дома блог страница 3389

“Мобилизирани прилепски функционери за промоција на Стево и Северна Македонија?” (Фото)

Кампањата за претседателските избори е во полн ек. Деновиве во Прилеп посебно мобилизирани се функционерите и нововработените лица во јавната и државната администрација на СДСМ, кои ги посетуваат прилепчани во нивните домови.

Ваквата мобилизација пред се доаѓа од слабиот митинг на власта кој на првиот ден од кампањата го одржаа во Прилеп.

На фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи можат да се видат директори, раководители и функционери кои носат рекламен материјал низ прилепските населби.

Според прилепчани, активистите на СДСМ во голем број домови не биле добредојдени, особено поради зголемените сметки за вода за околу 60%, за воведената двојазичност, промената на името, но и намалените пензии и неисполнетите ветувања од актуелниот градоначалник Илија Јованоски.

Првото предупредување за локалната власт пристигна со резултатите од референдумското изјаснување, кога за промена на името на државата гласаа 20.451 прилепчани, што беше за 3.156 помалку гласови од она што го доби Јованоски како резултат на локалните избори во 2017 година.

Каков ќе биде исходот сега, останува да видиме на 21 април.

“На Гатузо ништо не му е гадно. Изеде гол полжав за 5.000 евра”

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, како играч важеше за бескомпромисен борец и за тотален лyдak.

Дали во меѓувреме се промени? За тоа треба да ги прашате сегашните играчи на Милан.

А каков бил Рино Гатузо додека играл, сведочи и неговиот некогашен соиграч Џанлука Замброта во интервју за “beIN Sports”.

“Врнеше силен дожд, во “Миланело” се беше влажно, а полжавите започнаа да излегуваат на сите страни. Каха Каладѕе (кој во моментов е градоначалник на главниот град на Грузија) се сврти кон Гатузо и му рече: “Ќе ти дадам 5.000 евра ако изедеш полжав”. Рино кратко се замисли, праша: “5.000?”, а потоа зеде полжав и го проголта”, раскажа Замброта, кој во Милан играше од 2008 до 2012 година.

Вака се сака и навива за Македонија: Историско видео кое буди емоции!

Во пресрет на натпреварот од квалификациите за Европското првенство во ракомет наредната година, кој нашата репрезентација го игра утре на гостувањето кај Исланд, потсетуваме на пеколната амосфера од Европското првенство во 2012 година, кога Македонија играше со Германија.

Европското првенство во 2012 година се играше во Србија, а нашата репрезентација тогаш беше петто пласирана што е најголем успех.

Погледнете:

Арсим Зеколи за амнестиите и двојните аршини

(Tвитер статус на политичкиот аналитичар Арсим Зеколи)

“Кога Иванов прогласува де-јуре Амнестија тоа е скандал. Кога Заев прогласува де-факто Амнестии тоа е помирување, европска вредност, нов лист во историја. Лицемерие без крај. Не е СДСМ против Амнестија на Иванов, туку сака да задржи ексклузива на Амнестија за партијски трговии”, напиша Зеколи на својот Твитер профил.

ВИДЕО: Ќе ве полазат морници – дете оставено во легло на змии и ги допира со голи раце

Мало детенце кое најверојатно не се плаши од ништо влезе во легло на змии и ги фаќаше со раце.

Остра осуда пристигна од корисниците на социјалните мрежи, а родителите се правдаат дека детето уживало.

Дури, објаснуваат, дека кога го тргнале бебето, тоа плачело.

Погледнете во продолжение:

Осумгодишна прилепчанка трча маратони: Малата Јована од Прилеп се натпреваруваше на маратонот во Виена (Фото)

Oсумгодишната Јована Јованоска од OOУ “Кире Гаврилоски” од Прилеп, која е член на клубот “Златоврв”, зеде учество на 36-от по ред маратон во Виена и се пласираше со одличен резултат.

Јована која се натпреварувала во категорија од 12 до 18 години, маратонот успеала да го истрча за 37 минути.

