дома блог страница 3386

Земете две лажички од овој напиток пред спиење – Телото ќе се препороди

Две лажици јаболков оцет пред спиење се корисна помош за дијабетичарите, бидејќи гo намалува утринското ниво на шеќер во крвта. Јаболковиот оцет, исто така, е добар природен лек и против многу други болести.

Ако почувствувате први знаци на печење во устата, веднаш побарајте спас во јаболковиот оцет. Неговата киселост ги уништува бактериите и помага при отстранување на инфекциите. Едноставно измешајте 1/4 лажица топла вода и правете гргара на секој час додека не престане надразнетоста на грлото. Кај затнатиот нос, испијте чаша вода со лажица јаболков оцет. Тоа ќе ја намали напнатоста во синусите и ќе го олесни дишењето.

Ако имате намера да јадете тешко сварлива храна, во чаша вода додадете една мала лажичка мед и една лажичка јаболков оцет. Оваа смеса испијте ја 30 минути пред оброкот. Тоа делотворно ќе го спречи евентуалниот запек. Јаболковиот оцет разреден во вода е делотворен и против пролив (дијареа) предизвикан од бактериски инфекции.

Но, јаболковиот оцет е многу кисел, па затоа секогаш треба да го разредите со вода. Чистиот јаболков оцет би можел да ја оштети забната глеѓ и ткивото во устата и грлото. Исто така, не се препорачува кај остеопорозата.

Една лажица оцет помага кај болките во мускулите. Телесното вежбање предизвикува создавање млечна киселина во телото, што за последица има чувство на голем замор. Аминокиселините кои се наоѓаат во јаболковиот оцет успешно го спречуваат создавањето на млечна киселина. Исто така, јаболковиот оцет содржи калиум и ензими кои го отстрануваат чувството на замор.

Борко Ристовски: “Сакајте си ја својата држава и народ”

Борко Ристовски му посака добредојде на новиот селектор Данило Брестовац

“Честито ватрено крштевање селекторе!! Да ти се множат победите! Нов селектор, нова тактика .. нова победа. Сакајте си ја својата држава и народ”, напиша Ристовски на Фејсбук.

ВИДЕО: Инфаркт завршница- Како „златниот“ Манасков ја донесе победата во последната секунда

Македонските ракометари, како и многупати досега приредија нова инфаркт завршница и со гол по последната секунда славеа прва гостинска победа против Исланд (33-34), во дебито на Данило Брестовац.

Погледнетe ги последните луди 20 секунди и погодокот на Дејан Манасков за голема победа против Исланд:

Македонските лавови со голеада го покосија Исланд на домашен терен

Македонската ракометна репрезентација стигна до вториот триумф на квалификациите за Европското првенство идната година.

Вистинска голеада вечерва во Исланд, која Македонија ја доби со 33:34 (17:17 на полувремето). Во двете селекции играа само нападите, а одбраните на голманите беа во втор план.

Иако Исланд на почетокот водеше и со 4 гола разлика, Македонија благодарение најмногу на головите на Гоце Ѓорѓиевски се врати, а потоа се играше гол за гол.

Одлични беа Талески и Стоилов, а Манасков од линијата за седмерец беше прецизен во сите обиди.

Во последните 10 секунди при напад на Исланд за победа, Ислаѓаните направија грешка, а судијата покажа црвен картон на играч од нивната клупа. Тоа значеше пенал за Македонија, кој го одбрани Магнусон, но по одбиената топка Манасков го претвори во гол и победа за нашата селекција.

Браво момци!

Заев запеа на бина – Уште ова го немавте видено?

Секоја вечер нов гаф на премиерот! За денешниот негов “настап” и неговите сопартијци не можеа да се водржат и слатко му се насмеаа.

Ви го претставуваме Зоран Заев и “Стрејнџрс ин д најт”:

Стево ќе ги спаси Турците од Каурите во Македонија: По заминувањето на Османлиите, останавме сами во оваа каурска држава

Инфомакс објави видеоснимка на која претсдателот на Демократската партија на Турците во Македонија, Бејџан Илјас упатува низа на навреди кон македонската држава и народ. Демократската партија на Турците го поддржа Стево Пендаровски на овие претседателски избори.

На собирите на кои агитира за Пендаровски, Илјас погрдно вели вели дека Турците во Македонија живеат во каурска држава.

100 години бopбата ни продолжува. По заминувањето на Османлиите, Турците и сите муслиманите останавме сами. Останавме сами скоро 100 години во оваа каурска држава со каурите.

Извор: kurir.mk

Бошњаковски: Работиме напорно да ги вратиме младите во Северна Македонија

Портпаролот на Владата на Македонија, Миле Бошњаковски, на денешната прес конфереција порача дека власта работи на враќање на младите, кои заминале од Македонија.

-Претходната Влада имаше неколку мерки, но факт е дека демографијата не може да се подобри за две години. За жал, немаме информација колкав број на млади се иселиле. Ние како Влада работиме напорно за младите да ги вратиме во Република Северна Македонија, рече Бошњаковски.

Документарен филм за прилепскиот Крал Марко – благородникот кој не се сметал за српски крал и бил отфрлен од Србите и српската црква (ВИДЕО)

Крал Марко (околу 1335 – 17 мај 1395) — е последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани.

Истовремено, тој е најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само на Македонците, туку и пошироко.

Кралството на Марко било со средиште во Македонија, со Прилеп како главен град и затоа се смета за македонски крал.

Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри: Оливера, Милица, а во усните преданија се спомнуваат и Марија, Угра, Кита, Ѕвезда, Дева, Вида, Угра, Шаина и Беда. Марко имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник.

Во продолжение слушнете се за неговото владеење:

ВИДЕО: “Секуларно лицемерие на Градоначалникот од двојазичен Прилеп? За Коледе е секуларен, пред избори е верник??”

Вчерашната изјава на градоначалникот Илија Јованоски директно од црквата Свето Благовештение, дека ја поздравува одлуката за реставрација на иконостасот во овој храм, наиде на бурни реакции кај прилепчани.

Не дека иконостасот, кој патем е од огромно значење и претставува непроценливо богатство, не треба да се реставрира, туку поради лошите на навики на Јованоски од минатата година.

Прилепчани реагираат дека градоначалникот кога сака е секуларен, а кога сака или кога му одговара е верник и се појавува во храмовите.

Прилепчани му немаат заборавено на Јованоски за настанот од оваа и минатата година кога не ги прими во општината коледарчињата од Бадниковата литија.

Јованоски тогаш порача дека општината и тој како прв човек се секуларни.

Но, со оглед на тоа дека наближуваат избори, не е страшно да се заборави на секуларноста.

Чудо: “Од асфалт никнаа липи во Прилеп??” (Фото)

Како прилепчани никој друг!

Како што се множат дупките по асфалтот низ градските улици, така се множат и шегите на прилепчани.

Овојпат на локалните власти им насадија липи во еден од кратерите.