дома блог страница 3439

Утре е голем и тежок празник – Според народните верувања, треба да се направи ова за среќа

Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по смртта.

Имено, еднаш, непосредно пред почетокот на велигденскиот пост, византискиот цар Јулијан Отстапникот сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите да се испрска со крвта на жртвите што им се принесувале на римските идоли.

Меѓутоа, св. Теодор Тирон на јаве му се појавил на цариградскиот патријарх и му кажал да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите, зашто таа ќе биде осквернавена со крв и наместо тоа, цела недела да јадат пченица со мед.

Патријархот така постапил и христијанските верници отанале неиспоганети пред нивниот најголем празник. Во спомен на овој настан, првата сабота од велигденските пости е наречена Тодорова сабота.

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.

Очигледно е дека иако празникот Тодорова сабота или Тодорица е пред се црковен празник, иако повеќето од обичаите се изведуваат во црквата и се поврзани со споменот на Свети Теодор Тирон, особено житото, сепак, во овој празник се контаминирале и поголем број пагански обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта и со разбудувањето на вегетацијата.

На овој ден се вари пченица во која се додава малку мед и оние кои постат задолжително јадат од тоа.

3 хороскопски знаци на кои април ќе им донесе пари: Очекувајте среќа во кариерата и финансиите

Три хороскопски знаци во април ќе имаат големи прилики што се однесува до парите и работата. За овие три знаци следат убави вести, не ја пропуштајте шансата!

БЛИЗНАЦИ

Веќе на 1 април Близнаците ќе добијат налет на креативност така да сите оние кои се занимаваат во врска со естетика, уживање но и работи поврзани за деца, ќе имаат многу успех до 5 април додека ретроградниот Меркур од вашето астролошко поле на дружење и пријателства може да ви помати деловни соработки и планови.

ЛАВ

Конкукцијата на планетата на парите Венера и планетите на промена на Уран на почетокот на месецот за повеќето Лавови донесува ненадеен прилив на пари, но и можности на голема заработка со ризични работи, односно преку вложувања.

ЈАРЕЦ

Повеќето Јарци април месец го дочекуваат многу зафатени под влијание на полниот месец од нивното поле на кариера. Оваа полна месечина може да донесе напредок , но и некој вид на покачување и многу позитивни договори со надредени доколку ги имате.

(Инфомакс) РУСИЈА HE ЈА ПРИЗНАВА „СЕВЕРНА“: Македонските камиони вратени од Руската граница – не можат да поминат поради „Северна“!

Поради пpoблeми со царинските и товарни декларации, благодарение на променетото име на државата, Русија нe ги прима македонските камиони полни со трговски и земјоделски продукти на нејзина територија, информира македонски шпедитер кој сакаше да остане aнoнимeн – oбјави “Инфомакс”.

Поради пpoблeми со царинските и товарни декларации, благодарение на променетото име на државата, Русија нe ги прима македонските камиони полни со трговски и земјоделски продукти на нејзина територија, информира македонски шпедитер кој сакаше да остане aнoнимeн, пренесе Инфомакс.

Руската Федерација од своите граници ги вpaќа македонските камиони кои во декларациите имаат наведено дека доаѓаат од Северна Македонија.

Еден од зaceгнaтите шпедитери ни испрати копии од официјалната е-маил кореспонденција со царинските власти во Русија, во која јасно е наведено дека камионите мора итнo да бидат зaпpeни и вратени нaзaд.

Руската Федерација важи за еден од најголемите импортери на земјоделски производи од Македонија. Со најновите случувања се прави огромна штета на извозот, а последици од ова најмногу ќе почувствуваат македонските земјоделци.

Целиот текст прочитајте го на Инфомакс.

Николоски: Победата на Силјановска Давкова на претседателските избори значи пад на владата на Заев!

Потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашната емисија „И што сега“ констатираше дека коалицијата помеѓу СДСМ и ДУИ претставував една неприордна коалиција којашто се создава во овој период и е надвор од сите правила на едно меѓуетничко разбирање и општење во Република Македонија.

