дома блог страница 338

Таткото на Фросина: Судот е мафија!

Основниот кривичен суд Скопје ja изрече пресудата на обвинетиот Васил Јованов од 12 години затвор за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова.

Незадоволен од пресудата таткото на Фросина Кулакова, Тодор Кулаков демостративно ја напушти судницата. На самиот излез тој рече: Судот е мафија!

Очекувањата на јавноста се дека Обвинителството ќе вложо жалба на пресудата.

Судењето почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Според обвинението, на 29 јануари годинава, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години.

Битолчанка со туѓи документи подигнала брз кредит – заработи кривична пријава

-СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ч.(48) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.

Во текот на мај 2024, пријавената преку социјална мрежа, под друго име, стапила во контакт со лице од тетовско и со лажно прикажување на факти побарала услуга од него и на тој начин ги добила неговата лична карта и трансакциска сметка.

Потоа, со уште едно лице, злоупотребувајќи ги личните податоци на оштетениот, подигнале брз кредит од финансиско друштво. Откако на домашна адреса добил писмо од финансиското друштво дека има неплатен долг, оштетениот сфатил дека е измамен – информираат од МВР.

Внимавајте на лажни е-пораки – МВР со апел до граѓаните

Министерството за внатрешни работи (МВР) предупредува на зачестени фишинг напади преку електронска пошта, во кои се злоупотребуваат имиња на македонски компании. Во пораките лажно се наведува дека примателот сторил повреда на авторски права, а содржат линкови кои водат до измамнички страници.

Од МВР апелираат до граѓаните да не отвораат вакви линкови, да не споделуваат лични податоци и веднаш да ги избришат пораките. Случаите да се пријават во најблиската полициска станица. Предупредуваат дека вакви измами може да доаѓаат и преку социјални мрежи, СМС пораки или телефонски повици.

Постојат една година, а веќе бележат одлични резултати – WONDERKIDS со одличен настап на турнирот “Пас Флорина” во Грција (ФОТО)

Фудбалската школа WONDERKIDS oд Прилеп, викендов учествуваше на турнирoт “Пас Флорина” во Лерин, каде забележаа одлични резултати.

Трите генерации на WONDERKIDS забележаа вкупно 4 победи, 3 реми и само 2 порази.

Oвие резултати се од огромно значење како за дечките, така и за тренерите на школата, која слави една година постоење.

Да им честитаме на малите фудбалери и да им посакаме многу поголеми успеси и трофеи во иднина.

Од WONDERKIDS информираат и дека вршат упис на нови членови. А повеќе информации можете да добиете на следниот линк: https://www.facebook.com/profile.php?id=61558948791621

Прилеп има ракометна иднина! Кадетите на РК Прилеп изминатиот викенд остварија две победи против грчки екипи

Кадетската екипа на РК Прилеп изминатиот викенд гостуваше во соседна Грција, каде одигра два пријателски натпревари со екипите на Едеса и Кожани, и на двата натпревари нашите момци остварија победи.

Дечките кои поседуваат голем талент, ветуваат многу за иднината на ракометот во Прилеп, а покрај добрите партии на паркетот, одлично и се забавуваа и дружеа.

(Фото галерија) Во прилепско Чумово се гради првиот манастир во Македонија посветен на Св. Василиј Острошки – Денеска на празникот голем број верници го посетија местото

Во прилепското село Чумово, се гради првиот манастир во Македонија посветен на големиот чудотворец Свети Василије Острошки.

Денеска кога се празнува големиот светец, кај параклисот се одржа литургија, празничен ручек, a потоа следуваше и веселба со македонски песни и ора.

Присуствуваа голем број прилепчани и иселеници од ова населено место. Верниците запалија свеќа, се помолија за своето и за здравјето на своите ближни и дадоа свои прилози за изградбата на овој нов духовен храм.

Природата околу ова место била дарежлива, па секој добронамерник е секогаш поканет да го посети и да ужива во чистиот воздух со своето семејство и пријатели.

Секој кој сака да ја помогне изградбата на овој нов храм, може да ја контактира управата ТУКА

Нека е аирлија и за многу години!

(ФОТО) Отворена градинката “Бајка” во прилепската населба “Точила” – Ќе згрижува над 200 деца од претшколска возраст

После долго чекање и административни лавиринти, денеска свечено пуштена во употреба беше новата детска градинка “Бајка”, која се наоѓа во населбата “Точила” во Прилеп. Станува збор за современ и функционален објект кој е дел од Јавната општинска установа „Детски градинки – Наша Иднина“ и ќе згрижи над 200 деца.

