дома блог страница 339

Прилепчанец трета година по ред во друштво на најголемите ракометни имиња: Соколески меѓу тренерите на кампот за голмани во Омиш

Во хрватскиот град Омиш и ова лето, по 15-ти пат се одржува кампот на ракометни голмани, а дел од истиот трета година по ред е Ице Соколески од Прилеп.

Македонскиот тренер на голмани Ице Соколески, кој е дел од шампионот Еурофарм Пелистер, оваа година ќе биде во друштво на: Примож Прошт, Харис Поробиќ, како и Дино Шпиранец и Драган Јерковиќ, кои работат во Магдебург и Рајн Некар Левен.

Кампот во Омиш оваа година ќе се одржи од 23 до 29 јуни, а задача на Соколески и останатите тренери, ќе биде да го пренесат знаењето и ракометните “тајни”, на голем број млади таленти од целиот свет.

Покрај гореспоменатите имиња, на кампот во Омиш учество ќе земат и голмани од најсилните екипи, како: Венсан Жерар, Маиса Песоа, пелистерецот Филип Ивиќ, Матеј Мандиќ, Виктор Гисли Халгримсон и др.

Во чест и спомен на големата македонска уметница Андријана Мациев, во Прилеп ќе се одржи манифестација ,,ЉУБОВ ЗА СИТЕ”

На 14.05.25 г. /среда/ во 19,30ч. во фоајето од НУЦК ,,Марко Цепенков” во Прилеп ќе се одржи манифестација ,,ЉУБОВ ЗА СИТЕ”, во чест и спомен на големата македонска уметница Андријана Мациев, која прерано замина во Вечноста, но остави дела по кои ќе ја паметиме засекогаш.

На манифестацијата ќе бидат изложени 20 дела од 3 ликовни циклуси на уметницата Андријана Мациев.

 Живот во бои

             Женски приказни

             Шарени вибрации-Разбуди се, погледни во сонцето и насмевни се.

             

Воедно ќе бидат промовирани двата алманаха, со наслов ЉУБОВ ЗА СИТЕ, пишувани од група автори, инспирирани и вдахновени од  земниот и небесниот живот на Андријана Мациев, олицетворение на Ангел Небесен.

Манифестацијата се одржува по повод три години од заминувањето на Андријана Мациев.

-Андријана замина во вечноста на 12 мај 2022 година, но нејзиниот лик и дело се инспиративни и чудесно живи и денеска, па затоа на 14 мај, ќе одбележиме три годишнина од нејзиното заминување, со оваа пригодна манифестација во чест на саканата, почитувана, величествена уметница Ан – Андријана Мациев, која учествуваше и на меѓународната ликовна колонија Дрен – велат од ЦК „Марко Цепенков“.

На присутните ќе се обрати и нејзината мајка Јулија Мациевска. На манифестацијата ќе земат учество и истакнати ликовни уметници, поети и вокални солисти.

Инвестиции од 10 милиони евра во битолските училишта

Инвестициите во наставно-образовниот процес во битолските училишта е една од најважните столбови во програмата за работа на локалната самоуправа. Во изминатите три и пол години, почнувајќи од 2022 година, вложувањата во капитални инвестиции, како и во опремата и одржувањето на основните и средните училишта, од страна на општината, МОН, како и преку различни проекти и донации, изнесува 607.278.334,00 денари, информират од општина Битола.

За капитални инвестиции, од 2022 година до сега, инвестирани се 413.138.833,00 денари во образовните институции. Од нив, дел се аплицирани преку повикот од Владата, за изградба на 9 училишни спортски терени, 4 спортски сали во училиштата и реконструкција на објект наменет за образование во нас. Буковски ливади.

За опремувањето по различни основи, како што се материјалите, мебелот, спортската опрема итн, издвоени се 21.915.730,00 денари.

Во 10 објекти, односно во 7 основни и 3 средни училишта, поставени се фотоволтаици во вредност од 11.223.771,00 денари.

За тековните одржувања во училиштата, издвоени се околу 161.000.000,00 денари, во изминатиот период од 2022 година.

Училиштата имаат сопствени побарувања во однос на тековните обврски, кои што не го загрозуваат тековниот процес на работа.

Локалната самоуправа, преку ваквите инвестиции, уште еднаш потврдува дека продолжува да биде поддршка за воспитно образовните институции, со цел заедничко создавање на квалитетни услови за изведување на наставно-образовниот процес.

За многу годни и напомош! Денеска е Свети Василиј Острошки

Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, с ? потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти неговата волја.

Како архиереј прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската свирепост и од латинското лукавство.

А кога непријателите многу го притеснија, а Турците го разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што тврдо се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви. Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог станува голем народен собир.

Маестрални! Прилепските џудисти од “Сеишин” се враќаат со 18 освоени медали од силниот меѓународен турнир во Грција (ФОТО)

Викендов во Аминдео, Грција, се одржа Меѓународниот турнир во карате “Филипос”-2025, кој се одвиваше 2 дена. На овој турнир настапија клубови од: Грција, Англија, Египет, Ерменија, Грузија, Турција, Полска, Ирска, Бугарија, Италија, Србија и Македонија. Џудо клубот “Сеишин” од Прилеп двата дена учествуваше со 18 натпреварувачи, во сите возрасни категории, при што освоени се 18 медали (4 златни, 6 сребрени и 8 бронзени).

