дома блог страница 341

Започнаа пробите за претставата „Едмонд“ во Битолски театар (ФОТО)

Во Народен театар – Битола започнаа пробите за петтата премиера во овој театар за оваа година. Се работи за „Едмонд“ по текст на Дејвид Мемет, а во режија на Оливер Мицевски. Во претставата играат: Огнен Дранговски, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Марјан Георгиевски, Ана Грамосли, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Викторија Степановска Јанкуловска и Маја Андоновска Илијевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Благој Мицевски, а музиката на Марјан Неќак.

Во изминатите години, Мицевски работеше во Данска, Унгарија, Франција и неговите претстави со голем успех се играат на сцените на најзначајните европски театри. Па така минатата година по втор пат беше дел од CPH STAGE фестивалот во Копенхаген, најголемиот театарски фестивал во Данска што ги собира најдобрите претстави од тековната сезона. Тој се претстави со неговата претстава “4.48 PSYCHOSIS” работена по текстот на најзначајниот современ англиски драмски автор, Сара Кејн.

Мицевски завршил театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и специјализација по Ибзен во Центарот Ибзен на Универзитетот во Осло, Норвешка. Во 2012 во Будимепшта го основал својот приватен театар Oliver Micevski’s Theatre Company, своевремено единствен театар на англиски јазик во Будимепшта, заедно со група унгарски театарски работници, со кои, како што вели, ја делеа идејата дека градот Будимпешта, како европска крстосница и туристички центар, има потреба од театар со репертоар на претстави на англиски јазик.
Претставата „Едмонд“ е дел од Годишната програма на Министерството за култура и туризам, а премиерата се очекува за 28 јуни.

Вработена во продавница во Прилеп доживеала хорор: Влегол и со закана со стаклен предмет ја ограбил касата

-На 07.05.2025 во ОВР Прилеп било пријавено дека во 17.07 часот во продажен објект на ул. “Васко Карангелески” во Прилеп, едно лице со закана со стаклен предмет и со употреба на физичка сила кон вработената одзело пари од касата.

Се преземаат мерку за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

ДЕТАЛИ: Познат идентитетот на убиениот 25 годишен странски државјанин, уапсен е убиецот

Вчера во 21.25 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на Градскиот плоштад во Штип било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило. Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.

По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, во близина на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на делото, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото.

Имено, во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода.

Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Пожар во куќа на ул. “Маркови Кули” во Прилеп

На 07.05.2025 во 04.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул. “Маркови Кули” во Прилеп, сопственост на Е.С.(41) од Прилеп.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Чарна Невзати ќе ги брани боите на Македонија на „Мис на светот” (ФОТО)

Дваесетгодишната Чарна Невзати ќе ги брани гордо и достоинствено боите на нашата земја во рамки на престижниот избор за убавина Miss World 2025.

По подолг период отсуство од манифестацијата, македонската држава оваа година има своја претставничка на претстојниот избор за „Мис на светот”, чие финале ќе се одржи на 31 мај во градот Хајдерабад, Индија, а фестивалските активности траат цели месец дена.

По внимателен избор од страна на организаторот и сопственик на лиценцата г-дин Шаќир Села, воедно и сопственик на најпознатата модна агенција „Даман” во Истанбул, титулата „Мис Македонија” ја понесе Чарна Невзати од Скопје.

Чарна е 20-годишна студентка на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје каде е двоен победник, со освоена специјална награда за најдобар сценски настап „ Бранко Ѓорчев“ и е победничка на 26та Ораторска вечер „Иво Пухан“. Професионално се занимава со моделинг, како дел од модната агенција „Макс Моделс”, со низа модни кампањи за познати домашни и светски брендови.

Чарна Невзати ќе биде дел од 72-от избор на убавина за „Мис на светот” на кој ќе учествуваат 120 држави. Таа плени со својата природна убавина, интелегенција и самодоверба. Во очи на настанот, изјави дека ѝ претставува голема чест и задоволство да ја претставува Македонија, нашето национално богатство и култура.

„Веруваме дека нашата претставничка ќе биде достојна амбасадорка на македонската убавина, култура и вредности на светската сцена и најдобро ќе ја промовира државата на светско ниво.” – истакна г-дин Села, кој минатата година за првпат по 15 години организираше избор на убавина во нашата држава.

Има само 16 години, ама и илјадници километри! Популарниот Кони од Прилеп веќе пишува историја за македонскиот велосипедизам (Фото галерија)

Прилепскиот спортски амбасадор, членот на ВК “Херој” од Прилеп, Константин Костоски, од 2019 е во велосипедизмот, зад себе поседува 5 последователни титули шампион на Македонија, а има само 16 години.

