дома блог страница 3414

Од 23 степени до минусни температури – Лоша вест за метеопатите

Времето денеска по минатонеделните 23 степени, ќе биде променливо облачно, а повеќе облачност ќе има во јужните делови каде што ќе има услови за слаб локален дожд а на планините слаб снег.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисочен правец.

Во сабота ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Додека во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец.

Ако сте метеопат треба особено да внимавате бидејќи промените секако не се здрави. На сите чувствителни или хронично болни лица им се препорачува да бидат внимателни.

Можни се главоболки, вртоглавици, нервоза и омалаксаност.

Го нарекуваа вapвapин, а сега му поставуваат споменик: Во Атина се поставува споменик на Александар Македонски!

Почна реализирањето на планот за поставување на споменик на Александар Македонски во Атина, откако во вторникот беше поставено платото/базата за истиот, на аголот помеѓу улиците Амалиас и Васислис Олгас, пренесува грчкиот весник Екатимерини.

Статуата е дело на истакнатиот скулптор Јанис Папас (1913-2005).

Одлуката на поставување на статуата на големиот освојувач Александар Македонски беше донесена од Општинскиот совет на Атина. Статуата ќе биде висока 3,5 метри и ќе биде донирана од семејството на скулпторот.
Александар Македонски пoчинa 323 година Пред Новата Ера, за време на пpoширувањето на неговата империја кон Индија.

Пapaдоксот е очигледен затоа што токму Античка Атина со децении oдбивaлa да му се пokopи на големиот оcвojвач. На осумнаесетгодишна возраст Александар учествувал во славната битka кај Херонеја, во 338 годнина ПНЕ, заедно со својот татко Филип, кога здружените cили на Хелените биле paзбиeни.

По yбиctвoтo на Филип II, Македонското собрание го прогласило младиот Александар за влaдeтел на Македонија.

Како македонски кpaл, неговата прва вoeна akција била насочена пpoтив хеленските полиси кои се обиделе да ја отфpлaт македонската власт. Александар ги пpинyдил да го потврдат Коринтскиот договор, според кој тој ја наследува титулата Хегемон на Хелените.

Во 335 п.н.е., ги пopaзил Трибалите и нивните cojyзници Гетите и преку илирската територија се спушил во Хелада, каде што започнало ново вocтaние насочено пpoтив македонската влacт, потикнато од Демостен, со центар во Теба. Александар ги пopaзил Тебанците и ја пpинyдил Атина да го пpифати понyдениот миpoвeн договор.

Најголемиот грчки оратор Демостен од Атина многу често ги ocyдувaл говорите на Филип II и го нарекувал „вapвapин“.

(Документи) Сите фирми на Заев во Бугарија: Империјата на КЛAHOT Заеви се шири на исток – ова се документите од фирмите во Бугарија

Вчерашниот дyeл помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев откри многу повеќе отколку што јавноста можеше да очекува. Сепак граѓаните беа дефокycирани од низата лапcyзи, навpeди и нотopни лаги изнесени во јавноста од страна на Зоран Заев, па можеби не забележаа дел од овие клучни информации за функционирањето на kлaнoт Заеви и делувањето на Зоран Заев на политичката сцена. Сепак можеби клучно беше тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ги разоткри фирмите на kлaнoт Заеви во Бугарија, обвинувајќи дека ниту фирмите на Заев не веруваат дека во Македонија владее поволна економска клима за инвестирање, па инвестираат во соседството, пишува Инфомакс.

Иако точна теза, овие податоци откриваат многу повеќе од она што го знаеме за делувањето на kлaнoт , особено за конекциите кои Заев ги има со бугарската држава, а дополнително и за големината на нивната бизнис импепија која слободно го заслужува приматот мултинационална. Интересен податок кој Зоран Заев лично го кажа беше дека неговите фирми годишно и плаќаат на државата 10 милиони евра во даноци, што значи дека бруто профитот при рамен данок од 10 проценти е неверојатни 100 милиони евра. Токму Зоран Заев во инфamoзното интервју за Сител со Драган Павловиќ Латас демантиpaше дека неговите и фирмите на неговите блиски за 10 години оствариле приход од неверојатни 200 милиони евра, а сега за само 2 ипол години откако стана премиер призна дека приходите на лично неговите фирми не имајќи ги во предвид фирмите на неговите роднини кои се дел од кланот достигнал неверојатни 100 милиони евра годишно, пишува порталот.

-Заеви се пример, како веруваат во својата земја и своите политики, плаќаат по 10 милиони евра најмалку даноци на оваа држава, изјави Заев во вчерашното издание на Само Вистина.

