дома блог страница 3447

Прилепските Мечкари оригинални како и секоја година – без нив карневалот би бил ништо (Фото галерија)

ФОТО: Сашо Бошкоски

Прилепскиот Карневал не може да се замисли без Прилепските Мечкари. Од рано изутрина тие одново ги разбудија улиците и го означија почетокот на Карневалот Прочка.

Откако прошетаа по домовите на прилепските касапи, се упатија во центарот на градот, каде со нивната игра беа центар на внимание.

Посетителите на карневалот се фотографираа и ги поздравија со аплаузи.

Фотографиите во продолжение се дело на фотографот Сашо Бошкоски.

ПPИЛEП ПУЛCИPA ПOД MACKИ: Kaрневалот Прочка низ фотографии (Фото галерија)

Прилеп пулсира во ритамот на Карневалот Прочка! Низ центарот на градот продефилираа повеќе групни маски, а креативноста на прилепчани можеше да се забележи и на секој чекор, по кафулињата и улиците.

Како и секоја година највпечатливи беа “Прилепските Мечкари” кои изнудија најмногу фотографии од посетителите на карневалот.

Вечерва забавата продолжува во сите локали каде има организирано забава под маски.

ФОТО: “Ова е најдобрата маска во Прилеп за сите години “Карневал Прочка”

Прилеп денеска живее во духот на Карневалот Прочка. Стотици маскирани шетаат по улиците, а највесело како и секоја година беше во центарот на градот.

Маската која остави најголем впечаток и изнуди најголем број фотографии од минувачите, беше оваа на двајца прилепчани кои порачаа “Никогаш Северна”.

Победа стана “фенерџија”: Црвено-белите од денеска го допреа дното на табелата

Победа деновиве е главна тема низ прилепската чаршија, но за жал по лошите резултати.

Победашите попладнево нанижаа уште еден пораз, четврт по ред, или осми во последните девет прволигашки натпревари.

Црвено-белите беа поразени со 1:0 на гостувањето во Кратово кај Силекс. Погодокот на Алексоски во 65-та минута беше доволен за кратовчани да забележат триумф и да се оддалечат од опасниот дел на табелата.

Со овој нов неуспех Победа се наоѓа на самото дно од табелата, со еден бод заостаток зад Беласица која денеска ремизираше со Вардар, а Македонија Ѓорче Петров сега се наоѓа на 5 бода плус на 8-то место.

Што се случува со клубот кој многу ветуваше на почетокот од сезоната?

Дали прилепчани одново ќе бидат разочарани?

Прилепчанец синоќа HAПAДHAT пред кафе бар

На 10.03.2019 година во 04,20 часот во Полициската станица Прилеп М.Н.(24) од Прилеп пријавил дека околу 02,30 часот пред кафе бар лоциран на улицата ,,Кеј 1-ви Мај“ физички бил нападнат од страна на едно лице – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На Стево Пендаровски важно му е да гласаат Албанците, за Македонците сеедно ?!

Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски за „Јутарњи лист“, вели дека е „исклучително важно идниот претседател на „Северна„ Македонија да ги добие гласовите на Албанците затоа што нашата земја е мултиетничка и мултиконфесионална и оттаму баланс во односите меѓу нациите и религиите се клучни за стабилноста“.

Пендаровски потсетува на потпишаните договори со Бугарија и Грција и вели дека доколку стане претседател ќе развие добри односи со сите соседи.

„Тоа е од големо значење, прво поради големата албанска заедница која живее во нашата земја и која има бројни врски со Косово и со Албанија, како и поради регионалната соработка, што е предуслов за европска интеграција, а од нашите други три соседи, Бугарија и Грција се членки на ЕУ а Србија е на пат “, вели Пендаровски, додавајќи дека заклучокот на минатогодишниот самит на ЕУ и Западен Балкан во Софија е дека ЕУ во јуни ќе одреди датум за почеток на преговори со Северна Македонија.

