дома блог страница 3413

“Heштo ќe тe питaм бaбo” ги pуши cитe peкopди нa глeдaност: Мaкeдoнцитe ја пpoглacиja за виcтинcкa гордocт

За нецели три дена најновата преработка на песната “Нешто ќе те питам бабо” на музичкото дуо “Некст Тајм”, достигна огромни 433.000 гледаност, и тоа само на нивниот “јутјуб” канал.

Преработката звучи толку добро и има толку добро изработен спот, што едноставно огромна публика остави без зборови, а деновиве редовно се врти на телевизиските и радио каналите.

Социјалните мрежи се преплавени од споделувања на песната, а “Некст Тајм” ги заслужија сите пофалби.

“Бура од емоции, извонредно, вистинска гордост, вака се сака Македонија….”, се само дел од коментарите на Фејсбук.

Ви фаќа ли умот како може да се извади златната плочка од стаклениот сад? (Урнебесно видео)

Имате ли вие идеја како може да се извади оваа златна плочка од стаклениот сад?

Погледнете дали е возможно:

Фото: 27500 евра Џек Пот се падна во моментов во Прилеп: Еве како изгледа милионскиот ваучер

1.681.547 денари или приближно 27.500 евра предмалку доби прилепчанец на Државната видеолотарија на Македонија.

Среќната добивка се падна во една од обложувалниците на “Спорт Лајф”.

Еве како изгледа добитниот ваучер кој направи нов милионер во Прилеп.

Напиток кој го топи салото на стомак дури 80 проценти само за 7 дена

Овој напиток се покажал како многу ефикасен за слабеење и го препорачуваат речиси секогаш кога постои проблем со празнење на цревата.

Секако, потребно е повеќе да се движите и поздраво да се храните.

Освен што е добар за слабеење, овој напиток многу позитивно делува и врз целокупното здравје.

Состојките кои влегуваат во составот се многу здрави. Па така, чиа семето поволно влијае врз општото здравје бидејќи содржи доста омега 3 масни киселини, протеини, калциум и диетални влакна.

Делува како антиоксиданс и се бори против слободните радикали.

Лимонот содржи витамин Ц и минерали како калциум, калиум, магнезиум, железо.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 лимон – сок

1 супена лажица чиа семе

Пендаровски: “Недозволиво е поединци да преговараат за името?” (Видео)

Твитерџиите и понатаму потсетуваат на изјавите за името на државата од страна на кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски.

Еве што изјавил Пендаровски во април 2014 година:

Честојнова до Заев: Со чија одлука петте директори на ТЕЦ Неготино си ги покачија платите близу 100 посто?

На седница во Собранието на Република Македонија на пратенички прашања, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Павлинче Честојнова, истакна дека не е задоволно од писмениот одговор што го добила од претседателот на владата, а се однесува на АД ТЕЦ Неготино, па повторно праша со чија одлука менаџерскиот тим, односно петте директори на АД ТЕЦ Неготино по стапување на функција си ги покачиле платите за близу 100 посто.

Таа го праша претседател на владата дали е запознат дека Управниот одбор на ТЕЦ Неготино е именуван од Надзорен одбор кој во тој момент бил незаконски со што сите одлуки донесени од негова страна се незаконски.

Истакна дека на истото повторно добила оскуден одговор од претседателот на владата дека не било точно дека Управниот одбор си ја зголемил платата затоа што тој орган е ненадлежен да го прави тоа, а не добила одговор кој им ја покачил платата на петте директори на ТЕЦ Неготино, дали тоа е Владата или Надзорниот одбор.

-Генералниот директор на ТЕЦ Неготино зема поголема месечна плата од Претседателот на Владата, а ништо помали не се ни платите на останатите четири директори кои земаат поголема плата од министрите во оваа влада и сите предходни влади, со што ги заслужија овие директори овие плати, праша пратеничката.

