дома блог страница 3441

Пожар во атарот на село Радобил прилепско: Секој ден по 20 пожари, најголемиот дел подметнати

На 11 март во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар во атар на село Радобил, при што била зафатена дабова шума – информираат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп.

Инаку во Прилеп, според пожарникарите секој ден имало по 20-тина пожари од кој најголем дел подметнати. Велат дека повеќе неможат ниту физички да издржат со вакво темпо на работа затоа што немаат ниту доволен брoj на луѓе, ниту пак располагаат со соодветна опрема за гаснење на шумски пожари – пренесе “Инфокомпас”.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА

Пендаровски: “Одлуката од референдумот ќе биде задолжителна??” (Видео)

Твитерџиите одново потсетуваат на изјавите во минатото на претседателскиот кандидат од СДСМ, Стево Пендаровски.

“Стево Пендаровски (26.06.2018): Било каков облик на референдум да биде избран одлуката што ќе ја донесат граѓаните ќе биде задолжителна. Да не се залажуваме со тоа дали ќе биде еден или друг тип на референдум, тоа што ќе го кажат граѓаните ќе биде дефинитивно”.

“Инфомакс”: Власта почна да го отстранува сонцето од Кутлеш: Вистински бунт во с. Немањици, граѓаните со ЖИB ШTИT ќе го бранат сонцето од Кутлеш

Поради спроведување на Договорот од Преспа, власта се обидува да го yрне споменикот на комитите во село Немањици, Свети Николе. Иако споменикот е посветен на комитите на него се наоѓа сонцето од Кутлеш кое е по потпишувањето на Договорот од Преспа е забрането за јавна употреба – пишува порталот “Инфомакс”.

Граѓаните кои за “Инфомакс” ги доставија информациите и фотографиите велат дека историјата се повторува, исто како за време на комунизмот, само овојпат локалната власт реши да го руши споменикот на непокорот во центарот на селото.

Според информациите на “Инфомакс” локалната самоуправа преку ЈКП Комунаец, Св.Николе денеска без најава во с.Немањици започнала со pyшење на оградата и лулашките изградени од претходната власт, со цел да овозможи отстранување на споменикот на кој се наоѓа сонцето од Кутлеш.

Целата информација прочитајте ја ТУКА

Поскапуваат цигарите во Македонија- една кутија ќе чини и до 300 денари

Нова тура поскапување на цигарите во Македонија. Од минатата недела, во продавниците поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо.

Граѓаните велат дека поскапо плаќаат за неколку познати брендови на цигари.

Се уште нема информации за поскапување на други брендови на цигари.

Согласно планот за зголемување на акцизите, за неколку години се очекува кутија цигари за чини речиси 300 денари.

Извор: “Курир”

Студентите заедно со професорите и вработените во ПМФ заедно ја чистат општина Гази Баба! Акција за секоја пофалба!

Универзитетски професори, студенти и вработени во Природно математичкиот факултет во Скопје во заедничка акција за чистење на Општина Гази Баба.

Една објава која ги заслужува сите аплаузи и треба да биде пример за секоја институција!

Секоја чест!

Кои се нормални вредности на крвен притисок според возраста и полот?

Еден од најраспространетите здравствени проблеми е зголемениот крвен притисок.

Проследен е со симптоми како лошо расположение, главоболки, несоница и други проблеми врзани со општото расположение и здравје.

Крвниот притисок може да варира повеќе пати во текот на еден ден, а нормалниот крвен притисок е индивидуален. Ако ги прашате лекарите кој е нормалниот крвен притисок според возраста на пациентот и полот, табелата изгледа вака:

Оливер Дерковски во интервју за “Пресс24”: Ако и во првиот круг нема 40% излезеност, тогаш ќе има нови избори

Претседателот на Државната Изборна Комисија, Оливер Деркоски не открива какво решение ќе издаде ДИК на новоизбраниот претседател, дали тоа ќе биде за избор на Претседател на Република Северна Македонија или пак за избор на Претседател на Република Македонија, како што гласи решението за распишување на изборите.

Деркоски во интервју за Прес24, само кратко одговора дека Државната изборна комисија ќе постапува согласно Уставот и позитивните законски прописи, но не прецизира што тоа значи.

