дома блог страница 3442

“Граѓанин 20 години живеел во Австралија, а Пендаровски му вели: “Што си се вратил”?! (Видео)

Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски при својата теренска кампања на граѓаните им препорачува да не се враќаат во државава, иако Заев велеше дека иселениците ќе ги враќале во земјава – објави “Република”.

На видеото јасно се гледа како Стево при поздравување со граѓанин кој му вели дека 20 години е во Австралија, Пендаровски зачудено го прашува што се вратил во Македонија?

“Ја уништија “Победа” , а порано бараа дури и награди за фудбалерите? За ракометот е излишно да се зборува?”

Актуелниот градоначалник Илија Јованоски, во 2016 година во улога на координатор на тогашната советничка група на ОО СДСМ Прилеп, преку прес конференција предлагаше премија од 1 милион денари за пласманот на фудбалерите на ФК Победа во Првата фудбалска лига.

Јованоски тогаш беше придружуван од сегашниот претседател на Советот на општина Прилеп, Миле Талески.

Моментално Победа се наоѓа на последното место на прволигашката табела, како и Ракометниот клуб Прилеп кој “се дави” на последните позиции во ракометната Супер лига.

Спортот во Прилеп се наоѓа во безизлезна ситуација, нешто што е спротивно на ветувањата кои Јованоски ги даде пред прилепчани во екот на кампањата за локалните избори во 2017 година.

Еве како актуелниот градоначалник во 2016 година се бореше за премија од 1 милион денари за црвено-белите победаши:

“Бранителите капитулирани со сметките за вода, ама битно Стојанче дојде на маскембал?”

Националниот координатор за прашања поврзани со здружението на бранители, Стојанче Ангелов, викендов се појави како гостин на Меѓународниот карневал “Прочка 2019”. Ангелов веројатно не е информиран за тоа дека прилепчани, меѓу кои и семејствата на многубројните бранители од овој месец се изложени на повисоки сметки за вода за дури 60%. Ако се знае дека повеќе од овие семејства и така крпат крај со крај, ова ќе биде огромен удар за нив.

Новите сметки за вода веќе ја содржат ставката за пречистување на урбани отпадни води која изнесува 17, 35 денари за секој метар кубен потрошена вода.

Oва зголемување на сметките се должи на одлуката на Советот на Општина Прилеп, која беше донесена на 20-тата седница одржана на 13.11.2018 година.

Со овие нови цени, за потрошени 15 метри кубни вода во месецот, сметката за вода ќе изнесува 800 денари, за потрошени 25 метри кубни, прилепчани ќе плаќаат 1345 денари, а за 30 кубни метри 1607 денари месечно.

Ова е спротивно на предизборното ветување на градоначалникот Јованоски за намалување на сметките за вода за 20%.

Гледано во бројки ова претстваува поскапување на сметките за околу 60%, што ќе биде огромен товар за прилепчани, особено за оние семејства со средни примања во месецот, но и за пензионерите кои се околу 12.000 на број во општина Прилеп.

Ова е второ зголемување на сметките за вода, откако претходно во месец февруари минатата година, советниците од владеачкото мнозинство, го зголемија и надоместокот за одведување на урбани отпадни води од 3 денари на 5,28 денари за метар кубен.

Тоа доведе до зголемување на оваа услуга за дополнителни 2,28 денари за секој потрошен метар кубен вода.

Швалерски хороскоп: Како се однесува секој знак кога ќе почне да флертува на страна

ОВЕН – СТАНУВА СКЛОН НА РАСПРАВИЈА

Ако Овенот изневерува, тоа значи дека не му посветувате доволно внимание, но тоа може да го прави и од освета ако многу сте го повредиле. Кога ќе изневерат тие стануваат вознемирени. Мажот без потреба вербално ќе ве нападне, а жената Овен ќе приговара во врска со изгледот, често ќе се расправа и ќе кажува дека не сте исти како порано. Ако одат да се видат со љубовникот или љубовничката, брзо ќе побегнат низ врата.

БИК – ГИ МЕНУВА НАВИКИТЕ

Припадниците на овој знак изневеруваат поради рутина во односот, но и поради силна сексуална привлечност кон нова личност. Иако вешто ги кријат своите чувства, Бикот појавува изненадна и претерана грижа за својот изглед (купува нова облека или често оди на фризер). Ненадејната промена во навиките, честото излегување и криењето на мобилниот телефон се доволна причина за сомневање.