-Другото прашање на кое што не добив одговор од страна на претседателот на владата е незаконското поставување на Надзорниот одбор во ТЕЦ Неготино за кое што ја имам и сета потребна документација, имено двајца од тројцата членови во моментот на извршување на функцијата го немаат соодветното образование. Лице со 180 кредити извршува функција како управител на АД Славија и претседател на Надзорен одбор. Исто и другиот член со 180 ЕКТС извршува две функции и управител на АД Комуналец и член на Надзорниот одбор, вели пратеничката.

-Ова е работа на Јавното обвинителство кое што треба да ги испита сите овие работи затоа што поседувам документи кои можат да го потврдат сето ова што го кажав, вели Честојнова.

Битолчанец е вистински македонски амбасадор на Блискиот Исток, а од Македонија не добил ниту благодарница: Спортска сторија која вреди да се прочита

Ристо Димитров од Битола е македонски амбасадор на Блискиот Исток. Тој е неколкукратен национален и интернационален шампион во Бразилско Џиу Џицу, Граплинг, Самбо, ММА и што уште не. Неговата спортска кариера е исполнета со толку многу успеси и признанија што тешко дека можат да се набројат сите. Од пред две години се наоѓа во султанската држава Оман, каде работи како ММА тренер во UFC GYM Omаn. Неговите ученици се првите кои донесле интернационални медали за Оман, а работата на Ристо е гордост на оваа држава. Неговите и успесите на учениците се вреднувани и поддржани од државата. За разлика од тоа во Македонија не добил ниту една благодарница, ниту пак некаква финансиска поддршка. Со него разговаравме за сите досегашни достигнувања и идни планови во спортската кариера.

Еве како Димитров ја опиша неговата спортска сторија за Маркукуле ексклузивно од Оман.

“Моментално се наоѓам на блискиот исток, поточно во Оман и работам како ММА тренер во UFC GYM Oman.
Имам 32 години и веќе 2 години сум тука и од кога сум тука направив големи успеси во спортот, претставувајќи ја мојата земја, но и Оман. Веќе се натпреварував во Џудо, професионално во Џиу Џицу, граплинг, трчав на најтешките трки како Spartan Race и Tough Mudder (5км, 14км и 22км), со секаков вид на препреки, Мускат Маратон, National Obstacle Race и многу други. Досега освоив 10 медали и многу признанија од кои еден е од најпозната Оманска пратеничка во Оманскиот парламент, еден од најпознатиот универзитет во Оман Sultan Qaboos University”, вели Димитров.

Во однос на спортските успеси во Оман, Димитров вели:

“Добив и многу признанија за промоцијата на Џудото во Оман, како и признанија за промоција на спортот воопшто во Оман. Веќе пишуваа за мене во сите списанија и весници во Оман и имав неколку интервјуа во познатото Virgin Radio.
Ја напишав спортската историја на Оман, донесов за прв пат неколку медали во Оман, а и моите ученици за прв пат во историјата на Оман донесоа интернационален Џудо медал од Кувајт. Веќе во 4 земји се натпреварував на Блискиот Исток и како што споменав донесов 10 медали, а под мое водство моите ученици донесоа 2 големи интернационални медали, во 3 земји, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и тука во Оман. Веќе сум и сертифициран Life Coach и делам совети за подобрување на животот на моите ученици, но и на луѓе кои им треба и веќе имам позитивни пораки како на некои луѓе сум му го сменил животот на подобро, што преку совети, што преку спорт”.

Што на спортски план постигна додека беше во Македонија?

“Во Македонија бев еден од пионерите за Џиу Џицу и ММА, направив огромни успеси во многу боречки спортови, го донесов првиот професионален појас во Битола во ММА, првите медали во Граплинг и Џиу Џицу, првиот Македонец на Светско првенство во Боево Самбо, под водство на Претседателот Ердал Факиќ, на кого му сум многу благодарен за се што направи за мене. Бев неколку кратен национален и интернационален шампион во Бразилско Џиу Џицу, Граплинг, Самбо, ММА и што уште не. Произведов многу шампиони во Џудо и Џицу и некои се сега членови на репрезентациите. Моите 2 клубови се сеуште активни во Македонија под водство на мојот најдобар пријател и тренинг партнер Александар Петковски Аки”.

