дома блог страница 3387

(Видео) За најдобрата работа во светот се пријавија 40.000 луѓе: Милионерот кој бара асистент доби и брачни понуди

Младиот бизнисмен Метју Лепре (26) кој бара асистент да патува со него низ светот и да му помага во работата, објави дека добил 40.000 пријави за работа.

Потенцијалниот работник би добивал 32.000 евра плата, а ќе престојува и во луксузни хотели ширум светот.

На огласот пишува “Најдобра работа во светот”, а како што вели Метју, освен пијави за работа добил и брачни понуди.

“Добив повеќе од 40.000 пријави од сите делови во светот, а од сите кандидати дури 75 проценти се жени. Добив и неколку понуди за брак”, вели тој.

(Видео) Змиите бегаат од него: Драго досега уловил илјадници, а само една успеала да го касне

Драго Лечиќ од селото Жрванија веќе неколку децении се дружи со змииите, поточно успешно ги лови.

Кој има патики, стап и храброст може да се бави со ова, вели Драго.

„Кога ќе ги видам ги притискам со стапот близу до главата за да не ме гризне, потоа ја фаќам за глава, ја кревам и ставам во шише, кое го закачувам околу вратот и продолжувам понатаму“ објаснива Драго.

Понекогаш во текот на денот лови и по 10 змии поскок, но некогаш и ни една.

Првата змија ја уловил во шесто одделение, а досега само една го има каснато.

„Во Љубљана има „задруга“ каде се врши откуп и каде доаѓаат посебни сандаци со по 200 змии внатре, а може да се праќаат по пошта, од Белград се откупуваат змиите поскок кои не се помали од 40 сантиметри“ вели тој, а на тој начин заработил за книги за себе и за својот брат.

(Видео) Научниците со историско откритие: Ова е прва фотографија од “црната дупка”! Има пречник 100 милијарди километри

Меѓународниот научен тим го претстави неверојатното научни откритие во астрофизиката – првата фотографија на црната дупка, што е подвиг кој ќе го стави на тест столбот на научката: општата теорија на релативноста од Алберт Ајнштајн.

Црните дупки се исклучително густи небесни ентитети со гравитациони полиња кои се толку моќни што ниту светлина, ниту материја не може да помине преку нив, што ги прави тешки за следење и покрај нивната огромна маса.

Ајнштајновата теорија овозможува предвидување на големината и обликот на црната дупка. Ако неговите предвидувања се покажат како грешни, теоријата ќе мора да се преиспита.

“Изгледа како огнена топка, а има пречник од 100 милијарди километри”, велат научниците.

“Прилеп, вчера и денес”: 12 минутен документарен филм за градот под Марковите Кули кој буди носталгија и емоција (Видео)

„Прилеп, вчера и денес…“ е краток документарец за Прилеп од 1959 година во времетрање од 12 минути.

Филмот е снимен во стандард техника, со звук, во боја и 35мм, а производството е на “Вардар филм” – Скопје

Се работи за филмско-фотографски колаж на градот под Марковите кули, неговата историја, развој и современиот културен и стопански растеж по ослободувањето, сето тоа проследено со стиховите на Рацин и на Конески.

Филмот има добиено втора награда за сценариот во 1959 година во Белград.

(Видео) Урнебес: Заев и прилепските регистарски таблици? Секој има втора асоцијација за ова?

Премиерот Зоран Заев на митинг во Прилеп на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, со шега овој пат за регистерски таблички.

Тој рече дека во Прилеп се знаело кој ќе однесе победа на изборите бидејќи на регистрацијата на секое возило пишувало ПП – Претседател Пендаровски.

– Ми рече Зоки ако сакаш да знаеш кој ќе победи прашај некој од Прилеп, прилепчани знаат, па велам од кај сега тоа. насекаде кај и да се свртиш се знае, како бе човек? Погледни ги регистерските таблички, Претседател Пендаровски, рече тој.

Ќе ви се заврти во умот од погледот: Балашевиќ се поднови со луксузна вила вредна милиони, а еден детаљ ретко кој го има дома

Новосадскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ купил вила во Истра за која искеширал 400 илјади евра. Како што пишуваат хрватските медиуми, кантавторот ја пазарил вилата преку фирма каде што директор е токму неговата ќерка.

Недалеку од Умаг, се наоѓа местото Бртонигла, каде што Балашевиќ неодамна уживаше во еден ресторан, а иако селаните знаат дека купил куќа, не сакале да разговараат за тоа. Велат дека не ги интересира затоа што сите кои што купуваат вили доаѓаат само за викенди.

Околу вилата на Ѓорѓе има уште осум идентични кои што се во сопственост на богати бизнисмени, а секоја има околу 200 квадрати, како и голем двор во кој што се наоѓа базен. Освен тоа има и гаража за два автомобили, голема дневна соба, четири спални соби со посебна бања, кујна, но и сауна и џакузи.

Во близина на вилата се наоѓа и парк, а морето е на шест километри.

Германци во Бон пеат “Joвано, Јованке”: Македонската песна звучи преубаво насекаде во светот (Видео)

Македонската песна е безвременска и звучи прекрасно насекаде во светот и од сечие грло.

Еве како звучи “Јовано, Јованке” во германскиот град Бон.

(Видео) НЕСЕКОЈДНЕВА KPAЖБА: Со багер откopналe банкомат вграден во ѕид

Во ирскиот град Дунгивен се случи нecекојднeвна кpaжба, paно наутро околу 04:30 часот изминатата недела.

Според сопствениците на објектот, продавница и бензинска пумпа, кpaжбaта со багер е извршена од неколку мажи кои успеале да го откopнaт целиот тpeзор со пари и да го однесат со себе.

Ова е последната во серијата кpaжби на банкомати од двете страни на ирската граница, осма во 2019 година.

Багерот бил yкpaден од градилиштето кое се наоѓало во близина, а потоа оставен на местото на кpaжбaта.

Сопственикот на објектот вели дека снимките од бeзбeднocните кaмepи покажале дека кpaдцитe го oднeле бaнкомaтот со Citroen Berlingo , чиј покрив претходно бил иcкpшен за да ја собере внатре големата кacа.

Пoлициjaта предупpeди дека може да има неколку бa нди вклyчeни во кpaжбите на банкомaтитe во Северна Ирска.

(Видео) Откриен цел град на Месечината: Неверојатна снимка од површината на природниот сателит

Ловецот на НЛО, Скот Ц. Варинг, сопственик на блогот НЛО Сајтингс дејли изнесе неверојатно тврдење кое го поткрепи и со фотографија.

Тој прикажа фотографија на нешто што се претпоставува дека е цел град на Месечината. Структура, за која тој тврди дека е вонземјанска, според неговите проценки е долга 32км. Експертот за НЛО спореди некои од структурите на градбата со оние на земјата во однос на нивната комплексност и убавина.

„И претходно зборував за вонземјански градби и нивните бои. Оваа градба има бела рефлектирачка сртуктура, поради што морав да додадам сенка за да биде видлива, а да не не изгледа само како сјајна површина. Во горниот дел може да се видат високи градби, слично на Вселенската игла во Сиетл и Вашингтон.“

Инаку, фотографијата што Варинг внимателно ја анализираше ја направи еден од вештачките сателити на НАСА.

Видео: “Тој што ќе смени име,губи на избори рече Пендаровски?”

Tвитерџиите потсетуваат на изјавите за промената на државното име, дадени во минатото од претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.