Што се однесува пак до гласачкото ливче, вели тоа ќе биде како и за сите претходни избори.

-Гласачкото ливче нити претходно нити пак сега ќе има наслов, на него секогаш стојат кандидат под реден број и знамето на државата, вели Деркоски за Прес 24.

Деркоски не сака да лицитира со можноста за успешност или не на изборите од аспект на уставниот цензус од 40%, но во интервјуто вели дека ако и во првиот круг ја нема потребната излезеност тогаш изборите ќе пропаднат.

– Во таква ситуација се распишуваат нови избори кои ќе треба да се одржат за 40 дена, вели Деркоски во интервјуто.

Првиот човек на ДИК, вели дека е свесен за одговорноста што јавноста ја очекува од ДИК за овие избори, особено по серијата пропусти што се случија на Референдумот, но тврди дека ќе одолеат на какви било притисоци. Вели дека со избирачкиот список нема никакви проблеми.

-За мене сум сигурен и се надевам дека и другите членови на Државната изборна комисија се свесни за предизвикот и за нивната одговорност, односно нема да дозволат никакви влијанија во носењето на нивните одлуки, вели Оливер Деркоски во интервју за Прес24.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

Витаминка воведе дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство

Компанијата за своите вработени воведе дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите што се враќаат од породилно отсуство.

Одборот на директори на Витаминка изгласа бенефиции во интерес на своите вработени по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство.

Според оваа новина вработените во Витаминка кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во следните три месеци по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш) ќе може да работат со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа ќе им се исплаќа целосен личен доход и ќе ги уживаат сите други привилегии како да работеле со полно работно време.

Ваквата практика на Витаминка е резултат на трајната заложба за континуирано подобрување на условите за работа на своите вработени, нивната благосостојба и постигнувањето добар баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот. За вработените родители ќе овозможи период за прилагодување на работните задачи, но пред сè усогласување на деловните и обврските како родител.

„Со овој чекор е опфатен добар процент од нашите вработени кои би очекувале принова или планираат проширување на семејството и верувам дека тоа значително ќе придонесе за зголемување на нивното задоволство како вработени во компанија каде искрено се цени и вреднува секој индивидуалец и неговиот придонес. Ова е само една од повеќето измени што ги имплементираме сукцесивно во текот на последните неколку години, посебно во делот на подобрување на благосостојбата на вработените, зголемување на личниот доход и бенефициите од работењето. Досега на многу начини покажавме како компанија дека се грижиме за своите вработени бидејќи сите сме дел од големото семејство на Витаминка. Исто така, верувам дека овој наш чекор ќе придонесе за подобрување на општата перцепција на функцијата на жената и мајката во нашето општество“, изјави Сашо Наумоски, Генерален извршен директор на Витаминка.

Моментално во Витаминка има 690 вработени од кои 350 се жени во различни годишни возрасти. Со зголемувањето и подобрувањето на работничките права Витаминка е компанија што предводи во воведување промени со кои на различни начини го стимулира задоволството и го подобрува статусот на своите вработени. А во однос на грижата и за семејства на вработените, влегува во таканаречениот сегмент на семејно одговорна компанија што е новост кај нас.

Навивачите на Шалке низ Манчестер пееа за нивните браќа “Комити” (ВИДЕО)

Екипата на Шалке 04 синоќа беше пред невозможна мисија во Лигата на шампионите во дуел против Манчестер Сити и загуби со огромни 7:0 на “Итихад”.

Некогашниот шампион на Бундеслигата и синоќа не беше сам, бидејќи бројни Германци пристигнаа во Манчестер и лудуваа низ улиците на градот. Меѓу нив имало и членови на популарната група „Уге“, која е збратимена со „Комити“ од Скопје, а нивото големо пријателство го слушна и Манчестер, откако грмеше „Гелзенкирхен – Скопје“.

Погледнете како германските фанови ги поздравија своите браќа од Скопје:

Прилепчанец со “Опел астра” удрил во 29-годишна девојка

На 12.03.2019 во 19.20 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(54) од Прилеп, удрило во пешакот К.Ј.(29) од Прилеп – информираат од МВР.

К.Ј. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.