дома блог страница 340

Градоначалникот нема да користи службено возило, платата ќе ја дели на лица со посебни потреби

Ова го соопшти новиот градоначаник на Струга, Менди Ќура, во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

„Мојата плата ќе се дели за лица со посебни потреби и нема да го користам бенефитот од средствата за репрезентација на градоначалникот што доаѓа законски со одлука на Советот., рече бизнисменот.

Тој воедно е градоначалник, но и градежен инвеститор, а на прашањето дали тука гледа судир на улоги и конфликт на интереси, Ќура рече дека неговите бизниси со изградби на згради и други објекти не зависат од Струга, туку дека се распрстранети низ цеата земја

Тој рече дека фамозното скапо „ауди“ купено за превоз на градначалникот во времето на претходниот градоначалник, Рамиз Мерко, веќе е дадено на оглас за продажба.

(Видео) Девојче oд крушевско му впери пушка во главата на 11-годишниот брат

По објавената снимка на сооцијалните мрежи на која се гледа како 15-годишно девојче вперува ловечка пушка во главата на 11-годишниот брат, интервенираше Полицијата интервенираше во крушевското село Јакреново.

Од МВР известуваат дека од родителот било одземено огненото оружје и дозволата за негово поседување.

„На 14.11.2025 во 13 часот во село Јакреново, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А.(44) од село Јакреново одзедоа ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје. Имено, претходно беше пријавено дека на социјална мрежа беше објавено видео на кое се гледа дека 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11 – годишен брат. По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во неговиот дом и беа направени консултации со јавен обвинител, оружјето е одземено и по целосно документирање на случајот против Ф.А.ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира полицијата.

Заседаваше ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, паднаа разрешувања!

Вчера заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде беа донесени повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот редовен Конгрес кој ќе се одржи на 6 Декември во Кавадарци.

Беше донесена одлука за избор на делегати кои ќе учествуваат и одлучуваат на Конгресот. На Конгресот ќе учествуваат над 800 делегати, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски беше овластен да ја утврди конечната листа на делегати согласно статутот на ВМРО-ДПМНЕ.

Притоа беше формиран и организациски одбор кој треба да го подготви Конгресот.

На Централниот Комитет беше донесена одлука за разрешување на Илија Стоилев од местото Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе, по случајот на злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Исто така беше донесена одлука за разрешување на Гоце Стоиловски од местото претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица.

На Централниот Комитет стана збор и за резултатите од последните локални избори каде ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива и историски висока победа што претставува одговорност за работа и постигнување на резултати и ветеното пред граѓаните на Република Македонија.

66-годишен битолчанец со автомобил удрил во две млади девојки

-На 14.11.2025 во 22:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на бул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(66) од Битола, удрило во 23-годишната П.Р. и 23-годишната М.М., двете од Битола. Притоа, П.Р. се здобила со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобила М.М., констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од МВР.

Во “Цепенков” синоќа отворена изложбата на слики по повод 55 годишното творештво на Боро Арсовски Бабата (ФОТО)

Синоќа во Ликовната галерија од ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена ретроспективната изложба на слики од Боро Арсовски Бабата,
по повод 55 години негово творештво.

Придонесот на Боро Арсовски Бабата кон македонската наива, како едно специфично движење на неакадемските ликовни уметници коешто ги зафати овие простори во текот на доцните 60-ти и раните 70-ти години, е голем.

-Специфичниот заокружен и јасно дефиниран сликарски израз којшто изобилува со богат визуелен вокабулар, го става Арсовски во редот на најзначајните претставници на македонската наива….

Посетителите синоќа имаа можат да ја видат ликовно-продукциската траекторија на овој врвен автор во периодот од 1970-тата до денес. Притоа забележителни се неговите напори за доследно почитување на една сликарска парадигма која во себе содржи прецизен цртеж, фигуративно-колористички баланс, автентична македонска орнаментика, костимографија и архитектура, мирен рурален секојдневен амбиент осветлен од македонското сонце… Сликите од Арсовски говорат за едно време коешто не постои денес, поточно, зборуваат за периодот кога луѓето беа многу поблиску до природата и нејзината убавина….