БЛИЗНАЦИ – СЕКОГАШ ИМААТ АЛИБИ

Припадниците на овој знак изневеруваат само тогаш кога нема шанси да се дознае или ако не им е важен односот кој моментално го имаат. Кога изневеруваат многу се мудру, брзо размислуваат и внимаваат на секој чекор. Често ги ангажираат пријателите за да им служат како алиби. Уверени се дека неможете да ги фатите дека изневеруваат, па со тек на време се опуштаат. Ако му поставите стапица со неколку брзи вкрстени прашања ќе се збуни и ќе се открие.

РАК – СЕ ОДДАЛЕЧУВА ОД ПАРТНЕРОТ

Нема некоја универзална причина за изневерување кај Раковите, но една работа е сигурна кај нив – тие не сакаат да ја изгубат сигурноста кај партнерот, но ни љубовникот. Нивното неверство го откриваат со чести изговори дека се изморени или оптеретени со обврски. Често ќе одбиваат секс и емотивно се оддалечуваат. Ако почне неумерено да троши пари, бидете внимателни

ЛАВ – МУ УДОВОЛУВА НА ПАРТНЕРОТ

Припадниците на овој знај најчесто изневеруваат поради секс и возбудување. Кога го прават тоа, пред партнерот глумат дека се е во ред. Ќе станат совршени партнери, па така мажот ќе и удоволува се на жената, а жената ќе му ги прави омилените јадења и секогаш ќе биде дотерана. Неверството нема да го признаат дури и да ги фатите на дело, дури и ќе ве напраднат што воопшто сте помислиле на тоа.

ДЕВИЦА – ГО НАПАЃА ПАРТНЕРОТ

Девицата најчесто изневерува бидејќи е разочарана од својот партнер и бидејќи повеќе несака да биде во таков однос, но сеуште не смислила начин како да излезе од него. Кога зневеруваат секогаш ќе имаат алиби, но ќе станат многу критични и иронични и постојано ќе би истакнуваат вашите мани. Ако жената Девица почне да го избегнува сексот, тоа е доволна причина за сомневање.

ВАГА – СЕ ОДНЕСУВА КАКО ЗАЉУБЕН ТИНЕЈЏЕР

Припадниците на овој знак не се имуни на изневерување, а во тоа се впуштаат само ако се заљубат. Кога изневеруваат се однесуваат буквално како заљубени тинејџери. Постојано се средуваат, се тушираат и се пресоблекуваат, а расположението им е на високо ниво. Ќе направат се за да го прикријат неверството, а ако случајно партнерот дознае за тоа ќе кажат дека е само флерт.

ШКОРПИЈА – ТОА ГО ПРАВАТ ПЛАНСКИ И СМИРЕНО

Припадниците на овој знак изневеруваат од многу причини, а кога ќе се решат да направат такво нешто, тие се сигурни дека тоа никогаш нема да се дознае. Уверени се во своите вештини за прикривање на работите. Скорпијата изневерува многу мудро и смирено. Мажите редовно ќе спијат со партнерката и нема да губат интерес за нејзе, а женските припаднички на овој знак ќе ги издаде љубовниот поглед.

СТРЕЛЕЦ – СЕ РАСПРАВА

Тие изневеруваат кога не се среќни со партнерот и кога им недостасува физичка привлечност. Ќе ги издаде честото филозофирање. Мажот ќе повторува дека врската станала монотона, а понежната припадничка на овој знак на мажот нема ништо да му забранува и ќе покажува рамнодушност. Пред партнерот да успее да потврди нешто со докази, тие сами го признаваат изневерувањето.

ЈАРЕЦ – ИЗНЕВЕРУВА, НО НЕ ДОЛГО

Јарците изневеруваат ако партнерот постојано ги зема здраво за готово и ако се чувствуваат бедно во врската. Тогаш започнуваат афера која ќе им донесе сигурност и утеха. Кога же изневерат, тоа може да биде крај на досегашната врска бидејќи многу им пречи да бидат растргнати на две страни. Ако станува збор за полазна авантура, нивниот партнер најверојатно никогаш нема да дознае.

