(Документи) Сите фирми на Заев во Бугарија: Империјата на КЛAHOT Заеви се шири на исток – ова се документите од фирмите во Бугарија

Вчерашниот дyeл помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев откри многу повеќе отколку што јавноста можеше да очекува. Сепак граѓаните беа дефокycирани од низата лапcyзи, навpeди и нотopни лаги изнесени во јавноста од страна на Зоран Заев, па можеби не забележаа дел од овие клучни информации за функционирањето на kлaнoт Заеви и делувањето на Зоран Заев на политичката сцена. Сепак можеби клучно беше тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ги разоткри фирмите на kлaнoт Заеви во Бугарија, обвинувајќи дека ниту фирмите на Заев не веруваат дека во Македонија владее поволна економска клима за инвестирање, па инвестираат во соседството, пишува Инфомакс.

Иако точна теза, овие податоци откриваат многу повеќе од она што го знаеме за делувањето на kлaнoт , особено за конекциите кои Заев ги има со бугарската држава, а дополнително и за големината на нивната бизнис импепија која слободно го заслужува приматот мултинационална. Интересен податок кој Зоран Заев лично го кажа беше дека неговите фирми годишно и плаќаат на државата 10 милиони евра во даноци, што значи дека бруто профитот при рамен данок од 10 проценти е неверојатни 100 милиони евра. Токму Зоран Заев во инфamoзното интервју за Сител со Драган Павловиќ Латас демантиpaше дека неговите и фирмите на неговите блиски за 10 години оствариле приход од неверојатни 200 милиони евра, а сега за само 2 ипол години откако стана премиер призна дека приходите на лично неговите фирми не имајќи ги во предвид фирмите на неговите роднини кои се дел од кланот достигнал неверојатни 100 милиони евра годишно, пишува порталот.

-Заеви се пример, како веруваат во својата земја и своите политики, плаќаат по 10 милиони евра најмалку даноци на оваа држава, изјави Заев во вчерашното издание на Само Вистина.

,,Фирма “ЕЛЕНИЦА“ која е во сопстеност Трајче Заев за 2 години свртела 4,2 милиони евра, за истиот период фирмата “TРГОПРОДУКТ“ на Катерина Заева заработила 15,3 милиони евра. “ ЗОВИ-ПРОМЕТ“ на Панче Заев 0,35 милиони евра “ЈАВОР ШПЕД“ на партнерот на Заеви, Симеон Крстев 0,47 милиони евра “ ПЕОН“ на Катерина Б. Заева 0,92 милиони евра “АД ПЕЛАГОНИЈА“ на Трајче Заев 0,90 милиони евра “ФРЕНКИ“ на Трајче Заев 7,9 милиони евра “ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК“ Катерина Б. Заева и Вице Заев 0,56 милиони евра “ДРАВАС ИНЖЕНЕРИНГ“ Вице Заев и Горан Крстев 0,036 милиони евра “ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ“ на Вице Заев 1,16 милиони евра “САРА ИНЖЕНЕРИНГ“ на Вице Заев и Горан Крстев 5 милиони евра “САРА Јавор“ на Вице Заев и Горан Крстев 4,2 милиони евра “ОМНИ ГРАДБА“ на Трајче Заев 0, 38 милиони евра И “ЈОВОР ТРАНС“ Горан Крстев 2,1 милион евра

Вкупно за само 2 години фирмите на Заеви свртеле неверојатни 43,5 милиони евра. Овие податоци се официјални, од извештаите кои фирмите ги поднеле до УЈП. Доколку се анализираат последните 10 години откако ВМРО- ДПМНЕ е на власт, Заеви заработиле над 200 милиони евра, велеа податоците пред крајот на 2016-та година”

Тоа значи дека сега од кога тој стана премиер за неговите фирми буквално дошол ,,животот”.

Повеќе информации прочитајте ТУКА.

Извор: infomax




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.