти – стои во соопштението од прилепската болница.

Битолски театар ќе игра претстава на отворено на 2.218 мнв на Пелистер

На 2.218 мнв на 09.08.2025 љубителите на планината, природата и театарската уметност ќе имаат ретка можност, 26 – тата изведба
на претставата “Ноќта кога ја убив месечината” да ја проследат на Големо Езеро, Пелистер. Вечерта на небото над Големо Езеро ќе имаме егзактно полна месечина и актерите ќе настапат на природна сцена.

Јавната установа Национален парк Пелистер, во соработка со Народниот театар – Битола и Битолскиот камерен оркестар, со поддршка на Општина Битола, организира уникатен културен настан на несекојдневна локација – театарска претстава на отворено.

Под светлината на полната месечина, публиката ќе има можност да ја проследи драмската претстава во режија на Марјан Георгиевски, кој и настапува во претставата заедно со актерот Александар Копања.

Музиката за претставата ќе биде во живо во изведба на членови од Битолски камерен оркестар. Претставата отвора суштински теми за човековата егзистенција, осаменоста, слободата, маските што ги носиме и загубените вредности во современото општество. Тоа е психолошка и филозофска драма која патува од интимно до општествено, од реалност до апсурд.

Детали за настанот:

Локација: Големо Езеро, Пелистер (2.218 м.н.в.)

Време на почеток: 21:30–22:00 часот

Времетраење: До полноќ

Изведба на отворено под полна месечина

Посетата е со претходна пријава, бројот на посетители е ограничен

Пристап до локацијата:

По некатегоризиран пат (15 км) од Информативниот центар на Пелистер (1350 м.н.в.) Или, по патека од С. Ниже Поле преку Дебел рид, со тежина од втора категорија

Важно за посетителите:

Поради специфичните природни услови и безбедносните протоколи (вклучително и важечката забрана за движење во шума), присуството е дозволено само со претходна најава,​ независно од начинот на пристап.

Се препорачува соодветна планинарска опрема: Високи обувки, повеќеслојна облека (јакна, капа, ракавици), челна ламба и кутија
за прва помош. Храна и минимум 2 литри вода.

Температурите за време на настанот ќе се движат меѓу 11–13°C.

Пријавување и дополнителни информации на телефон: 070312214

Си дојде од САД и веднаш и се врати на музиката: Популарниот Дејви има нова песна и видео спот

Популарниот кај сите генерации – прилепскиот рапер Дејви Спиркоски, кој веќе неколку години живее и работи во САД, летово го посети родниот Прилеп и веднаш се фати за работа.

Излезе новата песна и видео спот – проект насловен како “Ново руво”. Текстот е дело на Дејви, а за музика и аранжманот се погрижи Андреј Јовановиќ – Дре.

Спотот е сниман кај вештачкото езеро во Прилеп и во Осоговскиот манастир, а за одличната снимка и режија се погрижи Катерина Јорданоска.

Слушнете ја “Ново руво” во продолжение:

Во еден ден, битолските пожарникари гаселе запалено возило, запален стан, спасиле лице заглавено на дрво

Битолските пожарникари од ТППЕ Битола вчера интервенирале три пати по дојави од граѓани, гаснеле запалено возило, запелен стан и заглавено лице на дрво во градскиот парк.

-Примена дојава во 14:50ч. за запалено возило на патот за Братиндол ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 3 пожарникари.
-Примена дојава во 19:05ч. за заглавено лице на дрво во Градски парк ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 4 пожарникари.
-Примена дојава во 20:10ч. за запален стан на ул.Батаљон Стив Наумов ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 4 пожарникари.

На новиот кружен тек во Битола поставен споменик на војводата Александар Турунџев (ФОТО/ВИДЕО)

Споменикот на познатиот македонски војвода Александар Турунџев денес од општинскиот двор беше пренесен и поставен на постаментот на новиот кружен тек кај Ат-пазар. Во наредните денови ќе се изведуваат завршни работи на постаментот, како и хортикултурно уредување на околниот простор.

Работите се планира да завршат до 30 август, кога се одбележуваат 120 години од смртта на војводата.

Одлуката за подигнување на споменикот беше донесена во 2015 година, а самиот споменик беше изработен и сместен во општинскиот двор пред осум години. За неговото поставување на местото каде што бил обесен, требаше претходно да се изгради кружниот тек.

Со заложбата на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кружниот тек кај ветеринарната станица е изграден, а за три недели просторот ќе биде целосно уреден, а споменикот поставен на достојно место.

По 18. пат викендов ќе се одржи манифестацијата “Поетско Маркукуле” – Поети од Македонија, Србија, Хрватска, Австрија, Англија, Белгија… на едно место во Прилеп

И повторно, во вториот викенд на месец aвгуст, викенд резервиран за Меѓународната поетска манифестација “ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ” веќе 18 години.

На 9. август 2025 год., Прилеп ќе биде град на поезијата. Оваа година на конкурсот кој беше објавен во месец мај, повторно се пријавија околу 200 поети од сите градови на Македонија, како и поети од над 10 други држави.

Најбројни се авторите од Србија и Бугарија, но ги има и од Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Австрија, Англија, Белгија, Албанија, Словенија и други.

“ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2025” се одржува по осумнаесетти пат, со тоа што само во 2020 година не се одржа поради пандемијата. Организацијата на овој настан Клубот на литературни творци Прилеп ја презеде од библиотеката и општина Прилеп пред 8 години.

“Чест е да се биде организатор и домаќин на една ваква манифестација која е најголема од овој вид, после “Струшките вечери на поезијата”. Од година во година се зголемува и се одржува на завидно ниво бројот на застапени автори во Зборникот, кој се печати според објавениот конкурс. Како најголеми поддржувачи се oпштина Прилеп и Министерството за култура и туризам на Република Македонија, НУЦК “Марко Цепенков” Прилеп, како и општествено одговорни компании како: “Прилепска Пиварница”, “Витаминка”, “Магрони” – претставници за “Добра вода” и други, кои секоја година донираат свои производи.

Меѓународната традиционална поетска манифестација “ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ”, претставува благороден и успешен начин преку литературата и убавиот пишан збор, да се запознаат и зближат луѓето од различни култури и простори. На тој начин, поезијата станува мост за поврзување на поетите од Македонија, со поетите од Балканот и пошироко, што го потврдува фактот дека за поезијата и за говорот на љубовта не постојат граници, и дека јазикот на поезијата и љубовта го разбираат сите”, стои во поканата од организаторите.

Манифестацијата на која ќе се промовира Зборникот “ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2025”, ќе се одржи на 9. и 10. aвгуст. Почетокот е на 9. aвгуст во 18.00 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Вториот ден е предвиден за испраќање на гостите кои ќе ноќеваат во Прилеп и кратка посета на првичното место на одржување (На тронот кај Слонот) доколку дозволат условите, како и запознавање со знаменитостите на градот. На тој начин, овој настан е вистински промотор на културата и убавините на градот Прилеп и на Република Македонија.

Сите вљубеници во поезијата и убавиот пишан збор, се поканети да присуствуваат на овој значаен културен настан за Прилеп.