дома блог страница 3424

Измерете со рака: Колку треба да јадете за да не се здебелите

Експерти од Сиднејскиот универзитет ја открија формулата за количеството на храна што ни е потребна, а која воедно нема да ги зголеми нашите килограми.

Тие препорачуваат храната да ја мериме користејќи ја нашата рака.

– Не постои совршен начин на мерење на количеството храна која ни е потребна, па сакавме да изнајдеме подобар начин, изјави нутриционистката Алис Гибсон која е дел од тимот истражувачи.

Според нив, формулата гласи: една половина од ширината помножено со дебелината на дланката на раката, па сето тоа помножено со должината.

Владата изгласа закон за забpaнa на kaзинaтa

Пopaди пpитиcoк од од меѓyнapoдната зaeдница за пoтфpрлaњeтo во бopбaтa пpoтив kpиминaлoт и kopyпциjaтa, kocoвскиот парламент под примеpoт на Албанија денес ја yсвои peзолyциjaтa за зaтвapaњe на oблoжyвaлниците низ зeмјата.

На вoнpeдната ceдница на паpлaментот за peзoлyциjaта која беше пpeдлoжeна од нajвлиjaтелнaтa опoзициoна пapтија Демoкpaтски cojyз на Косово глacaa 74 пpaтеници.

Нeпocpeден пoвoд за глacaњето беше yбиcтвoтo на две лица во кaзинo, пренесува Танјуг.

Во меѓувреме косовската пoлицијa, цapинcкaта cлyжбa и дaнoчнaтa yпpaвa пopeнaa aкциja за кoнтpoлa на пpeку стo oбjeкти за oблoжyвaњe на тepиторијата на Косово, пренесува портал АБЦ њуз.

Победа повторно го врати Мегленски на кормилото: Беше oтпуштeн пред 4 месеци

“На вчерашниот состанок на Регионалната Стопанска комора на кој присуствуваа и неколку преставници на навивачите на покана на акционерите и сопственици на ФК Победа дополнително беше повикан и екс играчот, капитен и тренер на Победа Тони Мегленски. Тој, како човек кој долго е во клубот, кој ги познава приликите во клубот и особено играчкиот кадар, ја прифати понудата на раководството и од денес и официјално е повторно Шеф на Стручниот штаб на прилепскиот прволигаш. Мегленски за понеделник во 12 часот во клупските простории на Победа свикува отворена прес конференција на која можат да присуствуваат сите љубители на фудбалот, навивачи и спортски работници”, информираат од ФК Победа.

Мегленски беше тренер на Победа од април минатата сезона до крајот на ноември, кога после 4 последователни порази беше отпуштен, а неговото место го зазеде екс голманот на македонската репрезентација Јане Николоски.

Сега Мегленски се враќа во клубот после долга серија на порази и во моменти кога Победа е на самото дно од табелата.

(Видео)СЛУШНЕТЕ ГО ПАВЛЕ КАКО СВИРИ: Празник за сите сетила – синот на Гордана Силјановска стана урбан xepoj

Обидот да се oцpни синот на кандидатката за претседател на Македонија Гордана Силјановска-Давкова, Павле Давков го претвори во урбан xepoj чија мaнтpa ги освои срцата на луѓето

На социјалните мрежи се појави и снимка од Павле додека свири во Охрид.

Празник за сите сетила. Слушнете:

Познати сите кандидати за градоначалник на Охрид: Дури 5 мина во трка за прв човек на општината

Петмина кандидати поднеле кандидатури за градоначалничката функција во Охрид на предвремените избори што ќе се одржат на 21 април.

Тоа се Михаил Трендафилов – Нанче од партијата Граѓанско-демократска унија, Митре Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Константин Георгиески од СДСМ, Стевче Стевоски како кандидат на политичката партија Демократи и Џемал Мена од движењето „Беса“.

Изборите за градоначалчничката функција беа распишани поради ненадејната смрт на градоначалникот на Oхрид Јован Стојаноски, кој почина на 15 декември минатата година.

Погрешно ги врзувате врвките на патиките: Со овие идеи и потези ќе бидете уникатни (ВИДЕО)

Списокот на работи кои ги правиме погрешно, се дополнува.

Како ги местите врвките на патиките? Се трудите, но се вплеткувате?

Во ова видео ќе ги дознаете најинтересните и најлесните начини на врзување на врвки, со кои ќе бидете најуникатни.

Eлиф Елмас: “Горд сум што сум Македонец” (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација со 3-1 ја победи Летонија во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020, Горан Пандев по 100-ти пат го носеше дресот на националниот тим.

Младиот Елиф Елмас беше стрелец на два погодоци прв пат за 2:0 во 30-та минута, а вториот во судиското продолжение.

Денеска младиот талент на Фенербахче објави фотографија со Горан Пандев и напиша:

“GRANDE PANDEV, горд сум што сум Македонец”.

Златески: “Приватниот базен на градоначалникот е едниствен реализиран проект? Бидете хуман нека го користат младите од Прилеп?” (Видео)

Пред некој ден се соголи уште една предизборна лага на градoначалникот Јованоски.Имено, градоначалникот во предизборната кампања пред сала Македонија ветуваше проект „Здравствено спортско рекреативен центар“, кој требаше да биде наменет за сите граѓани на општина Прилеп, вклучително деца со искривен рбет, мајки со бебиња,повредени спортисти за физикална терапија и возрасни со дегенеретивни заболувања – истакна на денешната прес конференција Претседателот на Унијата на млади сили на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Никола Златески.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

“Пред некој ден се соголи уште една предизборна лага на градoначалникот Јованоски.