– Неприродна е зошто тоа е напушатње на основниот принцип победник со победник и ова е континуитет којшто на крај ќе резултира со фрустрации, а може да резултира со проблеми, истакна Николовски. Николовски посочи дека ниту СДСМ верува дека може да го победи ВМРО-ДПМНЕ, ниту ДУИ верува дека ќе може да ја победи албанската опозиција и затоа тие решиле да се спојат се со цел да не се знае чии гласови чиви се. -По објавата на кандидатурата на проф. Гордана Силјановска апсолутно сметам дека водиме и дека ќе победиме на престојните претседaтeлски избори, потенцираше Николовски.

Нанесете го ова на главата – Косата ќе расте како луда и ќе биде 3 пати погуста

Ако имате проблем со ретка која која споро расте, лекот го имате во кујната.

Земете 4 главици кромид, излупете ги и иситнете ги во блендер.

Исцедете го сокот од нив низ газа, па нанесете го со четка за фарбање на темето.

Држете ја маската еден час, па измијте ја косата со шампон.

Изјавите на Руски доктор го запрепастија светот: Појадокот дајте го на нeпpиjaтeлoт, ручајте на пладне и задолжително вечерајте

Според зборовите на познатиот советски и руски кардиохирург, професор и академик во Руската академија на науки и Руската академија на медицински науки, главен кардиохирург на Министерството за здравство на Руската Федерација, ја побил идејата за традиционални диети. Според неговите зборови, сѐ што сме знаеле за здравата исхрана е лага.

„Изреката: Појадокот изедете го сами – е целосна бесмислица. Кога ќе се разбудите, телото почнува да се привикнува на работна состојба, а вие седнувате на маса и јадете полна чинија, корпа леб и сѐ ќе залиете со чаша некој напитоk. Одите на работа со преполн стомак. Тогаш сте тешки и сами на себе. Кога соработувавме со Американците, тогаш забележав дека големи хирурзи наутро во најдобар случај ќе испијат шолја кафе. Дури на пладне јадат еден сендвич и тоа го нарекуваат ручек. Во вечерните часови доаѓаат дома, јадат нормална храна, пливаат во базен, читаат и одмараат. Значи појадокот дајте му го на непријателот, ручајте околу пладне и нормално вечерајте (но не во доцните часови) и на крајот прошетајте пред спиење или вежбајте. По моето искуство луѓето кои така живеат – живеат долго и здраво“.

Овој совет на познатиот руски лекар го потврдиле и најновите истражувања спроведени на Корнел Универзитетот. Научникот Дејвид Левитски открил дека оние луѓе кои го прескокнуваат појадокот за неколку недели значително ја намалуваат килажата. Оваа теорија ја потврдил експериментот чија цел била да се одреди количината на храна која човекот ја внесува во организмот во текот на денот.

Половина од учесниците појадувале, другата група одбивала појадок. Групата која го прескокнувала појадокот дневно во организмот внесувала 408 калории помалку, отколку онаа група која редовно појадувала.

Според овој научник, прескокнувањето на појадокот може да се смета за одличен систем за брзо губење на тежината.

„Разбирам дека прескокнувањето на појадокот е во спротивност со сето она што го знаете за здравата исхрана, но новите податоци не доведуваат во сериозно размислување да се откажеме од првиот утрински оброк. Секако, ова се однесува на здравите луѓе. Луѓето кои имаат проблем со дијабетес и хипогликемија, не смеат да прескокнуваат оброци за да го одржат нивото на глукоза“, вели Левитски.

Светската здравствена организација и натаму тврди дека појадокот е најважен оброк во текот на денот и оној кој редовно појадува има уреден метаболизам и нема проблеми со вишокот на килограми. Односно, појадокот го забрзува метаболизмот. Меѓутоа и тие се согласуваат дека претерано богат појадок може да доведе до дебелина. Но нормален внес на калории и мали оброци повеќе пати дневно можат само да помогнат оној кој е дебел да ослабне.

Еве што никако не смеете да јадете по препорака на Светската здравствена организација:

– Колбаси- Колбасите се вкусен, но е и здрав производ. Во нив има најмалку месо, а најмногу конзерванси и засилувачи на вкус кои знаат да предизвикаат и рак на хранопроводникот.

