дома блог страница 3388

Вонредна најава: Попладне спремете се за град, грмежи и ветер

Врнежи од дожд ќе има попладнево во западните, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во источните делови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР, под влијание на нестабилна воздушна маса од Медитеранот продолжува периодот на променливо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Пообилни врнежи се очекуваат од петок попладне, во текот на ноќта и во сабота, кога ќе има пад на дневната температура. Утринската температури ќе се движи од два до десет, а дневната од 11 до 22 степена.

Ќе изгориме од жештина: По дождливата пролет ни доаѓа пеколно лето

Претстојното лето во Македонија, но и пошироко на Балканот и во Европа ќе биде особено топло со значително натпросечно високи температури на воздухот и чести продори на топли воздушни бранови кој ќе пробиваат од северните предели на Африка. Ова лето Македонија очекува неколку топлотни бранови со температури кој би се искачиле и над 40°C, најавува Славчо Поповски.

-Сепак ваквата појава е многу нормална за нашиот дел од континентот, а сето ова е поради феноменот Ел Нињо кој носи потопло време, но и повеќе врнежи. Што се однесува пак до врнежите тие ќе бидат над просекот што значи очекуваме почести дестабилизации на атмосферата проследена со поројни дождови, грмежи, силен ветер како и појава на град а не се исклучува можноста и за локални поројни поплави – вели Поповски.

Освен Македонија со многу топли бранови треба да се соочи и регионот како и поголем дел од Европскиот Континент, сепак и покрај ова ќе има повремени продори од север кој ќе условуваат и освежување на времето.

Видео: “Секој Македонец е понижен со оваа грчка вистина, за името, идентитетот и историјата? Видео што мора да се погледне”

На Фејсбук страната “Беломорска партија – Belomorska partija”, објавено е видео “во продукција” на грчката влада, кое ја отсликува вистината за договорот од Преспа и неговото значење…

Погледнете го видеото со превод и дознајте за што точно станува збор во продолжение:

Велигден секогаш се паѓа во недела- еве зошто е тоа така

Сите знаеме дека Велигден е празник со непостојана дата за празнување. Денот не го менува, а датумот го менува. Може да биде во април, а и во мај. Временското растојание, од кога до кога може да се падне Велигден е определено и тоа се движи од 4 април до 8 мај, односно, најрано: три дена пред Благовец, а најдоцна: два дена по Ѓурѓовден. Што значи дека Велигден може да се падне на 35 различни датуми.

Велигден е Празник над празниците. Со Велигден се поврзани најмногу празници во годината. Најконкретно со Велигден, празниците се поврзани 50 дена пред него и 50 дена по него. Секогаш, педесеттиот ден пред Велигден е Прочка и секогаш педесеттиот ден по Велигден е Духовден (Педесетница). А и Спасовден е секогаш на 40 ден по Велигден, Цветници е неделата пред Велигден, а саботата е Лазарева сабота итн.

Велигден е првиот празник на христијаните. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века.

Зошто во недела? Затоа што во тој ден Христос воскреснал. Воскреснал во недела и треба да се празнува во недела. На првиот вселенски собор, во 325 година, била донесена одлука: Велигден да се празнува насекаде во првата недела по Пасхалната полна месечина.

Соборот ги определил: Денот – недела; периодот – пролет; денски, сончев знак – пролетна рамноденица; месечев знак – полна месечина, првата полна месечина во пролетта, по пролетната рамноденица; спореден празник – Пасха јудејска, секогаш во неделата по неа, но никогаш со неа, ни пред неа. Ова правило од Соборот важи и до ден денес. Настанало единство во сето христијанство – единство за Празникот над празниците. Но, не за долго. Всушност, уште веднаш се појавиле разлики по прашањето за часот и времето од денот.

Западните христијани – Римската црква рекла дека на полноќ се објавува Воскресението Христово и започнува Велигден на почетокот од денот недела. Христијаните на Исток, започнувале еден час по полноќ, а некои, пред зори – во 4 часот наутро, по европско време. Оваа различност продолжила нови три и пол века.