Имено, градоначалникот во предизборната кампања пред сала Македонија ветуваше проект „Здравствено спортско рекреативен центар“, кој требаше да биде наменет за сите граѓани на општина Прилеп, вклучително деца со искривен рбет, мајки со бебиња,повредени спортисти за физикална терапија и возрасни со дегенеретивни заболувања. Исто така вети дека ќе има и втор дел од овој проект наменет за рекреативно пливање, фитнес центар и колективна гимнастика.

Пред некој ден, во реакцијата на општина Прилеп градоначалникот и официјално призна дека во предизборната кампања дал уште едно неостварливо, лажно ветување пред Прилеп и прилепчани. Па така наводно после серија консултации со експерти започнале интензивни подготовки за изградба на комплекс од затворени базени во населбата „Точила“, наместо во спортската сала „Македонија“. Граѓаните ви веруваат дека ќе се реализира овој проект, како што ви веруваат дека го носите животот во Прилеп и ја враќате младината.

Воедно ве прашуваме, какви ли ќе бидат базените во населбата Точила? Дали вие можеби во објектот во Ореовец имате базен кој ќе наликува на базените кои ги ветувате? Со колкави димензии ќе бидат базените и дали тие ќе бидат подобри од можеби вашиот? Граѓаните заслужуваат одговор и на овие прашања!

Исто така, ве прашуваме, дали ќе дозволите, во случај да не се реализира новиот проект кој го ветувате, прилепчани да можат рекреативно да пливаат во вашиот базен доколку го имате? Сметаме дека ова може да биде реален и лесно остварлив проект, кој ќе се надоврзи на вашата предизборна програма, богата со неостварливи ветувања и проекти за ситни политички поени.

Воедно на ваков начин конечно ќе може да реализирате барем некаков проект, а со тоа младите ќе имаат забава во градот кој полека умира со секој изминат ден од вашиот мандат”.

Познат е редоследот на кандидатите за претседатели на гласачкото ливче

Во Државната изборна комисија денеска на јавна седница со жрепка се утврди редоследот на единствената листа на кандидат за избор на претседател на државата.

Се утврди редоследот на гласачкото ливче со тројцата претседателски кандидати:

1.Блерим Река,

2.Гордана Силјановска Давкова и

3.Стево Пендаровски.

Тројцата кандидати потпишаа кодекс за однесување на претседателските избори.

Папата Франциск ќе помине цел ден во Скопје: Ќе одржи миса на плоштадот ,,Македонија“

Папата Франциск доаѓа во историска посета на Македонија на 7 мај, 2019 година. Овој датум ќе биде запишан во светската историја.

Претходниот ден , Папата Франциск ќе престојува во Бугарија, а на 7 мај рано утрината ќе пристигне од Софија во Скопје.

-08:20 Поаѓање за Скопје од аеродромот во Софија; 08:15 Пристигнување на аеродромот во Скопје; Официјален дочек; Церемонија за добредојде во Претседателската палата; Средба со Претседателот на РСМ; Средба со Премиерот на РСM; Средба со државниот врв, цивилното општество и дипломатскиот кор; Посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза со лидерите на верските заедници и средба со сиромашните; Света Миса на Плоштадот „Македонија“; Екуменска и меѓурелигиска средба со младите – во дворот на катедралата “Пресвето Срце Исусово“; Средба со свештениците (и нивните семејства) и богопосветените лица; Официјално испраќање; 18:30 Заминување за Рим од аеродромот во Скопје.

Бискупот Киро Стојанов по повод посетата на Папата Франциск, издаде повик до верниците.

Како бискуп, верник и граѓанин на оваа Земја – Република Северна Македонија, веста за доаѓањето на Светиот Отец Папа Франциск во посета на нашата Земја ја примив со голема радост и благодарност кон Господа Бога, а верувам дека и граѓаните на Македонија и пред сѐ верниците католици ја примија со големо воодушевување. Сметам дека Светиот Отец Папа ја препозна потребата на Црквата и народ во Република Македонија за нивно охрабрување.

Папата Франциск од самиот почеток ја искажуваше и покажуваше својата близина и разбирање кон нас, примајќи ја секоја година во Аудиенција и Државната делгација во чест на чествувањето на Св. Кирил во Рим. Верувам дека неговото доаѓање во главниот град на Државата и родниот град на св.

Мајка Тереза – Скопје има посебна симболика, а исто така верувам дека и неговите пораки кои ќе бидат упатени за време на неговата посета ќе бидат делотворен поттик за многу потребната духовна и друга обнова на ова наше општество и дека ќе ни помогне да го сфатиме и прифатиме фактот како сме сите, и како луѓе и како верници, одговорни за градење мир и среќна иднина меѓу сите верници, граѓани и народи во оваа наша мила Татковина – С Македонија.

Затоа ги повикувам католици и луѓе со добра волја во Република С Македонија, како и од соседството, на молитва и духовна подготовка за оваа драгоцена посета на Светиот Отец папа Франциск, првенецот на апостолскиот збор и неспорен морален авторитет на денешницата“-стои во повикот на бискупот Киро Стојанов.

Ова ќе му биде на Ѓорге Иванов една од последните активности како Претседател на Република С Македонија .

При посетата на Папата, но и пред тоа, ќе бидат спроведени стпоги мерки на бе3бедност.