дома блог страница 3415

ВМРО-ДПМНЕ: “Театар од Општина, наместо нов театар направи Градоначалникот на двојазичен Прилеп?” (Видео)

Денес е Светскиот ден на театарот. Лагите од предизборните ветувања на градоначалникот Јованоски, излегуваат секојден на виделина – истакнаа на денешната прес конференција од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Во продолжение прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

“Потсетуваме како истиот во предизборната кампања, директно пред градскиот театар, вети дека наместо руинираната зграда, ќе се заложи за изградба на нов објект. Денес, нема ништо од тоа ветување!

И наместо почнување со реализација на ветеното, прилепчани сведочат како тоа локалната самоуправа наместо реализација на проектите, преку соопштенија ги известува за некакви дополнителни анализи, консултации со експерти, смена на планови, обезбедување средства, или едноставно кажано, ја користи веќе видената ЌЕ реторика, за да ја прикрие својата неспособност.

И немало да има сега нова зграда како што ветија, туку ќе се градел театар во постојната зграда на Домот на културата „Марко Цепенков“, во таканаречениот блок Д.

Почитувани, како што тргнала работата прилепчани ќе почекаат за нов театар. Министерството за култура по промената на власта, покажа дека има некои чудни приоритети, како со срамната програма, така и со и програмата за инвестиции. Нема реализација на ветеното, нема градежни активности, туку има некое мачкање очи со подготовка на проектни програми, идејни решенија и слично.

Да го потсетиме градоначалникот во случај да заборавил дека му помина скоро година и пол од мандатот, со што му остануваат нешто повеќе од две години. И наместо локалната самоуправа да ја замајува јавноста дека се сменил планот, како тоа дека ќе никнеле нови три базени во Точила, или дека ќе се изгради театар во „Марко Цепенков“, да почнат да го реализираат ветеното за кое ги гласаа прилепчани.

Воедно по повод овој ден, сакаме да упатиме честитка до прилепските актери и сите културни работници кои творат во ова поле. Нивната посветеност, многубројни награди и прикажани претстави, прават да се чувствуваме горди на нив”.

(Видео) TOДOP AЛEKCAHДPOB ГO И3БPKA KOCTAДИHOB? ,,Нeштo ќe тe питaм бабо” ечеше cpeдe изjaвaтa нa CДCM

Тодор Александров конечно го избpkа портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов од пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Имено додека Костадинов одржуваше прес во обид да го иcпеpe лидерот Зоран Заев од дeбaклoт на вчерашниот дyeл со Мицкоски, како што и впрочем гласеа диpeктвите од Бихаќка, од централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, ечеше новата песна на Некст Тајм преработката на антологиската ,,Нешто ќе те питам бабо”. Очигледно на Костадинов не му се погоди песната па набрзо си замина, можеби доколку беше некоја друга песна тој ќе се задршеше подолго.

Почитувајте ги сообраќајните правила: На вчерашната контрола од СВР Битола контролирани 356 возила, од кои 31 биле caнkциoниpaни

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 26 март извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас…

Притоа, контролирани се вкупно 356 возила и возачи и било констатирано дека 18 возачи ја надминале дозволената брзина, шест возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле две возила, на мобилен телефон разговарале тројца возачи сигурносен појас не користеле дваjца возачи.

Исто така издадени се вкупно 11 мандатни платни налози за неправилно паркирање.

Видео: “Градоначалникот што ќе го носеше клубот во ЛШ ја кажа жaлнaтa виcтинa зa “Пoбeдa”?? KAПИTУЛAЦИJA?”

Прес конференција на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски:

Во продолжение потсетуваме на предизборните ветувања на Јованоски за прилепскиот спорт:

А еве каква е состојбата со спортот во Прилеп денеска:

Основачите на партијата со поддршка за Мицкоски: Тој со ставови на државник и патриот, антидржавникот Заев во одбрана на Грција

Мицкоски со ставови на државник и патриот, а Заев во одбрана на грчките интереси. Вака основачите на ВМРО-ДПМНЕ го коментираат синоќешниот ТВ дуел меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

Ламбе Арнаудов, Мане Јаковлевски и Иван Соколов во своите анализи за вчерашните настапи на лидерите на двете најголеми партии.