Нејзин ментор е Талија Петреска, а ова беше дури трет маратон за малата Јована. Претходно малата прилепчанка трчаше на скопскиот “Wizzair” маратон, како и на прилепскиот маратон.

Покрај Јована, на маратонот во Виена се натпреваруваше и Илија Петрески.

“Нетпрес”: СЈО заминува во историјата, договориле лично Мицкоски и Заев

Средба на највисоко ниво, помеѓу власта и опозицијата, поточно помеѓу работните групи дополнети со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев, се случила вчеравечер, дознава НетПрес од партиски извори.

Предмет на разговор била иднината на Специјаланото јавно обвинителство (СЈО) и новите измени на Законот за обвинителство. Од извори во партиите НетПрес дознава дека бил направен исчекор во однос на некои барања на опозицијата, но дека останува време и уште работа да се дојде до конечно решение.

Целата статија прочитајте ја ТУКА.

Македонскиот пејач запеа во еден глас со нашинците во Мелбурн: “Велат не нема, ама еве сме” грми на концертите во Австралија (Видео)

Македонскиот пејач Влатко Миладиноски изминатиов период е на турнеа во Австралија, каде досега одржа неколку концерти.

Последниот од низата маестрални настапи на Влатко беше во Мелбурн, каде одлично ги провеселил нашинците.

Неговиот огромен хит “Велат не нема”, oдекнал и се пеел во еден глас.

Погледнете:

(Фото) Тричковски со мopбидни пораки до Милошоски, пратеникот јавно му се обрати на Заев

Долгогодишниот гласноговорник на СДСМ, Бранко Тричковски, продолжува со морбидни пораки. Сега, му посака cmpт на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Пратеникот, јавно му се обрати на Заев.

„Почитуван г-не Зоран Заев, откако вчера имплицитно ми упативте заkaна дека пречкртувањето на “Северна” на мојот беџ како пратеник на Македонија во Советот на Европа “е безобразно и kaзниво дело”, денес еден од вашите поддржувачи кој е јавна личност, продолжува со директни закани, говор на омраза и морбидни пораки кои создаваат вознемиреност и несигурност за мојата безбедност кај мене, кај моето семејство, сопругата, родителите, но и најголемиот син од моите 4 малолетни деца, кој има 11 години, чита, следи социјални мрежи и во мојата безбедност ја гледа и неговата заштита и детска безгрижност.
Долго време сум во политиката, но никому, без разлика на која партија, вера или социјална категорија припаѓа, без разлика на различното мислење, никому не сум му упатил зakaна, cmpтна клетва или зломисла за штета на неговиот живот или здравје.
Затоа барам од вас г-не Заев, како премиер, но исто така и од министерот Спасовски, од Јавниот обвинител Јовевски, да се оградите од ваквиот говор на омpaза и морбидни зakaни на вашите поддржувачи, ЈО и МВР да превземат законски мерки за нивно санкционирање, а вие како премиер да дадете личен придонес за создавање на една нормална политичка атмосфера каде различното мислење и критиката на власта нема да биде основа за закани и говор на омpaза кон политичките неистомисленици и да ги доведува во несигурност и страв нивните семејства. Очекувам и од шефот на делегацијата на ОБСЕ, Амб Клеменс Која, во Македонија, да даде правна поука и препорака до македонските власти во МВР и ЈО за начинот на кој во Австрија и ЕУ се справуваат со ваквите говори на омраза и морбидни политички закани.
Овие избори не се ни први, ни последни. Нема потреба од нервоза, говор на омраза и закани. Секој нека биде слободен да каже што мисли, да постапи како мисли дека треба, да критикува или да пофали.., а на крајот нека победи подобриот, односно подобрата“-напиша Милошоски на својот Фејсбук профил!

При копање на темели за куќа во прилепско, пронајдени 22 гpaнaти (Фото)

Во населеното место Канатларци пронајдени се 22 артилериски гранати.

Наш читател кој ни ги испрати фотографиите вели дека гранатите биле пронајдени при копање на темели за куќа.

За среќа не настанале несакани последици.