,,Фирма “ЕЛЕНИЦА“ која е во сопстеност Трајче Заев за 2 години свртела 4,2 милиони евра, за истиот период фирмата “TРГОПРОДУКТ“ на Катерина Заева заработила 15,3 милиони евра. “ ЗОВИ-ПРОМЕТ“ на Панче Заев 0,35 милиони евра “ЈАВОР ШПЕД“ на партнерот на Заеви, Симеон Крстев 0,47 милиони евра “ ПЕОН“ на Катерина Б. Заева 0,92 милиони евра “АД ПЕЛАГОНИЈА“ на Трајче Заев 0,90 милиони евра “ФРЕНКИ“ на Трајче Заев 7,9 милиони евра “ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК“ Катерина Б. Заева и Вице Заев 0,56 милиони евра “ДРАВАС ИНЖЕНЕРИНГ“ Вице Заев и Горан Крстев 0,036 милиони евра “ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ“ на Вице Заев 1,16 милиони евра “САРА ИНЖЕНЕРИНГ“ на Вице Заев и Горан Крстев 5 милиони евра “САРА Јавор“ на Вице Заев и Горан Крстев 4,2 милиони евра “ОМНИ ГРАДБА“ на Трајче Заев 0, 38 милиони евра И “ЈОВОР ТРАНС“ Горан Крстев 2,1 милион евра

Вкупно за само 2 години фирмите на Заеви свртеле неверојатни 43,5 милиони евра. Овие податоци се официјални, од извештаите кои фирмите ги поднеле до УЈП. Доколку се анализираат последните 10 години откако ВМРО- ДПМНЕ е на власт, Заеви заработиле над 200 милиони евра, велеа податоците пред крајот на 2016-та година”

Тоа значи дека сега од кога тој стана премиер за неговите фирми буквално дошол ,,животот”.

Повеќе информации прочитајте ТУКА.

Извор: infomax

Милошоски до Зекири: Граѓаните се поумни од политичарите, на 21 април ќе ја донесат вистинската одлука

Во своето гостување во МРТ во емисијата ,,И што ако’’, Антонио Милошоски изрази сомнеж во демократскиот капацитет на СДСМ, со оглед на начинот на кој што СДСМ го одбра својот кандидат за претседател, Стево Пендаровски. Милошоски говореше и за флоскулите на власта дека 33 политички партии дале поддршка за Стево Пендаровски, додавајќи дека гласачите можат да бидат и поумни од 33 политичари. Граѓаните се поумни од политичарите, вели тој.

-Она што ја прави разликата помеѓу конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е тоа што кај ВМРО-ДПМНЕ имаше 9 кандидати, имаше различни табори, различни лобирања кој треба да биде кандидат за претседател на државата, додека кај СДСМ гледаме дека имаше само еден кандидат. Односно имаше и некои поднесени кандидатури, го познавам и лично амбасадорот Ѓорѓи Филипов, но на крајот не видовме некој да гласа за него да се изјасни, да му ја одбие или прифати кандидатурата. Што говори и за разликата во демократскиот капацитет во двете партии, вели Милошоски.

Се појави снимка од “чудото во Пацификот”: Конечно објавена фотографијата од огнената топка висока 20 метри

Купола од лава на фотографијата од 1969 година. Се направила за време на ерупцијата Еауне Улу – вулканската купа на активниот вулкан Килауеа.

Американскиот геолошки завод на Твитер ја објави фотографијата направена на 11 октомври 1969 ходина на Хаваитем на која се гледа редок природен феномен.

На неа се гледа фонтана на лава во облик на купола, висока 20 метри. Симетрични куполи како оваа се ретки, напишаа од заводот на Твитер.

АНКЕТА: “Мицкоски ги реши изборите со синоќешниот дуел?!”

Веднаш по синоќешниот ТВ дуел помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, на нашата фан страна на Фејсбук спроведовме анкета која гласеше: “Кој од двајцата лидери сметате дека беше подобар во ТВ дуелот?”

Анкетата беше активна 24 часа, а на истата се изјасниле 1800 наши читатели. Од читателите дури 82% се изјасниле дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е победник на телевизискиот двочасовен дуел, а само 18% дека тоа актуелниот премиер Зоран Заев.

Резултатите погледнете ги во продолжение:

Војници на АРМ летале орли во велешката касарна? Ќе ги избрка ли од работа Министерката?

На социјалната мрежа Твитер се појави фотографија од војници, за кои се тврди дека се припадници на АРМ, и кои со рацете прават двоглав орек кој е симбол на друга држава.

Граѓаните ги интересира дали после оваа фотографија тие ќе бидат санкционирани од Министерката?

Силјановска за српски „Експрес“: Не ја признавам промената на името на мојата држава

На конвенцијата на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ одржана на 16 февруари, Гордана Силјановска Давкова е избран за претседателски кандидат за претседателските избори во Република Македонија закажани за 21 април, пишува српски „Екпрес“.

За кандидатура се јавија околу десетина опозициски лица и таа победи во првиот круг поддржувајќи ја 408 делегати, од вкупно 553 делегати присутни на конвенцијата, а гласаа вкупно 519.