Ламбе Арнаудов вели дека на вчерашниот ТВ дуел Мицкоски покажал патриотски чувства како Македонец, а Заев ги бранел интересите на Грција.

-Судбината на македонскиот народ е тешка и претешка. Меѓутоа, Македонецот сам избира како ќе оди-дали исправен, горд, честит или ќе се свитка, ќе лази или ќе оди по патот на историјата. Синоќа беме сведоци на дуел на еден благороден човек, патриот, кој што ги има сублимирано сите историски личности во себе и ја има дефиницијата на нивните најдобри патриотски чувства собрани во себе, тоа е господинот Мицкоски кој потврди дека е бедем на македонската држава и народ, а од друга страна го имавме премиерот не на Република Македонија, туку на Република Грција. Низ неговиот разговор почувствувавме дека тој повеќе се грижи за судбината на Грција и грчкиот народ и нивните интереси, отколку за Македонците, истакнта Арнаудов во изјава за КУРИР.

„Христијан Мицкоски на вчерашниот настап покажа сериозна надмоќност над Заев и со факти и аргументи ги разобличи неговите лаги“-ова е ставот на Мане Јаковлевски.

– Се покажа дека стои цврсто зад државните и национални интереси, а Заев целосно се “разголи”. Тој беше матиран кога се обелоденија фирмите на неговото семејство во Бугарија за кои најпрво тврдеше дека не ги знае, а подоцна го покажа спротивното. Македонскиот народ мора да се обедини за да се спаси од Заевистичкото зло. За таа цел потребно е на луѓето што се заблудени поради простотилок и незнаење, како и на оние кои поради лошотија и расипаност ја подржуваат сегашната власт да им се објасни кон каде злото на Заевистите ја турка земјата. Всушност на овие луѓе мора да им се прости и тие мора да се привлечат за македонската кауза, пред сегашната власт тотално да ја уништи македонската куќа. Штетата која ја нанесе оваа владина гарнитура е ненадоместлива од секој аспект од државниот систем, едноставно државата се распаѓа. Затоа ова лудило ќе запре со победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори, а веднаш потоа и на предвремените парламентарни избори, истакна Јаковлевски во изјава за КУРИР.

По синоќешниот ТВ дуел, со свој коментар се огласи и Иван Соколов.

-Синоќешниот дуел помеѓу Мицкоски и Заев заврши очекувано со еден и единствен заклучок. Дебата помеѓу државник со силна грижа за својата татковина Македонија и својот македонски народ и џамбаз кој без тронка грижа на совест се обидува да одбрани нешто што не се брани. А како може човек да одбрани една гомила на антинационални и антидржавни постапки кои Зоран Заев ни ги приредува две години без прекин. Мицкоски покажа дека е човек кој кога ќе застане на чело на државата ќе биде браник за татковината, човек што ќе го цени минатото, ќе работи за иднината и ќе работи исклучиво согласно закон и никако поинаку. Македонија има потреба од лидер кој знае во која насока треба да ја движи земјата за доброто на нејзините граѓани, Христијан Мицкоски е таков лидер, анализира тој.

ПС Прилеп поднесе известување против тројца мaлoлeтници

Haдвopeшнaтa kaнцeлаpиja за kpиминалистички pаботи Прилеп поднесе известување против тројца мaлoлeтници (двајца на возраст од 16 години и еден 14 години) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за стоpeнo kpивичнo дeлo ,,тeшka тeлecнa пoвpeдa“.

На 12.01.2019 во Прилеп пpиjaвeнитe физичkи го нaпaднaлe Д.П.(18) од Велес, при што му нанеле тeшкa тeлecнa пoвpeдa.

Медицинско чудо поради неверство: Жена родила близнаци од различни татковци

Кинеските медиуми известуваат за жена која минатата година родила близнаци, за потоа да се открие дека имаат различни татковци. Овој многу редок случај го потврди анализата на ДНК која воедно ја натера мајката на близнаците да признае дека го изневерила сопругот.