„Сè уште сме далеку од полноправно членство во ЕУ. Тоа ќе биде за нас голема дипломатски предизвик со офанзивно темпо да се спроведат реформите и да успееме да ги стигнеме Србија и Црна Гора на кои како приближен рок им е дадена 2025 година“, вели Пендаровски, за Јутарњи лист, пренесува Магазин.мк.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

Битолчани именуваа улица по Петровска, побараа Пендаровски да ја отвори (ФОТО)

Битолчани денеска изведоа перформанс лути што цела година градоначалничката Наташа Петровска не може да реконструира 500 метри улица.

Скоро цела година Петровска не е во можност да ја заврши реконструкцијата на улицата Климент Охридски.

Таа е единствената улица која во две години Петровска се одважи да ја реконструира.

Предлогот на битолчани е овие 500 метри улица да се преименуваат од “Климент Охридски” во “Наташа Петровска”

Битолчани денеска побараа Пендаровски свечено да ја “пуштија во употреба” улицата за која се сомневаат дека Петровска некогаш ќе ја заврши.

Извор: kurir.mk

“Прочка дај им Господи, оти не знаат што прават!”

(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески)

ПРОЧКА ДАЈ ИМ ГОСПОДИ, ОТИ НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ!

На овој благден, како што е редот, молитва за сите треба да се пцала.
Ќе почнам од оние, чии души насушна потреба од молитва и прочка имаат, нашите првенци, властодршци оти, кутрите, мислат чуму им е молитва и Господ кога власта ја имаат, чунки власта умот и разумот ги поматува.

Кутрите! Затоа, Господи, дај им прочка што како недоветни се однесуваат и разумот го изгубиле; што ниет сториле да не „преправат“ и нов сурат немакедонски, да ни натурат та да не избербатат; што и тие самите со туѓи, ама ептен туѓи, сиреч странцки, сурати се„преправаат“ и душата си ја поганат; што кон странцките, туѓи, сурати такво поданство имаат небаре раболепници се нивни; што странцките сурати толку им се чинат угодни и со мерак голем ги носат, чиниш им сраснале, чиниш нивни се.

Кутрите, така ниту својот сурат цел, ниту туѓиот го имаат, ами некаков сурат мешан, небаре чудна зверка некоја, дијание озабено, нит волк – нит лисица, нит хиена – нит чакал, ама, безбели крволок.

Прочка дај им, Господи, што против својот народ и држава работат а пред туѓите држави и народи се умилкуваат и танцуваат како што туѓите сурати им свират небаре ченгии во аморална биртија; што секоја црвена чизија ја избришаа или поместија; што, место татковината да ја вардат, ја крадат; што врз коските од предците ни р’каат и плукаат чиниш се срамат од коренот од кој никнале; што спротивно, на она што веќаваа и нудеа, работат.

Прости им, Господи, што заповедите Твои, за нелажење, некрадење, туѓо непосакување, на предците почитување, ги газат и непочитуваат; што само со устата своја при народот се доближуваат небаре го љубат, а со срцата нивни отапени далеку стојат; што своите предци, славните луѓе и оците народни ги отфрлаат. Оние што мудри совети сееле и на дело книжно народецот го учеле.

Прочка дај им Господи што место на народот само на џебот свој мислат; што рушветот не им е непознат; што само закони наложуваат, а самите не ги исполнуваат. Говорат, а не извршуваат; што бремиња мачни и тешки врз плеќите народни врзуваат, а самите ни со прст да мрднат не сакаат; што на народот големи вергии му натоварија.

Прости им Господи, оти не знаат што прават!

Почнува летното сметање на времето: Стрелките одат напред

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час напред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Европските земји веќе се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.

Давид Бабунски постигна погодок кој вреди да се погледне 10 пати (Видео)

Давид Бабунски му донесе победа на второлигаш Омија. Македонскиот интернационалец и неговиот тим славеа на гостувањето кај Токушима благодарение на прекрасниот погодок на Бабунски од околу 25 метри.