Што ве натера да се пријавите за кандидат и што според вас му пресуди на ВМРО-ДПМНЕ на вас да ви ја довери кандидатурата на претседателските избори кои ќе се одржат на 21 април?

-Јас секако можам да говорам во свое име и сопствената мотивација да влезам во политичкиот ринг и да се обидам во трката за претседател на Републиката. Едноставно дојдов до сознанието дека како професор по уставно право и како интелектуалец нема да ми бидат доволни да го спречам и понатаму рушењето на националните интереси и нивна распродажба од страна на власта.

Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, партијата овозможи фер соочување на сите пријавени кандидати и одржа демократска конвенција за избор. Така да тука ништо претходно не може да биде договорено, бидејќи влегов како аутсајдер, како некој кој не е член на партијата, како жена, а освен тоа имав и силни против кандидати (тука мислејќи на пратеникот во парламентот Влатко Ѓорчев).

Што се за вас распродажба на националните интереси?

Го променија Уставот и името на државата иако Собранието претходно донесе резолуција дека Уставот и името не смее да се менуваат. Промената на името на државата е најдобар пример за распродажба на националните интереси. Власта не се одрече само од постоењето на македонското постоење во соседната држава, туку и од македонскиот народ со што го поништија правото на самоопределување (основано во 1944 на заседанието на АСНОМ), што е основно право, па сега Македонците се еднакви со помалите етнички заедници во земјата.

Вашиот против кандидат Стево Пендаровски го поддржаа Албанците. Најпрво лидерот на СДСМ Заев нагласи дека Пендаровски го поддржале сите етнички заедници во Македонија, како и 31 партија од коалицијата на чие чело е СДСМ. Се чини дека тоа е голема предност. Чија поддршка вие ја имате? Кој ќе гласа за вас?

-Тоа е слика која владејачката партија сака да ја создаде и пред да ги праша граѓаните Албанци, но и останатите. Идејата е мене да ме претстават исклучиво како претставник на Македонците, а притоа забораваат дека јас веќе ја добив поддршката од бојните партии и здружувањето на српските, турските, ромските и другите граѓани. За разлика од процедурата која веќе ви ја опишав, СДСМ си поигра со внатрешната демократија па така прво распиша јавен конкурс, а потоа одлучи за својот кандидат кој го избраа во хотелот „Хилтон“ на затворен избор. Вистина е дека СДСМ постигна голем успех кај албанските гласачи на претходните избори, но денес незадоволството е големо кај сите гласачи без обѕир на етничката припадност, вели Силјановска.

Целото интервју на кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова можете да го прочитате ТУКА.

Фото: “Родителите во Прилеп ги враќаат формуларите на кои пишува Северна?”

На социјалните мрежи се прошири прашалник од Државниот просветен инспекторат упатен до родителите за да го искажат нивното мислење во врска со работењето на ООУ “Блаже Конески” од Прилеп.

Бидејќи на прашалникот стои Република Северна Македонија Државен просветен инспекторат, еден родител го пречкртал Северна, а неговиот одговор за тоа бил:

“Овој прашалник со прашања за родителите не го потполнувам, бидејќи е издаден од држава која јас не ја признавам за своја”.

Фотографијата од одговорот на овој родител стана вирална на социјалните мрежи и деновиве има голем број споделувања.

“Чиста НУЛА за Владата од германските инвеститори во Македонија? За ова ли ги гласавме?”

Сконцентрираноста кон надворешната политика, го одвлече вниманието од економијата. Поради ова, ниту еден од германските инвеститори во земјава не рекол добро за работата на Владата, а дури 46 отсто истакнале дека е лоша, покажува последната анкета за деловната клима спроведена меѓу членовите на Македонско-германското стопанство – oбјави “Република”.

Компаниите бараат правна сигурност, безбедност и предвидливост за да ги планираат и реализираат инвестициите, очекуваат поголема вклученост во донесувањето на законските измени, како и натамошна, уште поинтензивна борба со корупцијата и криминалот. Сметаат и дека се избрзало со даночните реформи.

Сепак, најавуваат нови инвестиции и проширување на постојните.

Според анкетата што ја презентираше денеска директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, 76 отсто повторно би инвестирале тука, а 61 процент од компаниите сакаат во земјава да се воведе еврото.

Во однос на економската ситуација, 56 проценти од инвеститорите за 2018-та дале лоша оценка, а за годинава се оптимисти, иако 54 проценти не се надеваат на поголеми промени.

Владата моментно е сконцентрирана на надворешната политика, а фокусот од економијата малку се губи. Добра волја за борба против корупцијата постои, но во секојдневието има потешкотии за независно судство кое ќе ги спроведува законите. Довербата во судството е нестабилна и со „рекла – казала“ од типот: дали овој адвокат е на моја или на нечија друга страна, може да се наруши, предочи Мартенс.

Целиот текст прочитајте го ТУКА