“Нов инцидент во Прилеп: МВР сеуште го нема расчистено претходниот?” (Фото)

Попладнево демолирано возилото на советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Прилеп, Гоце Стефаноски.

Возилото на Стефаноски било паркирано во центарот на градот, позади поранешна Градска кафеана.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е еден од основачите на Здружението “Прилепски бранители”.

Минатиот месец, исто така во центарот на градот, демолиран беше и автомобилот на екс градоначалникот на Општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески.

Засега од МВР не се откриени сторителите и на тој настан.

(Фото) ДEMOЛИPAH АВТОМОБИЛОТ НА МАРЈАН РИСТЕСКИ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.