ВОДОЛИЈА – СЕ ИЗДАВА

И мажите и жените во знакот на Водолија не изневеруваат често, но ако го направат тоа, тоа на својот партнер наскоро ќе му го нацртаат. Ќе бидат незаинтересирани за односот, ќе кажуваат двосмислени изјави за иднината, ќе предлагаат отворена врска или да направат мала пауза. Жените во знакот на Водолија ќе кажуваат дека им треба повеќе дружење и дека врската почнала да ја гуши, а на секое прашање за неверство ќе реагира одбрамбено.

РИБИ – НЕ СЕ ДОСЛЕДНИ

Рибите може да сакаат повеќе партнери истовремено и кон нив да се однесуваат исто. Знаат лесно да се изгубат во сопствените лаги, а најдобро ќе ги разоткриете кога ќе се опијанат. Тогаш ќе кажат се, а утредента секако се ќе помине. Ако им дадете докас ќе ги фати хистерија и ќе паднат во депресија.

Суеверие поврзано со црните мачки: Зошто велиме дека носат нecpeќa?

Дури и денес многу луѓе веруваат дека ако црна мачка им го пресече патот, набргу ќе ги снајде некоја несреќа.

Ова суеверие потекнува од пред повеќе илјади години. Старите Еѓипќани ја обожувале мачката и ја сметале за свето животно, а една своја божица по име Пашт, ја претставувале како жена со глава на мачка.

Еѓипќаните верувале дека божицата Пашт има девет животи и тоа дава објаснување зошто многумина мислат дека мачката „има девет животи“. Кога во Египет ќе починела некоја црна мачка, таа веднаш била балсамирана и на тој начин сочувана.

Пронајдени се гробишта во кои имало повеќе илјади мумии на црни мачки. Кога луѓето верувале во вештерки, мислеле дека црните мачки се, всушност, преправени вештерки. Затоа не вредело да се убиваат црни мачки, зашто така не можела да се уништи вештерката, бидејќи девет пати можела да влезе во телото на мачката.

Во средниот век владеело суеверие дека вештерките и вештерите секогаш го користеле мозокот на црната мачка, кога ги подготвувале и вареле своите таинствени напитоци.

Оглас за работа од соништата! Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо: Потребно е само да појдете до железничката станица

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Британски професор со пофалби за Иванов за непотпишувањето на законите на кои стои “Северна”

Британскиот професор Џејмс Петифер по Балканска историја на својот Твитер профил со пофалби за македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој одлучи да не ги потпишува законите што содржат „Северна Македонија“.

„Тој е многу добар човек кој го спроведува принципот дека владеењето на правото е граѓанската брана против прекумерно моќната држава“, напиша на Твитер професорот по балканска историја на колеџот „Сент Крос“ од Оксфорд како коемнтар на написот на „Балкан инсајт“: „Претседателот во заминување Ѓорге Иванов одби да потпише документи кои го вклучуваат новото име на земјата, Северна Македонија – а тоа се заканува дека ќе предизвика институционална нестабилност“.

Чилиманов: Со помош на новиот закон за нeдиckpиминaциja ќе се легализира брак на истополови двојки

Во денешната емисија „Отворено на Алфа“ гостуваше Цветин Чилиманов при што говореше за законот за недискриминација. Тоа што ќе се случи дека наскоро врз основа на новодонесениот закон за антидискриминација ќе имаме некоја брачна двојка во Македонија, истополова двојка ќе отиде во матично ќе се обиде да се регистрира, ќе биде одбиена, ќе однесат тужба врз основа на законот против институцијата, против матичната.

И ќе се обидат на таков начин, не преку нормалната процедура одење во Собрание, изгласување на законот за семејство, појасни Чилиманов. Според Чиломанов редифинирање на законот ќе се случи преку незадоволство на истополовите двојки кои преку новодонесениот закон ќе ги тужат институциите за дискриминација со помош на членови од новата Комисија која е полна со левоориентирани активисти од невладини организации кои со години земале грантови на вакви теми.

Извор: kurir.mk

Снегот го блокира преминот Стража: Сообраќајот се одвива отежнато

Вечерва падна снег на Стража, граѓани веќе постираат фотографии на Фејсбук, со цел да ги предупредат граѓаните кои патуваат. Сообраќајот се одвива отежнато. Иако имаше најави, снегот сигурно и овој пат ги изненди „Македонија пат“.

фото: Ѕид на сообраќајниот срам.

(Видео) Групно гласање во најава ?!

Стево може мирно да спие. Веќе има обезбедено 35 гласови само од една фамилија.

Ќе бидат ли повторно искористени добро познатите изборни методи на групно гласање и полнење кутии ?