Соборот одлучил: Велигденскиот пост престанува на полноќ на Велика сабота и започнува Велигден на полноќ, веднаш штом влегува во недела. Оттогаш настанала истовременост на празнувањето. Христијанскиот свет имал ист празник, во исто време и час.

“Инцидентите зачестуваат, а обвинителка во Прилеп гони невладини организации?”

Изминатиов период во Прилеп зачестуваат инцидентите. Демолирани автмобили, грабежи и несигурност, се само дел од секојдневнието на прилепчани.

Минатиот месец беше демолиран и автомобилот на екс градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, а денеска и автомобилот на советникот во општина Прилеп, Гоце Стефаноски.

“Нов инцидент во Прилеп: МВР сеуште го нема расчистено претходниот?” (Фото)

Сторителите и во едниот и во другиот случај не се познати, а од ваквите случувања стравуваат и други активисти и функционери од опозициската партија во.

Но, наместо со сторителите на овие дела, обвинителка во прилепското ОЈО се занимава со гонење на невладина организација.

Информацијата неодамна како гром од ведро небо проструи во јавноста и е вистински преседан, не само во македонската, туку и во европската пракса.

Слободата на здржување во форма на здружение на граѓани и нивните активности се европска светост и тренд, кој сеуште се актуелен и интересен за граѓаните. Овој потег не остана незабележан и кај институциите што ја поттикнуваат активноста на НВО во Република Македонија, но и пошироко.

Со оваа активност наводно се запознаени РЈО, Републичкиот Омбудсман, претставниците на буквално сите амбасади во РМ, OBSCE, ODHR, ЗНМ, многу европратеници и сите други релевантни фактори, а се очекува исходот на целиот процес.

За настаните кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните неодамна реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде посочија дека Прилеп е претворен во најнебезбеден град во државата.

Историјата на едно мачно cтpaдањe: Kике Чумовчанец од Прилеп, српски војник 4 години, бугарски 2 години и војник на ЈНА 2 години

“Историја на едно страдање…Кике Чумовчанец од Прилеп како српски војник (4 години), бугарски војник (2 години) и војник во ЈНА (2 години)”

Поголем коментар не е потребен…

ДОЖДОT СЕ ПОВЕЌЕ ЌЕ БИДЕ ПРИСУТЕН МЕСЕЦОВ: Детална прогноза за месецов и за празникот Велигден!

Времето овие денови во Македонија е невообичаено за овој период од годината иако сите очекуваа да затопли и сонцето да биде на наша страна, сепак тоа нe се cлучи.

Веќе помина една недела од месец април, но според временската прогноза април дефинитивно нe e на наша страна.

Дождот се повеќе ќе биде присутен месецов, а помалку сонцето.

Деталната прогноза за Велигден вели дека не очекува дожд и сонце, погледнете.

Македонското е најјако: Маестрална изведба на тапанар на македонска свадба (Видео)

На фејсбук страната “Прибилци – Pribilci” објавено е видео од македонска свадба на која тапанарот ја има главната улога.

“Македонското е најјако”, пишува во описот на видеото, а зошто е така, погледнете во продолжение:

(Видео) Што народ ќе бевме? Еден дожд целиот срам на површина ќе ни го извади

Врнежливото време кое од вчера ја зафати Македонија не го одмина и Прилеп.

Во текот на вчерашниот ден врнежите беа поинтензивни, а водата предизвика поплавување на повеќе места низ градот.

Еве колку треба за на површина да излезе целиот срам на прилепчани:

“Нов инцидент во Прилеп: МВР сеуште го нема расчистено претходниот?” (Фото)

Попладнево демолирано возилото на советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Прилеп, Гоце Стефаноски.

Возилото на Стефаноски било паркирано во центарот на градот, позади поранешна Градска кафеана.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е еден од основачите на Здружението “Прилепски бранители”.

Минатиот месец, исто така во центарот на градот, демолиран беше и автомобилот на екс градоначалникот на Општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески.

Засега од МВР не се откриени сторителите и на тој настан.

(Фото) ДEMOЛИPAH АВТОМОБИЛОТ НА МАРЈАН РИСТЕСКИ