Од оваа година е член на ВК “Херој” од Прилеп, со право за настап и за “Лотус” од Печ, Унгарија и член на тренинг системот на Марко Судариќ
Во првата јуниорска сезона, со страшно темпо, по двата тренинг кампа во Шпанија во јануари и Хрватска во февруари, во март веќе му почна натпреварувачката сезона, во која веќе возеше на пет трки надвор од границите на Македонија, и тоа:

-30.03. Eröffnungsrennen во Леондинг, Австрија
-05.04. POKAL KAMNIKA in VN GENERALI ZAME – Камник, Словенија
-26.04. SP CC 2025 preteky jednotlivcov – Дубодиел, Словачка
-27.04. Slovenský pohár – Дубница, Словачка
-01/04.05. La Coupe du President de la Ville de Grudziądz UCI 2.1 – Полска

Последната трка во Полска беше UCI трка, во четири етапи, со вкупна должина од 388,7 км, а Константин ја возеше за тимот на “Лотус” во следниов состав:

Оливер Шош – Унгарија
Давид Александру Коман – Романија
Вук Тришиќ – Србија
Оливер Каленчик – Словачка
Константин Костоски – Македонија

Тимот се покажа победнички, со победа во третата етапа, најдобар млад велосипедист т.е бела маица. Беа четврти во генерален пласман, втори во спринтери и трети во борбеност. На трката зедоа учество 31 тим, со околу 190 велосипедисти.

Од тимот на популарниот Кони велат дека придобивките од досегашните трки се огромни, а искуството кое Костоски го акомулира како млад велосипедист е бесценето.

Она што е за секоја пофалба е тоа што македонското знаме се вееше помеѓу останатите знамиња на учесниците, што пак е промоција која македонскиот велосипедизам го подига на повисоко ниво.

Кони веќе се подготвува за следните три предизвици за годинава, и тоа:

-18.05. Трофеј Прилеп – Во организација на ВК Херој и Велосипедска федерација на Македонија, можеби најубавата од сите, градска, кружна трка, прекрасна за публика, а најважно во родниот град каде досега никогаш нема возено трка.
-21/23.05. Балканско првенство – Бакау, Романија (за репрезентација на Македонија)
-24.05. XI. Szekszárd GP – Сексард, Унгарија
-25.05. Magyarhertelend Nagydíj – Маѓархертеленд, Унгарија
-30.05./01.06 Trnava Tour – Словачка

Па доаѓаат неколку трки во Македонија меѓу кои и Државно првенство во друмски велосипедизам и хронометар, па трки во јули во Србија, Словачка и Австрија.

“Спортот е тежок, но љубовта кон него е најважна, а истовремено здравствените придобивки се огромни. За пример, само оваа година досега имам поминато 6.100 километри. Но, ги охрабрувам сите деца, да пробаат, да избегаат од неактивен живот, а тука велосипедот е незаменлив.

Во трките на кои настапував имаше клубови кои се пример во јуниорскиот велосипедизмот, т.е. развојни тимови на големите про тимови, кои во 2025.година се 18 на број, од каде ќе произлезат новите професионални велосипедисти. Сите тие тимови се спонзорирани од одредени компании со одреден буџет, кој е доволен тие да функционираат беспрекорно, а нивните возачи да бидат посветени на нивниот развој.

Во нашиот случај воопшто не е така. Ние како велосипедисти мораме премногу да внимаваме на опремата, не располагаме со резервна опрема. Висината на трошоците за резервна опрема и делови е голема, па поради тоа се надевам дека ќе најдеме спонзори кои би овозможиле повеќе да се посветиме на развојот, а истовремено ќе ги споделуваме успесите.

Благодарност до моите тимски колеги како од ВК Херој, така и од Лотус Благодарност до моите професори кои ме поддржуваат во мојот пат и ми даваат поддршка.Најголема благодарност до моето семејство кое безрезервно стои зад мене”, вели младиот велосипедист Костоски.

Епа гурмани повелете! Од ресторан Beer ti & ja велат: “Сега имаме совршенство на чинија”

Плескавица што се топи во уста. Домашен кајмак што се лизга преку секој залак. Колбаси со мирис што не простува — мораш да пробаш!

Прилепчани знаат што значи скара, а од ресторан Beer ti & ja велат дека сега имаат совршенство на чинија!

Велат нема филозофија — плескавица со кајмак и две колбаси на страна, за полн стомак и уживање во најдобриот вкус досега во градот под Марковите Кули.

Некој ќе рече: “Чудо големо, секаде има плескавици и колбаси”. Е, да де, има, ама вакви нема…

Плескавицата е мајсторија од екстра квалитетно месо, со какво ретко кој може да се пофали, кајмакот мевлем, домашен, подготвен според мајсторијата на соседите од Србија, а колбасите, е тие се вистинска уметност…

Домашни, секогаш тазе, крцкави… вистинско прилепско ремек дело!

Ние бевме и пробавме, мерак останавме, а вие проверете уште утре!

Ве чекаат на самиот влез во Прилеп, од страната за Скопје, во непосредна близина на бензиската пумпа “Макпетрол”.

