дома блог страница 350

Сакате адреналин? АЕРОКЛУБОТ од Прилеп после 25 години организира обука за пилоти на едрилици (ВИДЕО)

Аероклуб Прилеп – Прилеп после 25 години организира обука за пилоти на едрилици.

Заинтересираните можат да се пријават на 070 280 950 или на e-mail [email protected].

Зависно од бројот на кандидатите истата ќе се одвива во групи.

Возел со 2,82 промили алкохол: Приведен возач од Македонски Брод

-На 28.04.2025 во 20.03 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода С.В.(56) од Македонски Брод. При сообраќајна контрола на патот за с.Манастирец, Македонски Брод, било сопрено патничко моторно возило „опел”со регистарски ознаки од Македонски Брод, кое го управувал С.В., и по преземени мерки било констатирано дека С.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,82 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.

Од полноќ поскапуваат горивата, ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40% во однос на одлуката од 22.04.2025 година. Од 29.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар), ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар), ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,00 (денари/литар), Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 37,155 (денари/килограм).

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 ден/кг и сега ќе изнесува 37,155 ден/кг.

Во Битола одбележани 24 години од ѕверскиот мacaкр кај Вејце во кој загинaa осуммина припадници на специјалната единица на МВР (Фото галерија)

Осуммина припадници на специјалната единица на МВР, од кои четворица битолчани, на денешен ден пред 24 години, загинаа во масакрот кај селото Вејце, во конфликтот во 2001 година.

Во нивна чест, пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола, споменикот „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот на Бошко
Најдовски во Долно Оризари, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претседателката на Советот Габриела
Илиевска со претставници на Советот на општината, полицијата, семејствата на загинатите, политичките партии и граѓаните.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека Битола секогаш ќе се сеќава на Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире
Костадиновски и Бошко Најдовски, со должна почит за прерано загубените млади животи и болката која остана во нивните семејства.

„Денес им оддаваме почит на нашите битолчани, четворицата херои кои го дадоа животот бранејќи ја татковината во Вејце. Да укажеме уште еднаш дека опомена за нас, за сите генерации, за помладите, е тоа дека она што се случило, никогаш повеќе да не се повтори, затоа што само единството, разбирањето, меѓусебната почит, разговорот, можат да не доведат до просперитет на оваа држава и овој град.Слава на хероите, слава на јунаците, слава на бранителите на нашата таковина!“, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Охридски „Зелен Град“ го претстави уникатното Охридско кајче со фотоволтаични панели и електичен мотор на Меѓународниот саем за Наутика во Белград (ВИДЕО)

ЕКО Здружението „Зелен Град” од Охрид имаше забележително учество на Меѓународниот саем за Наутика во Белград, Република Србија.
Се претставија со единствениот и уникатен експонат на саемот, традиционалното Охридско кајче на кое беа поставени фотоволтаични панели и иновативен електичен мотор.

– Бродскиот мотор е создаден со примена на напредната технологија на комбинирани намотки „Славјанка“. Се карактеризира со голема моќност, што му овозможува да го движи кајчето без поголеми проблеми, со користење на енергија од фотоволтаичните панели, информираат од „Зелен Град“.

На саемот за Наутика беа прикажани јахти, глисери, катамарани и мотори од најголемите светски производители

– Меѓу нив нашето кајче беше единствено со поставени фотоволтаични панели, со електро мотор и изработено од еколошки материјал – дрво и метал. Се планира да се направат уште неколку тестови со фотоволтаичните панели на Охридското Езеро и со тоа да се иницира транзиција на водениот транспорт до еколошки извори на енергија, за зачувување на чистотата на водата, флората и фауната на езерото, потенцираат од „Зелен град“.

