дома блог страница 3440

Видеото за кое зборува цел свет: Како Роналдо ги мотивираше соиграчите во тунелот за историскиот триумф

Цел свет му се восхитува на Кристијано Роналдо. Португалецот одигра феноменално на повратниот меч против Атлетко, постигна хет-трик и го доведе Јувентус до историски пресврт.

Роналдо покажа дека е вистински лидер во тимот, како на теренот така и во соблекувалните.

На социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа колку Роналдо е значаен за тимот. Кристајно пред излегувањето на терен ги мотивираше своите соиграчи да излезат како вистински воини на теренот и да ја остварат конечната цел.

Македонец во Словенија ја покривал “Северна” на рекламните паноа низ цел Марибор

На 24 март фудбалската репрезентација на Маkедонија и гостува на Словенија во рамки на кBалификациите за ЕУРО 2020. Натпреварот ќе се игра во Љубљана, на стадионот „Стожице“, а рекламни плакати веќе има низ некои градови на Словенија. Меѓу нив и во еден од најфудбалските градови во оваа земја – Марибор.

На рекламните плакати, на кои стои „Нашето срце бие за Словенија“ нашата репрезентација е најавена како фудбалска репрезентација на „Cеверна Mакедонија“.

Целата статија прочитајте ја ТУКА.

Извор: Денешен

Видео: “На која стока мислеше Пендаровски??”

Tвитерџиите потсетуваат на зборовите на Стево Пендаровски за време на претходната кампања за претседател во 2014 година.

„Вас не ве качуваат во комбиња како стока“ – рече тогаш Пендаровски

(Урнебесно видео) “Музичарите вратени дома, автопатот Штип-Миладиновци ќе се отвара в година”

Урнебесно видео доаѓа од Штип, поточно од новиот автопат Штип-Миладиновци.

Група музичари се упатиле на отварањето на автопатот, но за нивната желба да засвират чочек ќе почекаат до година, така барем им рекоа работниците на видеото.

Се работи за пародија која сигурно ќе ве насмее.

Погледнете:

Детали за синоќешната сообраќајка во Прилеп (ФОТО)

На 13.03.2019 во 22.10 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(54) од Прилеп и минибус „Мерцедес спринтер“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од И.В.(30) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повPеди се здобил возачот С.Д, а со телесни повPеди се здобил сопатникот од истото возило Д.Ј.(44) од Прилеп и уште девет патници во минибусот.

На сите повPедени им била укажана лекарска помош во Градската општа болница Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител – соопштуваат од МВР.

Заев: “Платата веќе е над 500 евра”

Премиерот Зоран Заев вечерва во гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, истакна дека платата во моментов веќе е над 500 евра.

Премиерот прво се пофали дека минатата година ја заокружиле со над 6 посто пораст на платите. Исто така тој додаде дека 19,4 посто сега изнесува стапката на невработеност. Тој најави дека новите инвестиции ќе го дигнат стандардот, бидејќи платите таму ќе изнесувале 40 илјади денари.

– Има еден дел кој ни се случува да дел од платите се исплаќаат во готово. – рече премиерот и кажа дека прават напори тие плати да се легализираат.
Заев рече дека ова се случува во сите сектори. Тој додаде дека кај нас платата е над 500 евра, само што тоа не се потврдува статистички, баш поради тоа што некои фирми даваат дел од партите во готово.

– Верувам дека мерките кои што ќе ги носиме ќе ги поттикнат природно газдите, менаџерите да ги даваат легално сите пари. Ако ги даваат легално ние сме над 500 просечна плата во овој момент. – изјави Заев.

Денеска дожд и снег, од утре стабилно- еве кога доаѓаат вистинските пролетни температури во Македонија

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег. Позастапени врнежите ќе бидат во југозападните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од два до 10 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до осум степени.

Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури, кои од недела на места ќе го надминат 20-тиот степен.

Завршува обврската за зимска опрема во возилата

Про Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до утре, 15 март, потсетува АМСМ.

Утринава сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Од завчера започнa изведување на градежни активности (поставување сообраќајна сигнализација и осветлување) на патен правец Велес – Катланово пред и во тунелот, во времетраење од 10 дена.

Од АМСМ информираат дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

“Стоката” му сврте грб на Пендаровски во двојазичен Прилеп?! Остана само со тазе вработените излезени во работно време??”

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, вчера беше во посета на Прилеп каде заедно со неколкумина од партиското раководство и дел “пресно вработени” направи обиколка низ прилепската Стара чаршија.

Пендаровски даде изјава за медиумите под Градскиот Саат, каде го обвини претседателот Ѓорѓе Иванов дека сеуште го користи старото уставно име државата Република Македонија.

Забележливо беше дека отсуствуваше поддршката од граѓаните, а околу Пендаровски присутни беа само 50-тина партиски активисти.

Дали оваа слика е одраз на слабиот изборен резултат кој му претстои на СДСМ во Прилеп, останува да видиме на претседателските избори кои ќе се одржат на 21 април.

Видео: “За Пендаровски народот е стока??”

Тешка сообраќајка синоќа во Прилеп: Се судрија автомобил и комбе (Фото)

Страшна сообраќајна несреќа се случи вечерва во Прилеп околу 22.30 часот на раскрсницата на улиците „Димо Наредникот“ и „Александар Македонски“.

Според неофицијални информации, до сообраќајката дошло кога автомобил “Фиат Пунто” со поголема брзина удрил во комбе, каде се превезувале работници.

Според првичните информации повеќе лица се повредени, при што интервенирала и екипа на Брзата помош.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.