– Инстант каши- За да се скрати времето на готвење, житарките се ставаат на посебен третман заради кој јаглените хидрати се претвораат во скроб. Додадете му на ова шеќер кој се користи обилно за да се подобри вкусот и ќе добиете отров кој се пласира како здрав појадок.

– Сушено овошје- Повеќе е штетен отколку корисен производ затоа што за да се исуши овошјето, му се додаваат одредени хемикалии и шеќери кои го чуваат од пропаѓање.

– Мусли- Муслите се чист шеќер со празни калории. Индустриската преработка која се пласира како здрав појадок може само да го отруе вашето тело, а никако да го оздрави.

– Сокови во тетрапак- Ваквите сокови се полни со конзерванси зашто никј друг не оже да ги „сочува“ од пропаѓање. Свежо исцедениот сок може да „живее“ само 15 минути. Оној кој трае со месеци, е полн со шеќери.

– Банани и друго егзотично овошје- Корисно е она овошје кое расте во ваша непосредна близина. Она овошје кое мора да се транспортира од прекуморксите земји е прскано безброј пати со разни хемикалии кои спречуваат тоа да се расипе. Таквото овошје е отров.

– Крем сирење- Било која дополнителна обработка го претвора сирењето во чиста маст која се лепи за вашите црева. За приготвување на крем сирење е користи сирење кое повеќе не може да се продава во својот првобитен облик затоа што веројатно му истекол рокот на траење.

“ТАКСИСТИТЕ PEAГИPAAT HA XAOCOT HA УЛИЦИТЕ – Ова ли е европскиот град што го наследивте??” (Фото)

До нашата редакција пристигнаа фотографии од прилепските улици, кои после зимската сезона се во катастрофална состојба.

На ова најмногу реагираат таксистите кои секојдневно возат по кратери, а автомобилите им се уништуваат.

“Ова ли е европскиот град кој го наследивте?”, ги прашуваат тие локалните власти.

Горивата драстично ќе поскапат ако не се усвојат измените

Горивата драстично ќе поскапат ако не се усвојат измените на Законот за енергетика и пазарот на нафтени деривати се либерализира за два месеци, вели првиот човек на Регулаторната комсија за енергетика Марко Бислимовски.

Искуствата од соседството покажале дека цените можат да се зголемат од 20 до 40%.

Регулаторната комисија за енергетика смета дека поради преголемото учество на ОКТА на пазарот на големо од 70 до 80% , либерализацијата треба да почека. По истекот на договорот со Окта за малопродажба на нафта и нафтени деривати на 8 мај, РКЕ не може да определува малопродажни цени.

Регулаторна веќе побара да продолжи со досегашната пракса. Законските измени поминаа во Собрание, но не беа потпишани од претседателот на државата, па повторно се вратени во процедура. Регулаторите бараат што побрзо нивно донесување, за пазарот да не се либерализира на 8 мај и да се спречат ценовни шокови.

Истовремено се работи на промена на методологијата за пресметка на цените на горивата бидејќи ОКТА извесно време не произведува нафта, туку само ја дистрибуира во земјава. Изменетата методологија, според Бислимовски треба да создаде услови за влез на нови играчи на пазарот, со што ќе се зголеми конкуренцијата и ќе овозможи нормална и вообичаена либерализација на пазарот со нафта и нафтени деривати.

Регулаторната комисија веќе утре ќе одржи состанок со работната група што треба да ја утврди новата методологија што треба да стапи во функција што поскоро.

Извор: “Курир”

KPИBИЧHA ЗA ПPИЛEПЧAHEЦ: Фатен со дрва без соодветна документација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Т.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба“.

На 10.02.2019 околу 14.40 часот на регионалниот пат за село Слепче, пријавениот, кој управувал товарно возило ,,Фолксваген“, откако ја забележал полициската патрола, го запрел и напуштил возилото, во кое имало дрва без соодветна документација.

Мицкоски: BЛACTA E HEPBOЗHA, прифаќам ТВ дуeл со Заев што поскоро

“Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност.

Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата.

Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања.

Ајде на дебата и тоа час поскоро да разговараме за актуелните теми.

Поразот на самоволието на Заевизмот е извесен!”, напиша Мицкоски на Фејсбук.