Приказната излезе во јавност кога двојката од југоистокот на Кина морало да ги пријават синовите, близнаци, во локалната полициска станица минатата година. Но, сопругот наводно од почетокот имал сомнежи, затоа што еден од синовите воопшто не личел на него.

За завршување на регистрацијата потребен бил тест за татковство со што двојката би докажала дека близнаците им се нивни. Откако стигнале резултатите, жената едвај му признала дека е можно едното дете да не е негово. Тој бил шокиран, рекол директорот на форензичкиот центар. Откри дека мажот побеснел откако стигнале резултатите и со нив ја соочил сопругата.

Жената прво негирала дека имала афера и го обвинила сопругот дека ги лажирал резултатите на тестот. Но, на крај признала дека спиела со друг маж една ноќ. Таткото, наводно рекол дека со задоволство ќе го одгледува своето дете, но дека сигурно нема да има врска со туѓо дете.

Близнаци кои имаат различни татковци се многу ретка појава позната под називот хетеропарентална суперфекундација. За да се случи нешто такво, жената мора да има сексуални односи со двајца различни мажи ден пред или по овулацијата за двете јајце клетки да бидат оплодени.

Стручњаците велат дека тешко е да се одреди точната веројатност да се случи овој феномен, но претходните истражувања покажуваат дека веројатноста е некаде меѓу еден и 400 двојки близнаци и еден на 13.000 двојки, пишува Гардијан.

Пред пет години еден кинески бизнисмен од источниот град Јивуа наводно бил скршен кога открил дека еден од близнаците не е негов. Во тоа се посомневал затоа што постариот син имал двојни капаци, а ниту тој, ниту мајката на децата немале такви проблеми, па се посомневал дека детето не е негово.

Видео: “Пред 6 години вака изгледаше “ОТПОРОТ” во Прилеп, градот кој денес е двојазичен и запустен?”

Пред 6 години во пресрет на тогашните локални избори, актуелната локална и централна власт на СДСМ протестираше низ градовите во Македонија, а протести имаше и низ прилепските улици.

Протестите беа под мотото “Отпор”, а стотици граѓани секојдневно одеа од маало до маало и бараа оставки.

Денеска СДСМ е власт во Прилеп како на локално, така и на централно ниво. Речиси две години изминаа откако СДСМ ја презеде власта во државата и година ипол откако добија и градоначалник на Прилеп.

Што од тогаш се промени? Дали се исполнија очекувањата на овие граѓани кои пред 6 години протестираа? Дали животот се промени на подобро, проценете сами…

(Видео) МАКЕДОНСКАТА ХИМНА ЕЧЕШЕ СРЕДЕ МОСКВА: Македоски балерини освоија злато во Русија

Македонската химна ечеше во Москва откако македонските млади балерини освои злато на натпреварувањето организирано од Светската Артистичка Денс Федерација.

Видливо беше задоволството на младите натпреварувачки кои и дадоа причина плус на Македонија да се гордее на својата младина.

Русија е позната по своите балетски ѕвезди па токму победата на гостински терен дава дополнително значење на златниот медал.

-Мakедонската ХИМНА во МоскваЕвропски Шампиони 2019 та ПРЕГОРДА,…. ВЕ САКАММ БЕСКРАЈНО АРТ БАЛЕТ МОЕТО СЕ World Artistic Dance Federation – напишаа на Фејбук од Art Ballet – Скопје.

ФОТО: Добивка за “Гинисов рекорд” на тикет во Прилеп

Добивка каква ретко кога е видена, и повторно во Прилеп.

Ако досега бевме навикнати да гледаме само тикети со милионски суми низ прилепските обложувалници, постојат и вакви играчи кои на ваков начин го кршат малерот.

Одиграл сингл на пријателскиот меч помеѓу Чешка и Бразил. Натпреварот заврши 1:3, а овој среќен играч бил ќар дури 6 денари.