Резултати поединечно:

1 ден:
Помлади Пионери-ки:
1. Елдина Пупаловиќ 1 во место
2. Матеја Николоска 2 ро место
3. Ксенија Илиоска 2 ро место
4. Владан Стрезовски 3 то место
5. Арсениј Димески 3 то место
Пионери-ки
6.Дила Пупаловиќ 1 во место
7. Софија Ѓорѓиоска 2 ро место
8. Јована Цветкоска 3 то место
9. Марко Марковски 3 то место
10.Ангел Стојовски 3 то место

2 ден:
Деца:
1. Габриел Илиоски 1 во место
2. Иван Јошески 2 ро место
3. Христијан Бунески 3 то место
4. Матеј Јованоски 3 то место
Јуниори/Сениори
5. Александра Најдоска 1 во место
6. Кристина Мантароска 2 ро место
7. Михаил Димоски 2 ро место
8. Михаил Стојановски 3 то место

Екипата ја предводеа тренерите Марио Тошески, Дејан Мицкоски, Мартин Ристески и Сашо Димовски.

Од прилепскиот клуб информираат дека следниот викенд продолжуваат на Меѓународниот турнир “Скопје Опен”, кој го организира ЏК “Ипон”-Скопје.

Македонија ја “сомели” Литванија во “Сандански” – Ракометарите се пласираа на уште едно Европско првенство

Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија ќе ја продолжи низата настапи на големи натпреварувања, започната во далечната 2012 година.

Македонија го избори деветтиот пласман на ЕУРО, што е 15 големо натпреварување во серија .Инаку нашиот национален тим досега во историјата ќе има учествувано на 9 светски, а првенсвото во 2026 ќе биде и деветтото европско првенство.

Црвено жолтите со убедлива победа над Литванија од 26-17 во решавачкиот меч за пат на континентален собир го обезбеди второто место во групата кое обезбедува место на Европското првенство 2026 година.

Македонските ракометри со фуриозна игра посебно во второто полувреме, првото го добивме со 13-11, го скрши отпорот на борбените Литваници и заслужено остварија убедлива победа над балтичката селекција, вредна место во европската ракометна елита.

Повратникот на голот Мартин Томовски со 10 одбрани воодушеви на гоот и беше еден од клучните македонски ракометари за пресвртот по лошиот старт на мечот. Филип Кузманвски со 5 голови беше првиот стрелец о црвено жолтиот табор.

Честитки за изборениот пласман на ЕП во 2026 година заслужуваат сите ракометри предводени од искуните Митревски, Филип Кузмановски и Пешевски заедно со целиот стручен штаб на селекторот Кире Лазаров.

Хорор во Македонија: Со секира ги нападнал родителите, таткото починал, мајката во бессознание

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство“.

Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители.

Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите, а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба.

Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

(ФОТО) Во Битола Лига шампиони, во Прилеп мрак во салата

Kај немаме ниту една голема спортска сала во функција, па не ги одржуваме ниту училишните… Фоторграфиите се од училишната спортска сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, објект каде РК Прилеп ги игра домашните натпревари во ракометната Супер лига, но и објект каде учениците од ова училиште одржуваат настава по физичко образование.

Тука гостуваат и ѕвездените екипи на Вардар и Еурофарм Пелистер, тука Прилеп и оваа година се бори да обезбеди опстанок во елитното ракометно друштво.

Спортистите и учениците велат во спортската сала не работат најголем дел од рефлекторите, а видливоста во салата е на минимум. Условите за тренинг во вакви услови се лоши, па апелираат до службите на улилиштето проблемот да се реши во најбрз рок.

Маркукуле и во минатото реагираше за ваков проблем, тогаш во спортската сала на средното економско училиште, каде по нашите апели, службите во училиштето проблемот го решија во најбрз рок.

Златно дете! Димитар е дете од прилепско, а живее во Германија – викендов освои прво место на силен турнир во К-1 (ФОТО)

12-годишниот Димитар Лазарески е момче кое потекнува од прилепско Секирци, а сега заедно со неговото семејство живеат во Германија.

Димитар е врвен спортист, а тоа го покажа и викендов кога настапи на традиционалниот турнир BAYERISCHE MAJSTARSCHAFT, во германскиот град Регенсбург, каде во кик-бокс К-1 категорија го овои првото место.

Во финалната борба за златото, противник на Димитар беше момче од Сирија, но нашето дете покажа поголема цврстина, а првото место на пиедесталот Димитар го прослави со виорење на македонското сонце од Кутлеш.

Честитки за младиот борец и желби за уште поголеми успеси во иднина!

Немаме право на грешка! Македонија вечерва против Литванија за нов пласман на Европско првенство

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва против Литванија го игра решавачкиот меч за пласман на Европското ракометно првенство.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во мечот чиј почеток е закажан за 18 часот мора да ги освојат двата бода и со победа од два гола разлика сигурно ќе го освојат второто место во групата што значи и ново учество на континенталните шампионати.

Македонија е апсолутен фаворит во овој дуел, но нашите ракометари тоа треба да го докажат и на теренот. Сепак и покрај сите проблеми околу составувањето на тимот,

Лазаров со своите избраници со поддршка од трибините треба да стигне до посакуваната победа и потврда на уште едно учество на големите натпреварувања.

Натпреварот почнува во 18 часот и се игра во салата на СЦ Јане Сандански.