На отварањето на овој капитален објект, кој треба значително да го намали проблемот со згрижување на деца од претшколска возраст во Прилеп, градоначалникот на општината, Борче Јовчески рече:

-Овој капитален проект, со капацитет за над 200 дечиња, е од непроценливо значење за младите семејства во нашиот град. Со неговото пуштање во употреба, конечно ставаме крај на деценискиот проблем со листите на чекање и обезбедуваме топол, безбеден и стимулирачки простор за најмладите прилепчани. Кога оваа Локална самоуправа го презеде мандатот, градинката постоеше само како карабина од еден спрат, недовршена и нефункционална. Со посветена работа, денес пред нас имаме целосно завршен, опремен и функционален објект, во кој вложивме 133 милиони денари – средства целосно обезбедени од општинскиот буџет. Притоа, направивме доработка и адаптација на проектот – дополнителна изградба на трафостаница, изградба на ограден ѕид за безбедност, набавка на современи реквизити за игра и развој, како и целосно опремување на просториите според највисоки стандарди за предучилишна грижа и едукација.

Оваа градинка не е само објект – таа е симбол на нашата посветеност кон децата, семејствата и иднината на Прилеп. Затоа, сакам од срце да изразам благодарност до сите што несебично придонесоа за реализација на овој процес. Отворањето на „Бајка“ е само дел од пошироката стратегија за развој на детската заштита, образованието и квалитетот на живот во Прилеп. Во периодот што следи, граѓаните ќе видат нова градежна офанзива – нови капитални проекти, нови инвестиции, подобра инфраструктура и поголема грижа за сите генерации. Од денес, оваа зграда ќе биде исполнета со најубавиот звук – детскиот џагор. Радоста и безгрижната игра на децата ќе бидат најголемата потврда дека вредеше секој вложен ден, секој денар и целиот труд. Ви благодарам за довербата и поддршката. Продолжуваме заедно– за Прилеп каков што заслужуваме сите.

Во странство си? Научи германски ONLINE – Со ,,ERFOLG” од Прилеп до меѓународно признати сертификати

PR објава

Од Прилеп, право до твојот лаптоп во Германија, Австрија, Швајцарија …– курсевите по германски јазик од германскиот јазичен центар ,,ERFOLG” од Прилеп се хит меѓу нашите во странство!

ONLINE настава, стручни професори и најважно – СЕ ДО меѓународно признати сертификати што отвораат врати за работа, студии и живот без јазични бариери.

Нашите слушатели велат: „ЕРФОЛГ ми го смени животот – B1 за неколку месеци!“

Ако сакаш германски „на македонски начин“ – со разбирање и од срце, ,,ERFOLG” е твојот број 1 избор.

Запиши се уште денес – и добиј бесплатен пробен час!

Посети ја нашата веб-страна: www.erfolg.mk и прочитај сè за курсевите, сертификатите и искуствата од нашите слушатели.

За сите прашања, слободно контактирај нè на Viber или WhatsApp

📞 075 871 993

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ПАК НА ПИЕДЕСТАЛ, ТРЕТО МЕСТО НА РАМПА ДА ФАЛПЕРА

Игор Стефановски Иџе изминатиов викенд повторно на пиедестал. На последната тркка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), патеката Рампа Да Фалпера во Португалија, Иџе го освои третото место.

Изминатиот викенд Иџе повторно на пиедестал. Го освои третото место на третата трка од ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), возејќи на патеката Рампа Да Фалепра во португалската Брага. Трката се возеше во исклучително тешки услови поради дождливото време, што придонесе за бројни незгоди и прекини. Условите придонесоа оваа трка да биде предизвик и за најдобрите автомобилисти од Европа.

„Не можам да бидам незадоволен со освоеното трето место на оваа патека и тоа во условите во кои се возеше, особено затоа што бевме во борба со автомобили на погон со сите 4 тркала. Иако постигнав најдобро второ време во второто возење, збирниот резултат од двете трки, ми го донесе третото место. Морав да се задоволам со третата позиција на подиумот. Горд сум што сум најдобро пласираниот автомобилест во ГТ класата за португалскиот шампионат, во кој возат докажаните португалски автомобилисти. Благодарност до мојот тим, како и тимот и инженерите на Ферари за нивната поржтвуваност во оваа трка, што придонесе мојот автомобил да биде подготвен за овие екстремно тешки услови. Од Португалија, продолжуваме во Шпанија, каде за пет дена не очекува следната трка“- изјави Стефановски.

Стефановски и годинава се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.

Видеолотарија Касинос Австрија упатува искрени честити до Иџе и за постигнатиот успех во оваа трка. До крајот на овој шампионат ќе продолжиме заедно да навиваме за Иџе и Македонија.

Дац и Александар во Прилеп – Кога од кујна ќе ти побараат песна, ако не можат тие кај нас, ние одиме кај нив (ВИДЕО)

Дац и Александар во изминатите години прераснаа во еден од најпопуларните музички состави во Македонија, а неретко настапуваат и во Прилеп.
Викендов при настап во еден угостителски објект, од кујната добиле музичка желба, а Александар на маестрален начин им го направи ќеифот на вредните работници.

-Кога од кујна ќе ти побараат песна. Ако неможат тие кај нас, ние одиме кај нив. Љубовта се множи кога се дели.Ви благодариме, драги прилепчани – напишаа Александар и Дац на социјалните мрежи.