Прилепската болница доби донација амбулантно возило – Ќе се користи за потребите на ромската заедница (ФОТО)

Преку проектот „Обезбедување пристојни услови за живот за ромските домаќинства во Општина Прилеп“, кој општина Прилеп го реализира во соработка со организациите “ЧЕЛИМ” од Милано, “Ромски Ресурсен Центар” од Скопје и “Ромаперспектив” од Прилеп, a со финансиска поддршка од Европската Унија, денеска беше предадено амбулантно возило, кое ќе биде ставено во функција на Општа болница со проширена дејност – Прилеп, и ќе се користи како мобилна клиника за потребите на жителите на ромската заедница во населбата Тризла.

-Амбулантното возило што денес го примаме е директен резултат на заложбите на сите партнери во проектот и потврда дека кога има заедничка волја, можеме да направиме реални и одржливи промени во заедницата. Проектот, како целина, има за цел подобрување на условите за живеење и пристапот до основни услуги во ромската заедница преку легализација и реконструкција на домови, изградба на инфраструктура, образовна и социјална поддршка, како и програми за вработување на млади и жени – истакна градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Ова возило ќе биде од огромен бенефит за прилепската болница, со оглед на тоа дека државата веќе 10 години нема набавено нови амбулантни возила.

Oдлична вест! Од 3. мај стартуваат летови до две европски метрополи од скопскиот аеродром

Меѓународниот аеродром Скопје од 3 мај се поврзува со Барселона и Лион. Летовите ќе ги реализира Виз ер со субвенции од Владата, потврдија денеска на прес-конференција ТАВ Македонија и Виз Ер

На релацијата Барселона Скопје ќе има летови двапати неделно, во ворник и сабота, а до Лион трипати, во вторник, четврток и в сабота.

Првиот лет од Скопје за Барселона ќе се реализира в сабота во 18.50 часот, а двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи.

-По тригодишна пауза пак ги поврзуваме Скопје и Барселона по воздушен пат. Враќањето на оваа линија е резултат на заедничка визија, соработка и силна заложба од страна на нашите партнери Владата и Визер, рече денеска на прес конференција Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Тој верува дека оваа линија ќе биде уште попопуларна од пред три години со многу патници.

Меѓународниот аеродром Скопје првпат се поврзува со Лион, како што рече Курт, посебен град којшто има што да понуди, под заштита на УНЕСКО и роден град на кинематографијата со атрактивна гастрономска понуда.

Курт соопшти дека таргетирани им се и дестинациите на шпанското и италијанското крајбрежје, враќање на линијата кон Ларника во Кипар, како и отворање директни линии кон Прага и Мадрид.

Со финансиска поддршка од Владата на крајот на март требаше да стартува и летот Скопје Дубаи, но есо Флајдубаи но е дложен за наеесен. Олеснувањето на визниот режим што го најави Владата според раководството на ТАВ ќе донесе многу патници на најавената линија.

Шпага за спас, а потоа и три одбранети пенали – Младиот битолчанец е херојот кој го однесе Алкалоид во финале (ВИДЕО)

20-годишниот голман од Битола, Иван Галевски, е јунакот на РК Алкалоид кој со своите одбрани го однесе тимот во првото европско финале во Купот на ЕХФ.

Погледнете го самиот финиш на натпреварот во Норвешка и пенал серијата:

Кироски убедлив на вториот гранд-при турнир на ШК Прилеп, Михаил Маркушески најдобар младинец (ФОТО)

Шаховскиот клуб “Прилеп” го одржа вториот гранд-при турнир, на кој убедливо со 6,5 поени победи ИМ Тони Кироски.

На делба од второто до петтото место, со поен помалку, се пласираа Дејан Ѓорѓиески, младиот Никола Павлески, Зеча Шкриељ и Кире Николоски.

На шесто место со 5 поени е Исмаил Ахмеди, а најдобар младинец Михаил Маркушески. За одбележување е големиот напредок на младите шахисти кои со нетрпение го чекаат наредниот гранд-при кој е еден од критериумите за настап на трите прилепски екипи во македонската лига.

Ќе има ли крај на дождот? Ова е временската прогноза за наредните денови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните и јужните делови од земјава ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 23 степени.

Според прогнозата на УХМР, времето во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.

-Во вторник и среда утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.