Наздравје ГУРМАНИ!

Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот (ФОТО)

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, заедно со членови на раководството на партијата беше во
посета на општинските организации во Прилеп и Долнени, во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“.

Пред челновите и симпатизерите на ЗНАМ во Прилеп претседателот Димитриевски рече дека нивната цел е да ги слушнат членовите, симпатизерите и граѓаните за се она што ги мачи, за да може да се најде решение.

„Прилеп е град со богата историја и силен дух, и јас сум среќен што се среќавам со вас, членови и симпатизери на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Отвореноста во разговорите за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и за можностите што ги гледаат во една
поодговорна и почесна политика е она што сметаме дека е важно за да имаме демократско и слободно општество. ЗНАМ е партија која сака да го
чуе гласот на народот“.

Димитриевски додаде дека е евидентно оти растат како движење на македонската политичка сцена.

„Секојдневно се приклучуваат нови луѓе кои веруваат во идејата за праведна и достоинствена Македонија. Оваа енергија од теренот ни дава сила и мотив повеќе за уште поголем ангажман и псоветеност во работата“.

Претеседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски се сретна и со општинското раководство, членовите и
симпатизерите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија во општина Долнени.

Членовите на партијата и присутните граѓани ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат тие како жители, а особено ги нагласија оние во
инфраструктурата. Исто така беше речено дека е потребна посилна институционална поддршка во справувањето со проблемите.

„Верувам во политиката што произлегува од теренот – преку директни разговори со граѓаните и соочување со реалноста. Благодарен сум за топлиот прием и отвореноста на жителите на Долнени. Продолжуваме да работиме посветено, со народот и за народ“, рече Димитриевски при посетата на Долнени.

Итно! Плата 34.000 плус бонус за празници и недела! Се бара садоперач/ка за работа во Прилеп

Повеќе информации на телефонскиот број: 071 551 310

Фирмата CAJEN кетеринг има потреба од садоперач/ка за Прилеп!

Основната плата е 34.000 денари + нaдоместок за работа за време на празници и работа во недела.

Рајските плажи и градови полни со дух и култура, никогаш не биле поблиску! Еве како до најдобар одмор до Турција, Египет, Тунис, Шпанија, Кипар…

Летото е веќе на прагот, време е за нови хоризонти, топли бранови и незаборавни моменти!

Сите ние сонувавме за тој момент кога ќе го спакуваме куферот, ќе ги затвориме вратите од секојдневието и ќе им се препуштиме на боите, вкусовите и звуците на некоја нова, егзотична дестинација.

Ако се’ уште се двоумите каде да го поминете летниот одмор, а особено на кого да му ја дадете вашата доверба, ние го имаме најдобриот предлог. Туристичката агенција “ОРБИТА” од Прилеп е број еден дестинација за тоа! А зошто е тоа така? Затоа што цели 26 години се вистински партнер за секое патување, а изградената доверба со клиентите ги двои од сите останати.

Ви ги предложивме белите песочни плажи во секогаш шармантниот КСАМИЛ на крајбрежјето од Јонското Море, а сега ве водиме до егзотичните: Турција, Египет, Тунис, Кипар и Шпанија.

Професионалната работа на тимот на “ОРБИТА”, им овозможува на сите што сакаат да уживаат во одмор, со буквално “се’ вклучено”, по најприфатливи цени.

Анталија, Хургада и Тунис со лет од Скопје, се веќе понуди кои што се прифатливи за сите. Ова лето новитет во нивната понуда е и чартер понудата за Коста Брава во Шпанија со лет од Скопје, која се продава рекордно, како и чартер понудата за Кипар со лет од Солун.

Ве каниме да ја погледнете целосната понуда на ОРБИТА за овие дестинации во продолжение, сварете кафе, опуштете се, затоа што има шаренило на прекрасни понуди, која од која подобра:

ТУРЦИЈА со прекрасните Анталија, Бодрум, Белек…

Магичната ШПАНИЈА со прифатливи цени во повеќе хотели во КОСТА БРАВА:

Историските чуда на Египет, заедно со секогаш топлата Хургада не биле никогаш подостапни:

Ништо помалку добра и прифатлива, тука е и понудата за ТУНИС:

А една од новините на “ОРБИТА” за ова лето се и дополнителните понуди за летување на КИПАР:

Секако ова е само мал дел од богатата понуда, па затоа не чекајте ни час повеќе и посетете ги на ул. “Александар Македонски” бр. 453, веднаш до црквата Св. Благовештение – Стара црква, а за да бидете во тек со сите новости, попусти и изненадувања, следете на ОРБИТА на социјалните мрежи: ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ, а сите подетални информации за туристичките аранжмани дознајте ги на веб страната: www.taorbita.com.mk

Рајските плажи и градови полни со дух и култура, никогаш не биле поблиску!

Орбита – патувај со сигурност, од Прилеп до светот!