Дали државата ги вреднуваше твоите успеси?

“Државата не се грижеше ни кога освојувавме медали, а ни сега кога веќе ја претставувам Македонија на овие простори каде никој не беше слушнал за Битола и Македонија. Се потрудив да сите научат каде и која е Македонија и секаде сум претставен како Ристо Димитров од Македонија”.

Koи се твоите планови за во иднина?

“Моите планови се да продолжам со мојата кариера тука во Оман, каде веќе сум менаџер за настани и главен тренер, а планирам да напредувам во професионалната, но и во спортската кариера. Моето семејство набрзо ќе се пресели тука и продолжувам тука”.

Дали си добил било каква поддршка од нашата држава?

“Никогаш не сум добил, а ниту побарал ништо од државата, а таа пак и не ми доделила барем една благодарница. Не знам дали има поголем амбасадор во спортот посебно на овие простори каде за прв пат слушнаа за нас. Се надевам дека државата ќе обрни повеќе внимание на идните спортски надежи и ќе вложи повеќе во спортот. Наместо да ги бркаме нашите спортски амбасадори да пробаме да ги задржиме”.

Хит изум, не е ниту коњ, не е ниту автомобил – погледнете какво превозно средство направил за да се вози по селото (Видео)

Коњ или автомобил? Ни едното, ни другото, туку белоруски „коњомобил“.

Во срцето на Белорусија, во едно мало село, Алексеј Усиков уште од мал сакал да собира стари работи. Неговиот најнови изум е „коњомобил“ – преработен модел од старо ауди 80, од кој е изваден моторот, а кој го влече неговиот коњ.

Усиков го користи да се превезе до својата нива, а неговите сограѓани го фалат за кративноста и посветеноста.

(Видео) Неверојатно: Вака изгледа изгревањето на Сонцето од вселената

Израелската лунарна сонда “Берешит” на приватната компанија “Спејс ИЛ” го сними изгревањето на Сонцето од вселената.

Појавувањето на ѕвездата е проследено со силен блесок.

Милошоски: Задоволните од Заев ќе гласаат за Пендаровски, незадоволните од власта ќе гласаат за Силјановска Давкова

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во вчерашниот ТВ дуел со Мухамед Зекири (СДСМ) на МРТ, анализираше дека овој пат граѓаните на претседателските избори нема да гласаат по етничка, верска, партиска или социјална припадност. Тој истакна дека овој пат гласачите ќе се определат за кандидатот на власта или на опозицијата врз основа на тоа дали се задоволни или незадоволни од своето живеење и од политиките на владата на Зоран Заев.

-Овој пат очекувам граѓаните ќе гласаат според нивното чувство на задоволство или незадоволство. Оние граѓани кои чувствуваат дека подобро живеат со оваа власт, се задоволни од начинот на владеење, од здравство, од cyдството, образование, земјоделие, од инвестиции, од борбата против кopyпцијата, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми ли Срби или Власи, тие граѓани ќе гласаат за кандидатот на власта. Тие граѓани кои што не се задоволни затоа што има високо ниво на кopyпција, нереализирани проекти, измaмeни очекувања, дадени лaжни ветувања, и можеби некое делумно шepифско однесување на дел од градоначалниците, без разлика да се Албанци, Македонци, Роми, Турци, Власи или Бошњаци би се очекувало да гласаат за кандидатот на опозицијата. Затоа сметам дека поделбата на гласачите овој пат нема да биде по етничка, социјална или политичка осова. На овие избори ќе имаме гласачи кои што подобро живеат и се определиле како знак за благодарност да гласаат за Стево Пендаровски и за власта и гласачи кои што не живеат подобро и не се задоволни од начинот на владеење и без разлика на политичка или етничка припадност би гласале за професорката Гордана Силјаноска, вели Милошоски.

Извор: magazin.mk