(Видео) Научниците со историско откритие: Ова е прва фотографија од “црната дупка”! Има пречник 100 милијарди километри

Меѓународниот научен тим го претстави неверојатното научни откритие во астрофизиката – првата фотографија на црната дупка, што е подвиг кој ќе го стави на тест столбот на научката: општата теорија на релативноста од Алберт Ајнштајн.

Црните дупки се исклучително густи небесни ентитети со гравитациони полиња кои се толку моќни што ниту светлина, ниту материја не може да помине преку нив, што ги прави тешки за следење и покрај нивната огромна маса.

Ајнштајновата теорија овозможува предвидување на големината и обликот на црната дупка. Ако неговите предвидувања се покажат како грешни, теоријата ќе мора да се преиспита.

“Изгледа како огнена топка, а има пречник од 100 милијарди километри”, велат научниците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.