Како автор на многу слики коишто се дел од музејски и колекционерски збирки, но и на многу акварели и скулптури изработени на иста тематика – македонски автентичен амбиент со елементи на етнологија од овие простори препознаена во светот како македонски етнографски идентитет – за уметникот Боро Арсовски – Бабата можеме да кажеме дека, покрај тоа што е извонреден ликовен автор, можеме да го сметаме и за хроничар на едно изминато време коешто подразбираше симбиоза на човекот и природата – посочува Роберт Цветковски, историчар на уметноста, за творештвото на уметникот, кој има учествувано на преку 200 групни изложби и 5 самостојни.

Неговите слики се наоѓаат во многу галерии, музеи и приватни колекции ширум светот.

Од денеска законска обврска за зимска опрема за возилата

Од денеска стапува на сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година.

-За да се избегнете сообраќајни казни и прекршоци, потребно е да го усогласите вашето возило со пропишаните барања: возила до 3.500 кг – потребни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, или летни гуми со истата длабочина, со задолжително носење синџири за снег, возила со погон на сите тркала (4х4) – зимски гуми со длабочина од најмалку 6 мм, или летни гуми со минимум 4 мм длабочина и синџири за снег, возила над 3.500 кг – зимски гуми со длабочина од 6 мм на погонските тркала, или летни гуми со минимум 4 мм, со задолжителни синџири за снег, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Покрај ова, автобусите и товарните возила мора да носат прирачен алат како лопата, ако не можат да користат синџири за снег.

На Француските воени гробишта во Битола, одбележан 11. Ноември – Ден на примирјето и Ден на народната жалост (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На Француските воени гробишта во Битола денес се одржа комеморативна церемонија по повод одбележувањето на примирјето од 11 ноември 1918
година и „Денот на народната жалост“.

Настанот, организиран од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, беше посветен на споменот на сите загинати,
повредени, исчезнати и прогонети во воените конфликти, без разлика на нивната национална припадност. По тој повод, цвеќе положија
амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претседателот на Советот на општина Битола Бојан Бојкоски, како и претставници на институции и други делегации.

Меморијалниот простор на Француските воени гробишта претставува траен споменик на војниците кои го положиле својот живот и потсетник на
значајната улога на Македонскиот фронт во поширокиот европски историски контекст.Овој комплекс нè охрабрува да го негуваме сеќавањето и да ги вреднуваме поуките од минатото, со стремеж кон создавање иднина заснована на меѓусебно почитување, солидарност и пријателство.

Викенд ритам што не се пропушта! Друштвото под рака и прво на “ТЕРАСА”, ве чека незаборавен помин и уживање со жива свирка

Подгответе се за викенд исполнет со незаборавна атмосфера, одлична музика и многу позитивна енергија – само во Pub Club Terasa во Прилеп!

Овој викенд вe носиме на две вечери за паметење:

Вечерва (петок) настапуваат oдличните G&G бенд – дуото кое во изминатиот период остави одличен впечаток и чиј настап ќе биде одличен почеток на викендот.

Во сабота 15.11. се дружиме со маестралната дружина од Битола – АRTIUM BAND. Позитивни, секогаш расположени со полн куфер песни и хитови во кои ќе уживаме сите.

Резервирајте навреме на: 070 304 967

Не пропуштајте викенд полн со ритам, забава на најдобрата тераса во градот!

Следете ја Pub Club Terasa и уживајте во ноември!

Марина Крстиќ е нов заменик градоначалник на општина Битола

Градоначалникот на општина Битола од денес има нов заменик – советничката во Советот на општина Битола, Марина Крстиќ.

Крстиќ е советничка во новиот состав на Советот на општина Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Aмбасадорите на Германија и Франција во посета на општина Битола

Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер и амбасадорот на Република Франција, Кристоф Ле Риголер во заокружија престојот во Битола, со посета на општината, каде што остварија средба со градоначалникот Тони Коњановски.

На средбата, беа разменети искуствата од реализацијата на тековните проекти, кои што општина Битола ги реализира со поддршка од двете земји, како и можностите за продлабичување на взаемната соработка.

Градоначалникот се заблагодари на поддршката која што општината во континуитет ја добива од овие држави. На средбата присуствуваше и почесната конзулка на Република Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.